1. 1 лажичка ѓумбир, 1 лажичка бибер измешај ги во филџан вода со 1 лажица мед (најдобро боров) Или пак ако не можеш да поднесеш така, стави ја смесата (без вода) во чај. ИЛИ 2. Вари си чај од кромид 2x на ден. Извор mkd.mk Ај побрзо да оздравиш
сум слушнала дека кромидот помага ..точно ли е ? многу кашлам и имам болки во грбот со секоја обична настинка ми се воспалуваат и белите дробови...фала ти tessie <3
Штом е така мора редовно на гладно срце секое сабајле по 1 лажичка боров мед да јадеш, на гладно дури и пред кафе да си свариш. Практикувај си и кога ти е добро штом имаш вакви маки. Поздрав
Што друго помага при бронхитис освен антибиотици а да немаат негативни реакции од антибиотикот Макропен и диа стоп против повраќање
Бронхитис ти е запаление на плуќа проследен со температура повраќање и пролив.Протв повраќање значи не јади тешка храна,по малку супа,лепче,геврече,сиренце за да го стабилизираш желудникот.Може да има контра реакција на антибиотиците,но домашно лекување нема шанси.Потребно е многу време до кај месец два максимум. Од искуство.Витамини треба да конзумираш,цедена лимонада и овошје. Задолжителна посета на лекар!
Ај за ситници, ама сериозни сте дека за бронхитис прашувате по форуми? И ако ви каже некој лек, без консултација на лекар ќе го пиете? Па секој организам е различен, има лекови ни со чаеви што не можат да се мешаат, а не на своја рака да пробаш бронхитис да лечиш.
Јас дури сум болен не јадам скоро ништо каснав денеска само неколку зрна грозје и сок , матичната ми рече пред антибиотикот да јадам , чувстувам ако јадам ќе повратам многу