Aко сакаш убав вкусен бурек прво нешто треба да знаеш да исучиш слаби кори, т. е. сама да ги направиш. А ако сакаш да правиш бурек со купени кори, тогаш еве еден рецепт по кој ние дома одвреме - навреме правиме бурек. http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... st_31.html И овој е вкусен инаку
За правење не знам како се прави точно , ама како што гледам во пекарите некако го вратат тестото го обраќаат , не ми изгледа лесно баш .
ке земеш готови кори и на првата ништо на втората месо или сирење и после преку 2 кори уште еднаш и уште еднаш преку две коти и говато и после ке ставеш кора и ке го ставеш дас е пече....а и зејтин на секоја но по малку....
домасен пица-бурек 500гр брасно, половина коцка квасец,сол,малку зејтин,со млака вода се замесува средно меко тесто и одкако тестото убаво ке се обработи се дели на 6 еднакви дела кои се прават најпрво во топцинја и се отвараат со сукало во кори и се тргаат на страна од работната маса(местото каде сто стојат корите посипете го со брасно за да не се залепат а корите одозгора премацкајте ги малку со зејтин за да мекнат). за фил потребно е кецап пецурки малку пропрзени салама или вирсли изрендано ленти каскавал оригано се зема првата кора и се равива во раце(исто како сто се тегне кора за пита),на кујнска крпа врз масата се остава и се попрскува со зејтин па се пакува од двете горна и долна страна се преклопува по малку и од другите две страни се преклопува по малку да дојде во форма на плик и потоа се трга на страна.потоа се отвара втората кора на ист нацин и ја зимаме првата веке спакувана кора ја ставаме во средина од втората и пакуваме на ист нацин да дојде во форма на плик.постапката се повторува сотретата,а во цетвртата премацкуваме со лазица по тестото кецап и редиме од фиот па ја пакуваме и така до последната кора. бурекот го пецеме во добро загреана рена додека да зарумени и при крај од пецењето го премацкуваме со маргарин за да мозе корите да светат.се сеце на 4 цетвртини,добивате убав топол доруцек
Потребно е: 1/2 кг тенки кори, за баклава 300 гр сирење 250 мл вода 125 мл масло сол, по потреба Подготовка: - Во длабок сад помешајте ги водата и маслото. Посолете. Ако сирењето е многу солено, внимавајте да не претерате со солта. Со оваа течност ќе ја премачкувате секоја кора, па затоа почесто размешувајте ја течноста со вилушка. - Сирењето со вилушка згмечете го. - Земете тркалезно тавче за печење (26см). Намачкајте го малку со масло и ставете две кори, така што краевите треба да излегуваат од страните на тавчето. - Со лажиче попрскајте врз корите од течноста со вода и масло. Не претерувајте, освен ако не сакате бурекот да ви биде многу, многу мрсен. - Остатокот од корите поделете го на групи од по 3 кори. Секоја група од по 3 кори редете ја во тавата, гужвајќи ја првата кора, попрскајте од течноста со вода и масло, ставете ја втората кора нормално и на третата кора ставете од филот. Ова повторувајте го додека да ги потрошите сите групи од по 3 кори и целата смеса. - Значи, првата кора е згужвана, попрскана со масло и вода, втората е нормално ставена и третата е исто така нормално ставена заедно со дел од филот. - На крај, треба да завршите со кора под која има фил од сирење. - Последната кора попрскајте ја со течноста од масло и вода. - Краевите кои се надвор од тавата преклопете ги врз бурекот и целиот бурек прелијте го со остатокот од течноста. - Печете го загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да поруменат корите. Забелешка: Во филот од сирење, може да ставите луто пиперче, црвен пипер, бибер. Бурекот може да го филувате со смеса од шункаа, кашкавал и кечап (пица бурек), шунка, павлака и кашкавал, фил од мелено месо со бибер и кромид… Рецепт за бурек, Поздрав
Еве мој личен рецеп за бурек кој што го правам и е многу по убав од оној во бурекчилниците месите обично тесто и правите 5 теста зависи колку ви е голем плекот јас го правам во четириаголно плекче.. ја растргате првата кора колку што можете повеке и од четири страни преклопувате да ви излезе коцка големина како плекот а пред да ја преклопите ја попрскувате зејтин и ја тргате на страна. Истото го рпавите и со втората кора ја растргате и врз растргната кора ја турате онаа претходно направената правоаголник ја ставате врз неа и пак вротара кора ја преклопувате и правите правоаголник и тгате на страна... Ја земате третата кора исто така ја растгате и ја оставате ги земате претхдните т.е веке се една и ја ставате во стредината попрскувате зејтин исто на секој кора и врз неа ставате испржено мелено месо и кромид или сирење зависи што сакате и ја ставцате а страна само полека да не ви испадне месото. Ја земате 4 та кора исто така ја растгате и претходниот триаголник го ставете во неа и пак преклопувате 4 те страни зза да испадне правоаголник истото го правите и со 5 тата кора и попрскувате зејтин го земате плекот и го мачкате зејтин и бурекот г ствате од обраната страна за да тоа котките ви дојдат од долната страна.. Веднаш ставате да се печи и ке познаете кога е печен ке видите ке добие кафена боја. ПРЕУБАВО Е