Вадење ред - 40 дена после смртта

Дискусија во 'Религија' започната од marchi-cool, 13 октомври 2021.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.317
    Пол:
    Женски
    Низ оваа категорија барав ваква тема ама не најдов. Ако има во некоја друга категорија пренасочете ме и избришете ја оваа.

    Сакам да подискутираме на обичаите и церемониите кои се прават за 40 дена после смртта на некоја личност. Секаде има различни обичаи па доколку некој сака да сподели кои адети се прават при овој "чин".
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Машки
    Поменот на четириесетиот ден не е ништо повеќе од еден обичен парастос, отслужен на гробишта. Најчесто пропратен со задушница (раздавање на храна).
    Домашните за поменот треба да подготват: варена пченица засладена со мед и измешана со ореви или други јаткасти плодови, со изобразен крст на средината, црвено вино, поскура (просфора, леб со печат ИисуС ХристоС НиКа), каделниче, се носат и ламбадата (големата свеќа, која се става на гробот кај нозете) и колакот (свеќа измотана во клопче, се става кај камарата).
    Домаќините носат и мали свеќи, кои им се раздаваат на присутните, кои ги држат за време на пеењето.
    Луѓето што одат на поменот носат свеќи и ги палат на гробот, како и храна за раздавање.
    Домашните раздаваат пакувани лепче, маслинка или кашкавал, благо (баклава) и овошје. Некои даваат и ручек или сендвичи. На месаријата и на оние, кои го облекувале покојниот им се дава и некое парче облека (без претерување!)

    Најбитно за покојниот е да се отслужи поменот, од страна на свештено лице! Народните обичаи се добри, но не се суштински!
    Тие што се собираат и ги прават сите редишта, но поп не викаат, се' им е џабе!

    По упокојувањето на починатиот, душата 3 дена престојува на земјата. На третиот ден, за првпат се поклонува пред Најсветата Троица. Од третиот ден до деветтиот се носи низ рајските населби. Деветтиот ден се поклонува повторно на Најсветата Троица. Од деветтиот до триесет и деветиот ден душата го гледа пеколот. Четириесетиот ден е денот на привремениот суд, кога душата бива испитувана за сите гревови и добри дела, кои ги направила. За време на судот предвид се земаат и молитвите на Црквата.
    Поради сето ова, потребно е да се прават помени за покојните третиот, деветиот, дваесетиот и четириесетиот ден, како и во саботите до саботата по четириесетдневниот помен (саботнини). В црква или на гробишта. Големите задушници не се неопходни. Добро е на присутните да им се даде нешто задуша, како на пример колаче, или да се викнат дома на кафе.
    Потоа се прават помени на 3 месеци до трите години.

    Да напоменам уште дека има три вида на помени: трисагија (блудец), парастос (панихида) и света заупокоена литургија.
    Трисагијата е мал помен кој се врши в црква или на гробишта. Обично се служи на саботнините и на тримесечните помени од година до 3 години.
    Парастасот е голема заупокоена служба, која би требало да се отслужи на 3.,9.,20.,40. ден, како и на 3.,6.,9. месеци и годишните помени. Се служи в црква или на гробишта.
    Светата заупокоена литургија е најголемиот и најзначаен помен. Исто е како и обичната света литургија, но се додава и ектенијата и молитвата за покојните, имињата се читаат и на проскомидијата, кога се вадат частиците, и на великиот вход. Убаво е да се отслужи барем една света заупокоена литургија до 40. ден. Без разлика дали е за саботнина, или некој од деновите за помен или во недела или празник, кога има вообичаена литургија. (Некои од свештениците одбиваат во недела да служат заупокоени служби, а посебно свети заупокоени литургии, но првиот православен христијанин - Вселенскиот Патријарх ги служи! Ако во Христа сите сме живи, која е разликата меѓу живите и упокоените? И зошто не би се служеле?)
     
    На marchi-cool, elimkd, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    11.041
    Пол:
    Женски
    Знам дека во христијанство особено е важен 40 ден од смртта на човекот, бидејќи според нашите верувања после настапување на смртта душата излегува од човекот и 40 дена талка низ просторот, барајќи мир и молејќи за прошка на својте гревови, направени намерно или ненамерно, и 40 ден од смртта е оној ден кога душата на покојниот наоѓа мир. Од обичаи ништо посебно, поп, вино, погача и пченица.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Знам секој крај башка адет ама да прашам. За 40 дена знам се даваат и дарови. Дали за 20 дена се дава само најлонче со храна или и дар.