Вашата приказна од пред зачнувањето до раѓањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Аничкаa, 23 април 2025.

  1. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Решив за малку лабава позитивна поттикнувачка охрабрувачка утешителна тема со се на куп. На кој не му е ни до денот ни до животот да си дојде овде и да прочита дека се е можно дека може да е уваво, да добие идеа.
    Да сподели искуство да направи позитивна вибрација кај мајкава што чита......

    Како го поминавте патот се до зачнувњаето
    Како дознавте
    Како му кажавте на сопругот
    Како кажавте на мама и тато
    Како кажавте на кумовите
    Нивните реакции
    Што правевте после позитивниот тест
    Што прво купивте
    Што се се опремивте најпрвин
    Каква ви беше бременоста
    Колку ви е поубав животот со нов член
     
    На Cherry blossom89, Milobebence, Puffy2019 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    27.534
    Пол:
    Женски
    Ама ти е убава темава :inlove:

    Сеа ко ќе се распишувам леле (fingers) 6gw00u.png

    Како 25 годишна здрава, со ПЦОС ама ништо критично, мислев од прва ќе се фати. YEAAAH, RIGHT. Ти планираш, Марфи трие раце. Прв месец ми касни, негативен тест. Добро си викам, ајде прв месец е. Втор, трет, четврт, исто. Петиот месец од пробување веќе почнав да плачам над негативни тестови и да го мразам цел свет. Побогу 25 години сум, шо се дешава. Пола година се сторија, изгубив надеж секаква и почнав да го напињам матичниот за додатни испитувања. Тој беше убеден дека ништо нема и оставив на него. И тогаш маж ми реши да прифати работа во Охрид и да се гледаме на 2 недели. И толку, јас паднав во депресија. Ем не можеме да правиме бебе, ем сме лимитирани за испитувања :(
    И дојде Април 2021ва. Мене ми касни 7 дена, негативен тест. Рикам, плачам, пијам, цигари пушам, абе уште што не се дрогирав од нервоза значи. Доаѓа 18ти април, уште немав добиено. Мајка ми дојде на гости, и се испонашав ненормално лошо оти не знаев кај терам. Си замина она со зборовите "У ПМС НЕ СЕ ПОДНЕСУВАШ". И оп, ми текна 18 дена немам добиено. Тестот беше ЖАР црвени линии. Гледам 2 , не знам шо гледам. Го вадам упатството од канта за да видам шо значат 2 линии, е толку се изгубив у моментот. ( Маж ми уште на терен , сама го праев тестот ). И овој пат плачев АМА ОД СРЕЌА :inlove:
    Прв шо дозна беше брат ми (во Германија живее) го потпишав на месенџер Uncle to be, ништо друго не му пишав :D. Ми ѕвони и тој пустиот изгубен "Ќе бидам вујко????" Тоа нема никогаш да го заборавам :l:
    И тука веќе почнав да смислувам како да го известам маж ми. Де на мачката балон да и закачам, де на врата да го пречекам со нешто, на крај на прозор седев и го чекав со кола да го видам на улица :D
    Купив од Џамбо најмалото боденце шо го најдов, може за мачки да беше а не за бебиња не знам :rofl: Едно жиравче што и ден денес си го чуваме и ќере си игра со него, и позитивниот тест во кутија ги ставив. Телефонот го бапнав да не го види, за видео да му ја снимам реакцијата. И доаѓа, целиот зачуден зашо Јас и изненадувањата сме Магаре и козметика. Е до толку сум креативна :D Отвара полека, и првите зборови му беа ФАЛА КУРЦУ :rofl::rofl::rofl: И пак рикање, плачење, се по ред :D
    Одиме кај моите, јас ги лажам дека ќе дојдеме за брисеви да ми земат на гинеколог, а јас одам да ми потврдат бременоста нели. Се враќаме од гинеколог, пиеме кафе и им реков "Кај мислите да ставите лулашка во дворот?" Татко ми се врти ми вика Толкава магарица нема да ја собере на лулашка, а мајка ми ко мајка, си осети. Ме праша А за кој е лулашката? Е викам Мало е уште, не знаеме што е машко или женско :D Мајка стандард си се расплака, татко ми беше као Ти си ненормална, вака ли се кажува, срцев удар ќе добијам, честито ајде :rofl::rofl:
    Прво нешто шо и беше купено беше од моите другарки кои што инсистираа на Gender reveal. Па се договараа со мајка ми, па таа со гинекологот абе триста заврзлами направија за да не дознаам шо е :D Ми спремаа убав Gender reveal, многу сакано се осетив во моментот. Ама кога излегоа розевите срциња леле не можам да ви опишам која топлина ја имав во душава. Сакам само женски деца да раѓам мислам :D
    После докупувавме и ситници и големи работи :D
    Количката му беше желба на бате, специјално ја преврте Германија за внука му да има убава количка, дојде со кола во Декември за да ја запознае :inlove:
    Со релативно лесна бременост, релативно супер поминав. And the rest is history :inlove: Ја имаме малата ѕверка што за ништо на светов не би ја менувала :l::l:
     
    На medena147, Eunoia, Mia Fuentes и 77 други им се допаѓа ова.
  3. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Се расплакав и бев наежена цело време додека читав
    Вакви работи сакаме да читаме долгиииии нека фатат и друга страна❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️
     
    На Lelebre, IvvaNeo и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Од пола читам (од кај ми касни 18 дена :D) и се изнаплакав :inlove:
    Да ви е здрава и жива :l:
     
    На LiquidLuna и Аничкаa им се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Ниту сакав деца, ниту планирав да ги имам, ни се замислував како мајка. Кога жени околу мене збореа за бременост и плодност, јас просто менував тема оти ми беше досадна. Маж ми спомнуваше чат пат, бидејќи има едно од првиот брак и сакаше тоа да не биде само, плус многу сака деца.

    Јас не...

    Една вечер се запивме, не беше удрила романтика цел викенд и така рековме ај да не паземе од еднаш не се станува татко. Башка тој во првиот брак едвај успеале да имаат дете, и не беше сигурен дека проблемот не е во него, си мислеше дека има проблем со плодноста. Проверив на календарчето не ми беа плодни денови, а и не сме двајцата во прва младост.

    Е па мало сутра што не се станува татко од еднаш! Прво од земање антибиотици и силни лекови, вакцини и свашта нешто тој период ми се пореметила менструацијата па тој ден ми бил плоден.

    Ма точно памтам и во која поза е детето направено, оти само еднаш не внимаваме во толку години заеднички живот.

    После некој ден почна да ме боли ниско стомак и мислев имам каменчиња. Отидов на лекар вика не е тоа. Океј, барајќи по нет од што може да бидат болките налетав на можна бременост. Направив тест уште пред да почне да ми доцни менструација, и ме удри шок!

    Си рикнав да плачам го викнав маж ми, викам како ќе го гледаме ова дете, немаме еб*н денар и живееме во мал стан. Тој исто беше шокиран и пробуваше да ме смири дека не сме деца, едно дете ли не можеме да изгледаме.

    Оти не знаев кај терам дојдов тука на форумот во тема бременост и плодност, леле кога почнаа две тука со дрва и камења, како така влегувам во теми за плодност и кажувам оти од прва се фатило и оти нејќам деца, небаре ако не се мачиш да забремениш не си мајка и жена. И како така си се смеам на сопствената ситуација, тоа не било за смеење, озбилна тема било. Од тогаш решив на никој да не кажувам до третиот месец.

    Што убаво да напишам, бременоста ми беше најлошиот период во животот. Не уживав ни една минута во тоа. Пораѓајот исто ужасен, спасување жива глава. К

    И ова е екстремно негативна приказна до моментот кога се роди детето. Прво не можев да се поврзан со него оти јас просто не сакам бебиња, ама како минуваше времето се заљубував се повеќе во него. Сега со сигурност кажувам ова е најубавото нешто што ми се случило во животот, а ми се случиле многу убави работи.

    Да не се случеше вака можеби никогаш и немаше да имам деца и ќе сум ја направила најголемата грешка.

    Тестот не разбуди да бараме нова работа, оти тоа паразитче треба нешто да јаде. И така и двајцата за три години заработуваме скоро три пати повеќе од тогаш.

    Моја порака до сите идни мајки на кои децата им се непланирани: ако имате вистински партнер секогаш е вистинско време за дете. И тоа што бременост и деца не ви се главна тема во животот, не значи дека ќе бидете полоши мајки од жените кои од мали сонуваат да бидат мајки и на кои тоа им е најголемата желба. Ако не скокате од среќа на тестот, не значи дека подоцна нема да скокате од среќа секогаш кога тие рачиња залетано ќе ве гушнат на прагот. Ако не ви се спремни имињата на децата години наназад, не значи дека нема да му го одберете најубавото име. Ако во моментот немате детска соба, прво не ви ни треба одма, второ имате време цел живот за да создадете нешто. А кариерата ќе ви кочи, само ако немате доволно поддршка од мажот, исто и неговата, ако ја нема вашата поддршка.
     
    На Eunoia, dummy, Mia Fuentes и 61 други им се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Со мм сме заедно 13 години. Јас сум невиден дечкар, чувам деца од 10 години , работам со деца, он не е ама знаеше дека сака да има деца.

    Отсекогаш викавме дека сакаме да бидеме млади родители, дека не сакаме да станеме баби и дедовци на 60+ како нашите. Ама исто сакавме да направиме се со ред - веридба, свадба, бебе.

    И баш во периодот кога веќе сакавме да го почнеме тој период од животот би КОРОНА. Чекај ќе помине сеа, чекај помина година нема шанси уште многу да биде, еее веќе две години станаа кај и да е ќе заврши. И така на мм му скисна од чекање и ме запроси во лето 2022. Врти сучи направивме илегална веридба (зошто нели забранети беа собиранки :D). По неа си рековме дека не знаеме како ќе биде со свадба, па да почнеме да пробуваме, па како ќе биде ќе биде.

    Пробувавме месец два, пуштија за свадби, ја закажавме во 1 недела откако пуштија. Си правевме филмови дека ќе бидам трудна на свадба ама баш не ни беше гајле, дури и добивме желба така да биде. Ама пробувај пробувај помина цела година. Јас на прегледи тестови, се е во ред, сите доктори викаат "Еее ништо не се 5/8/10 месеци пробување". После 1 година се напнав го натерав мм да се провери, а е он многу тежок за тие работи. Излезе астенозооспермија, препорачаа профертил не можевме нигде да го најдеме, па земавме некое од Зегин. Пробувавме неколку месеци додека ги пиеше тие, пак ништо. Јас веќе почнав да не сакам секс, гледање плодни денови, разочарување од негативни тестови, се тоа имаше мн влијание врз мене и многу ретко пробувавме. Во април 2024 веќе почнавме да зборуваме за алтернативни, а јас се решив да барам пак профертил и го најдов кај нас, си реков "Вреди да се проба". После само месец ипол пиење останав трудна.

    Тестот го правев дома, мајка ми беше дојдена на некој преглед а мм на работа. Онака од заебанција го направив како и секој месец до тогаш. Не ми се веруваше дека е позитивен, плачев во купатило 20 минути и уште 20 се убедував да се смирам да не ме примети мајка ми, зошто ако нешто минимално ме праша нема да издржам да не и кажам а сакав на мм прво да му кажам.

    Му кажав со зборовите "Нема да добивам веќе некое време" :rofl: демек многу битен фактор

    Јас не сакав на никој да кажувам подолго време, ама ај се убедивме со мм бар дур не слушнеме срце, зошто на првиот преглед немаше. И така требаше во вторник да одиме на преглед и планот беше некој ден по тоа на ручек кај неговите а викендот ги договоривме другарите. Ни презакажаа за наредната недела, а другарите веќе договорени за собиранка. И им кажавме, така било пишано :D Откако слушнавме срце, им кажавме на неговите, па викендот по тоа јас дојдов сама да им кажам на моите (мм еден викенд на концерт, наредниот на момачко, понаредниот на свадба, и мораше така).

    НАЈМНОГУ на свет сакав да бидам мајка, ама не сакав да сум трудна. Цел живот сметам дека ич не се грижам за себе добро, а не пак за двајца. Среќа имав лесна бременост, на почетокот бев често загрижена, ама како напредуваше така се опуштив.

    На крај дури сакав и природно да ја родам, ама ќерка немаше абер, и во 40+3 бидна царски.

    И така покрај желбата за млади родители, станавме родители на 30 и 34. Ама еве 3 месеци си го имаме најубавото девојче во нашиот живот, и се што е претходно го заборавивме. :inlove:
     
    На Eunoia, Mia Fuentes, Anna-Karenin и 39 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.362
    Допаѓања:
    22.585
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум сакала да имам деца.
    И најголем страв ми беше дека нема да можам да имам. Кој се исполни...
    Година ипол обиди и не бидува.
    Испитувања кои тогаш беа ок.
    Во ремедика ни кажаа, ќе чекаме уште една година, ако не биде ништо, одиме директ на лапаро...
    Никад не сфатив зошто ова. Исто ми кажа, ти деца ќе имаш ама не можам да ти кажам кога.
    И да родам па дека ќе ме бара за донор на јајце клетки.
    И така.. после тој преглед поминува месец ипол...
    Ние решаваме да одиме во Берово на недела дена, темпираме плодно денови, арно ама ни го поместуваат одењето, и ми се изремети се, во глава, ете пак ништо, ќе утнеме...
    Последниот ден таму(една недела после очекувана овулација) мене ми протече крв од нос, а вечерта дома почна ужасно многу да ми се спие.
    Ај викам замор..
    Утре дента, пак, па пак и така недела дена до очекуваниот циклус..
    Ден 1, нема, ден 2 нема, а јас болки, осеќам ко да ми протекува, одам се гледам плачам, викам кај и да е еве го ќе пробие, ништо пак ..
    3 ден ништо...
    Две другарки ми беа на кафе, ќутев ништо не им кажав.
    Си отидоа, трк до аптека по тест.
    Е тука веќе се губам. Го правам тестот...
    И чекам 5 сек и почнува бледа линија.
    Почнувам да се тресам, да плачам, паднав на колена и урлав има бледа,има бледа...
    Која и не беше баш бледа.
    Му пишав на мм на вибер, ќе имаме бебе...
    Го нема...
    Палам цигара, чекам, го нема..
    Викам оу шит, ваљда не се онесвести...
    Вртам, крева..
    Шо праиш.. работам.
    Ти пишав викам нешто на вибер види...
    И сеа ќутиме ..
    И така...
    После и се јавив на мајка ми, па на свеки.
    Емоции тон.
    Па следниот ден бев на гинеколог, и ја видовме најубавата точка.
    Бременост супер, породување исто супер.
    Таа мала точка сега има 7ипол години.
    Но борбата за втора трае повеќе од 4...
    Но за скоро ќе ја раскажам знам :)
     
    На Mia Fuentes, Cherry blossom89, Anna-Karenin и 41 други им се допаѓа ова.
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    3.554
    Убава тема, еве ја и нашата приказна :inlove:
    Јас отсекогаш бев човек кого што самата помисла за имање деца го преплашуваше, поради одговорноста што ја носи воспитувањето деца. Со сопругот, тогаш сеуште вереник бевме 10 год заедно, од кои што 6 живеевме заедно. И така на мене, човек на кого што роденденската и новогодишната желба му се свети и буквално си размислувам што да си замислам со месеци однапред и секогаш имам спремно желба, ми доаѓа 32ри роденден. Затварам очи да дувнам свеќа и да си ја замислам спремната желба, кога друга желба буквално сама од себе се ствара во мене - сакам дете :D Отварам очи и му викам на маж - сакам дете. Тој пустиот пресреќен, години наназад спомнуваше, ама јас дека неспремна, оставаше јас да пресечам. И така после прв обид, мислевме дека нема шанси да бидне туку така, дури и четири дена ми каснеше додека се наканив да земам тест. Земав два теста и навечер во 22 часот го правам едниот, маж ме чека пред врата на тоалетот. За минутка жар црвен плус :D Излегувам од тоалет, му кажувам дека сум бремена и немаше радост ни кај мене, ни кај него, него шок. Се гледаме двајцата како избезумени и јас му викам - ајде да свртиме круг во маало. Крај на јули месец, топло надвор, ние шетаме и ќутиме :D На првиот преглед, наместо да се израдуваме, ни кажаа дека ништо не се гледа и може да е вонматерично, а тоа само било прерано. И така одреден период шокот се претвори во страв и неизвесост, додека не слушнавме срце. Дома кажавме уште одма, бевме на став дека што и да биде, семејството треба да знае. После тоа некој период не држеше тој стрес од првото ехо, ама после некое време рековме дека тоа поминало и било само прерано и се ќе биде добро :inlove: И навистина беше така. Имав преубава бременост и син ми го осеќав во мене како да сме тим, иако уште во стомак. Се роди сонцето наше 3 дена пред термин. Е сега, очекувавме мирно бебе, а се роди ураганче :rofl: Требаше некој да не спреми на тоа плачливо човече :rofl: И покрај се, кога ми беше најтешко, затварав очи и размислував дали би сакала да ми биде поразличен животот и одговорот секогаш беше - не, колку и да е тешко, не би сменила ништо. Сега после четири години, сфаќам дека за нас лично немаше поголем благослов од тоа што сами со маж го растеме сонцето наше и не уште сто пати би го одбрала истиот пат :inlove:

    Четири ипол год после првиот позитивен тест, одлучуваме дека е време за второ. Ама, не кликнува од прва како за првото. Обиди неколку месеци, следење овулации, одење по доктори…ништо. Додека декември не ми доаѓа преку глава и баталувам овулации, календари и чуда. Немам поим кога треба да добијам. Се спремаме да одиме во Мк на одмор, вечерта тргаме. Бидејќи знаеме дека во Мк нема да имаме простор за интимности, одлучуваме неколку саати пред тргање да уживаме малку :$:D И така, одиме во Мк, јас жива болна се разболувам таму, закачувам бронхитис, по мене дете и маж се разболуваат и се враќаме дома назад со треска и тт и ние не знаеме како стигнавме. Не ни помислуваме на бременост. Сфаќам дека немам сеуште добиено, отварам апп да видам кога треба, гледам ми касни. Си викам, 100% е од лекарствата. Ден Божиќ, здогледувам заборавен тест дома и го правам, за 30 секунди се појавува жар втора линија :inlove: Шок, неверување, радост, се измешано :) Веќе на пола втората бременост, исто убава како претходната и се надевам ќе остане така. Јас, која што се плашев да имам деца, уште сега размислувам за трето :$:D
     
    На Mia Fuentes, mKdevojce, Cherry blossom89 и 42 други им се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    1.516
    Пол:
    Женски
    Колку убава тема. Додека спие бубачево до мене да си пишам и јас.
    Отсекогаш сум сакала деца, уште како мала имам чувано братучеди братучетки еден куп и си сакав и мое еден ден.
    Со маж ми сме заедно од средно, 12 години. Тој дечар бетер од мене сите деца низ маало ги има исчувано, го обожаваат. Уште кога се запознавме знаев дека е човек за мене и дека ќе му родам деца а он ќе биде најдобар татко.
    Ме запроси, си направивме свадба за брзо. После тоа си уживавме малце сами иако маж ми сакаше одма дете. Се одлучивме да работиме на случајот и од вториот месец бидна, а јас во меѓувреме триста сценарија дека сме неплодни зашто не биднало од прва. (facepalm)
    Очекував дека ќе добијам во секој момент, памтам на работа седев пред компјутер и така нешто ме заболе како штипење, а имав читано за имплантација пред тоа и си викам ова е тоа. На маж ми не му кажувам, ќутам ама нешто од внатре ми вика дека има нешто веќе неколку дена. Му викам да направиме тест, не ми вика, ќе чекаме да ти касни зашто може да се разочараме. Три дена го убедувам, не прифаќа. Ден пред да треба да добијам се враќам од работа купувам два теста и му викам правиме. Во секунда кога капнав од урината се појавија две жар црвени линии. Се развикав на цел глас дека се две и си поплакав, маж ми во шок гледаше во тестот како да не беше со мене кога го правевме бебето :emo:Одма направив уште еден, да се осигурам де хахаха. Емоции измешани, одма почна да ми работи мозокот 300 на саат, страшен overthinker сум и го мразам тоа кај мене. Како, што сега, па одма пазам како легнувам седнувам, од тој момент веќе не бев опуштена. После срцева реакција кажавме на моите и на неговите, плачки мрсули на сите страни, после на другари кумови и така. Бременоста ми беше лесна физички ама психички ме утепа. Хормоните хаос, многу се плашев дали со маж ми ќе се сакаме и после дете и слично. Црни сценарија, еднаш прокрварев, матичната ме плашеше за кратко грло и така помина цела бременост, од овој аспект ми е криво што не бев поопуштена. Маж ми ме тинтреше се изнауживав, секој ден масажи, чешкање, спремање јадење филмчиња серии да ме опушти максимално. Во 7ми месец реков како е Господ никој не е, и заминавме на летен одмор во Хрватска со кола, 12 дена. Мислам дека во живот толку немам пливано, се изнауживав за сите пари и фала богу се беше како што треба. И така си поминаа 9 месеци. Пораѓајот ми беше песна, уште 10 такви би ги родила. И вистина е, од моментот кога ќе станеш мајка веќе никогаш не си безгрижна и животот ти се менува од корен, во тебе чукаат две срциња, дишеш за две души. Да, мачно е на моменти и тоа многу, ама сега си збориме со маж ми и му викам добро, што правевме ние претходно ? Не можам да си го замислам животот сега без ова мало човече, се топам кога ќе ме погледне со тие очиња бадемчиња. А кога ќе ги видам заедно со маж ми како се гушкаат, како нежно и збори, како се галат, знам дека сум го направила вистинскиот избор во животот :inlove:
     
    На Mia Fuentes, Ava.84, SummerGirl и 35 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    23.762
    Пол:
    Женски
    Многу убава тема, се разнежнив додека ве читав сите :)

    Ај да пишам и јас :)
    Со мм, тогаш дечко, бевме заедно 9 години, од кои 4 веќе живеевме заедно.
    Дека од различни градови, одма после факс дојдов овде јас поради работа и со тек на време го реновиравме станот, се средивме, ама само како дечко и девојка. Лабаво си теравме, излегувања, седенки, дружби, одмори, зимувања - баш безгрижни бевме.
    Јас никогаш не сум била дечар, иако знаев дека некогаш во животот ќе имам дете.
    После 9 год врска, направивме муабет со мм дека блиски околу нас со години пробуваат за дете и не се фаќа, сестра му, моја најдобра другарка итн. Па рековме ајде да пробаме, сигурно е процес што трае и треба време, нема да се фати од одма.

    После толку време пазење, прв пат се опуштивме, без кондоми, без вадење предвреме :)
    И памтам дури како уживавме и двајцата тој еден месец, убаво било да не се пазиш :) Дури и знам кога бидна :)

    После некој ден беше Велигден, мм ме запроси на мн романтичен начин, се имаше смислено дома, со загатки, писменца, како играта најди го јајцето :)

    Закажавме вечера со моите и неговите по повод прстенот нели, а мене ми доцни. Направив тест, негативен беше, мене уште ми доцни, подуена, нервозна, со сите знаци за добивање. Помина 'веридбата', и правам тест после некој ден, жар црвен тестот. Прво што помислив беше како можеше да се фати од прва, нели време требаше, зошто вака рано.. а ние по 27 год имавме тогаш, стабилни со работа и финансии, ама рано ми беше.
    Му кажав на мм, тој се израдува, јас се отепав од плачење.
    Кажавме и на родителите веднаш, сите среќни, радосни. Имав школска бременост со синко, таа година сите другари, другарки а и ние направивме свадби, не осетив дека сум бремена. Пораѓај брз, лесен, како песна. Бебето мирно, од старт сами го гледавме со мм, преубаво ни беше. Сфатив дека не сме згрешиле, се заљубивме во синко. Прво бебе во фамилиите, во друштво, мераци.

    И така си живеевме на раат со години, оти јас и покрај се, бев одлучна дека ќе останам на 1 дете, дека ми е доволен синко. Мм сакаше второ отсекогаш, ама не притискаше никогаш. Веќе и бабите престанаа да прашуваат оти го знаеја мојот став.
    Лани за Велигден кога бев во црква од нигде никаде ми дојде желба за второ, па и девојче да биде :) кога му кажав на мм, беше повеќе од воодушевен. Синко веќе имаше лани 5год, свесни бевме дека би биле поголема разлика, ама нема врска. Синко одамна посакуваше братче или сестричка.
    И така, пак после години, пак престанавме да се пазиме и да уживаме максимално, само овој пат му реков на мм имаме рок од 3 месеци обиди, пошто не сакам во лето да сум бремена.
    Првите два месеци немаше ништо, истеравме два одмори на раат, и после дома го направивме второто, од 3 месец фати. За роденденот на мм ми доцнеше, знаев дека сум бремена. Му го честитав род со слика од точката, спакувана во украсна кутија, пресреќен беше.

    Еве стигнав до 37+ недела сега, носам девојче, лесна и школска бременост пак, се надевам и пораѓајот ќе биде како првиот. Дома сме спремни за уште едно бебе здравје само, ќе биде :)

    Не се каам воопшто што ќе бидат поголема разлика, баш уживавме сите во нашето семејство од 3 членови 6.5 години, сега сме спремни да го прошириме составот :)
     
    На medena147, WonkaMonkaa, Mia Fuentes и 41 други им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.457
    Допаѓања:
    9.270
    Многу убава тема, секој ден сум благодарна за малово суштество, не беше трауматичен патот како на некои ама беше тажен на моменти.

    Заедно 5 години, купивме стан се вселивме во меѓувреме падна прстен ама немавме план ни за свадба ни за бебе. Уште сакавме да поживееме без обврски. Едно патување, второ, трето, ај треба да смениме документи успат да се ожениме. Обиди тук таму некој ништо сериозно. Се со надеж дека кога ќе решиме 100% одма ќе биде. Во меѓувреме мене циклусот ми станува ужасно нередовен.

    Пред свадба отидовме на доста подалечно патување 16 дена и маж ми се опушти, јас уплашена демек одма ќе биде викам чекај не сакам да сум трудна невеста (facepalm) Се вративме, стандард каснење јас гуглам има ли Зика вирус на Бали ако случајно сум останала трудна:rofl:

    Направивме свадба, зима фати, ај пролетта на меден месец и да сум трудна нема да е многу. Дојде и медениот месец веќе 5 месеци активни обиди ништо не се дешава, на меден месец алкохол, уживање, преодморени, демек ќе биде сеа тука па ќе му кажуваме ееее те зачнавме на Малдиви.

    Се враќаме, одам испитувам хормони - инсулинска резистенција. Терапија, исхрана цел живот почна да ми се врти околу тоа. Еден, втор, трет гинеколог. Ги вративме овулациите, пак ништо. Јас со шака суплементи секојден. Закажуваме спермограм и 5Д и одиме на продолжен викенд пред тоа. Во меѓувреме јас пакувам и тестови за овулација :rofl: фокусирана на две ташни која да ја купам, правам тестови на секое доаѓање до соба.
    Се враќаме одиме на преглед се супер со двајцата, камен ми падна од срце. Ајде ХСГ ќе правиме на следен циклус. Нема откажување, живот продужува.

    Искачаме така едно сабајле 5 дена покасно, 10 дена од продужениот викенд, колата ми е на сервис и маж ми ме носи сабајлето да си ја земам и баш му викам абе имам грчеви не можам да стојам ама не како ПМС. Си ја земам колата и правец аптека по тестови, по фертилити френд температурата укажува на нешто ама пусто разочарување од претходно не се надевав многу. Назад дома Лабоквик пребледа ама тука е! Се враќа маж ми од работа си носи хамбургер ај го оставив да јаде да не му преседне:D Седнува на фотеља и му кажувам, не можеше да поверува на прва.

    Fast forward 9 месеци, маж ми присуствуваше на пораѓај, огромна подршка ми беше и бебето не зближи уште повеќе. Ја почекавме малце ама си дојде во идеалниот момент.
    Таа бледата линија е речиси 3 месеци :inlove:
     
    На Mia Fuentes, Puffy2019, Cherry blossom89 и 31 други им се допаѓа ова.
  12. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Браво браво за темава! :)

    Со мм во врска 3 год. од кои 2 живеевме заедно од економски причини хахах (под кирија двајцата па да си делиме трошок). :D
    Двајцата со запишана специјализација и желба за кариерен напредок.. арно ама осеќав дека нешто фали, а врската ни беше стабилна и со планови за заедничка иднина.
    За мојот роденден прва желба некако ми дојде да имаме бебе :$ си ја замислив и си преќутив а релано ептен сум дечар, од секогаш сум сакала деца, мм не баш :D од тој момент секојдневно замислував каков би ни бил животот со дете.. се до нова година кога одлучив и на глас да си ја кажам желбава, мм се здрви буквално, прво немаме постојано место за живеење, второ тој имаше уште доста за учење и спремање специјалистички.. и ако трезвено рамислував имаше право човекот ама фацата ме издаде дека се разочарав од одговорот :| како и да е си преќутив и темата остана затворена се до 14ти февруари :D заминавме на патување и мм вика ај уствари да не се пазиме па кога бидне бидне.. јас пак, пукааам од среќа ама се правам као океј сталожена сум :D и нели, мислев одма ќе се фати.. купив тест само што се вративме во ск, ни сама не сум свесна колку тестови имам направено во животов. Секој месец по 5-6 минимум (facepalm) месеците поминуваа ние уживаме во водење љубов без "пазење" ама позитивниот тест го нема :smirk: во мај ме запроси, па уплативме за стан и некако сите коцки си се наредија само уште тестов да не израдуваше.. поминува време мене почнува нервоза и паника да ме фаќа зошто неќе, каков проблем ли имаме.. ама ајде си реков да истераме одмор во август и здравје ќе почнеме со испитувања. На одмор.. се' што не треба, цигари во изобилие, алкохол, не здрава храна журки до сабајле (facepalm) се вративме и викам доста е, сега месец дена детокс па да си почнам со испитувања, 19ти август станувам за на работа ми се лоши, стокамакот ме боли леле си викам зар мораше вака од сабајле да ме израдува теткава, одам во вц нема ништо и ај си викам да потрошам еден од 10те тестови што ги чувам во фиока :D за 1мин се појавува втора бледа цртка, срце ќе ми излезе не можам воздух да земам не знам дали да се радувам или не, го будам мм тој па бетер од мене се упрпа хаха ама вика ај да не се радуваме пред време, оди направи бета, стига рез. 56 лелее ниско е, океј ниско ама позитивно викам сеа да се молиме да биде дупло за 2 дена.. си се дуплираше идеално.:inlove: Имав супер бременост, со некој минимален стрест тук тек ама генерално се одлично и во април си го родив моето прво бисерче со очиња плави небо, 3 години направи и секој ден се повеќе ми го топи срцето :l: а овој мојов што не беше дечар и не беше спремен за татко, е баш тој е најдобриот татко што би можеле моите деца да го имаат. :inlove::inlove::inlove:

    Е второво душа ни извади додека го направивме, да не ја полнам темава со негатива ама еве само на кратко за успомен да си кажам :)
    Пред речиси 2 год, мм вика а да си направиме уште едно, на една мака ќе си растат а и секако веќе сме уходани па да не заборавиме ако чекаме премногу :D си се фрливме во акција одма, до душа овој пат со договор да заспие детево прво па ако успееш да ме разбудиш мене идам хаха. И првам тест после прв месец обиди си викам нема шанси ама ајде секако уживам во правење тестови (fingers) за 2 секунди жар црвени, ауу викам ова грешка тестовиве стари се, купувам нов истоо, среќа до небо :sweat: ама, на жалост кратко ни траеше, на прв скриниг најлошата вест, нема срцева акција.. миссед ;( и следните 2 бремености ми завршија со спонтан..
    Сега сум веќе 24та недела и се надевам дека овој пат ќе успееме да си се гушкаме со ќере бр. 2 :inlove::inlove:
    Она што ми е најсреќна случајност е дека за првата ќерка зачнав во август а со господ со нас вторава ќе си ја родам во август :l::l:

    Патов не ми беше баш лесен како што имав замислено кога на 27 години ја замислив желбата за бебе, ама фала му на бога за се што имаме и ништо не би менувала. Уште 10 пати да се родам истиве работи да ги имам, доволни ми се. :sun::sun:
     
    На Mia Fuentes, Autumn Love, Sesil и 32 други им се допаѓа ова.
  13. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Многу е убава темата, ве исчитав со мерак сите! :inlove:
    Ние се исраснавме заедно, јас имав 18 а сопругот 22 кога се запознавме. Само што почнавме он замина во странство и никој па ни ние не верувавме дека дечишта ќе успеат во врска на далечина. Се врати, продолживме кај што застанавме и на мои 25 ме запроси иако знаеше дека нема шанси за свадба бидејќи имав смртен случај а и плус короната беше тогаш. По 3г направивме свадба со сите салтанати како што сакавме и двајцата. Што беше до него одамна ќе имавме дете пошо он е дечарот ама јас имав замислено да дозавршам со факултетот, да напредувам на работа па после. И кога остварив тоа што замислив почнавме со обидите. Мислев одма ќе биде, уверена бев. Еден месец, два, три, четири со пратење плодни денови со се и не биваше. Почнав да мислам дека имаме некој проблем иако реално 4м не се ништо. После тоа почнав да не мислам и рачунам и баш како што велат кога ќе се опуштиш тогаш ќе биде. После 6м на денот кога требаше да ми дојде како да знаев, купив тест и после работа дома трк право во вц и за неполни 2 мин 2 жар црвени цртки! Доаѓа маж ми од работа јас го чекам ни здраво ни бутур ми велам оди види у вц нешто и он вика си усрала ти нешто си напраила некое срање, си скршила нешто и така оди натаму и си набројува и одеднаш заќутува, го носи тестот и го гледам рачуна нешто и оденаш вика леле ова ќе се роди у април, како сестра ми исто чувај боже ќе биде! Хахах.
    Истиот ден се погоди да дојдат неговите и моите. Им кажавме само нив а на другите решивме од кога ќе чуеме срцева реакција на гинеколог. Живи радости беа сите како им кажувавме.
    Бременоста физички не ми беше којзнае колку тешка ама психички ме уби. Прво имав крварење и морав да лежам, среќа мал период. После се сомневаа на даунов синдром па додека стигнат резултатите таа една недела пресушив од плачење. Ај тоа испадна ок фала богу. После имав некој си вирус редок па беше ризик и за мене и за бебе па контроли на неколку дена. Не купував ништо за бебето до 7ми месец а и после тоа со страв. Прво памтам купив боденца а после и шишенца цуцли коритце итн. Поголемите работи се имавме од сестра му на мм, се скоро ново и зачувано. Креветчето мое од кога сум била бебе го реставрира свекорот и ептен ми беше ќејф што и синко ќе спие во него :inlove: Породувањето исто хорор, итен царски пред термин за да се спасиме. Постпартум исто лошо, дури си викав што ми требаше ова, јас што не сум била никогаш дечар ја ли сум за мајка да бидам.. Како поминуваа деновите со помош на сопругот највеќе па мајка ми и свекрва ми секој ден полесно и еве сега има годинка и уживаме заедно:inlove:
     
    На Puffy2019, Feniksgirl, juice_ и 8 други им се допаѓа ова.