1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето искуство со слабите оценки

Дискусија во 'Образование' започната од Buttterfly, 18 ноември 2011.

  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Иако е ова индивидуално мислење (можеби за некого и четворка е слаба оценка), темава е за слабата, недоволна оценка, попозната како единица.

    Дали воопшто сте извадиле единица?
    Или пак редовно вадевте единици на тестовите?
    Вашата реакција?
    Реакцијата на вашите родители, или пак на професорот?
    Дали ви беше криво? Или пак сеедно?

    :)
     
    На Angelceto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Единиците станаа многу популарни.Не толку од неучење колку од тоа да бидеш фраер, демек јас книга не фаќам, уво ме боли. Денес така се станува интересен. Така беше до пред 3-4 години кога бев во средно, денес можам да замислам.

    Моја најслаба оценка беше 3ка, памтам по биологија.Не се трескав, туку седнав, научив, на полугодие беше 4ка, на крај на година 5ка и никому ништо.Единици сум имала само во тетратките на професорите, во дневник не.

    И ако јас се прашувам да имаш единици и да не седнеш да ги поправиш, а си здрав и прав е рамно на мизерија. Мислиш научна фантастика предаваат. Разбирам пубертет, занесеност, да немаш моментално желба, се е тоа ок и е фаза, ама да не ти дојде паметот со месеци и да одиш во лето на дополнителни часови :o Катастрофа.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Jaс во основно редев единици. Едвај се оправав до крај на година да се скрпам за многу добра. Немав мотивација за учење, го мразев школото и наставниците. Секој ден на школо, памтам ко да е вчера, ми беше пекол. Затоа и не се замарав, кец кец, тоа е. Моите викаа, ама видоа не видоа престанаа.
    За разлика од средно. Само во прва имав кец, ама до крај успеав во петка да го направам.
    Не сум си ги земала оценките при срце, да се нервирам, да плачам да рикам, ко што имаше еден случај во основно, за четворка очите му истекуваа. Ама наставнику, јас... ;( ве молам ;( дајте ми шанса ;(
    :rofl: :rofl:
     
    На My litle pony, Lolo5, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Ејјј што имав една луда професорка по социологија во средно. |( Да се утепаш од учење за 2ка. Инаку не се замарав многу за оценки, битно ми беше на полгугодие и на крај да ми се подобри, па само тогаш учев :D . Единица имав по англиски. Го затерав едно полугодие цело, а инаку дуг пат кога ќе сум добиела кец, гледав до родителска обевезно да го имам поправено, инаку моите не ме пуштаа да излезам.
    Ме нервирале тие што од земја се трескаат за 3ка или 4ка како да не може да се поправи. Па и кога ќе почнат да плачат и да молат.... |(
    Исто ме нервираа професори што ги гледаат другите предмети, па нема врска пример што нивниот предмет можеби го сакаш или си научил нешто, ќе видат другите оценки слаби и ги мрзи да те испрашаат па ај еве ти 2-3. Секој предмет си е посебна прича, за некој си позаинтересиран, за некој не. Не може... ааа другиве предмети слабо ги учиш, па што да ти ставам??? Еве ти 2ка.
     
    На Robzz и marama им се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Па да сум имала единици. И тоа не една. Во втора година имав две единици во дневник. Се чудев како да ги поправам. Среќа беа на почетокот на годината, во октомври.
    Не си ја сфатив озбилно работата и почнаа да се редат. Па полека седнав научив и ги поправив. Никогаш не сум пиздела ниту плачела за оцени. Бројка е се поправа. Јас знам за колку сум способна и колку можам да научам, така да знаев секогаш дека ќе ги поправам.
    И така едната премина во 5ка другата во 3ка.
    Моите ми рекоа само не се нервирај се случува гледај само да ги поправиш.

    Паметам во петто одделение имав една единица англиски. Ама професорката беше ептен строга. Страв и трепет беше на нејзин час. Бараше се на англиски да се зборува. А ние колку и да знаевме се плашевме тоа да го кажеме. Но така и ја побив единицата кога на тест извадив 5ка ]:) . Јас и еден мој сокласник бевме единствени во генерацијата со тест 5ка. И така ми ја поправи единицата. Ама тогаш моите бааги ме стегнаа од дома.
    Но сега сум и благодарна на наставничката. Зошто од неа научив англиски. Строго не држеше, но научивме. И како стигнав до осмо одделение на крај со задоволство ми стави 5ка 8) .
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Сум имала од сите оценки по нешто но на крај секогаш беа поправени. Само по математика имав од дома дозвола да не учам и да не се замарам бидејки стварно не ме биваше, и со врски едвај имав 3 на крај. :)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Матурирав без ниедна единица, 12 години школскиот систем не нашол зошто да ми стави. :D

    Кога се кажуваше дека ќе се испрашува, глупаво ми било да не научам. Значи на однапред кажано било што, тест, испрашување, писмена, секогаш одев спремна. Пониска оценка од 3ка не се сеќавам, јас си бев учениче и пол. Во дневник пак, немаше шанса, сите ми беа 5ки.

    Не знам, сметав и сметам дека моја обавеза е учењето и учев, го давам најдоброто од себе и сега на факултет. Белки ќе се исплати некој ден, освен личната сатисфакција кога ќе те пофалат, ќе видам и некој поголем аир. :D
     
    На Aniston и L-enna им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Ги мразам оние кои ги гледаат другите оценки, ама во ваква ситуација - Еее, тебе сите ти се петки, па уште првото тромесечје !? Аа, не, не може вака, ај на ти една четворка да рашараме малце, или уште поарно тројче, нек буде весело!
    Ха, бе! Браво! Ми се има случено ова, а и годинава доживеа реприза - нашиот многу сакан професор по спорт обожава да се изживува со оценките.
    Значи, сум се трудела цело време, сум се потела да вежбам, да совладам тоа што сме учеле и оп - поклон за безвредниот труд. Супер, немам што друго да кажам.
    Досега во дневник не сум имала оценка пониска од 3 (писмената по некажувамшто ја извадив тројче и мораше да се пише :tmi: ) и до ден-денешен жалам за тој мој пропуст, свесна сум дека сама го допуштив тоа. Единица не сум имала никогаш, ниту на тест, ниту во тефтерите на професорите, скраја да е , ниту во дневник - пу,пу.
    Моите никогаш ме немаат искарано доколку добијам послаба оценка, а замерките се нормални - сепак тие се родители и нормално е да го повишат тонот, со тоа покажуваат дека не им е сеедно и не сакаат да се фраерчиме со сите војници потстроени во дневник - се грижат за нас, сакаат да не' изведат на правиот пат, едноставно сакаат да ни укажат да се стремиме да ги достигнуваме максимумите, а не да тапкаме и тонеме, па и да се задоволуваме со минимумот, а притоа сме свесни дека знаеме и можеме повеќе.
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Eден и единствен пат сум имала единица во животот.
    Хемија ,прва година ,прво тромесечје.
    Сите други предмети петки ,со пофалби и почести ,хемија - кец на двојка ,спуштена единица!
    Смешно ми беше затоа што го знаев материјалот ,ама ме здрви професорот така надвиснат над мене среде тест ,па културно се свртив и му го предадов ливчето . Човекот се прашуваше кај згрешил?!?
    На полугодие имав 4 хемија ,за на трето тромесечје да ја дотерам до петка .
    Тука завршува моето искуство со слабите оценки.

    Во ниту едно свидетелство од прво одделение до четврта сум немала пониска оцена од петка.
    Јас си го одбрав тој начин ,сакам да учам ,да знам ,да се снаоѓам и никогаш не сум залажила за времето поминато над книга.
    Брзо сфаќам ,така што немало потреба да жртвувам тренинг или излегување за да научам ,денот трае 24 часа и се стигнува ,ако се распределат правилно.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Единствен пат кога сум имала единица е во петто оделение по ОТП: имав единица голема колку листот од блокот за котирање :D :D :D Еми не ме бидуваше, што да правам сега? :D
    На мајка ми не и‘ кажав, затоа што пресериозно ги сфаќаше таквите безвеза предмети. Му кажав само на татко ми, кој пак секоја прилика ја користеше да се шегува на моја сметка за истото.
    Наставникот.... ама баш му беше гајле што во сите петки ми стресил кец. Секако на крајот пак петка имав.
    Криво не ми беше ама ич. Бев правилно вреднувана, морам да признаам :D
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    16.698
    Единица само од препишување, и тоа не беше препишување :!:
    Со кој памет би вдела ливче кога бе знаела дека она над глава ми стои. :fubar:
    Ама нишо ај. Помина.
     
  12. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Порано не се замарав ич за оценки, сум имала и по 4 единици на полугодие,па ми траеле до скоро самиот крај на учебна година па кога ептен ке беше густо ке научев една лекција за двојка и станував,а сега имам само една единица и тоа по македонски, две 4 ки по два стручни предмети и другите сите петки.Никогаш македонски не сум имала поголема од оцена од 2.Класниот се зачуди како можам англиски 5 а македонски 1,реакцијата на моите :o браво Анхепи колку петки си напраила за прво тромесечие а за единицата не ни спомнаа.Само така продолжи :clap: .. хехе и си се фалам на секаде со оценките со петките нормално :)
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во основно, сите ми беа петки во дневникот, освен во седмо кога на полугодие имав две четворки по историја и информатика, а таа 4 по информатика ми беше зашто не знаев да цртам во Пеинт. :fubar: Сега во средно имав само 2 единици во дневник, една по биологија, всушност имав 2 па 1 во дневникот за тромесечие. А, едната ми беше по спорт. :rofl: Појма немам од кај тој кец ми го извади, ама на крајот 5 ми стави. Во тетратките на професорите сум имала и минуси и единици, ама после ги поправав.
    Срам ми е да кажам, ама имам плакано за слаби оцени.. дете. Толку трагично ги сфаќав единиците, ама веќе не. Лани биологија прва оцена ми беше 1 кај него во тетратка, на крај 4 ми стави.

    Ми се има случувано да не научам, а да ме испраша и да ми ставе 1,но тогаш не се лутам. Повевќе се лутам себеси што кога некогаш дома научам напамет и кога ме испраша јас не знам, тотално заборавам се’ што сум научила и нормално 1 ми ставе.
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Јас имам две :lol:
    Значи јас сум од оние за кои ни 4-ка не доаѓаше предвид, во текот на целото школување сите ми беа 5-ки, ама сите. Меѓутоа не сум била никогаш класична бубалица, туку ете бев таква, ми беше срам некогаш нешто да не знам, бев доста снаодлива, така тргна од најрана возраст, многу ми веруваше и форсираше наставничката до четврто, бев секаде на голема врата најавувана, па така ми се всади тоа, и не доаѓаше во обзир да не знам кога и да ме станат, најавено, ненајавено. Ако се случеше тоа, целото одделение еуфорија го фаќаше, и се вадеа на класен, па Енца не знаеше, па као другите.
    И да, немав изостаноци !
    Од прво до 3-та средно ниту еден.
    Е сега 3-та и 4-та :lol: имаше, не беше без ич.
    Ама бев страшно темпераментна и проблематична, и ако се бегаше, ако се правеа ѓурултии обавезно учествував, пијанки, журки.
    Значи класична бубалица - НЕ!
    Е сега, првиот случај, доаѓаме тазе 5-то одделение, детенце уште, и биологија вештерката, се затепаа двајца на час од оддление, и таа на сите 1, јас единица!!! ШОК!
    Како сега знам, едвај стигнав до дома, легнав во спалната, во темно и плачев, абе ќе се разболев мислам, едно што таа не даваше да се одговара до тромесечие, а тоа први часови, друго што петто ми почна така. Тоа беше хорор за мене, плачење, молење да одговарам, ама јок, и кај таа вештерка до 8-мо и најголемите багабонти знаеа биологија, и беа бубачки, ама затоа и јас и ден денес биологија работите во сон знам да ги кажам.
    Е другото вакво искуство беше 3-та средно мислам, географија знам беше, и ни даде тест на 3 лекции, и не напишав ништо. Се мислам цела недела се спремав за некој натпревар, ама не знам како не знаев ништо од тие лекции.
    Ги дава тестовите, јас 1 на 2, ко тресната со мокра чорапа бев, не да плачам, да се трескам, туку ете, чудно ми беше чувството, а класот беше во поголем шок од мене :lol:
    До утредента ги пеев сите котлини, со се површина, точни до м2, култури, се живо и диво, и додека одговарав професорката тешко ме пратеше со бројките, кои бтв не требаше да се знаат на памет, али инстантно ја претворив во 5-ка :lol:
    За среќа, толку од моето искуство со слаби оценки. :lol:
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Во трета средно се разлошив и почнав да добивам единици.
    Не можам да објаснам зошто беше така, дали беа мои пубертетлиски бубачки, едноставно не ми се учеше, а кога ме прашуваа, дури и да знаев нешто, не ми се зборуваше.
    Во четврта средно на полугодие го достигнав максимумот - 4 единици на полугодие, врв на моето глупирање и бунтовништво.
    Па еве ме, завршив и средно и факултет, жива, здрава и писмена.
    На факултет немав никаков проблем, зашто знаев многу повеќе од сите оние со низи петки од прва до последна.
    Оценката не е мерило за знаење, ниту ќе направи некаква разлика во животот.

    Не учете за оценки, учете си за знаење.
    За себе.
     
    На sweet-star, Anthem и ana-banana им се допаѓа ова.
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Не ги сфаќам воопшто трагично.

    Никогаш не сум била сосема одлична, секогаш имало некој предмет што го мразам од дното на душата и против чие што учење дома кревам востанија.
    Во основно тоа беше математика, нешто подоцна и физика и хемија, а сега во средно зошто сум во стручно школо - Приватно право.
    Коси да си кубам, ластици да си мавам, џабе, грд ми е предметот ко предмет, па и плус намќореста професорка = комбинација снова.

    Сепак, во дневник единица немам добиено од 1ва година, сега сум 3та, а и да добијам, ако е сосема заслужен, пак нема да има трескања од земја и нагони за самоубиство, знам дека сум способна и дека ќе го поправам.
    Имам сега само една двојка и една тројка, по дотичниот предмет наведен горе и по уште еден друг, ама јебига.
    До крај на година има уште мнооогу, а работите се многу полесни кога веруваш во себе и знаеш дека ќе го достигнеш она што го сакаш.

    :)
     
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    И јас бев од оние ученици кои секогаш знаеа, скроз одлична од прво одделение до четврта година (со тука таму некоја 4ка писмена), примерна ученичка, не бегав од часови (еднаш со сето мислење се осудив во трета година да избегам социологија и нормално ме приметил и ме запишал, а човекот немаше навика нити да загледува, нити да се замара со отсутни, ама мене ми се посреќи како и секогаш |( ),така да севкупно бев досаден класичар, како што знаеше еден школски да ми каже :D .
    Ама имам искуство со две единици и тоа не од незнаење, а морав после да станувам и да ги поправам исто како да ми биле ставени баш заради тоа.
    Првата ми беше по англиски во прва година средно, кога никаквата ми се запна дека сум му шепнала на ученикот што одговараше (а жими мене не шепнав, само се свртев да видам кој шепна :$ ).
    И како што седев во прва клупа пред неа, кога видов како ја напиша единицата со пенкало во дневник, без око да и трепне шлог ме мавна! После тоа, класната кога дозна се зазеде и одма наредниот час јас одговарав на се што имавме дотогаш учено (конверзација, граматика, раскажување текстови) и на крајот ми вика дека супер било се, само сега како она да напишела под единицата пак петка? :^)
    И со цела мака напиша.
    Втората беше по географија не се сеќавам втора или трета средно. Професорот имаше навика дури има време испрашува усно за оцена, а после кои ќе останат недоиспрашани, а се ближи полугодие или родителска средба решаваат тест, а оние оценетите не седат на часот.
    И така, јас и другарка ми испрашани нели де, уште кога почна одморот пред тој час, си заминавме во центар на доручек и кафенце :D.
    Се враќаме после тоа,завршил тестот, завршило се и јас и она сме се здобиле со по една единичка во дневник, оти не сме го прашале пред да заминеме :^) .
    Леле, сместа со плачката на носот отидовме да кукаме кај класната :tmi: за да ни даде овој наредниот час да одговараме. Класната му кажува во ходникот, он не ја шиша :D .
    Не ни даде неколку часа да одговараме, а јас тие неколку недели со учебникот по географија си спиев |( . После тоа се се среди, ама убаво ме изнервира тоа кускуле :devil: .
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    До средно па и прва и втора во средно не знаев за оценка послаба од 3-4.
    Првата единица мислам дека ја добив во трета средно и тоа на писмена од класниот, ама тој беше така малку забеган човек , па единствено човек можеше да се изненади ако добиеше 4 или 5ка, а за единици ,како поклон ги даваше. Човекот и така нешто не ме обожаваше ,па јас искрено ама ич не се замарав со неговите идиотски понашања, па затоа ни единицата не ја сфаќав трагично, на крај сепак 4ка ми оставаше.
    Јас искрено мое дете не би дозволила да се потресува за слаби оценки, би му објаснила дека и тоа се оценки, но дека не е убаво да ги има, а да го терам со сила да учи , да го карам или казнувам за лоши оценки , НИКОГАШ. Кога гледам сега, ни основно , ни средно не се ништо посебно, џабе е да се форсираме до тогаш, зошто вистинското учење и она што е важно за во живототе факултетот кој допрва доаѓа. Од мојот клас оние кои многу се форсираа и беа со сите 5ки , односно поголемиот дел, сега на факултет немаат ни испит дадено, затоа сметам дека треба детето да се остави само на себе, но родителот да биде секогаш тука за да му објаснува и со примери на фин начин да му покаже што треба , а што не, а другото се е волја на самата личност, дали сака , дали го интересира да учи и заврши факултет.
     
  19. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Досега, фала богу единица во дневник немам. Се сеќавам на единствената единица добиена во 7мо или 8мо одделение на тест по математика. Абре какво плачење, нервен слом доживеав зошто тогаш и за четворка запаѓав во депресии, си бев дете навикнато на сите петки :emo: . Најтрагичното е што и се лутев на професорката, ни сама не знам зошто, и така дојде до тоа она да сака повеќе да ја поправам единицата отколку јас. :D
    Мајка ми баш и не се потресе, иако е прва да ме прекори за некоја оценка, си знае жената дека јас и математика сме немогуча комбинација.
     
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Во основно немав видено освен 5ка друга оценка ,меѓутоа 1год средно прва родитеска и двајцата мајка ми и татко ми на неа јас две двојчиња :D мислам дека шок ги удри :D Ама ништо страшно не викаа ,после се навикнаа дека нема да бидам одлична си бев стандард 4,00 просек во средно па во 3та изненадив и со два 1 на полугодие ама ќе си учиш и ќе си ги поправиш ,сите оцени се за деца :)