Аудио снимка од последните 10 минути пред падот на македонскиот воен хеликоптер. http://www.youtube.com/watch?v=k22Sk6jOX3s Пилотот предупредува дека инструментот не му работи и сугерира некој друг начин на слетување, додека контролорот на летање го упатува на стандардна процедура.
Не знам колку е поврзано со темава, но колку што знам јас со истиот тој хеликоптер и истиот пилот беше тоше пренесен во Македонија, дента кога загина кај Нова Градишка. А и чисто се сомневам дека се работи за пилотска грешка, лесно е да се обвинат оние кои што не може веќе да се бранат нели? Гарант има нешто МАТНО и позади овој случај!
Не, транскрипт од снимкава била дел од судската постапка. Се слуша и дека хеликоптерот немал некои инструменти за автоматско слетување или веке што е, но сепак Шврговски минатата недела рече дека никој не е виновен, пилотите не биле обучени и никој нема да биде повикан на одговорност. Како што пиша Пеперутка, вака е најлесно..... Едит: после неколку часа, видеото е тргнато од јутјуб....
Мене ништо не ми е јасно околу овој случај... Ниту кој е виновен, ниту кој е нај сомнителен. Некој запознаен?
Можеби успеале да го тргнат видеото од youtube ама на вестите на канал 5 има делови од истото. За тие што не успеаа да го гледаат еве им линк од канал 5 па нека ги слушнат исечоците од црната кутија http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=85315 едит: еве што најдов на google на таа дата (12.01.200 http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40E9 ... DC7E71B5A2 http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8724E ... D703&arc=1 делот што ми боде очи Сите единаесетмина загинати ми беа колеги. Ова е голема загуба. Тие беа елита, беа обучени и високообразовани. Ќе им служат за пример на другите војници - рече заставникот Стафа Салајдини. епа ако биле обучени и високообразовани, зошто тогаш ги прогласија пилотите за виновни??
Контролата на летање прво сугерира да слетаат со помош на ав.пилот...за да неколку мин покасно заклучува дека нема таква опрема ... Тешко на тој што го ставил видеото на ЈТ.
Како може никој да не е виновен за ова? Да не се покрене кривична постапка, нити некој да се повикува на одговорност? Ако причина за несреќата е необученост на пилотите во сложени временски услови некој треба да си одговара што им дал задача да пилотираат без соодветната обука Тука треба поактивно да се вклучи и синдикатот на професионалните војници и да се докаже вистината. Жално е што цела одговорност ја префрлаат на пилотите и временските услови кога се знае низ какви се специјални и супспецијални обуки кои траат и со месеци минуваат пред да се впуштат во вакви мисии Според снимката на која откако се јавуваат проблеми пред слетување пилотите најпрво се прашани дали се запознаени со "стандардната процедура" но одговараат дека "инструментот не полажува добро" за контролорот потоа да праша дали хеликоптерот има автоматска процедура за таа намена по што следува падот. Има тука многу нешта нејасни (на пр. зошто инструментот "не полажувал добро") Како и да е според снимкава мене ништо не ми укажува на пилотска необученост - напротив. Сепак и да се работи за необученост тука и тоа како треба некој да понесе командантна одговорност.