1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваучери во диска/кафичи

Дискусија во 'Слободно време' започната од Dajana456, 28 март 2022.

  1. Dajana456

    Dajana456 Нов член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми го објасни ова со ваучерите . На пример некаде каде што пишува може да се резервира само со ваучер . Каде да го земам тој ваучер и што со него колку трае и тн ?
    Знам дека не е за нова тема но ми е ако може да добијам побрз одговор?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.413
    Пол:
    Женски
    Вака.Пример: Во Привилиџ е вечер Аца Лукас да кажеме и ти вика резервација со ваучер.И имаш таму понудени опции пример флаша Александрија и 4 карти, за 6000 денари.Значи дека 4 особи може да идете со тие карти, флашата ви следува, а плус пиење ако сакате, посебно си плаќање.И важи само за таа вечер.Ако мислиш на такви ваучери.
    Мислам и на Групер има, таму ти пишува до кога трае.Пример имаш ваучер од 1500 ден за во Пелистер и важи до 12.04 да речеме.Го купуваш, и до тој датум за таа цена може да го искористиш.Други типови на ваучери не ми ни текнуваат

    или на Голден така праат.У ек на сезона ти вика ако сакаш сепаре треба ваучер.Ова важи за сите места кај шо сакаш да идеш, таму ѕвониш и викаш ,,сакам да резервирам маса/сепаре/конопој шо и да сакаш, со ваучер толку и толку”
    Пример за на Голден беше 3000 и 6000 дури годинава мислам.И тоа значи дека за тие 3000 може да јадете и пиете шо сакате и да го користите сепарето
    Знам дека касно гледам.Може на друг ќе послужи
     
    На buba4e89 и Regina.Phalange им се допаѓа ова.