1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата врска има хороскопски знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Snow-Queen, 5 септември 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Овен
    Партнерите кои ја започнале врската за време на владеењето на Овенот, никогаш нема да се соочат со досада и монотонија. Помеѓу нив секогаш ќе има искри, а решението на сите кавги ќе се наоѓа во спалната соба. На другите ќе им изгледаат како да се на работ на раскинување, но нивната врска е многу силна, па ќе ги преживее сите несогласувања и разлики. Меѓу овие партнери нема лаги, а искреноста е еден од темелите врз кои градат цврст однос.

    Бик
    Паровите кои ја започнале врската во знакот Бик имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно ги решаваат проблемите, а партнерите еден на друг си служат како потпора. Никогаш не им недостасува нежност и страст. Единствена опасност е што партнерите може толку многу да се препуштат на заедничкото уживање, што ги занемаруваат блиските луѓе.

    Близнаци
    Луѓето чија врска започнала за време на владеењето на Близнаците, пред сè се добри пријатели и одлични животни сопатници. Расположени се за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една предност на оваа врска. Негативната страна е што партнерите премногу навлегуваат во социјалниот живот, па постои голема веројатност дека ќе престанат да разменуваат нежности, а нивниот однос би можел да стане само пријателски.

    Рак
    Оваа врска ќе биде исполнета со нежности и романтика, а партнерите не ќе можат долго да бидат разделени. Ним никогаш нема да им недостасува нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Лошата страна е големата меѓусебна поврзаност, бидејќи партнерите не сакаат никаде да одат еден без друг.

    Лав
    Врската започната во знакот Лав ќе биде преполна со драма и страст. Партнерите во еден момент жестоко ќе се расправаат, а во следниот момент страствено ќе се смират во првата спална соба која ќе ја најдат. Романтичните изливи на емоции се вообичаена појава. Овие парови пред другите се трудат да се покажат во најдобро светло, дури и кога имаат несогласувања.

    Девица
    Љубовната врска во знакот на Девица ќе биде трајна и стабилна. Двостраната желба за сигурност цврсто ќе ги држи заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки караници се само некои од предностите на овој однос. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и во гледање филмови. Сепак, на оваа врска можеби ќе ѝ недостасува страст, бидејќи партнерите не се склони кон отворено изразување на емоции.

    Вага
    Во оваа врска сè се врти околу љубовта, партнерите уживаат во разменување нежности и внимание, и секогаш внимаваат на чувствата и желбите на оној другиот. Тие се заљуени, а заедничките романтични вечери и излегувања им помагаат во одржувањето на страста. Овие луѓе не се опуштаат лесно после караница, па единствениот проблем кој би можеле да го имаат е недостатокот на искреност и потиснувањето на фрустрациите.

    Шкорпија
    Ова е страстна и возбудлива врска. Од моментот кога се запознале, и двајцата почувствувале силна сексуална привлечност, која ќе биде главен фактор за опстојувањето на врската. Сепак, честите караници, љубоморни сцени и испади би можеле на крај да доведат до раскинување на врската.

    Стрелец
    Врската во знакот на Стрелецот се заснова на меѓусебно почитување и разбирање. Партнерите не се оптеретуваат во љубомора и сомнежи, и не се од оние парови кои секаде излегуваат заедно. Личната слобода и независност се една од најважните работи во оваа врска.

    Јарец
    Оваа врска можеби не е исполнета со нежност, топлина и романтични гестови, но е стабилна и на партнерите им пружа чувство на сигурност. Тие се почитуваат еден со друг и никогаш не започнуваат со караници, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми брзо и лесно ги решаваат. Ги почитуваат парите и сигурноста која им ја овозможуваат. Сепак, би требало да се потрудат повеќе околу понежната страна на врската, за да не се изгуби меѓусебната блискост.

    Водолија
    Овие врски најлесно може да се опишат како необични и многу интересни. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не одговараат еден на друг, но тие всушност се совршен пар. Отсуството на љубомора е одличен темел за воспоставување на стабилен однос. Врската би можело долго да потрае ако партнерите не се „гушат“ меѓусебно.

    Риби
    Ако сте нежни, романтични и барате постојани изливи на љубов, ова е идеална врска за вас. Големата љубов и наклонетост која партнерите ја чувствуваат еден за друг се гаранција за успех. Оваа врска ќе биде исполнета со емоции и повремени дрми, но во основа партнерите ќе внимаваат на љубената личност и нема да им биде тешко понекогаш да се жртвуваат поради заедничката љубов.
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403


    Не би сум се сложила за љубомората-Отсуство никогаш немалобаш спротивно
    исто така за негативната страна
    -тоа е крајно не точно!!!
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Водолија
    Овие врски најлесно може да се опишат како необични и многу интересни. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не одговараат еден на друг, но тие всушност се совршен пар. Отсуството на љубомора е одличен темел за воспоставување на стабилен однос. Врската би можело долго да потрае ако партнерите не се „гушат“ меѓусебно.

    Не е далеку од вистината :P