Бритни Спирс (Britney Spears)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од XstrongerX, 23 октомври 2010.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.061
    Пол:
    Женски
    Бритни Џин Спирс (англиски: Britney Jean Spears) (родена на 2 декември 1981) е позната американска поп-изведувачка.
    Бритни Спирс е една од најпродаваните пејачки во светот. Кариерата ѝ започнува во „Клубот на Мики Маус“ (The Mickey Mouse Club), каде што учествува со Кристина Агилера, Џастин Тимберлејк и други познати пејачи. Нејзиниот прв албум „...Baby One More Time“ се појавува на светскиот пазар во јануари 1999 и станува голема меѓународна ѕвезда. Со вториот албум „Oops!... I Did It Again“ го потврдува статусот на мега ѕвезда и идол на многу тинејџери во светот. Синглот „Oops!... I Did It Again“ се појавува на врвот на светските топ-листи во мај 2000 година. Третиот албум „Britney“ излегува во продажба во ноември 2001, па по кратка пауза го издава албумот „In the Zone“ во ноември 2003. Синглот „Toxic“ стана огромен мега-хит, и искачувајќи се на врвот на сите светски топ-листи, ѝ ја носи на Бритни првата Греми награда. Во 2007 година, по долга пауза Бритни се врака на музичката сцена. Со албумот „Blackout“, таа прави вистински бум на топ-листите и докажува дека сѐ уште е мега-ѕвезда. Мега-хитот и прв сингл од албумот „Gimme More“ ја враќа на врвот на сите светски топ-листи.Со нејзината песна Womanizer таа за втор пат по скоро 10 години се искачи на првата позиција на Билборд
    Во почетокот на 2002 година, нејзината четиригодишна врска со Џастин Тимберлејк прекинува. Таа станува сѐ повеќе провокативна и примамлива за медиумите и папараците. Нејзиниот бурен приватен живот секојдневно го следат камерите на папараците. На 3 jануари 2004 таа се мажи за Џејсон Александар, а по само 55 часа нивниот брак завршува. Во јули 2004, Бритни ја објавува свршувачката со Кевин Федерлајн. Таа го раѓа првото дете, Шон Престон, на 14 септември 2005, a следната година таа го раѓа своето второ дете, Џејдин Џејмс Федерлајн на 12 септември 2006. На 30 јули бракот на Бритни со Федерлајн е официјално завршен и таа се посветува на нејзиното враќање на музичката сцена. Во октомври 2007, таа го губи старателството врз своите деца.

    да не должам тука може да најдете нешто подетално :http://britney-circus.com/mk/biography/ ;)

    Моја лично омилена изведувачка ,едноставно плени со тој невин изглед , ја следев нејзината транзиција од слатка средношколка до поп сензација , успешна млада жена, приказна исполнета успеси и падови ,,сега останува да се надеваме на најдоброто.Нема песна што не ја знам на памет..со ронка надеж дека ова го чита пишувам -Брит што и да направиш , јас секогаш сум со тебе :inlove: :rofl: Не се предавај ќе ги скршиш срцата на многу фанови.
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.061
    Пол:
    Женски
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    9.756
    Пол:
    Женски
    Бритни, поп иконата на мојата генерација. Сите песни и ги знаев, и ги имитирав фризурите, и ги учев кореографиите....
    За девојчево ми е жал.
    И се предвидуваше страшна кариера, да ја надмине и Мадона... и што направи таа?
    Сите знаеме...
    сега и да сака нема да може да се врати и да постигне тоа што можеше.
    И не сум од тие што ја подржуваат! Со отворени очи, свесно се турна во пропаст. Дозволи да биде мета на исмејување и сожалување. Се покажа како лоша мајка, постојано опкружена од скандали. И за се е таа самата крива. Никој друг. И за жалење била уште?!
    Новите песни и се благо кажано катастрофални, не изгледа убаво, ниту стабилно... Ама тоа е, барем старите песни и се добри и ја направија икона.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.776
    Се согласувам со Старфиш. Порано навистина БЕШЕ, ми беше омилена, сите песни и‘ ги знаев... а сега?! Но добро, кога веќе ги изгуби децата, зошто да не се обиде со кариерата. По секако нема веќе што вредно да изгуби.
    Омилени песни:
    http://www.youtube.com/watch?v=t0bPrt69rag и http://www.youtube.com/watch?v=Q4VK9_CfOLQ
     
    На MarchelineAmaru и Kika30 им се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    [​IMG]
    Еее срцка, каква е овде, сеуште незапустена. Имаше таа среќа без многу убавина и талент да стаса на врвот, но тоа ја уништи.
    Не знам дали вредеше за ова што постана сега. Во секој случај сите стари песни и јас и ги знам.
     
  6. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    39
    Оу ем џи, прееска помислив да видам дали има тема за Бритни ако нема да направам, а гледам дека вчера се напраило тема за сеа :D . Како и да е порано многу ја сакав, т.е. уште ја сакам само што сега некако ми стана монотона...
    http://www.youtube.com/watch?v=rMqayQ-U74s
     
  7. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    121
    па добра е, има сладок глас :)
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    OMG не ми се верува дека сте отвориле тема за Брит душичката најмила :) X Stronger X, зошто не ми кажуваш? :) Морам да ти кажам Браво за темата :clap:
    Бритни е вистинска сензација, една и единствена, има постигнато такви успеси и рекорди какви што ниедна друга пејачка ги нема постигнато. Едноставно е прекрасна и многу мила личност, ги има најверните фанови на светот и публиката ја сака.

    Помина тој период кога Бритни ги изгуби децата, тоа беше во времето кога доживеа нервен слом пред две три год.
    Децата се повторно со неа и се happy family :)

    Таа излезе од болниот период и се врати со нов албум и со неворојатно успешна турнеја која беше прогласена за најскапа турнеја на годината. Последниот нејзин албум дебитираше на првото место и беше распродаден во милионски тираж уште во првата недела, а исто така доби огромен број на награди.
    Пред некој месец сними епизода за серијата Glee, со која постави нов рекорд на најгледана епизода досега.
    Исто така се појави на X Factor шоуто и повторно постави рекорд за најгледана епизода.
    Моментално го снима својот нов албум кој ќе излезе наредната година, а Брит изгледа подобро од кога и да е.
    Така да и пред нервниот слом имаше постигнато СЕ, а и после тоа продолжува да го освојува музичкиот свет.

    За тие што ја сакаат еве неколку групи од Фејсбук во кои би требало да се зачлените :)
    http://www.facebook.com/pages/Britney-S ... 9134102006 ( Група на македонските фанови )
    http://www.facebook.com/britneyspears ( Ова е нејзиниот официјален профил )
    http://www.facebook.com/itsbritneyapp
    http://www.facebook.com/Candies ( Брендот за кој Бритни ја лансираше својата модна линија ).

    http://twitter.com/britneyspears
     
    На MarchelineAmaru, XstrongerX и Offspring им се допаѓа ова.
  9. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    110
    бритни ми беше најголемиот идол ! цела моја соба беше излепена со нејзини интервјуа, слики, постери од џамбо плакати до микро-сликички сите списанија што ги купував беа за тоа дали ќе има нешто за бритни ?? ја следев нејзината кариера од самиот почеток, ги имам сите нејзини албуми ми ги пратија од странство оригинали, а каде е сега и што прави бритни? некако ја снема од музичката сцена...? :worried:
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.518
    Си ја сакам Бритни, ме потсетува на тинејџерските денови, вистинскиот збор за неа ми е срцлеста.
    Убави поп-песнички, малку ми шеташе по живци со тоа ќе се чува невина за до брак :D ама претпоставувам така ја терале да кажува, гревче и она си пропати.

    Како и да е, омилени песни: Slave 4 U, Born to make you happy, Piece of me, Radar, Get Naked (I Got a Plan) и Boys feat. Pharrell (За мене Pharrell e Господ) :D
    Интересно е што тој албумот пред Circus, Blackout јас го утепав од слушање и многу убави песни има, а го изругаа максимално. :^) ГоВнари се тоа критичарите, мајке ми.
    Од тој албум беше Radar, ама изгледа ја посоветуваа да си ја стави и на новиот, да не пропадне така, зашто песната реално е топ и спотот е добар, а Бритни таму изгледа одлично.

    http://www.youtube.com/watch?v=Qzzzzxk5fuE
     
    На MarchelineAmaru, butterfly.mimi, Tinker-Bell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Факт е дека Бритни пропадна. Порано многу ја сакав,ги купував албумите,ја следев нејзината кариера... но откако се случи со неа тоа што се случи,некако ми се "одмили" и само поради тоа што сама си го предизвика тоа.
    Сеуште си ги слушам нејзините стари песни, а една од најомилените ми е


    http://www.youtube.com/watch?v=PZYSiWHW8V0


    ја обожавам песнава!
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Не ја снема, баш активно работи на новиот албум, го снима со Макс Мартин и Доктор Лук, кои ги имаат напишано нејзините најголеми хитови, посебно Макс Мартин се смета за најдобар композитор и продуцент во музичката индустрија затоа што е заслужен за хитовите на огромен број на пејачи.

    Еве ја последната порака од Бритни пратена на Твитер

    Just finished recording a monster with Dr. Luke and Max Martin. Get ready.... -Britney

    Ова е Бритни сликана на 11.11.2010 во Беверли Хилс

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ве молам гласајте за Брит, номинирана е за најдобра улога во серијата Glee. Само кликнете и гласајте.
    http://www.peopleschoice.com/pca/vote/v ... Id=1100281
     
  13. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    101
    Јас гласав :)
    Прв идол ми беше Бритни Спирс ехе колку постери имав од неа, најмалку 20, албум имав со сликички од неа (украсен, декориран, биографија и пишував со светкави разнобојни пенкала) :lol: , кореографии си измислував за песните , блузи како неа сакав, филмот Сrossroad кој зне колку пати го имам гледано. Се разочарав кога си ја избричи косата многу ми беше жал :( песните посебно оние постарите ептен си ги сакам посебно:

    http://www.youtube.com/watch?v=IlV7RhT6zHs
    http://www.youtube.com/watch?v=C-u5WLJ9Yk4
    http://www.youtube.com/watch?v=LOZuxwVk ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=4vvBAONk ... re=related :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    9.756
    Пол:
    Женски
    Veri срцка си ми. Толку ја сакаш Бритни, што мислам дека може да те земе за застапник во јавноста :D
    Гласав за неа. Ајт, нека и биде, зошто порано мила ми беше. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Фала Старфиш :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=_-tdN6wsaXs

    Многу ми е криво што не го довршија спотот на песната со Снуп Дог и не ја пуштија во продажба, сигурно ќе беше огромен хит, слушнете само колку е добра песнава, ве тера на играње :dance: :)

    http://www.youtube.com/watch?v=sWBKCzzNEeo
     
  16. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Еве и јас само што гласав за неа ;)
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Бритни кога била мала :*

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Бритни сликана вчера на 22.11.2010 :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.103
    Ја слушав многу како помала, но и сега ја слушам. Ми се допаѓа музиката, порано многу ми се допаѓаше како се облекуваше (ја слупав во перидот кога се носеше гол стомак, а она се така се облакаше) и ми беше идол :)
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Бритни со децата :l:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]