1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.024
    Допаѓања:
    66.567
    Пол:
    Женски
    Еве посебна тема за бугарските пасоши во која нема да се дискутира за процедура за негово вадење, туку други аспекти.

    Дали сте извадиле, дали би извадиле, зошто да, зошто не, до што, според ваше мислење, доведе масовното вадење на бугарски пасоши...

    Споделете мислење во склоп на правилата на форумот и без навреди.
     
    На Mikha4, sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Ме изненадува како никој од бугарските политичари не ја согледува хипотетичката опасност од делењето бугарски пасоши. Имено, замислете речиси цела Македонија да извади такви пасоши! Со тоа се стекнува на право на глас во Бугарија... Што би било кога сите тие граѓани би гласале таму за партија на македонците во Бугарија? Кој би победил хипотетички на изборите во Бугарија? На мала врата, Македонија би можела да управува со Бугарија, или би имала значителен удел во политичкиот живот на Бугарија асо тоа и во одлуките кои се носат во таа земја. Да речеме внесување на македонците во бугарскиот устав, признавање на засебноста на македонскиот јазик и тн. :wasntme:

    До масовното вадење бугарски пасоши мислам дека првин доведе безвизнинот режим со земјите на ЕУ околу 2000-та година (Македонија се ослободи од визите за ЕУ дури во декември 2009 година, исклучок останаа Британија и Ирска). За потоа јануари 2007 Бугарија и самата стане членка на ЕУ па имањето таков пасош овозможи полесно барање работа или олеснување на истата (на пр. дејноста на транспортерите). Бројот на луѓе кои вадат бугарски пасош од трети причини, да речеме семејни, мислам дека е изразито мал.

    Инаку, немам бугарски пасош, мене лично не ми е потребен.
     
    На najjacha, La-loca и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    35.384
    Пол:
    Женски
    Ние нашата држава не ја оправивме па мислиш дека имаме потенцијал за влијание во друга држава??

    Сега не ми треба ама кога сеуште би била во Мк и би можела би извадила во истата секунда од таа причина да можам да се преселам уште истиот ден кога ќе го земам без куфер без ништо само да си отидам од државата во која за се треба врски па и за здравство. Накратко. Да бев ќерка на тој и тој и да можев само во Систина да одам не би ми требал бугарски пасош, со врски можеш удобен живот да живееш.
    Надолго, нема услови за нормален живот, нема можности, просперитет, се е преку тато, се е со врски, во брак сите се мешаат никој нема свој живот, со бебе се мешаат, мажите претежно се тато носи мама меси, женско не смее минич да облече, за помалите села па да не ни збориме, партиите не ни сакам да ги спомнам, колегите и колешките со просек 10 фамилијарно поврзани со професор, декан па ич, сите школски со единици и двојки што се запишаа медицина…
    Се тоа може да се реши со едно парче хартија, со бугарски пасош и конечно да почнеш да живееш нормален живот. Ако не ти бил убав во Мк, ако ти е убав нема потреба од бг пасош, блазе си им на тие што им е убаво во татковината, во мајката држава, што не треба да си отидат.

    Последица, земаш после тоа друг европски и се откажуваш од македонскиот и бугарскиот

    Значи не земаат луѓето бугарски пасош, земаат парче хартија за влез во ЕУ односно за НОРМАЛЕН ЖИВОТ!
     
    На senza.parole, Miss666, elenaa0805 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.653
    Допаѓања:
    12.101
    Немам. Нема да вадам. Не ми треба. Во мојата фамилија такви пасоши нема. И да, бугарските пасоши допрва ќе бидат проблем.
     
    На Јаневски и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Немам бг пасош но имам членови од фамилија кои имаат, би извадила доколку имам потреба од егзистенционални причини.

    На прашањето што доведе до масовно вадење на бугарски пасоши веќе и врапчињата знаат
     
    На elenaa0805, NoirSerpentine, demopet и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Од зорт ги вадеме. Од убаво никој не бега.
     
    На senza.parole, $ophia, DarkStormm и 14 други им се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Женски
    Немам бугарски пасош (сѐ уште) меѓутоа имам бугарско државјанство а со тоа ми е и полесно да извадам пасош.
    Се знае зошто-кога не ти чини своето, бараш спас во туѓото и то е то. Никој не го напуштил сопствениот дом "од онака".
     
    На elenaa0805, NoirSerpentine, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    19.822
    Пол:
    Женски
    Немам и сум против. Освен кога е од сериозни егзистенцијални причини, што не е случај кај сите што имаат. Ама секој си гледа за себе, гајле му е некому што мислам јас за неговиот пасош, така да не го коментирам ова пред луѓе што имаат, нивен избор.

    А ние конкретно сме во странство, ама не со бугарски пасош и ако тоа беше условот немаше да дојдеме.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Имам и го прошетав светот со пасошот, никогаш не ме замараат на аеродром кога ќе го покажам. 8) И многу други врати ми отвори.
     
    На $ophia, lasthope, Tinkerbell11 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.234
    Пол:
    Женски
    Не. Никад не би извадила. Ти се плукнам у тоа бугарите скапани
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Поголема е опасноста за нас и ова што се случува е стратегија која се промовира скоро 2 децении.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Немам бугарски пасош и не би извадил. Немам потреба.

    Воедно, и пописот ќе покаже дека најголем дел од луѓето што вадат бугарски пасоши се генерално популација со ниска стручна спремност и мала веројатност за вработување со поголема плата. Тие професии, кои се моментално актуелни и барани на пазарот немаат потреба од било какви пасоши. Посебно ако се со големо искуство. Самите странски фирми ќе ти средат документи или можеш онлајн да работиш.

    За некоја година нема да има потреба од вадење бугарски пасоши, затоа што ЕУ ќе олабави за работни визи, па ќе може да се работи со било каков пасош, затоа што имаат многу лоша демографија, се помалку млади луѓе, а незаситна потреба од физички работници. Источна Европа им пресушува со достава на работници, а Азија и Африка им претставуваат безбедносен ризик долгорочно. Латинска Америка им е далеку, а тие најчесто бегаат во САД и Канада.

    Последиците освен демографски, нема други. Тоа е тотална лага дека францускиот (бугарскиот предлог) е резултат на вадење бугарски пасош. Гледам таа теза се пласира од ботови на социјалните мрежи.
     
    На Andzelka23 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    За да патуваш туристички не ти треба бугарски пасош. Можеш и со македонски слободно. Освен во Обединето Кралство, САД и Канада.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Не нужно.
    Има и со високо образование.
    Посебно ако си правник или економист, во МК ги има, со лопата да ги риниш
     
    На Victorian и demopet им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Високо образование не значи нужно и баран кадар за работа. Еден куп завршуваат факултети што не се барани и платени на пазарот.

    Затоа држава си креира стратегии каков кадар треба и каде треба младите да ги насочуваат.
     
    На Andzelka23, NoirSerpentine, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Баш така.
    Ама ние не сме држава, фарса сме.
     
    На demopet и sj *O* им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Немам ама сакам да извадам бидејќи многу врати се отворени во однос на работничката класа,добивање на многу поволности.

    И не мислам дека ради семејни причини вадат бугарски пасоши туку ради работа. Добро знаат колку е платено и какво третирање добиваат.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Многу потешко е за вадење бугарско државјанство и пасош денес. Знам ликови што чекаат веќе 2 години.

    Целата процедура е на некаков stand by откако се покренаа неколку скандали во врска со издавањето на пасошите. Нема да даваат така лесно ко што даваа порано.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.792
    Пол:
    Женски
    Немам, иако имам доста членови од фамилија што извадија за да си олеснат во странство.
    Да немаше маж ми европски, најверојатно ќе вадевме бугарски од истите причини. Јбг
     
  20. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Ти треба и тоа како, за да одиш во Мексико ти треба виза, со Бг не. Во Катар или Доминиканска реп, не можам да останам повеќе од 1 месец, со Бг можам 3 месеци. Така да кога не си информиран не коментирај. И да бев во Англија многу пати, ти никогаш нема да можеш да одиш :?:
     
    На $ophia, Tajnaotrovna, daylight и 2 други им се допаѓа ова.