1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Буден (Awake)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 4 април 2012.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Прилично нова серија, со излезени само 5 епизоди досега. Почна да се емитува годинава и мислам дека се предвидени 13 епизоди за првата сеозна ама не ме фаќајте за збор.

    [​IMG]

    Се работи за детективот Мајкл кој преживува тешка сообраќајна несреќа заедно со неговиот син и неговата жена. Еден од нив не преживува, а во тој момент тој живее во два паралелни животи, два различни светови.
    Се буди еден ден и живее во свет во кој неговиот син е мртов и тој се справува со тешката ситуација заедно со неговата жена. Си легува и наредниот ден се буди во свет каде неговата жена е мртва, а тој се обидува да му помогне на синот да ја пребродат загубата.
    Мајкл незнае kој свет е вистина, кој лага. Кој е светот што го сонува, а кој навистина го живее. Во исто време, подеднакво реално ги живее и двата животи.

    И во двата случаеви има психијатар кој со некој "докази" го убедува дека токму тој свет е вистина, а останатото е сон или фантазија во неговата глава.
    И на двете места е детектив кој решава случаи и на чуден начин некои детали од едниот случај во едниот свет, ќе му се појавуаат и во другиот случај на другата страна.

    За да разликува во кој свет се буди на раката носи конец. Црвен во едниот свет, плав во другиот.

    Иако серијава изгледа како мистерија сепак главно се категоризира како драма, па не очекувајте многу акција.

    За досегашниве 5 епизоди мене ми е многу интересна. Нешто необично, не сум досега сретнала ваква приказна. Ќе продолжам да ја гледам сигурно.
    На имдб има оцена 8.4, што за мене е сосема реална.

    Па, ја гледа некој, има заинтересирани?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ја гледам и оваа серија, доста интересна е, интресна приказна, на моменти ми делува и тажна серијава зошто неможе и синот и жена му да ги има истовремено заедно. И јас ќе продолжам да ја гледам :D
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Бaш и јас препорачав во препорачај серија, ама не мислев дека некој ја гледа, ама сум згрешила :)
    Не ги имам гледно сите епизоди но во првите две ме воодушеви.
    Jason Isaacs-Мајкл е фантастичен, инаку ако ви познат многу, да ве изнанадам он е всушност, Lucius Malfoy од Хари Потер, затоа ужасно ми беше познат ама никако да ми текне од каде :)
    Плус и има дипломирано на правен факулетет, мене уште од старт ме добива :D
    Јас ќе ја гледам баш сега ги досимнувам епизодите да ги догледам сите излезени.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.358
    И јас ја следам редовно серијава, штотуку ја изгледав 6 тата епизода.
    Се подлабоко се навлегува во тематиката и станува поинтересно со секоја наредна епизода, целосно ја препорачувам .
    За прв пат си го поставив прашањето што е вистина а што е финкција во главата на главниот лик. Во првите 5 епизоди некако нормално ми беше да верувам дека е возможно да постојат двата паралелни светови, дека не е се во неговата глава. После случајов со шизофреничиов дечко кој никако не може да ја прифати реалноста дека неговата сестра е почината и кратките халуцинации на Мајкл :?: за момент се појави сомнеж. Некогаш помислувам дури дали е можно трето сценарио, тој да е во кома а синот и сопругата живи.... never knows