Булимија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Orihana, 28 јули 2010.

  1. Orihana

    Orihana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Најнапред, да ви кажам здраво само што се регистрирав и тоа со единствена цел, да ја отворам темава.
    Долго време ми беше тешко да признаам, но денес сфатив, да, јас имам булимија. Можеби не целосно, но од податоците кои ги прочитав, под булимија се подразбира делот со прејадувањето, тоа е мојот проблем, всушност. Некои, потоа повраќаат, но ете, јас барем тоа не го правам. Не сакав да се ширам, но еве, морам да си олеснам, ако не со повраќање барем на овој начин да се испразнам. На 15 годишна возраст започнав да внимавам што јадам, одев на фитнес, живеев здрав млад живот. Но, со текот на времето станував се понезадоволна со мојот изглед, иако сега знам дека немаше потреба од тоа, ни најмалку. Како и да е, пред година дена, работите започна интензивно да се движат по надолна линија, по низа немили настани и загуба на една блиска личност, бев потполно скршена. Тогаш започна се... Престанав да излегувам, да се дружам, загубив интерес потполно за се. Гледав телевизија и се „полнев“ со храна..Кога сфатив што правам, веќе имав 15кг повеќе од претходно, па се појави нов, уште поголем проблем. Сега немам желба за дружење, забава, сега единствено што ме интересира е да ослабам, но никако неможам да се одвикнам од прејадување..Ете, морав да сфатам и да си признаам на самата себе дека јас имам болест, јас имам болест булимија. Мојот проблем не се килограмите, инаку би пишувала во темите за диети...Мојот проблем е овој „магичен круг“, во кој влегуваш наивно, а потоа незнаеш да излезеш.
    Извинете за предолгиот пост. Би ви била благодарна доколку некој има да напише нешто во врска со оваа болест, можеби искуства, или уште подобро, некој психолошки совет. Ако не друго, барем сега ми е малку полесно, можеби и ќе можам да заспијам...
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.708
    Искрено, мислам дека кај тебе воопшто не се работи за булимија. Булимија е кога после прејадувањето сосила повраќаш, бидејќи ако не повратиш имаш грижа на совест дека тоа што си го изела ќе ти се залепи. Ако грешам нека ме корегира некој.
     
    На littleunicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Убаво ти кажа Хипи, твоево не е булимија.Ти кажуваш дека само јадеш се прејадуваш а тоа ти влијае на килажата која ја имаш повеќе од што треба.Мој предлог да си посетиш психолог или психијатар.И да се средиш прво на психолошка база да излезеш од депресијата па после и да почнеш со диета за да се вратиш на нормална тежина.
     
  4. Orihana

    Orihana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Булимијата е патолошка потреба за храна и неконтролирано прејадување, попратена со ненаситен „глад“. Тоа е пореметување во исхраната, кое обично започнува како некој вид диета.Подтиповите вклучуваат и булимија без празнење или други неприлагодени компулзивни однесувања.

    Во секј случај, благодрана сум на вашите одговари. Поздрав... :*
     
  5. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    102
    Najvazno e da si kazes samata na sebe STOP ! :!: Izleguvaj,druzi se raboti negde makar i honorarno sezonski, vrti go mozokot na druga strana,jadi malku, kolku samo da se najades. Izbegnuvaj doruceci, i vecera nikako a ne go preskoknuvaj rucekot i prikvecer nekoja lesna uzinka.Ke imas brzi rezultati veruvaj . Pozz. :*
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Јас ќе те замолам да помислиш на иднината на твоето идно во подалечна иднина семејство зашто сега си млада ,ќе се каеш еден ден но ќе е предоцна!Побарај помош!најбитно е да побараш помош кога веќе ќе се обратиш на психолог нутриционист пола проблем решен е !битно е да сакаш да ти се помогне,поддршката од најблиските е исто така битна !не подлегнувај се ти е тоа на психичка база,а последиците се фатални!!!Долго време се измачував со тој проблем ги помнав сите фази мислам од искривено огледало до повраќање до бесвест до здрава исхрана за на крај да сфатам дека ништо не вреди за тоа самосебеизмачување,дека клучот е во самодовербата здравата исхрана вежбањето и прифаќањето на сам себе! твоево е компулсиве еатинг дисордер спаѓа во булимија но последица е на некое емотивно незадоволство пронајд што тоа тебе те мачи а го канализираш преку храната!ПОБАРАЈ ПОМОШ ! последиците повторно да кажам се страшни од неплодност до рани на желудник до психчка болест анксиозност и тн тн позз се надевам ќе излезеш од тој магичен круг!
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.818
    Допаѓања:
    75.014
    Пол:
    Женски

    Како прво, добро е што признаваш дека имаш проблем. И тоа е за пофалба, затоа што претставува прв чекор кон излекувањето. Bulimia nervosa кај повеќето девојки освен со прејадувањето се манифестира и со неконтролирано повраќање со цел да се исфрли претходно внесената храна. Кај тебе не е тоа случај, ама може да дојде до повраќање некогаш кога, едноставно кажано, ќе го надминеш лимитот на желудникот и ќе повратиш. После тоа можеш да се почувствуваш поубаво, ама краткотрајно. И пак ќе јадеш, ќе се прејадуваш, а може и да почнеш да повраќаш. Не значи дека повраќањето кај тебе нема да се јави подоцна. Ние овде не можеме многу да ти помогнеме, затоа што тебе ти треба стручна помош од психијатар. Не е срамота, напротив. Штом си свесна дека имаш проблем и сакаш да се излекуваш, тоа е следниот чекор. Со разговорот ќе сфатиш што е вистинската причина за тоа прејадување и полека ќе ја отстрануваш. Кај девојките кај кои се јавуваат овие психички нарушувања (анорексија и булимија) најчесто се среќава желбата за контрола на сопствениот изглед. Ако не можат ништо друго во својот живот да имаат под контрола, тоа е единственото што им преостанува. Понекогаш се работи за страв од соочување со некои од предизвиците што ги носи животот - па затоа и се јавува во сите возрасти, кај двата пола. Никој не е поштеден. Сакам да сфатиш дека тебе навистина ти треба помош од стручно лице. Некои ова би го сфатиле како навреда, бидејќи кај нас како сеуште да е табу одењето на психијатар. Ама мораш да се консултираш, затоа што се работи пред се за психичко заболување.
     
  8. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Многу ми е жал, и јас имам вишок кг , но никогаш не се оптовараувам освен тоа што имам неуспешни обиди за диета.
    Иначе, баш би сакала да ти препорачам да си викнеш другарки, пријатели и да почниш да се дружиш така помалцее ке мислиш на храна.
    Ќе ти биде тешко , но секој почеток е тежок
     
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    485
    И јас мислам дека е најдобро да посетиш психолог и нутриционист. Добро е што си го направила првиот чекор и си признала за својот проблем. Пробај да бидиш силна и да издржиш докрај за да можеш да го решиш твојот проблем. Со среќа.
     
  10. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    Zdravo devojki!
    Mojot problem e: Nekontrolirano jadenje.
    Cel zivot se trudam da slabeam i sekogas mislam deka sum debela. I sega sakam barem uste 3-4 kg. ama nikako ne mi uspeva. Postojano sum na nekoi dieti, a posle toa se prejaduvam kako nenormalna,vnesuvam preterano mnogu hrana i ja isfrlam hranata so laksativi. Toa se simptomi na bulimija. I neznam kako da se spravam so krizata. Mi se slucuva 1/2 pati nedelno a posle toa ne jadam nisto po cel den.
    Dali nekoja od vas imala vakvo iskustvo. Odnapred blagodaram
    [mod-kirilica:2uvoxbu5][/mod-kirilica:2uvoxbu5]
     
  11. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    BULIMIJA HELP!!!

    Знам како ти е... и јас боледувам од такво пореметување во исхраната и никако не можам да се ослободам од тоа! И јас цело време сум на диети и порано и повраќав едно 3-4 месеци секоја недела по неколку пати, но сега престанав. :worried: мораме да го победиме ова, не е здраво!
     
  12. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    Neznam kako :( Jas vcera pak go doziveav toa i edvaj disev i edvaj se dvizev od prejadenost. Deneska i utre nema nisto da jadam za da ne se zdebelam ama ic ne mi e lesno...

    Devojce a ti se imas zdebeleno ili oslabeno od koga go imas problemov ili non stop ista kilaza so variranja od 1-2kg?
    [mod-kirilica:22mm5z6d][/mod-kirilica:22mm5z6d]
     
  13. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    BULIMIJA HELP!!!

    Па цело време варирам по 2-3 килограми ама сега овој пат малку повеќе се здебелив (уште 1 кг). Јас сакам да ослабам 5кг ама се ќе почнам диета некоја, една недела највеќе ја држам и после пак се прејадувам. На СЕКАКОВ начин сум пробала: и со гладување, и со здрава исхрана и вежбање, и со здрава диета и секогаш, секогаш се враќам на истото. Мислам таков чуден однос имам со храната, не јадам само кога сум нервозна нешто, јадам од онака, како од инат! :worried: А ти јадеш само од емоционални причини или вака како мене?
     
  14. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    BULIMIJA HELP!!!

    Istoto...kako sebe da se slusam. I ja variram u po 2-3 kg, vezbam redovno (osven koga sum prejadena). Inaku ne jadam od nervoza. Ustavri mene najgolema nervoza mi e periodot posle jadenje, i koga sum kacila kg.
    Nekad i koga sum raspolozena mi se slucuva ili ako vidam deka sum oslabela i imam prostor za jadenje. Testeninite mi se slabost zaso koga sum na dieta mi se zabraneti i ako kasnam samo eden zalak otide cel den u jadenje gluposti...
    Koja vozrast si Marissa? 24?
    Ja imam 24 i inaku za drugi stvari sum dosta stabilna u karakter, ama ova so hranata... nemozam da se kontroliram. Ednostavno uzivam dodeka jadam. Otkazuvam iskacanja i sl. duri i decko mi toj den go otkacuvam samo i samo da jadam. Budala ama ete...


    [mod-kirilica:2fkn8sv0][/mod-kirilica:2fkn8sv0]
     
  15. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    BULIMIJA HELP!!!

    Леле и јас имам 24 и истото правам, не излагам за да јадам, се радувам кога ќе останам сама дома само за да јадам значи исто се како тебе правам!
     
  16. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    BULIMIJA HELP!!!

    А од диетиве која ти е најефикасна?
    Јас овие 2-3кг. што ги добивам по јадење, одма ги симнувам за 2 дена, ама после тоа не успевам. А целта ми е 5кг.
     
  17. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    BULIMIJA HELP!!!

    Па најефикасно ми е кога си бројам калории со 1200 калории слабеам по 2 кила во недела... ама мислам дека диетите не се решение. Мислам дека треба да прекинеме со прејадување па дури после откако ќе се одвикнеме, тогаш да слабееме. Ама за да се одвикнеш од некоја навика треба најмалку 3 недели, а 3 недели баш и не ми се седи дебела (во моментов сум здебелена)...
     
  18. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    BULIMIJA HELP!!!

    Знам маче. Мене животот не ми функционира кога сум здебелена. Се нервирам кога се гледам у огледало здебелена.
    А 3 недели да издржам без да направам глупост, супер би било. Мене ми се случува по 2 пати неделно. Мора да најдеме решение. Со здружени сили, зашто штетно е за здравје. Мислам свесни сме за тоа и двете ама кој да одолее на храната во тие кризни моменти...
     
  19. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    BULIMIJA HELP!!!

    Јас се мислев да направам нешто, гледам на youtube пошто сум опседната со Victoria's Secret и само нив кога ги гледам можам да слабеам, другото се ми пропаѓа во вода, за да бираат нови ангели направиле Angel Boot Camp и таму вежбаат, прават не знам ти што, ама мислев јас да си го направам тоа за мене само што нели ќе јадам малку и ќе вежбам многу и да гледам они како напредуваат да се инспирирам. Пошто ова стварно веќе не се трпи! А за кризите стварно не знам, зашто сите викаат прво треба да откриеш што е причината епа јас стварно не знам како да откријам пошто НЕМА причина, мислам јадам во некои моменти во кои никој друг не би јадел, ниту сум тажна ниту нешто ми е од онака јадам, па не се сфаќам!
     
  20. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    Бејби како си денеска? Ја се движам у надолна линија со кг. :D и немам намера веќе да качувам. Поздрав Марисса