1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вазектомија

Дискусија во 'Брак' започната од rossonerka, 19 октомври 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ова е машка тема, но сепак е брачно решение на двата партнери. Поточно според едни податоци жената е таа која го дава на мажот најчесто предлогот за вазектомија како начин на контрацепција.
    Но сепак табу тема е кај мажите посебно во овие краишта вазектомијата и ретко знаат што всушност е вазектомија, па ја поврзуваат со намалена потенција, некои мислат дека е комплетно отстранување на тетсисите, неможност за доживување на ерекција и оргазам при сексуален однос итн.

    Вазектомијата претставува тип на контрацепција и со тоа стануваат перманентно заштитени од несакани бремености. Мажот може да се одлучи за овој зафат кога ќе е апсолутно сигурен дека повеќе не сака да има деца и се препорачува да се изведе по 40-тата година од животот.
    Процедурата трае неколку минути хирургот сече низ ductus deferens (канал низ кој поминува спермата) и потоа ги зашива краевите со што се спречува излегувањето на спермата од тестисите. Мажот и понатаму ќе доживува ејакулација, како што тоа било и пред вазектомијата, но спермата веќе нема да може да се соедини со семето, што претставува клучен фактор при оплодувањето.

    Вазектомијата може да се одстрани кај околу 95% од мажите, што значи дека повторно преку хируршка интервенција може да се поврати плодноста кај мажот која се нарекува вазостомија и која е тешка и многу скапа процедура.

    ______________________________________________________________________________________

    Па женички кое е вашето мислење за вазектомијата?
    Дали ја сметате како позитивна или во ова денешно време има и многу други контрацепции па нема никогаш да го дадете предлогот за васектомија на вашиот маж кога би биле остварени како родители и не сакате повеќе деца а и сте во поодминати години. Но сепак не е 100% сигурна и потребни се прегледи на неколку години за да се провери состојбата.
    Во секој случај ова е доста сигурен начин на постарите сопрузници, но ретко мажите се одлучуваат за тој чекор, најмногу поради неинформираноста и поради тоа што е сепак хируршки зафат.
    Вие сте ЗА или ПРОТИВ :)
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Јас сум против.
    Не би сакала маж ми да го подложам на ваков чекор. А верувам дека 95% од машките не сакаат да чујат.
    Најпрво заради своето его, а после дека е хируршки зафат. Побогу тоа е нивната машкост, дел од нив.
    Ако парот не сака повеќе деца има многу други начини на контрацепција кои не подразбираат кондом.
    А која е целта да се направи васектомија, кога по некое време ќе се појави желба за васостомија.
    НЕ од мене
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас мислам дека не си ја сфатила целта на вазектомијата. Значи не им ја сечат машкоста или не ги прават импотентни, туку со хиршки зафат се спречува излегувањето на спермата, а со тоа се заштитува од несакана бременост. Роси убаво објасни дека понатаму мажите ќе си имаат нормален живот, односно дека ќе можат и ерекција да доживуваат и оргазам.

    Јас лично мислам дека е too much. Сепак се работи за хирушки зафат и се сложувам дека има и други поедноставни работи за заштита од несакана бременост.
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Ја имам сфатено целата поента и знам што е и каков е целиот зафат.. Муабетот ми беше дека ниедно машко не би сакало да пука ќорци
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Добро, на овој чекор може да се нафатат мажи со деца, значи возрасни мажи, не момчиња.
    Иако и јас не би го терала на ова. никогаш. Има помалку радикални контрацепривни средства, без он да мора да се изложи на хируршки зафат.
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Јас сум против ова. Зошто на тоа што го дала природата како такво - да се менува?
    Има разни начини за контрацепција, не би сакала мојот иден маж да го подржам за ваква работа. :x
    А, и ако е пишано дете на стари години, нема бегање. :lol:
    Оффтопик, исто не подржувам ставање спирала кај жените, колку и да е безбедно, сепак тоа е страно тело во организмот. ;)

    Пс. И се сомневам колку од мажите би подлегнале на ваков зафат. Пред се` од СТРАВ. Ако, се машки, се плашат и не сакаат многу да се задира во нивната машкост. :)
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Околу ова прашање сум воздржана.
    Не би му сугерирала на мојот маж да преземе таков чекор ,но и не би го сопрела кога тој би сметал дека тоа е вистинското решение против несакана бременост (се разбира ,после исполнувањето на плановите за продолжување на врстата :D ).
     
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Против.
    Денес барем има толку различни начини на контрацепција,и сигурни и побезболни секако.
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    За!!!
    Со 15 минутен рутински зафат кој е незгоден а не болен највеќе една недела, јас како женско ќе бидам лишена од клукање со хормони, мислење кои ми се плодни кои неплодни денови, грижи кога ќе ми закасни менструацијата или пак ете ако се згрешило абортуси итн.После ваков зафат можеме да си уживаме во сексот без да се мислиме за несаканите последици,ово е 100% заштита без никакви последици по животот и здравјето на мажот, за разлика од контрацептивните пилули, спирали итн.

    Брат ми има скоро 34 години и 3 деца, немаат никаква желба за повеќе деца, на снаа ми лошо и влијаат на здравјето хормоните во апчињата и тој се реши на ваков зафат како најбезболен и најбезбеден начин за 100% заштита од несакана бременост. Сигурно не го болело него повеќе од моментот кога жена му се породувала, така да неможам да најдам место во срцето да ги жалам мажите при една ваков веќе рутински зафат, ништо не им се менува во животот, и пред зафатот биле мажи и после зафатот се пак мажи.

    Како и да е ово е веќе толку рутински зафат на кој во светот се подлегнуваат преку 30 милиони мажи годишно, значи ништо страшно, а толку олеснувачки за жените и нивното здравје.
     
    На orxideya, blondie100, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не е 100% bittersweet.
    После неколку недели од зафатот се прави спермограм да се види успешност на операцијата. А потоа на секои 2 години отприлика пак тестови се прават. Се може да се случи и каналите да се отворат или мал отвор да се појави кој ќе е сосема доволен.
    Ете глуп пример ама јас гледав филм каде остана бремена жената и покрај вазектомија на мажот, и нормално да не го раскажувам филмот мислеше мажот дека варала жената се додека не направија ДНК. А вчера кога ја отварав темата читав за процентот и дефинитивно пишуваше секаде дека не е 100%, ниедна контрацепција не гарантира 100%.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^После 3 месеци се прави спермограм, треба првите 6 месеци да се води сметка за додатна контрацепција.А како и при секој хирушки зафат може да има и лекарска грешка и да биде неуспешна операцијата, ама во глобала е успешен метод, и е многу подобар начин на контрацепција од клукање на апчиња итн.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ЗА
    За да се земе во предвид, по реден број таму како и спиралите, депот инекциите и женската стерилизација. Кога се прави муабет за контрацепција, сите опции на маса, па во зависност на годините, здраствената состојба, со сигурноста во изборот, и со разговор со стручно лице, ќе се договориме за најадекватниот метод. Ако најбезбедно за моето здравје е маж ми да оди на васектомија, тогаш ќе оди и ќе прашува на која дата треба!

    Тоа со егото и што со неговата „машкост„? За жената изгубената „женственост„ со години контролирајќи ги овариите со таблети, депот или мирена спирала, се зема тоа во предвид при ова прашање?
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас единствено би го препорачала на ,,оние,, мажи кои немаат ни ронка совест спрема своите жени. Значи, разбирам занесеност, убаво им било итд итд али од негов кеиф да дозволи да жена му се чисти 4-5 пати па и повеќе, е тоа не ми е сватливо.
    Инаку лично јас, сум против. Не дека неможе маж да се убеди на таков чекор туку и отпосле испитувања, спермограми...е одземање време. Не ми е природно.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Се сложувам со Битерсвит и Имелда, многу убаво напишано.Жените многу повеќе, па дури и цел живот се клукаат со апчиња, календари, добила, не добила, па потоа бременост, раѓање...Нема да падне круната на мажите ако и тие се пожртвуваат за нешто, нели?!
    Интересно е што како што знам Битерсвит и Имелда живеат во странство и досега мислам се единствени што рекоа за.Значи кај нас луѓето се против зашто сме можеби недоволно информирани и оваа постапка не е честа.
     
    На Rose96, cresa-jagoda, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    Комплетно се сложувам со Фемина 90, Битерсвит и Имелда. И јас не живеам во Македонија па можеби затоа поинаку гледам на работите. Неприродно е да се направи вазектомија а природно ли е жената нон стоп да се клука со хормони? Ако гледаме за природно не користиме ништо нели? Ке си родваме секое летенце детенце или ке си бидиме како брат и сестра :!: Ние планираме уште едно бебенце па засега не користиме нисто зашто во никој случај не би пиела хормони секојдневно или пак долготрајна контрацепција како имплант или мирена кои полека секојдневно ослободуваат хормони во моето тело, па нус појави па ова па она. Кога ке си имаме усте едно мм (не е македонец) самиот рече ке си направи вазектомија и свршен чин. Тоа не го прави помаку маж, тоа го прави повеќе маж зашто ме поцитува ме сака сака да ме заштити од секојдневно земање на хормони или недај боже абортус. Навистина процедурата е непријатна и боли неколку дена ама ајде кажете ми кои што имате Мирена колку ви беше пријатно кога ви ја ставаа или вадеа?
     
    На orxideya, cresa-jagoda, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги сите постови добив идеја да го прашам мм што мисли за вазектомијата, иако однапред веќе го знаев одговорот ( Дали си нормална?).
    И покрај тоа што сме модерни и скоро сме горе-доле сите млади, немојте да заборавиме дека сме на Балкан, со балкански менталитет, и ретко кој маж би се одлучил на ваков чекор.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не дека е само на Балканот, маж ми, кој не мора, ама ако одлучи да каже на некои од неговите другари дека ќе го прави зафатот, ќе го задеваат недела, две, три, ќе се покажуваат и докажуваат како вистински силни мажи, а можеби и ќе го убедуваат против, додека нивните жени ќе ги сметаат на границата за шовинисти и ќе вртат очи. Мене и на маж ми не ни е важно нивното мислење, во спалната сме само ние двајца. Можеби се се сведува за причина да не е честа појава во Македонија поради она од кое повеќето од луѓето се плашат - озборувањето.

    На друг муабет за што е природно а што не. Да имав паричка за секој пат кога жена од Македонија ме има советувано против хормонална контрацепција досега ќе бев богаташ. Мојата мајка која има родено три деца и абортирано уште 2(за толку знам), смета дека е вистинскиот кандидат да ме советува да ги оставам таблетите оти се штетни бидејќи не се природни. За раѓањето ОК ама ќе ги негираме абортусите мамо? Како фрлена полна улошка. Не фала, не сакам јас тоа на моја психа со тој начин на контрацепција. Истата жена мене ме има носено на неприродни вакцини од кога сум била 2 кила живо месо, касно е сега од мене да прави органски човек.
    Не само мајка ми, туку тетки и стрини од постарите генерации, кои истиот комплекс на не-природно и со хорор приказни од рекла-казала, идна неплодност и така натака, им го набиваат секојдневно на своите ќерки, заборавајќи дека во светот милиони жени што се штитат на овој начин ќе го потврдат баш спротивното. Овие „природни„ тетки во фиждерите имаат пола аптека, повеќе апчиња отколку маргарин, почни од аналгин, амоксиклин, бускопан, вибрамицин, парацетамол па до дијазепам, и природно им е да си кркаат по една шака за доручек претежно на база на самодијагноза. Кога анти бебе апче е табу тогаш верувам стерилизирање не доаѓа на ред за разговор. За абортусите фино ќе си траеме, а за причините за мажачка на 15 годишна не спомнуваме.

    Јас на апчињата останувам оти уште сме премногу млади за стерелизација или кај едниот или кај другиот. Доктор нема што ќе ја дозволи додека не остарееме малку повеќе. Кондоми не доаѓаат во предвид, не ги ни дискутирам. Бакарната спирала или Мирената не се за мене поради тоа што не сум раѓала. Местењето е многу поболно, а и целата работа со проверување на врвките сама, годишно ширење нозе за преглед и петгодишно менување не ми е во план. Значи се знае која опција не чека. Швајцување за мене или него. Со тоа што јас ја имам целата одговорност толку години, и што машката стерилизација е полесен зафат отколку женската, сме правиле муабет и маж ми знае што го чека и ОК е со тоа.
     
    На AnimeHQ и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да.
    Категорично да, ако парот веќе не сака да има повеќе деца и мажот е навлезен во возраст каде што може да му се овозможи процесот наречен вазектомија.
    А тоа што ќе речат луѓето, рекла-казала е еден убедливо глупав против фактор.
    А што воопшто имаат потреба да знаат?

    И не сфаќам како човек кој си оформил семејство и знае дека не сака да има повеќе деца, со овој процес ќе биде лишен од неговата машкост? Која е логиката тука?

    Плус, процесот е реверсибилен.
    Малку е поскапа процедурата, шансите да се забремени жената се движат од 50-70%, но реално толкави се и шансите и жена во постари години да затрудни, ако не и помали.
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  19. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Јас лично не би го терала на тоа ама ако сам сака не би се противела ние досега имаме две дечина ама сме многу млади за такви работи мажот ми има 27 години можеби ке ни текни и на трето детенце :D засега јас само пијам контрацептивни таблетки и искрено супер се осеќам немам проблем ни со хормони ни со тежина ни со ништо.
     
  20. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    ДА!!!
    И погоре имаше некоја феминка добро напишано:"Двајцата на маса,па да видиме на кого здравствената состојба му е подобра и би можел да зема контрацепција!" Исто како што се двајца потребни за да се зачне едно бебе и двајцата можат подеднакво да си земат одговорност ако повеќе не сакаат деца! Па не е фер спред мене само жената да зема контрацепции,спирали,и што ли уште не,а тој само фино да си "ја завршува работата". И не гледам ништо лошо во ова,доколку се имаат веќе остварено како семејство,па едноставно не сакаат повеќе деца! Ете не било болно и е мала хируршка интервенција,па зошто да не?!
     
    На cresa-jagoda и femina90 им се допаѓа ова.