Форумџика на годината

Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.358
    Во САД ја одобрија вакцината на Бионтек за употреба на деца од 12-18 години. Истото се очекува да се случи и во Германија во наредните месец дена. Денес имаше на вести, пред почетокот на училишната година се планира да се вакцинираат сите ученици од 12-18 години.

    Се нагласува дека нема да е задолжителна вакцинацијата но тие деца што нема да бидат вакцинирани нема да можат да присуствуваат на настава со физичко присуство. Истото следи и за градинките.

    Според хронолошкиот развиток на настаните многу веројатно е дека тоа ќе се случи и во Македонија. Па прашањето е дали би се согласиле да бидат вакцинирани вашите деца како услов за одење во училиште.

    Од една страна производителите на вакцини се ослободени од секаква одговорност за несаканите ефекти а исто така и не гарантираат заштита од вирусот а од друга страна се загрозува едно од основните права на детето, правото на образование.

    Антиваксер не сум. Моето дете до сега ги има примено сите вакцини но некако не ми е логично зошто мора да се применуваат вакви мерки на притисок за народот да прифати вакцинација.
     
    На Acronia, kuc, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Исто како и со сите вакцини. Нели кога имаше пандемија на морбили во градинки на невакцинираните им беше наложено да седат дома, не ги примаа во градинка. Родителите си се снаоѓаа кој како може од боедувања одмор итн, а и тогаш никој не знаеше колку ќе трае.
    После тоа многу што не ги вакцинираа децата трчаа да ги извакцинираат...исто е баш.

    Може нема коронава во иднина да биде како сега, ама може ќе прави мали пандемии и тие што се невакцинирани нема да одат периодично во школо или градинка.

    Примерот е ист и со рота вирусот...Утре рота пандемија да се појави во градинка, како што сите избегаваат да ја примаат и намерно ја испуштаат тие деца ќе си останат дома може со месеци, година...
    Генерално е исто со кое било заболување морбили, сипаници, рота итн само што не гледаме на короната како на нешто исто. На нова болест за која ќе е неопходна вакцина (можеби). Веројатно ради многу теории на заговор кои се појавија :!:
    Ова ми е така мое размислување :D
     
    На WildMk и Spidy им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    ова со ротава малку ти е ту мач :)
     
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Како пример кажувам, башка што кај внук ми во градинка се рашири само беа поголеми деца па некои полесно го пројдоа, он заврши во болница... ако утре рота се рашири во 10 градинки лесно може болници да се оптеретат.
    Нека и не е рота било кој вирус тоа е.
    Не значи дека утре не е возможно пак пандемија да не снајде

    Да се едитирам поучени од сега за во иднина да се спречи вакво не би ме чудело при нова пандемија во одредено место селективно да се затвараат школи градинки и да се седи дома месец-2-3...
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Ќе те прашав како мислиш дека истото следува и во градинките, кога вакцината е над 12 години. Ама гуглав прво и видов инфо дека ќе се прават истражувања и за помала возраст.

    Имам мислење дека нема да биде за брзо одобрена вакцинација за помалите, оти дури сега ќе почнуваат со истражувањата. А очекувам да наиде на отпор од родителите. Многу повеќе поради игнорантност, да не кажам неинформираност, потполно или половично занемарување на истражувањата за истото. Чест на исклучоци. Потоа ред теории на заговор, ред стравот од непознато. Последново потполно го разбирам. Оти луѓето имаат тенденција поинаку да реагираат на нови информации. Дури и на стари - ммр ад популум аргументација.

    Ти го разбирам мислењето целосно за потенцирање на манипулативен наратив/услов за школо и градинка. И мене не ми се допаѓа и сметам дека може поинаку. Ама, која е таа рамка која сето ова ќе го презентира соодветно, кога од спротивната страна има индивидуи со appeal to ignorance и најмногу застапен, емотивен наратив. Излегуваат студии, а ретко кој ги чита. Важно е да се гради став не, оти тетка и на комшиката така рекла. А емоции не лечат болести.

    И не го занемарувај фактот дека во услови на епидемија/пандемија, важат други закони. Закон за заштита на населението од заразни болести. Државата има право да ги ограничи слободите и правата на индивидуите, согласно истиот. Не се работи за дискриминација, колку и да личи за вистинита таа слика. Не сум баш сигурна дека е ова толку услов, колку што е заштита на оние кои не можат да бидат вакцинирани.

    Кажи ми само еден производител кој гарантира безбеден продукт, без можни нус појави. Можеш да почнеш со парацетамол. Кажи ми само еден доктор, кој при оперативни зафати/анестезија превзема одговорност. Пациентот потпишува дека е свесен за можните последици кои претходно му се презентирани.

    Бидејќи немам став, од причина недоволна информираност, нема едноставно да кружам со не. Ќе ги чекам истражувањата, ќе се консултирам со стручни лица. Ќе одлучам да ги вакцинирам ако добијам таков совет од нив. Ќе одлучам да ги вакцинирам, ако бенефитот во истражувањата е на нивна страна.

    Оти, за да добијат природен имунитет, треба прво да ја поминат болеста. Со сите нејзини можни последици. А наспроти тоа, јас би сакала да можам да ги вакцинирам со безбедни и ефективни вакцини, односно да ги заштитам од можните последици.
     
    На senjorita-v, Mikha4, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.051
    Вакцината за малите ќе биде одобрена исто толку брзо како и за поголемите. Ова тргнав да го пишувам вчера.,.
    Во меѓувреме случаи на ,,благ миокардитис,, кај вакцинирани адолесценти и тинејџери:^)
    https://eu.usatoday.com/story/news/...s-teens-young-adults-what-we-know/5241271001/
    Овие се вакцинирани со таа, итно одобрената за употреба вакцина? Зошто? Од кога ковид има толку сериозни последици врз децата за масовно да бидат вакцинирани? Колкав е процентот на ризик од ковид компликации кај млади луѓе, со силен имунитет, многу поразличен од оној на 70+ годишни?
    Секако, ќе ги пишат сајдефектите во упатството и во датабазата (можеби) и што кога ќе ги прочиташ (ако воопшто ги прочиташ), а условно речено си без избор, дали да или не?
     
    На senjorita-v, LejlaD и BloodElf им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе доста имаме вакцини за еден куп болести, па уште да се крекало.
    Замислете да не постоеја вакцини воопшто?
    Ќе имаше 8 милијарди луѓе на планетава?
    Ќе не покосуваше секој вирус кој ќе се појавеше.
    Вирусите нема да исчезнат... ние може да исчезнеме како вид.

    Ние не ни знаеме како е од дифтерија и разни други вируси да умираат по 3 милиони деца помали од 5 години - секоја година.
    Прашајте ги оние во централна Африка.. тешко нив кутрите.

    До пред 200 години просечниот животен век беше 30-40 години.
    Денес е 70 години.
    На што се должи ова, што мислите?
    Ќе да е на напредокот во медицината...
     
    На Mikha4, dunika, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.051
    Имаме вакцини за детски болести.
    Ковид не е детска болест.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Какви се тие 'детски' болести?
    Дифтерија и дете може да фати и возрасен.
    Исто и ковид.
     
    На LejlaD, ♡BuBaLe♡, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.051
    Колкав е процентот на ризик од ковид компликации кај млади луѓе, со силен имунитет, многу поразличен од оној на 70+ годишни?
    Eве не знам, колкав е ризикот од инфекцијата за да преовладува бенефитот од вакцината?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Затоа што и децата имаат право на здравствена заштита. Затоа што има и деца кои имаат претходни болести и кои можат да бидат изложени на ризик од инфекција на вирусот. Затоа што има деца кои не смеат да бидат изложени на вакцинација, а уште помалку на вирусот во реална форма, поради медицински причини. Затоа што тешка слика од инфекција кај деца, е можеби ретка, но не и исклучена. Затоа што поминаа години од првичниот Сарс и дотолку повеќе од развој на Мрна технологија, ич ништо ново. Затоа што од етички причини се почнува прво со постарата генерација, а потоа со децата.

    Ако придобивките, ефектот и толеранцијата на вакцинацијата се поголеми од ризиците, опасните имунолошки реакции и несаканите ефекти од истата, како и од болеста, тогаш јас немам што да додадам. Освен дека апсолутно нема да паднам на неиздржана "натуралистичка" демагогија. (Не мислам на тебе) Ниту ќе бидам игнорантна и со чери пикинг сега ќе ти одговорам со не, заради линкот кој го постираше. Пошто студиите се веројатно тековни, ќе ги чекам резултатите и информациите.

    Колку сакаат нека брзаат, треба да се поминат тестови, нема да биде пред следната година. Што е прилично скоро, ама не е ниту толку брзо како што се претставува.

    Колку е процентот висок, навистина не знам, можеби си ти повеќе информирана, па еве сподели. Јас поради анксиозни рецидиви, во корист на мојата психа, уште некое време ќе бидам информирана само површно.
    Те молам, зборуваш за вирусни инфекции на кои апсолутно секој може да биде изложен и инфициран. И употребуваш антивакс реторика за процентот. Можеби е мал, ама постои. Па иди до крај, направи сега и една споредба, нуспојави од вакцина и од вирус во реална форма. Ако тргнеш со аргумент - класика дека се деца поизложени, тогаш одма да ти кажам дека многу лесно го пренесуваат и на возрасни. Скроз исто и Корона.

    На жалост, вакцините се жртва на сопствениот успех!
     
    На senjorita-v, LejlaD, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.051
    @Lianna Anna имунолози во земјава кајшто живеам се имаат изјаснето дека вакцинација на деца за ковид е бесмислена. Дали може да ја сменат песната- можеби. Дали јас можеби би го сменила мислењето- можеби. Ама не со факт-чекери кои работат по принцип на извртување логика, еднаш жолтото е добро, еднаш жолтото е лошо. И не со затворање очи и уши, па замижување на манипулации- можеби и не е од вакцината. А ако е?
    Време треба да помине за да видиме дали е вакцината успешна. И таа за денга била супер пред 3 години, ама сега веќе не е. И таа за свински грип пред 13 години, ама нарколепсија. Двете се повлечени заради инциденца во проценти.

    За деца збориме. Разбирам бенефитот преовладува над ризикот како логика за вакцина, зошто е процентот анти-вакс реторика?:?:
    American academy of pediatrics- 05/24/2021
    Hospitalizations (24 states and NYC reported)*
    • Children were 1.3%-3.2% of total reported hospitalizations, and between 0.1%-1.9% of all child COVID-19 cases resulted in hospitalization
    Mortality (43 states, NYC, PR and GU reported)*
    • Children were 0.00%-0.20% of all COVID-19 deaths, and 9 states reported zero child deaths
    • In states reporting, 0.00%-0.03% of all child COVID-19 cases resulted in deaths
     
    Последна измена: 26 мај 2021
    На LejlaD и BloodElf им се допаѓа ова.
  13. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.318
    Пол:
    Женски
     
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Затоа што се истите високо ритуализирани повторувања кои се провлекуваат како аргументи во антивакс наративот, полио процент на зараза е сведен на минимум - нема потреба од вакцина! Логика пар екселанс!

    А сега продолжуваш со скроз исто темпо да ми ја објаснуваш таа логика, а истава не ја забележуваш во твоето мислење. Пошо сеа ќе те прашам, а што ако не е од вакцината и што ако се случи нешто од заразата? Пошо, што ако некој не се разбуди од анестезија? Како ќе ја сфатиш логиката кога ја нема. Каква каузална врска има тоа што ти или јас се сомневаме - што ако? И како да донесам одлука врз основа на сомнеж и без соодветни информации. Не зборуваме за можеби.

    Колку време треба да помине? 3 години за да видиме дали ќе ни никнат рогови од вакцината? Кој кажа дека треба толку и толку време, ова сериозно го прашувам. И за ммр требаше време, ама треба време и за субакутен панцефалитис од реална форма на морбили. После цели 7 години живот со прележани морбили.

    Еј, не знам ништо за денга вакцината и ме мрзи да гуглам. Мислам имаше некои студии, па ја забранија во некои држави. Читано недочитано, да не си зборам на памет, ќе претпоставам дека си во право. Дали и како е ова аргумент, доказ, дека истото ќе се случи и со овие вакцини?

    Писанијата ти се скептицизам, не валидни аргументи. Те разбирам целосно и јас ги имам истите прашања. Разумно е да бидеш загрижена за безбедноста на вакцините, ама не е разумно кога мислиш дека грижата која ја осеќаш за ова, стравот и скептицизмот ги прави небезбедни. Не кажувам кој како да одлучи ниту туѓа одлука било како ме афектира. Секој ќе си ја носи сам тежината на својот избор. Јас само велам, да се направи информиран избор, врз основа на студии, истражувања, стручни лица, не врз основа на "што ако", емоции, паушална и невалидна антивакс аргументација. Оти вакви прашања има за се во животот, нели.

    Не мораш да потенцираш, оти да, скроз за деца зборуваме. Совршено јасно! Колку што ти сакаш да го заштитиш своето, толку и јас сакам моите.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.051
    Информиран избор немаме ако едни тврдат едно, други тврдат друго. Пишав за студијата за лекот за артитис- во Лансет на индијците лекот им е ефикасен, на Енглезите/ Америкацните незнамкаде не им е. Овде ми одговорија, мал бил примерокот, јер штознам, во Лансет на аматери им објавуваат испитувања:wasntme:.
    Право на избор многу немаш, ако владата ти рече или вакцинирај или нема школо. Не знам искрено дали е вакво сценарио реално, се надевам не.

    Ок, сум вакцино-скептик, и тоа баш сега, баш кон овие вакцини, овие брејкинг-тру мнра технологија. Колку време е потребно за да почнам да им верувам не знам- колку што бил стандарден период за развој на вакцина, години а не месеци:?:.
    Претходната вакцина со вакви ретки сајд ефекти беше откажана, пандемијата помина. Не е тоа никаков аргумент, историско искуство е.
     
    На LejlaD, BloodElf, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ама за сите “лекови” така беше…овде делуваат супер, онде не :) Две недели лекот е супер ефикасен, после вика нема везе, шалили смо се. Таа вакцина таму има толку ефикасност, а на друго место помалку :) И така во круг. Колку круга ќе истрчаме до целта, ќе видиме, се надевам ќе имаме доволно кондиција сите и нема на кондиција да не’ добие чудово :)
    За која пандемија збориш, за свинскиот грип? Не се споредува таа и оваа. This one is here to stay, таа беше свако чудо за три дана :|
    И јас сум уплашена од новите мрна вакцини, ама овде само со такви вакцинираат, немам друг избор.
     
    На LejlaD, WildMk и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Зависи кој го тврди тоа и врз основа на што. Аматери не, ама Вејкфилд. А ти текнува како Вејкфилд стана аматер. Лансет ја повлече мислам студијата и верувам дека ќе се случи истото ако е нешто нерелевантно, ќе биде дискредитирано.

    И Лансет е апсолутно релевантен извор, ама јас нема да ти одговорам ништо, пошо прво треба да прочитам.

    Сега, хипотетички пошо не знам. Ама рамката, ако е навистина таква, мислам дека веќе кажав дека не ми се допаѓа, со скромен обид да разберам зошто е тоа така. Не е право на избор, услов е. Освен ако обезбедат рецимо избор меѓу онлајн за невакцинирани и физичка настава. Што пак, не на сите им одговара. Ако условот е поента за вакцинација, подобро да ја направат истава задолжителна, без манипулативните реторики. Кои не тврдам дека ги има или нема, само не го разбирам конкретното презентирање. А, мислам дека си правевме еднашка муабет и знаеш дека не сакам да живеам на планина.

    Какви месеци? Години уназад се развива мрна. За класична вакцина, вирусот мора да се развива во клеточна линија. А за тоа се потребни години. Толку време нема пошо има пандемија и важат други правила. Историски искуства не можам да менувам, ниту имам намера. Ама не знам за која вакцина зборуваш. Ебола или х1н1‽

    А скептицизмот ти е и целата поента. Тоа што некој се сомнева и не верува, не е доказ дека вакцините ќе ги биде или дека нема да ги биде.
     
    На LejlaD, Biljarkata и green.eyes им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Каде ти е пола од мислењето? Дали ми се причинува дека и други информации прочитав? :wasntme:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не си грешка :) Беше по грешка оставено и недовршено од претходно. Не можев изворот да го најдам и го оставив така. Ама не приметив прееска дека и тој дел отишол, па го избришав тој дел :) И така немаше баш убави информации таму :worried:
     
    На LejlaD и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Добро е, не сум заминала со паметот. :rofl:
     
    На LejlaD и green.eyes им се допаѓа ова.