Видов дека има тема Омилени бутици,но решив да ја отворам оваа тема за бутици исклучиво во Битола! Епа ајде битолчани и битолчанки,кажете кој бутици најчесто ги посетувате,од кој сте најмногу задоволни,каде има прилагодливи цени,каде има најубави работи и слично
Триумф на Широк Сокак LC Waikiki - секогаш наоѓам по нешто интересно и ми се допаѓа тоа што има се, па не морам многу да шетам. Зара (само името е такво, нема врска со брендот) е убедливо најлошиот бутик од страна услуга. Инаку има убави работи, само што нема број за мене. ( носам 36-38 )
Ич не ме бива со попусти. Јас шетам по бутици само тогаш кога ми треба нешто, инаку не. А и немам многу време. Па не сум во тек со попусти. Ете благодарение на темата ќе можам да пратам кога и каде има попуст. А, да, заборавив да го спомнам Ермитаж. Дел од облеката е како за баби, ама се наоѓа по некое парче за млади дами.
Ахам мила се надевам ќе биде поактивна темата. Инаку што мислиш за Едвард,карши портал? Имаш некогаш купено нешто од таму,добар е квалитот? Јас со другарками влегов пред некој ден да разгледам убави работи има и прикладни цени,ама незнам за квалитет. Во теранова најчесто купувам,ама еднаш зедов едни панталони и после прото перење се испуфтале,катасторфа,ти се има десено нешто слично?
VIP во пазарот, не знам ама секогаш наоѓам работи по мој вкус, а и не е скапо баш. Да пофалам и продавницата за чевли воедно на ќошот кај Ленски Мост, секогаш си наоѓам број и фин модел на чевли
Од Теранова имам купено неколку аксесоари, чантиња, капчиња и шалчиња, облека не. Искрена да бидам, ко парталчиња ми изгледаат. Имам едно плаво сако од Едвард, убаво е и квалитетно, ама не беше баш ефтинко. Ме нервира што по бутици набиваат цени, а нема врска, сите од исто место земаат роба.
Искрено да во теранова повеќето обични парталчиња се со многу висока цена. На пример една обична бела рамбовка е 999 ден .... а во друг бутик истата таа може да ја најдиш и за 400 до 500 ден
Цела Битола срање алишта има. Значи ретко ретко има број за мене 34/xs. Никој не носи малечки броеви па дури пред некое време за на свадба морав од Барби и Кен да си купам фустан онај за деца бутикот. Или тоа е проблемот или во сите бутици исти две три парчиња. ВИП има некој добри алишта. И онај кај првата чешма в пазар не знам како се вика.
И јас не ги знам бутиците по име баш Ќе морам да се прошетам низ чаршија да ги научам кои се па да можиме фино лепо да комуницираме, оти вака првата чешма, втората чешма не ми е баш разбирливо.
Да го пофалам исто и Леа бутикот, во чикмакот кај Т-Мобиле, до Кус кус, исто преубај работи ама доста скапи. Да не случајно во последно имате шетано по бутици? Ми треба корсет, кроп топ за на апсолвентска забава, ама некој посвечен, најдов во Леа ама баќички ми е солен така Да не иамт претстава каде би можело да има некој посвечени, и поубај?
Од принцип си имав лани земено кожно,убав материјал и пристојна цена за 1000 денари беше ми се чини. Е сега незнам една другарка не е задоволна баш од овај бутик
[E="ЈеленаЏиш, post: 2774888, member: 99152"]И јас не ги знам бутиците по име баш Ќе морам да се прошетам низ чаршија да ги научам кои се па да можиме фино лепо да комуницираме, оти вака првата чешма, втората чешма не ми е баш разбирливо. [/QUOTE] Ајде важи ќе ги научиме и ќе си споделуваме кај има шо има. Иначе овај до Сара Фешн свеќи кај шо се продават кај првата чешма. Има мали бројчиња често и многу убај фармерки имам земено.
Не ми се бендисва то шо многу се напумпани цените. Има се наоѓа скоро се ама ризик или глупаво ми е то шо пример една иста кошула можи да ја видам уште на 10 други ... хихихиихихи
Се носат сеуште, само такви има, долги неможиш да најдиш, а и сукњата ми е со висок струк, не сакам да е долг, сакам краток.