Леле девојки вчера си ги избричив нозете и многу ме чешаат , мајка ми и сестра ми незнаат . Сакам да и кажам на сестра ми , сепак е поголема од мене мислам дека и таа вака направила ама страм ми е . Прво планот ми беше со ножица да ги скратам влакната ( само тие под коленото до стапалото ) : за на депилација да не ме боли толку , незнам што ми стана го видов бричот и готово за една минута завршив . Е прашањето ми беше за колку време ќе ми пораснат , и до кога ќе треба да се кријам . Многу се каам , кога си облакам панталони сум како брзата птица итрица ( за никој да не ме види ) ... Навистина ми треба помош ..
Најпаметно ти е да седнеш и да си разговараш со мама. Ќе и кажеш дека ти веќе се развиваш и сакаш да се депилираш, сите твои другарки се депилираат и така натаму.. Сигурна сум дека ќе ти дозволи. Не се срами и јас се срамев многу али си викам што бе поубаво да и кажам него вака да си останам. Собрав храброст и кажав и следниот ден ми купи креми, ленти, триста ствари
Ако си се бричела на суво затоа те чешат. А за неколку дена ќе пораснат сепак и зависи какво влакно имаш.
Што и да правиш, немој да се мачкаш со никакви креми затоа што само ќе ти ја влошат ситуацијата. Пробај стави бебешка пудра, тоа би требало да ти помогне. Можеби иритацијата ти се јавила ако си користела бикче што друг го користел. Ако сакаш да почнеш со средување на влакната на нозете, подобро почни со крема за депилација. А ако сакаш нешто подолготрајно, тогаш топла депилација. Болката не е којзнае колку голема, ќе се навикнеш со тек на време, а после депилацијата нема да имаш проблем месец-месец ипол. Освен тоа, од бикчето влакната стануваат поцврсти и погусти.
Не е ништо срамно тоа, разговарај со мајка ти или ете ако толку неможеш со неа тогаш со сестра ти. Јас знам прв пат се издепилирав со крема и тоа баш и кажав на мајка ми да ми купи. Сепак мислам дека најдобро ти е да одиш на козметичар на топла депилација, не боли којзнае колку, ќе се навикнеш а и влакната ќе ти се изретчат
Нема од што да се срамиш, нас да ни кажеш на форум не ти беше страшно, мајка ти и сестра ти ти се проблем? Слободно кажи им. Ако веќе не кажало девојчето, три дена поминале.
Кога прв пат ги бричев нозете влакната точнаа да ми растат по 3 дена е сега не знам за колку време ке ти пораснат.
Батарфлај, ако те чешаат нозете изми ги со ладна вода малку да ти се смири кожата. И како што ти кажаа погоре не користи креми бидејќи ќе ти се влоши ситуацијата. 3-4 дена максимум ќе ти се појават нови влакненца. Затоа подобро користи крем за депилирање. Не дека покасно ќе ти излегуваат, туку помеки се Имаш различни кремови. Од стрип е 190 тина денари, а од вит 300 денари
И јас еве се бричам скоро година, а и немам кажано на мајка ми. Незнам дали до сега има приметено, но срам ми е . Навистина влакната се потемни, поцврсти (кај некои боцкаат) и на некои места од една 2 влакна излегуваат. Еве ти совет, можеби ќе ти помогне: Бричи се после капење или туширање ( Тогаш кожата е помека и порите се отворени). Нанеси сапун или гел за бричење и со чист брич започни. Помини еднаш или 2 пати и нозете ти се како нови . Јас така се бричам и е супер само што ова го правам на 5-6 дена. Скроз е безболно освен ако се пресечеш. А, ако собереш храброст кажи и на мајкати или зборувај со сестра ти таа да и каже на мајка ти.
И јас со бричот се дружев на почеток, но веќе не. После бричење кожата не е мазна и убава, влакната растат брзо, погусти и подебели. Не го препорачувам овој метод.
Тоа е до твојата кожа и до твоите влакна. Не е случај кај сите и нема зошто да не препорачуваш. Секоја ќе си проба и ќе си види за себе дали е подобро или полошо од депилација.
Најчесто се депилирав со депилатор, ама неретко поради немарност или недостаток на време ми се случува да посегнам по брич и да ги средам цели нозе за 5 минути. Ниту имам проблем со кожата или со поткожни влакна, ниту пак влакната ми растат премногу бргу. И не се здебелени, ниту пак имаат некој километарски или цврст корен. Не се променети воопшто, а баш ме фати некој подолг период кога средував нозе со бричење. Најмногу зависи од самото влакно и неговата природна состојба, а тоа дека постојат премногу митови за бричењето како начин на отстранување несакани влакненца е веќе сосема друго.
Ни мене не ми се згуснуваат од бричење, и ептен ми се нежни. Се си зависи до влакното, а за трајноста и како ќе растат влакната првите 2-3 дена после бричењето голема улога има и жилетот кој го користиш.
Кога сум веќе на темава, дај кажи ми каков жилет користиш, може ќе најдам нешто интересно за купување следен пат. Јас користам Venus Breeze со 3 сечила, многу ми се допаѓа и никогаш се немам исечено со него, за разлика од некои други жилети кои ме правеле лом.
Искрено не обраќам премногу внимание знам дека е битно ама онака го занемарувам И онака се туширам секој ден па некако не ми е мачно да ги поминам нозете. Venus Breeze најдобри се, ми се чини. Макар да јас знам да си купам и од оние за една употреба (од машките bic со 3-4 сечила баш задоволна сум). На aliexpress има добри жилети, по многу подостапни цени. Дечко ми со години си купува строго од таму. Можеш и дршка со 6-8 патрони за $7-8 да најдеш. Исти ко Venus Breeze. Јас никако да се нафатам да нарачам. Друга навика ми е место крем или пена за бричење да користам маска за коса или регенератор, ги омекнува влакната ептен. Не сум многу грижлива ама за совети давање прва сум
И мене дечко ми ми стави мисла дека машките жилети се подобри, ама не ми текнало да купам таков. Venus имат и преубав дизајн, јас признавам дека кај мене најмногу пали дизајнот кога купувам, па машките не ги ни приметувам какви се. Не ми текнало да побарам на Алиекспрес, зар и тоа има таму, неверојатни се Кинезите значи. Ти благодарам многу @DAngel , а тоа со регенерaторот - го практикувам и јас.
@Mishela побарај од ДМ брич што му се менуваат патрони, околу 300 денари е, а е со 4 или 5 сечила. Ќе побарам слика утре ако не можеш да се снајдеш. Има огрооооооомна разлика од обичните бричеви, плус има нешто како алое вера над сечилата и воопшто не се груби нозете после.
Мене најдобри ми се оние BIC во Кам што ги има, со три сечила и една портокалова лента што пушта нешто ко слуз. Јас сум пријатно изненадена од тоа колку се остри, јас за пазуви користам, ниту едно влакненце не останува. И брат ми исто кажа дека биле многу добри, па сега делиме паковање.
И на мојот му се менуваат патрони ама има 3 сечила и нешто како заштитно од страните, а Балеа не ми текнало да пробам. Стави фотка, па ако има убав дизајн и ако не е од оние со премали дршки ќе го земам за да сменам. Многу ме нервираат Балеа и нивните мини-верзии, ергономија нула. Дискриминација за оние со долги прсти и големи дланки.