Пред недела дена се вратив од Будимпешта и до пред некое време се уште си ги средував импресиите од овој град. Пред се, не очекував да е толку убаво местото, ама со самото влегување во градот се воодушевив. Мене лично повеќе ми се допаѓа Будим иако целиот е со угорници и удолници, но не можам да им оддолеам на тие стари градби и изобилството на зеленило кое во Пешта го нема. Не дека Пешта не е убава но тој дел од градот е повеќе како модерен дел и не ми се допаѓа тоа што се е асфалтирано, само градскиот парк им е единственото зеленило мислам што го имаат во тој дел од градот. Од Пешта најмногу ми се допадна Унгарскиот парламент, таа градба е дефинитивно најубавото нешто што досега го имам видено. Ми се допаднаа и уличките каде што се наоѓаа државните амбасади. А од Будим многу ми се допаднаа Рибарските кули и Замокот Буда. Плоштадот на борците кој се наоѓа во Пешта е убав, ама ништо посебно за мене. Исто така убава беше градбата спроти плоштадот односно Музејот на убавите уметности. Од Цитаделата се имаше убав поглед на градот иако градбата иако огромна мене не ми се допадна. Морам да ја споменам и зоолошката како убав дел од градот, голема е и добро снабдена, убаво средена. Друг факт што ми се допадна е тоа што не видов ниту едно улично куче или маче додека бев таму, имаше ѓубре по улиците, но сепак беше средено. Еве неколку слики од мојот престој таму. Парламентот Рибарските кули Метрото Парламентот навечер Будимпешта од повисоко Дали вие сте биле и каков впечаток ви има оставено градот?
јас не сум била, но сакам да одам(исто така и во Прага и Виена)...колку што видов од слики од другар што беше во Будимпешта ми изгледа како убав град па ако биде се добро и ако нешто не ни ја уништи екскурзијата, во 4та ќе одиме во Будимпешта...јас уште сега се спремам за одење
Будимшешта е прекрасен! Воодушевува со секој поглед! Културата на луѓето, начинот на кој се забавуваат младите, чистотата на градот, архитектурата! Секогаш кога помислувам на градов, си ги преуредувам импресиите од ново. Одвај чекам да го посетам повторно. Ова беше моето омилено место:
Будимпешта за мене беше многу големо изненадување. Бев пред 2-3 години, со друштво на шетање, и тоа многу набрзина одлучивме да одиме, без посебни планови. Мене искрено не ми се одеше баш таму, Будимпешта никогаш не ми била на мапата за шетање, ама сите запнаа, а бевме 10-тина души, па не ми се испушташе таква дружба . Глава кршам, атер не кршам Дали дека немав некои посебни очекувања, останав со подотворена уста! Љубов на прв поглед беше тоа, ни јас не можам да си објаснам зошто. Ни бездомници, ни прљавштини, ни стари фасади, ништо не ми сметаше. И мене како и Тенкаи ме импресионира парламентот, дефинитивно најубавата градба во градот. Центарот беше тогаш многу убав, имаше некои случувања, многу беше раздвижено и убаво. И музејот на теророт ми остави впечаток, колку морбидна зграда, можеш да ги почувствуваш гадотиите што се случувале таму. Се разбира, храната не можам да ја изоставам . Ние бевме и по некои околни гратчиња, и тие беа многу симпатични. Австро-унгарија, што да кажам друго. Се гледа дека била империја, и жално е што сега е подзапуштена, ама од друга страна многу пари требаат да се одржува тоа!
Бев во Будимпешта пред 4 години, на средношколската екскурзија. И преубав впечаток ми остави, всушност најубав! Едвај чекам пак да отидам некогаш. Еве некои слики и од мене.
Препрекрасен град. И ние за оваа Нова Година со мажето мое бевме Будимпешта и си поминавме најубаво до сега. За брзо време планираме повторно да го повториме патувањето на оваа прекрасна дестинација,но овој пати бебето со нас
Преубава е Будимпешта, јас бев пред 4 години и многу ми се допадна. Беше студено(бев октомври некаде). Најголем впечаток ми остави погледот од тврдината, препрепреубаво е. Бев и на крстарење по Дунав ноќе, преубаво.
Мислам дека оваа тема треба да има повеќе одговори... Не сум била, но мислам дека градот е многу убав.
Мене лично многу ми се допадна Будимпешта, не бевме многу долго затоа што заглавивме на граница, ама за тие 6-7 саати тоа што видов ептен ми се бендиса, особено ме импресионираа фасадите и нивните детали толку уживав во нив, па пловењето поДунав со брод и чаша шампањ, романтики.
И јас сум била и навистина многу ми се допадна , така некако своја приказна си има градчето. Само ми е многу криво што не отидовме на крстарење , беше планирано во аранжманот , но поради тоа што се најавуваше невреме не ни дозволија...
Се се, ама тоа чекањето на граница сите фантазии ти ги урива. Градот е преубав и земјата им е многу убава, но сите тие гранични формалности го преморуваат човек, до тој степен да се што ќе го види следниот ден, да му биде како во сон. Ненаспана, несредена... За Будимпешта во следна прилика, цела недела ќе издвојам!
И јас сум била во Будимпешта...па прво кога кажаа дека ке се оди таму се намуртив и не ми беше баш по кејф...нооо, кога стигнавме и почнавме да го разгледуваме градот останав без зборови. Многу убав град во кој има што да се види и вреди да се посети
Ептен убаво си поминав. Многу убав град. Архитектурата особено. Убави шопинг продавници имаше со солидни цени. Се возевме низ реката Дунав и преубаво беше. Повторно би одела здравје за Фајнл Фор во Ракометната Лига на Шампионки.
Преубав град. Во периодот кога бев се погоди државен празник, и вечерта со бротче кога поминувавме кај Парламенотот, тој беше во боите на знамето Генерално добро организиран град, голем, само пречуден јазик зборуваат.
Здраво, сакам да прашам која би била најисплатлива варијанта за патување до Будимпешта? Конкретно ме интересира за период од 12-17 август.