1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бронде - најнов начин на боење на косата после омбре

Дискусија во 'Коса' започната од realGirl, 19 јули 2015.

  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.696
    Пол:
    Женски
    Во последно време се повеќе забележувам девојки на социјалните мрежи со вакви нијанси на косата, прекрасно прелевање од бринета во русокоса, најмногу ми се допаѓа тоа што постепено се појавува нијансата. Исто така оваа боја повеќе ги истакнува цртите на лицето, а воедно и одлично би изгледала со шминка. :):inlove:

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    Мене уште малку ми остана да го скратам шатираното, па следено нешто што би пробала е оваа варијанта, бидејќи на омбрето му некако му помина модата (y):emo: :D

    Па феминки како вам ви се допаѓа овој нов начин на бојадисување на косата? Дали би пробале, а доколку сте пробале дали тоа било во домашни услови(мада мислам дека во домашни услови тешко би се добила нијансата) или на фризер и дали сте ја добиле посакуваната нијанса? :)

    П.с доколку има слична ваква тема слободно клуч :!::)
     
  2. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допаѓа овој тренд, и нималку не се двоумев и си закажав на фризер да ми направат. Така да утре одам и ќе пишам импресии, и дали испаднало како што посакував.

    121753b393bd484b5bc059aeb7524282.jpg
    Ова премногу ми се допаѓа. Вака сакам да ми испадне.
     
    На kvkviki, realGirl и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓа многу овај начин на бојадисување на косата и ќе се правам вака. Следно на листата ми е ова ама секако на фризер, не би ризикувала вака во домашни услови.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    Не дека е нов начин после омбрето, туку и претходно имаа вакво нешто голем дел од славните личности. Ама, тогаш уште име не беа му дале :wasntme: Конкретно, мене ми се допаѓа, само доколку е направено како што треба.За недела дена таман треба на фризер да одам, па би пробала со некои медови нијанси :)