Бришење на едниот родител после развод

Дискусија во 'Брак' започната од fumfudge, 11 ноември 2014.

  1. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Машко сум и поминувам низ развод. Имам едно дете, син кој има 6 години. И покрај тоа што цело време сум учествувал рамноправно со сопругата во целокупното негово одгледување досега, од менување пелени кога беше бебе, бањање, облекување, пресоблекување, миење заби, носење на вакцини, на болница, на градинка, на школо, слободни активности надвор од домот (секогаш сум бил или со синот, или сите тројца заедно), играње и учење дома, читање сликовници и книги, цртање, учење странски јазици, до заспивање, сега веќе ми е ускратено сето тоа, а истовремено и на детето. Искрено да ви кажам, тоа ми беше најголемо задоволство и секогаш сум трчал од работа да се вратам директ дома за да си бидам со жената и со детето. Ме викале и колеги и другари да останувам на по пијачка после работа, но секогаш сум одбивал затоа што задоволството да си бидам што поскоро дома со детето не можеше да го помати никаква пијачка, happy hour после работа или што знам што. За шетање исто така секогаш си сакав да си бидеме со сопругата и со малиот, во парк, во природа, низ град, во игротека, во ресторан, на гости... Секогаш сакав да си бидеме заедно затоа што семејството ме исполнуваше, ме правеше најсреќен, ми беше движечка сила во животот и никогаш ништо не ме поколебуваше од тоа.

    Но, се случи развод што е трагична приказна сама по себе, и не би сакал да ве оптоварувам со деталите овде.

    Немаше расправии, вообичаените проблеми, насилство, или не знам што од таков тип. Кога пристапивме во центарот за социјални работи побарав старателството да ми го доделат мене бидејќи син ми е многу приврзан со мене, се` правеше заедно со мене, дури и најомилените јадења дома му беа тие што јас му ги правев. Им реков дека и да го добијам старателството над детето, на истото нема да гледам како на приватна сопственост, како што многумина, да не речам сите кај нас прават. Туку во интерес и на правилниот емоционален развој на детето ќе го давам кога и колку што ќе побара мајката или нејзиното семејство со цел да продолжи да си има исполнет живот со двете семејства со кои е поврзан, а секако и мајката и нејзиното семејство да не претрпат психолошко-емоционална штета ако не го гледаат детето доволно.

    Сепак, на крај центарот си донесе одлука детето да го додели на мајката бидејќи немало пречки таа да биде старател, а уште еден месец пред да биде готова одлуката, сопругата ми кажа дека ќе престане да ми го дава детето по два дена во неделата како што правевме до тогаш туку дека ќе можам да го гледам само еден час неделно или неколку часа секоја втора недела бидејќи така и` рекле од центарот.

    Јас и така имав мака да му објаснувам на синот кога требаше да го враќам кај мајка му дека мора да оди кај мами, и дека ќе биде и кај неа и кај мене, а тој се бунеше, ми плачеше и ми викаше дека сака да биде 5-6 дена со мене, а 1-2 дена со мајка му во неделата. Јас се правев како да не слушам и само му велев дека и таму ќе му биде убаво и дека додека да види ќе поминат тие пет дена па повторно ќе се видиме.

    Но сега, сопругата ми кажа дека од центарот за социјални работи и` кажале дека таа нема обврска да ми го дава детето две вечери во неделата кај мене, дека била глупава што ми го давала до сега, и дека може, но и не е обврзана, да ми го дава само еден час во текот на неделата.

    Ова ми падна многу тешко. Не можам да се соземам, не можам да се фокусирам на ништо, ни на работа, ни на ништо. Ниту ми се јаде, ниту можам да спијам редовно. Само по неколку саати спијам и тоа непријатно, а за јадење ако јадам еднаш во денот. Немам желба за ништо. Како светот да ми се сруши.

    Ајде јас што страдам, ајде моите родители како дедо и баба што страдаат што не можат да си го видат внучето асално, туку најтешко ми е кога мислам како му е на детето, оти знам дека тоа многу сака да ме види.

    Се чувствувам безнадежно, очајно, како да сум осуден и затворен на робија. Џабе имаш слобода кога не можеш да си го видиш најмилото и кога ќе го видиш времето ти го мерат на штоперица. И што попрво да направиш во тоа време. Трчаш како споулавен да не ти избега некоја секунда напразно.

    Што ти даваат центрите за социјална работа, по неколку часа два пати во месецот, најмногу две саботи во месецот да преспие детето. А баба и дедо ако сакаат да го видат имаат право само 1 час во месецот! Па нели е греота ова бре луѓе? Па ме осакатија, немам волја да живеам. Од центарот за социјални работи кога ги прашав зошто така, ми рекоа дека било очигледно дека јас сум ретко добар татко (аман, не е така, какви се другите тактовци, орангутани и растурикуќи?!) арно ама тоа било тоа, немало што јас да барам повеќе време со детето. Тоа морало да биде со мајката, а јас да сум сум си барал нова жена и нов почеток. Ајде да речеме, во ред, се` во свое време, што ќе даде Господ, ама тоа дете пак си е мое, родител сум му, оти да ме избришат од неговиот живот на ваков суров и варварски начин. Еден е животот, не се враќа назад. Како ќе му се надомести на детето тој живот без татко, и на мене без моето дете? Развод си е развод, се случува и е доволно тежок за сите инволвирани. Но зошто децата и татковците да бидат така емоционално и психички осакатени од институциите? Кој има корист од ова?

    Па и за детето не е здраво да расте 97% од времето со мајката, а 3% со таткото. Па луѓе работат 5 дена во неделата и имаат повеќе време пауза за ручек отколку јас со моето дете.

    На запад веќе поодамна имаат започнато со примена на родова еднаквост при одредувањето на старателството над децата после развод со тоа што процесот секогаш започнува со предлагање на 50/50 старателство, т.е. децата да бидат еднаков временски интервал и кај двата родители. На пример по една недела наизменично. На тој начин се намалуваат тензиите во разводот, децата имаат најголема придобивка бидејќи најлесно ги пребродуваат траумите од разводот поради тоа што имаат квалитетен и подеднаков пристап и до двата родитела и нивните семјства на двете страни, а истовремено и на двата родители им се дава еднакво учество во тежините но и благодетите на одгледување и воспитување на децата, истовремено добивајќи и слободни интервали кога се без деца и кога можат да се посветат повеќе на професијата, на себенадградба или на личниот живот.

    Сметам дека ова е многу добро решение, но знаејќи колку ние сме светлосни години назад во се` што е напредно и позитивно, не знам кога би можело такво нешто да се очекува и кај нас. А толку е насушно потребно.

    Во меѓувреме, не знам што да правам јас и како да дојдам до правда?
     
    Последна измена: 11 ноември 2014
    На EminemsGirl, francais, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Go citam postov i nemozam da poveruvam dali pismovo od Avganistan doaga ili Makedonija.
    Luge (mazi i zeni) osvestete se ednas, ne go koristete deteto kako oruzje za vreme i posle razvodot. Razvodot e normalna pojava. Koj vi rekol deka koga ke se omazis treba do kraj na zivot so istiot covek da go pomines.Ima pravo sekoj da si zamine koga poveke nema interes kon drugiot.
    Deteto e nesto treto.Ne go stavajte deteto vo igra.
    Nemozam da se nacudam na zakonov za staratelstvo. Koj e toj sto odlucuva "da go dodeluva deteto". Deteto nesmee da se dodeluva na nieden (osven ako e dokazano deka nekoj od roditelite fizicki go napaga deteto ili drugiot partner ili se bavi so droga). Vo site civilizirani zemji postoi 50/50 custody. Dve nedeli deteto zivee so majkata dve nedeli so tatkoto. Nikoj, ama nikoj nema pravo da go prisvojuva.I ako dojde do pogresno vospituvanje ( zborenje na deteto kako edniot od roditelite necini, moze debelo da nastrada).
    Na deteto mu se potrebni dvata roditeli i rodninite od dvete strani.
    Jas sum rabotela vo gradinka , vo zemja koja skoro sekoj 2-3 pati e razveden, nemalo nikokag problemi od vakov nizok level.Deteto si odi naizmenicno kaj edniot i drugiot roditel. Koga ke se pojavi noviot partnerot na nekoj od roditelite, deteto trca vo pregratka. Srekni se site, normalno i deteto.
    Moeto dete odese cesto na sleep over kaj drugarcinja, nikogas nemalo problem kaj koj roditel odi da spie, nitu pa problem dali bioloskiot roditel e doma ili ne.
    Pr: Mojata koleska koga ne bese vo nikakva zaednica posivi devojce. Po kratko vreme najde partner i ubavo im bese na site trojca. Po razdelbata, sudot (i bez sud ke se resese toa), mu dodeli pravo na nejziniot parner, da go gleda deteto kolku mu e zelba.Deteto se nauci na prisustvoto na toj covek i ako nema fizicki osveti ili droga , nema zasto da ne go gleda deteto.
    Znak deka sega mnogu ke se nafrlat na mene, ama pak ke recam, izrasnete veke ednas.Kako sto sekoj ima pravo da bira parner i deteto ima pravo da zivee vo prisustvo na dva roditela.Vo decjiot zivot moze samo da bide otsuten roditelot koj pocinal, site ostanati deca imaat roditeli i nema zasto nekoj ( edniot od roditelite ili nikakov zakon da gi razdvojuva).

    Da napomenam, fizicko nasilstvo na bilo koj od partnerite, megusebe ili vrz deteto, rezultira so trajno odzemanje na staratelstvoto. Toj partner sto diga raka na bilo sto i kogo, se smeta za mentalno bolen i treba da se leci, zato i pravo na bilo koj oblik na semejstvo NEMA.
    Ako barem ednas vo afectna sostojba ili beznea ste pokusale da resite situacija, nebarajte pravda. Pravdata e zasekogas resena, naravno so odzemanje na staratelstvo, a vo nekoj zemji i so gubenje na rabotno mesto.
     
    На NoellePage, Bozica1980, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Ова се случува во Македонија. Познато ми е како е на страна, но кај нас има Закон за семејство и таму пишува дека судот одлучува за разводот, а за старателството одлучува центарот за социјални работи. Инаку во законот за семејство убаво си пишува дека “и двата родитела имаат еднакви права и обврски во одгледување на децата и после развод“, ама тоа само добро личи испринтано на хартија.

    Е сега, тоа што одлучува центарот не е регулирано со закон. Они демек се водат по едни мистериозни книги кои само тие ги имаат и кои се викаат Стручно методолошки упатства, и решенијата за доделување на старателство ги носат по свое видување после извршена „стручна работа“. Нема никакви критериуми и во 99,9% од случаите ги доделуваат децата на мајките со единственото објаснување дека „тоа е во најдобар интерес на детето“. Единствен исклучок е кога самата мајка доброволно се откажува од старателството, па тогаш тоа автоматски преминува на таткото.

    Уште кога се разделивме со сопругата таа си го прибра детето со неа и го држеше на сила, иако малиот плачеше и не сакаше. Никој тоа не го санкционираше. Јас како татко да направев такво нешто во затвор ќе ме ставеа. Колку пати чекав цела недела да ми дојде редот да го земам детето, и оп, сопругата не ми го дава. На најголемите празници кога се паѓало да биде со мене, не го пуштала, сум ја молел макар и за неколку часа, не! Само и само да не слави со мене за со време да ме избришат од меморијата на детето. Кога им го објаснував тоа во центарот на луѓето од стручниот тим кој решава за старателството, и кои патем по некоја коинциденција беа и трите жени (и социјалниот работник, и психологот и педагогот), само ме гледаа бледо и ништо не искоментираа, на некој начин како да сакаа да ми кажат „А што сакаш па ти, мајка си е таа“.

    Синот и на сослушувањето во центарот си кажа дека сака со мене да живее, иако пред да дојде во центарот цела недела беше кај мајка му и таа го донесе таму, така што беше издресиран од неа што да каже. Но тој, душиче чисто, си кажа право како што си чувствува.

    Два месеци после тоа знаете ли што ми кажа детето? Ми вели „Тато, мама многу ми викаше после тоа оти сум кажал на тетките дека сакам да живеам со тебе“. Ништо не му реков јас, само ми стана многу тешко на душата. А да е само тоа.

    И кај што го земав детето со маки одвај два дена во неделата, од центарот за социјални работи наместо да помогнат, тие и` потшепнале да сопругата дека таа е глупава што го пушта детето толку и дека поради тоа детето рекло дека сака да живее со мене, бидејќи било под мое влијание. Затоа требало таа да не го пушта толку често кај мене ами само по неколку саати секоја втора сабота во месецот колку што ме следувало и да видела како детето ќе си легнело на брашното и ќе престанело да зборува за мене.

    Нивниот совет сопругата веднаш го спроведе во реалност и така сега сум таму кај што сум - во големи маки и искушенија.

    Ме вџашува студената незаинтересираност на „надлежните“, циничната заслепеност на сопругата и нејзиното семејство и неспособноста да увидат дека со тоа што го прават му штетат најмногу на детето за кое декларативно тврдат дека многу го сакаат.

    Никогаш не сум претпоставувал дека вакво варварство е можно да се случува во ова време. Па дури и мнозинството го оправдуваат ова што се случува со тоа што јас сум бил маж и сум требало да се помирам. Па не ли сум родител бре луѓе, ако сум маж немам ли душа и чувства за моето дете, или моите чувства се инфериорни од тие на мајката. Според тоа како се поставени работите во моментов, мажот во бракот е само еден обичен мајмун осеменувач на родилката која само поради тоа што го раѓа детето е единствен и неприкосновен родител пред законот и општеството. Каква слика има за мажот/таткото денешното општество зборува јасно тоа што луѓето ми велат дека јас сум бил редок татко, инаку мнозинствто не се замарале многу околу оваа работа. Не можам да поверувам во какво дискриминирачко општество живеам.
     
    На blackpanter, SimonaTino, Dream-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.530
    Јас занемев. Ти се восхитувам каков татко си, каков сопруг си бил и каков човек си.
    Човеков со ниту еден збор не ја нападна поранешната сопруга .... колку ли вакви чисти суштества постојат?
    Разговарај со нејзе, моли, оди од врата до врата по институцииве ...
    Да можам сега ќе одам, ќе го земам тоето дете и ќе ти го донесам да го гушнеш.
     
    На iloveyou29, Sigma*, Golden и 21 други им се допаѓа ова.
  5. ivence69

    ivence69 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Изкрено жал ми е за сето ова што ти се случило само да знаеш дека таквите како тебе татковци кај нас се 10% а центрите за социјални грижи треба да одредат на кого да го дадат детето што најчесто во случај е мајката, би те советувала да одиш до крај кога веке бивштата сопруга одлучила дека "многу"често се гледате со детето најди докази синими разговор каде ти се заканува дека нема да ти го дава да го гледаш и тужија немој да чекаш на времето ако си го сакаш синчето и тоа те сака не губи надеж само не се одалечувај затоа што ако работите се одовлекуваат тоа колку повеке е со мајката таа како што тргнала ке му го испере паметот (мало дете е што 6 години) зашто така да биде (facepalm)
    Кога читам вакви работи навистина ме нервираат
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Gospodine, gi citam vasite postovi i veruvam vo toa deka ste vo pravo.
    Sovet: Koga ke imate zaednicko vreme so vaseto dete, netrosete go na bezsmisleni raboti od tipot, majka ti, baba ti , dedo ti..... Gledaj sekoj moment da bide 100% iskoristen, sto poveke ljubov, sto poveke razbiranje. Toa koj sto rekol, ne si go gubi drabocenoto vreme. Deteto nikogas, ama nikogas nema da te zaboravi i se poveke ke te saka. Brzo ke porasne i ke gi ostvarite onie vrski sto stvarno posakuvas da gi imate. Nikoj i nikogas nemoze da mu gi izbrise spomenite na deteto. Pravdinata sekogas si doaga. Tvo e pravilno da igras.
    Ti sega nemas nisto so taa zena, zatoa i e podobro da ne se spomnuva na deteto i zamara so toa. Tvoe e da mu kupis, da ima da jade da se oblece , da go soslusas, a ljubovta sekoj den ke se gradi sama po sebe.
    Nema sila i zakon sto moze nesto da ti odzeme.Tuka e se sto treba, samo treba vreme na vas dvajcata da vi se oladat glavite. Ako ja koristis ova taktika , ti si dobitnikot. Deteto e tuka , zivotot pred vas.
    So tek na vremeto, zenata ke svati deka deteto ima benefiti od zaednickoto vreme pominato so tebe i se poveke ke ti ostapuva vreme.
    Igraj pametno.
    P.S. Nemoj da se zalazuvas deka mozes da go kupis so igracki. Koga ke go zemes igraj so nego, vodi go vo kino, teatar, napuni mu torbice so jadenje, kupi mu sto mu treba... Nemojte poradi vasite usiani glavi gladno i boso da go ostavite.Moabetite od tipot koe kakov e zadrzete si gi za sebe. Ima za se resenie, samo vreme treba.
    So sreka.
    Napisi za tvojata sledna sredba.

    Ne si go trosi vremeto po institucii.
    You are on the charged. Pokazi se.Sega e vreme toa da go napravis.
    Moram da go napisam uste ova. Mozebi temava ne i e mesto ovde no sepak.
    Ova e eden primer od moja prijatelka ( malku po intercionalno), Romanka, deneska zena na 38 god. i majka.
    Koga bila mala ( nekade prod prvo odelenie), nejzinite roditeli se razvele. Tatko i se vratil kaj baba i , a majka i ostanala da zivee sama so decata na krajot od gradot ( vo zgradite sto Causesku gi daval za free). Koga trgnala prvo, skolo nemalo tamu i tatko i ja zemal so nego. Mi veli: "nemase den a da ne mi rece nesto protiv majka mi. Za vikend ke odam kaj majka mi , taa pak zborese protiv baba mi i tatko mi. A jas i dvajcata gi sakav, poednakvo". Po zavrsuvanje na osnovno, se vratila da zivee so majka i. No tatko i se zainatil deka dinar nema da im dade. I taka i bilo. Veli "nemavme sto da jademe". Imaj na um deka koga rekla nemavme sto da jademe, znacelo i poveke od toa. I taka vo vremeto na Causesku nemaa sto da jadat.So pomos na babata od majcina strana uspeale da preziveat. Tatko i pocinal na 49 god. vozrast bez da ja iskaze svojata ljubov kon decata. Taa seuste prasuva " Zosto ne kazni tolku mnogu, da nemame hrana, kaputce vo zimo da obleceme, a se mozese da bide poinaku".
    Sega razmisli, neostavaj go tvoeto dete gladno i neobleceno, za inatot na nekogasnata sopruga.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Ви благодарам од длабочината на срцето на сите за вашите зборови на поддршка и за советите.

    toogood, во право си. Јас секогаш сум се трудел да се однесувам така со детето не од тактички причини, затоа што тогаш тоа не би било искрено, туку затоа што сметам дека така е исправно.

    Јас и во центарот за социјални работи и во судот им кажав дека и после разводот ќе продолжам да ја почитувам таа жена затоа што иако повеќе нема да ми биде сопруга, а јас нејзе маж, таа е мајка на моето дете, и како би можел да зборувам лошо за неа, особено пред детето. Па јас и кога одам да го земам детето од кај неа, малиот ќе ми се фрли во прегратка и ќе тргне, а јас ќе му речам, „Застани, сврти се назад и кажи и чао на мама“. Сметам дека така е правилно и најдобро за детето но и за мајката. Ем да не се чувствува детето дека преминува од раце во раце на два непријателски табори кога го земам или испраќам, ем и мајката да не се чувствува дека некој ѝ го граба детето.

    Проблемот е што тој однос не е симетричен, но што да правам, белким ке ги огрее и тие луѓе еден ден.

    Што се однесува до малиот, многу сме поврзани бидејќи и кога сум бил најизморен после цел ден работа времето поминато со него ме освежувало и секогаш ми било задоволство се што сме правеле заедно, а исто и на него. Имаме најразлични активности заедно, од спортски, до прошетки во природа, до цртање, читање сликовници и книги и многу други работи.

    Лошото е што центрите за социјални работи си тераат по старо како што било пред не знам колку време и на таткото му даваат најмногу две саботи во месецот, што му доаѓа 25 дена од 365 во годината што е само 6,8% од времето и е голем грев што се прави.

    Затоа и сакав да го споделам ова со сите, за да сфатите дека ова не е правилно, дека е многу штетно, најмногу за самите деца, и дека мора да бидеме свесни дека вака не може и мора да постои можностдецата да минуваат подеднакво време и со татковците кои ќе го побараат тоа.

    А не центарот за социјални работи во решението што го донел напишал дека го доделува старателството на мајката, а за „остварување на контакт со детето“ (колку само е сурова и одвратна таа фраза која ти кажува дека како татко ти не заслужуваш да поминеш време со сопственото дете, туку имаш само право на контакт) двајцата родители се оставени самите да се договорат!!!

    Прво го доделуваат детето 100% на мајката, а после ти викаат оди сега ти преговарај со неа за детето колку да го гледаш, и како ќе се договорите така.
     
    На De-lovely и tessie им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Кај мене во пресудата пишува „Редовни и континуирани контакти“. Не е нагласено точно термин.
    Никогаш не сум забранила да ја гледа иако 4 години не се појави и детето го беше заборавило таткото. Кога се појави после 4 години малата не го познаваше и плачеше од него и покрај моите настојувања дека тој и е татко таа не сакаше да прифати.

    Сега веќе поминати се 9 години од тогаш таа е повозрасна ама не знам како успева да и го пере мозокот иако ниту банка нема платено алиментација успева да ја залаже на ситно или со некое блузиче. Вчера беше врвот кога ми се јави девојчето дека отишол да ја пречека пред школо и ќе дојдат заедно (со ова ја нагласувам неговата слобода на однесување).Го злоупотребува детето за да го жали.

    @fumfudge По постот гледам дека си добар човек (таткото на ќерка ми никогаш не бил добар). Бори се со сите правни мерки за да си го заштитиш правото како родител кој се грижи за своето дете. Најди си добар адвокат и тужи ја. Не ја прави мојата грешка што јас ја направив во обратна состојба.На децата лесно им се пере мозокот и многу лесно се залажуваат со ситници кои што ќе им ги овозможи едниот од родителите.

    Моето дете дури и ме повредува со зборовите дека тој е добар родител, ама ете нема што да и овозможи ништо не работел( и затвор има лежено). Јас како самохран родител се изборив со се, се и сешто сум работела за да го изведам тоа дете на пат и на крај децата се неблагодарни. Кога се создава поколение треба да се мисли и на последиците. Мислам дека децата ќе разберат еден ден кога ќе бидат родители. Твоето е уште мало на почетоков ќе плаче ама за кратко време ќе се навикне на состојбата. Страшно е кога еден од родителите лечи лични фрустрации преку децата.

    Едит: Најмногу што ме нервира е кога ќе му се јавам да му укажам на нешто тој веднаш се јавува кај девојчето и и го пренесува муабетот. На мисла сум дали да му ставам судска забрана, ама ќе се воздржам за дополнително не му правам трауми на детето.
    За тужа за неплаќање алиментација не ни помислувам, затоа што ќе биде пренесено и ќе имам дополнителни расправии со неа. Така ќе си држам во себе и ќе пукам секој ден, додека еден ден не се распукнам.
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На Hipster, sanjaeva и 1209 им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.062
    Пол:
    Женски
    @fumfudge пут под ноѓе и пак кај адвокат,да ја обжалите одлуката на судијата и на социјалната служба. Повторно ке поднесете тужба со адвокатот убаво ке ги наведете овие работи што кажуваш во постовите ,дека не си задоволен од одлуката на социјалната служба ,дека не си задоволен од тоа како поранешната сопруга се однесува во поглед на старателство.Јасно и концизно во тужбата ке наведете со адвокатот дека ти го скратува времето што треба да го поминеш со синот,дека не ти го дава детето редовно и и онака како што е напишано во пресудата од разводот,па ке видиме дали таа ке се понаша така и нема да дава дете на татко. Оди кај адвокат исконсултирај се уште еднаш со него и поднесете уште една тужба за неисполнување на обврските од пресудата за разводот на бракот.
     
    На marama, do-re-mi, joelle и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.348
    Се наежив кога ти ја читав судбината, ми беше како дежа ву бидејќи книгата Понекогаш доаѓа среќа зборува точно за тоа што ти го зборуваш.

    Жал ми е што имаш таква себична жена но сега останува да се бориш за детето. Се сложувам со супер гирл директ кај адвокат и барај си ги правата. Со среќа.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    5.482
    Пол:
    Женски
    А дали може ти да си најдеш добар адвокат и сето тоа судски да го истераш? Доколку можеш финасиски да поднесеш секако. Се' ова што го знаеш и овде што го пишуваш, кажи го на адвокат, поразговарај со него, па види што ќе ти каже од законски аспект, имаш или немаш шанси да си го гледаш синот како што заслужуваш. Ама со тоа што имаш право барем за викенд да е кај тебе, а таа не ти го дава, автоматски имаш дебела причина за тужба.

    Мене ова ми изгледа многу матно. Не од твоја страна, туку од страна на твојата бивша жена. Кои се тие стручни лица кои ќе подшепнуваат на странката за тоа како да ја зафркне спротивната страна? Или има врски или потплатила некого. Јас друго објаснување немам. Затоа што некое стручно лице, на работно место, да се однесува вака, протизаконски, да потшепнува, подучува итн, мора да има некаква корист. Никој тоа не го прави од што така му е убаво. Во превод, има некој во тие институции што и' помага на твојата бивша жена. А како е поттикнат, кажав погоре.

    Ако е ова се' точно што го кажуваш, сурово е, од страна на мајката е многу сурово. Не сфаќа дека детето само губи со ова. Ама она си ја води битката токму преку него. Најлесниот метод кај слабите личности. И да, целосно си во право и имаш целосно право над своето дете, посебно пак ако детето сака да се гледа со тебе, што е и нормално, татко си му.
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    21.010
    Читам и не можам да се изначудам. Може е малку глупо, ама морам да направам споредба со еден пример кај мене во фамилија. Кога моја братучетка се разведе, центарот за социјални работи му дозволи на таткото да го гледа секоја сабота во месецот, по 6-7 часа, така нешто. НО :!: тој татко беше алкохоличар, мешаше таблети и алкохол во неограничени количини, физички ги напаѓаше и братучетка ми, и сите од неговото семејство (мајка му, татко му, сестра му...) За волја на вистината, никогаш нема кренато рака на детето, до ден денес Сите караници, тепачки, пијанства и паѓања во несвест и бесознание од алкохол се имаат одвивано пред детето, што се нема видено и претрпено кутрото :( Кога ќе го земеше братучетка ми од кај него, детето беше целото истрауматизирано, исплашено, се растргнуваше во себеси.....го сака татко му, но не сакаше да оди кај него, се плашеше, но уште повеќе се плашеше од неговата реакција да оди кај него. Побара братучетка му да му ги намалат посетите заради сето ова, но цело време и кажуваа како тој му е биолошки татко, и додека нема физички доказ дека тој го малтретира детето, не можат да му ги ограничат посетите, и дека минимумот за гледање е секоја сабота, не можело поретко. А истовремено татково се жалеше и бараше почесто да биде кај него, но за среќа не му одобрија. Затоа сега подзинав кога прочитав дека на татко како @fumfudge му дозволуваат да го гледа детето само 2 пати месечно :x Кога може ова будалава на братучетка ми од старт да го гледа секој викенд, сигурно може и во овој случај. @fumfudge , никако, ама никако не се задоволувај со ова. Не знам институциите колку ќе дозволат, но сигурно детето само ќе побара и ќе инсистира за повеќе време со тебе. Кога и да е, мајката ќе потклекне на желбите на детето.

    Страшна работа се ова институцииве наши, на братучетка ми се мислеа дали да му дозволат повеќе посети на тој ѕверот, а добро запознаени со тоа каков е, а во овој случај на татко за пример не дозволуваат повеќе посети.....Немам коментар :x

    Само храбро напред, се надевам дека на некој начин правдата ќе биде задоволена во твоја корист :hai:
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Факт е дека Законот ја штити жената а од друга страна ги занемарува чувствата на таткото. Таткото може да добие старателство врз детето ако мајката се откаже, ако мајката не работи или нема кров над глава, ако мајката не може финансиски да го издржува детето....
    Што можеш ти во овој случај!?!? Можеш да собираш докази и факти и тек тогаш да поднесеш тужба и да го спориш старателството во друг случај Законот не те штити. Знам, сурово е но таква е нашата законска рамка и можеби некогаш ќе подлежи на измени.
    Незнам каква комуникација имаш со бившата ти жена но мораш да соработуваш со неа во интерес на детето. Објасни дека сакаш повеќе време да поминуваш со детето, кажи дека наместо некогаш таа да го носи по баби кога има потреба да оди некаде сама тебе да ти се обрати и да го причувуваш детето, кога ќе има потреба да биде сама слободно да се јави за причувување...биди отворен за соработка со неа во интерес на детето. Знам дека е глупаво и дека ќе се чувствуваш како дежурен на тел. и најмала грешка може да ја искористи против тебе но друг излез немаш, освен да ,,крадеш,, мигови и саати од времето кое е дозволено да го поминуваш со детето. Ако е човек ќе свати ако е бесна, лута и тера инает еден ден ќе и се врати ко бумеранг. Тие раснат и резонираат и на крај осудуваат. А нема ништо поболно и потешко кога дете ќе те осуди.
    Немој да мислиш или така да се чувствуваш дека детето ќе те избрише (како што ти е насловот на темата), ти засекогаш ќе бидеш негов татко. По топлината на твојот пишан пост детето е среќно што токму ти си негов татко.
     
    На flowersss, babyblond, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Ние ја знаеме неговата верзија, но не ја знаеме верзијата на неговата жена. Глупо е да судиме. Жена која му родила дете, делела кревет со него, водела љубов со него да развие толкава омраза и одалеченост према него мислам дека не е случајна. Сепак мислам дека тоа не е случајно.

    Машките се соочуваат со огромна дискриминација кога се во прашање децата. Со кое право може судот, бившата сопруга, нејзините родители да му го оспоруваат правото на еден чесен и стабилен татко да си го гледа детето кога сака? Детето не е сопственост на мајката, туку заеднички створено и одгледано. Не се сите мајки во вистинска смисла на зборот, па да имаат ексклузивитет кон децата. Плус, се работи за машко дете кое гледа идол во својот татко, има потреба од него за машки проблеми, му треба да знае дека некој стои позади него.

    Мислам дека и твојата “мекушост“ е исто така голем проблем.
     
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Sedni razmisli sto pravis. Netrcaj odma po sudovi. Sudovite ne gi resavaat site problemi.Ti si toj sto treba pametno da igra.
    Ne go razgoruvaj plamenot. Daj mu vreme da stivne.
    Lesno e advokat da se fatis, trosis pari na nisto, namesto na deteto da mu kupis osnovno za zivot. Nemoj da mislis deka toa nesvaka nisto.Sedni razmisli sto pravis.
     
  16. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Целата процедура си тече преку суд и центар за социјални работи, но кога ќе влезете во тој систем ќе сфатите дека се е фарса и работите се тераат само процедурално без никаков интерес да се разгледаат фактите, да се направат подлабоки анализи и проверки пред да се изведат заклучоци и да се донесат решенија кои ќе бидат издржани.

    @Петре Прличко, камо тие што се надлежни и што го решаваа овој проблем да го имаа твојот смисол за скептичност и резервираност во нивниот пристап, сигурен сум дека ќе донесеа прилично непристрасна одлука.

    Се разбира, центарот за социјални работи после сите непрофесионални работи кои ги направи, и за кои нема да ви раскажувам овде, затоа што тоа се премногу техникалии, веројатно имал причина да делува така. Знаејќи како функционираат нештата кај нас, веројатно биле фатени врски, било лобирано во корист на другата страна, било потплатено...

    Но, сепак мислам дека сето тоа е овозможено поради фактот што нема никаква јасна и строго утврдена законска регулатива околу постапката за доделување на старателство над малолетно дете во бракоразводен процес. Се е оставено на произволна и тајна одлука на центарот за социјални работи.

    Ако едно нешто е познато и дефинитивно во целиот процес, тоа е дека таткото не го добива старателството само поради тоа што е маж.

    Детето го прашуваат за мислење, ама онака да помине од ред. Што и да каже детето во корист на мајката, во извештајот веднаш запишуваат дека тоа е многу приврзано и не може да живее без мајката. Ако детето покажува јасни тенденции и желба да живее со таткото, во извештајот пишуваат дека тоа не може да се земе предвид поради малолетната возраст на детето! Така ми направија мене и на малиот.

    Постои некоја возраст кога детето наводно можело да си каже мислење кај кого сака да живее, кое, пазете, повторно не е одлучувачко и обврзувачко за центарот за социјални работи.

    Која е таа возраст, никој не знае точно, затоа што таа информација се крие од центрите за социјални работи и е како некоја мистерија. Некои тврдат дека било 10 години, некои велат 12.

    Некој ги спомна материјалните услови. Значи тоа исто така не проаѓа.

    Ако мајката е вработена и има решено станбено прашање, центарот веднаш тоа го истакнува во извештајот со дебели букви. Доколку мајката е невработена, нема решено станбено прашање и нема да му пружи ни основни услови на детето, а таткото да речеме дека заработува добро, има одлични станбени и материјални услови, знаете ли која готова фраза се употребува? “Подобрите материјални услови на таткото се важен, но не и пресуден фактор за доделување на детето“. Значи, што и да правиш, ако си татко џабе ти е, освен ако самата мајка не се откаже од старателството.

    Друга финта која им се прави на татковците за де не креваат многу џева кога ќе ги стрефи реалноста дека треба во наредните, еве да речеме кај мене, 12 години, да поминат севкупно време со детето од само 8 месеци, и тоа ако се спогодат со мајката, е тоа што ги убедуваат дека оваа одлука не е фиксна и дека во било кое време подлежи на промена ако се променат условите.

    Ако некој татко некогаш се обнадежи и поднесе за повторно разгледување на случајот, само ќе му одговорат дека „и покрај новонастанатите услови не е во интерес на детето да ја менува средината во која веќе се навикнало да живее, и дека тоа може да делува на него стресно“. Чао пријатно татко. Најди си нова жена и прај си ново дете. Ко пенкало да си изгубил. Оди купи си ново, што толку?

    Друг проблем е што после сево ова ве оставаат во една подложена, беспомошна положба на милост и немилост на бившата сопруга која тукушто добила 100% старателство да се договарате за тоа дали, кога, како и колку таа би се согласила да ви го дава да го гледате детето. Како детето да е пар чевли во некој излог за да го гледате, објект во приватна сопственост без сопствени чувства, желби и барања.

    Колата да ви ја украдат, ќе доживеете стрес и огормно чувство на загуба, куќата да ви ја земат и да останете под кирија, нема да може да се средите со години ако не и цел живот, ама сепак сето тоа не е ништо во споредба со тоа какво е убиствено чувството кога сфаќате дека во наредните 15 години вие имате само една година време со вашето дете (под услов да имате среќа да не ви прават опструкции). Самата помисла на тоа ве срозува тотално.

    А опструкции уште одма почнаа и тоа за малкуто време кое требаше да го поминува детето кај мене. Ќе дојде ред да го земам, сум чекал трпеливо цела недела, и оп, „Не може сега, ни дојдоа гости си игра со децата, да не го прекинувам“, или „договорени сме да одиме на именден на детето од втора братучетка, нема шанси да откажам“ и ти притискаш „ресет“ и се надеваш на повеќе среќа и милост следниот пат.

    Можеш да се жалиш во центарот за социјални работи, ама таму зборот на машкото не вреди ни 5 пари и си перципиран како виновник од старт. Ако ептен си прав, само те тешат и ти викаат „Па како така, не смее она така, ќе ја опомениме“ и сл. Процедурите се долги, времето си минува, а тебе истите луѓе во центарот кои ти пресудиле првиот пат, ти судат и сега. Не се будали да ја сменат одлуката. Ќе испадне дека првиот пат згрешиле а сега се поправаат. А кај смее државен службеник да згреши? Кој не верува, му пожелувам да нема прилика да се увери.

    Единствена надеж, сламка за која се фаќаш, е лижавчето кое ти го даваат за се да изгледа законски и чисто - “редовни и континуирани контакти“. Се прашувам како би се чувствувале доколку во законот за работни односи или во вашиот договор за работа пишува дека „работникот има обврска да ги исполлнува обврските и задачите од работодавецот, а за тоа ќе му биде плаќано редовно и континуирано“ и толку. Без да прецизира ни колкава плата, ни за колку време, ни кога да ти се исплаќа. Апсурд а ла Франц Кафка.

    Повеќето жени не се ни свесни за оваа дискриминација што се врши врз мажите а која најсериозно се одразува врз децата. Тие што се свесни си молчат затоа што никој не сака да се откаже од тоа што го перципира како дадено право или привилегија. Јас не сум убеден дека тоа е привилегија затоа што повеќето разведени жени со деца објективно се жалат дека се растргнати од обврски и стрес и не можат да превтасат секаде и се.

    Затоа поделеното старателство каде децата минуваат по една недела наизменично и кај двајцата родители е најдоброто “win-win“ решение и за родителите и за децата кои го поминуваат пеколот на разводот. Се друго е “lose-lose“.

    Исто така, научно докажан факт е дека децата кои растат само со еден родител или со минимално присуство на вториот родител, а особено ако родителот кој недостасува е таткото, имаат поголема подложност кон запаѓање во социјални девијации кога ќе пораснат и тоа кај машките наркоманија и насилство, а кај женските наркоманија, рана бременост и проституција.

    Затоа луѓе, потребно е да мислиме подолгорочно и да не потпаѓаме под чувството на гнев и одмазда кон бившиот брачен другар и да се пресметуваме преку манипулирање со децата. Оти како викаат, што си посеал, тоа и ќе жнееш.

    Дека нема законодавство и заштита на таткото и децата, и дека се е сведено само на апели и повикувања на добра волја можете да се уверите и од написот на овој линк иако е од пред неколку години, каде министерот за труд и социјала „апелира“ до разведените родители да не ги злоупотребуваат децата во меѓусебни пресметки.

    http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=1FFF49F567E0F7428172ED34F2F693A5

    И за крај, поттикнат од една трагична и тешка случка која ги разбранува медиумите деновиве, морам да кажам и уште еден податок кој сум го забележал, а тоа е дека во последниве години се случија многу повеќекратни убиства и самоубиства во Македонија. Заедничко за сите беше што убијците беа разведени мажи, а нивните жртви беа жените и нивните семејства. Скоро без исклучок имаше малолетни деца инволвирано. Но во нашето иполитизирано и малограѓанско општество на никој не му одѕвони оваа очигледност. Сите трубеа дека заедничко било тоа што убијците биле актуелни полицајци, бивши бранители, вработени во агенции за обезбедување и сл. Па нормално, тие се првите кои имаат на дофат оружје, затоа и први посегаат по него. Еден новинар или професор по социологија, психологија и сл. не излезе и не ја посчи таа корелација, а камо ли да продре подлабоко во темата. Оти не е некоја голема мудрост да се знае дека кога нема правда и закони, луѓето во очај посегаат по туѓите и споствените животи.
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На Filiposka, Marossa, butterfly4 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Ova na krajov ne ti trebase, ama voopsto.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Напротив, баш беше потребно некој тоа да го истакне. И да, целосно се сложувам со напишаното. Во прао е човекот. Не знаете колку нас како фамилија ни било тешко, кога бившата моја вујна немаше да го пушти братучед ми на именден или на роденден кај нас. Тешко беше, а уште потешко на вујко ми. Има секакви жени. Има еден куп вакви идиотки кои ги користат децата за некаква одмазда, поради нивниот личен неуспех. Паметам колку кризни ситуации имал вујко ми баш поради што не беше доволно време со синот. Паметам и колку тешко му беше кога не гледаше сите внуци разиграни, а синот негов мораше да седи со идиотката заклучен дома. Па барем таа да го чуваше како што треба. Секогаш беше неуреден, неизбањат. Секогаш бабата го чуваше, а таа скиташе со новиот љубовник. Ехх колку има тука да се кажува.

    За тоа и се доаѓа после до вакви инциденти, убиства, напади ..... а не поради тоа што тој го загубил разумот дека бил бранител или незнам што.
     
    На butterfly4 и Daleron им се допаѓа ова.
  19. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    524
    fumfudge сочуствувам со тебе,многу ми е жал за ова што ти се случува,бидејќи и најлошиот татко да беше,сепак ти си му татко на тоа дете и имаш право на него како и самата мајка.Многу ме трогна последниот твој пост,иако виртуелно,сепак се осеќа болката која ти ја доживуваш и нормално се бориш да смениш нешто,иако тоа е многу тешко во оваа држава,ама друже оди до крај,знам дека нема да се предадеш лесно!!
    Јас би ти предложила(ако сеуште немаш преземено нешто)да ова што го пишуваш овде,да пробаш и преку некој медиум,весник или пак да отвориш страна на фб ,да прочитаат и тие што треба,а не да спијат као и увек,бидејќи гледам у последно време само така се решаваат проблемите на народот.(facepalm)

    Верувам дека ќе имаш голема поддршка,не само од посилниот пол,туку од сите што се со здрав разум,да се согледа вистината и да нема дискриминација,најмалку кога се во прашање децата,да не се водат војна преку нив,ако ништо друго,барем рамноправност да имаат двата родители,кои социјалното ќе го решава од старт,а не како ќе се договорат родителите,па вака како кај тебе,да трпи само таткото,бидејќи на мајката и текнало во последен момент дека неможе,има други планови со него дрн дрн.:x

    И јас сум мајка,недај Боже да дојде до развод со сопругот,никако не би дозволила да се случува ова со децата.Колку имам право на нив,исто толку треба да има и он,ама не сме сите исти,нели.Јас незнам каков е овој закон бре(недај Боже да дознаам),да на едниот родител(небитно на кој,на кој ке бидат доделени)да ги гледа толку ретко децата еднаш во неделата,два пати во месецот и кој фактор е едниот да одлучува за тоа,па за што се тие центри,само да доделат на некој од нив,па после баш ни е гајле,прајте што сакате вие,страшно...подршка имаш од мене,се надевам и од повеќето тука.:)

    И уште еднаш ќе кажам,прошири го ова,со надеж,да допре до тие што треба и ти посакувам што поскоро да го решиш ова и двајцата т.е тројцата да бидете задоволни!!!(y)
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    21.010
    @fumfudge , следен пат кога нема да може да ти го даде синот зашто е на роденден или што и да е, побарај нека ти го даде следниот ден, или за 2 дена. Не мора точно на денот во неделата кој е определен да се видите, веројатно има простор за флексибилност во врска со тоа. Побарај си го она што законски ти следува, не ги испуштај шансите заради формалности.