Вашиот Новогодишен дом

Дискусија во 'Дом' започната од RiRii, 10 декември 2011.

  1. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Дали дома украсувате за време на Нова година и какви украси ставате
    Еве јас ке почнам:
    На влезната врата ми стои венец кој го купив минатата година (prekrasen e :inlove: )
    Дома украсував вчера и на ѕидот ми стојат две чизми со светки и прекрасни шари,околку вратите(помеѓу спалната и детската)црвени реси,во собата си украсив над компјутерот розови реси на розовиот ѕид :lol: на лап топот си ставив новогодишни ленти(мешани со слики од снешко,дедо мраз..) ,на комодата турив и
    како танко црево и на него ставив тапанциња(јас го дополнив) сакам да докупам и уште украси за надвор околку елките (во дворот мали се ) и ке им турам црево(оние слични како ламбичките)и за тарасата.
    А сега ви кажувајте!
    Не најдов ваква тема па затоа отворив ако е дупла во канта
    ;)
     
  2. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ние не украсуваме многу :| мајка ми несака :| Секогаш китиме елка, со убави, шарени сијалички, и на прозорците ставаме сијалички (ова ви дневната) Јас си ја украсувам мнојата соба со мерак :) секогаш само мојата соба е украсена :lol: На зидот си ставам црвени чорапи (новогодишни, не обични-оние за на нозе :rofl: :rofl: ), таму си имам малечка елка убаво украсена, на вратата си ставам мало венче, на зидот редам и една слика со дедо мраз :wasntme: :$ :D Во главно тоа е тоа.. :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    за нова година прво ја китиме елката а понекогаш и ставам сијалички на тарасата а во мојата соба јас посебно си украсувам :)
     
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    За нова година ја китиме елката, на влезната врата ставаме новогодишен венец, екибана за на маса (сама ја изработувам) и уште некои детали некој новогодишен украс и сл.
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Одамна не сум ја почуствувала еуфоријата пред Нова година. И прославите не се веќе тоа што беа порано. Ич немам желба да ја накитам елката, ниту пак нешто друго. Лани не ни прашав кај е елката, сестра ми на 31ви си дојде и тој ден ја накити, да бе. После тоа два месеца стоеше накитена, воопшто не ја регистрирав. Тапа е.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Како прво се кити елка. Имаме најголема елка (некаде 2,2м :) ), потоа обавезно следува голем воз кој со шините кружи околу елката. До елката има едно 3 Дедо Мразовци и еден Снешко.
    Втора фаза е новогодишна прекривка -бошча на маса и икебана на средина (зделата со овошје ја менува местоположбата на шанкот).
    На шанкот стои едно големо новогодишно мече кое држи здела полна со чоколатциња, бонбони и сл. (ќе ви го сликам да го видите, преубаво е, обожавам мечиња) не за друго често ми пада шеќерот :D
    И како за крај ставам некои деталчиња како свеќници, украси-новогодишни колку што мислам дека е доволно.
    Не трупам многу детали, мразам балони по соба - собираат само прашина и мразам лепење на сијалички или сл. глупости на прозорците (не ја сваќам таа поента, да види комшијата :D ).
     
    На Nausicaa, ivona29, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас живеам за новогодишните и божиќните празници! Дури и самата си направив цела компилација од такви весели песнички кои вртат по цели денови во текот на зимата. Вообичаено јас сум таа што кити и украсува, затоа што сум највозбудена од сите :lol: Прво почнувам со елката која е малку повисока од мене. И ставам разнобојни сијалички и убави лампиони и украси. Имаме стаклени лампиони кои се постари и од мене, прекрасни се. Ама два од комплетот веќе се скршија :worried: На малата масичка во дневна, и на трпезариската маса стојат новогодишни свилени чаршавчиња во зелени и црвени бои, со Дедо Мразовци и елки. И задолжително украсна новогодишна свеќа или корпа со зелена срма и црвени машнички. На креденецот редам неколку чорапчиња, сите се со различни шари и сликички. А на влезната врата ставам три ѕвончиња што се закачени на пакетче. И секогаш кога некој ќе влезе, тропкаат па се осеќам како продавачка во маалска колонијална продавница :)
    Во соба кај мене не украсувам многу, затоа што немам место ниту за малечка елка. Ама затоа си ставам сијалички и многу сакам да заспивам додека тие си светкаат. :wasntme:
     
    На One.Moment, V.odolija, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Неизбежна е елката, сијаличките на секоја врата, прозорец, тераса, сијалички на џунглата од фикуси(мајка ми нив си ги ружа), венче на влезната врата, кошничка од борови и дабови гранчиња редовно на маса полна со овошје, дење ноќе се’ свети, атмосферата на нивоу, како тригодишничина да живеат тука, музиката од 20ти па натаму се загрева, се вртат песни од сите жанрови, се припремаме за по кафани и чочеци, се пречекуваат гости со благо у изобилие пошто нели секој ден се готви некоја слатка, за да наима :D и така се до Водици. Јас ко да речам луда куќа, луда е :D
    И баш сакам празнична атмосфера, се трудам да ја направам и уживам во неа :D
     
    На toogood и 2505 им се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Нова Година не ми значи ништо посебно, ама затоа Божиќ многу се почитува кај мене дома и со радости го чекам. Еуфорија секоја година има, посебно за спремање на храната, а и украсување.
    Јас и сестра ми сме задолжени за украсување на домот. Имаме елка со средна големина ја китиме прво неа, порано имавме стари лампиони ама сите ги исфрлив и лани си купив нови. Сијалички во боја не преферирам, туку си ставам бели. На прозорите лепиме лепенки од Џамбо со снешковци, а имаме и една мала масичка, таму ставаме мала екличка и свеќи. На масата ставам црвен чаршав со дедо мразовци, а во соба кај мене на прозорот, татко ми закачува сијалички.
    Сега планирам да си купам венче за врата и ми дадовте идеја со чорапите да си побарам во Џамбо.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мојот нов новогодишен дом е поукрасен отколку дворовите на комшиите кои имаат мали деца :lol: .
    Цела ограда на предниот двор е со сијалички, двете борчиња исто.
    Столбовите на терасата на долниот спрат се обвиткани со сијалички во црево и има и зелена срма.
    Малото покривче над влезната врата го краси една светлечка елка.
    На малото вратиче од портата имаме венец исто и на влезната врата.
    Деновиве најверојатно ќе купиме од сијаличките во црево за да ги украсиме и рабовите на целата куќа, тогаш ќе ни биде цакум-пакум све. Иако е вака е многу убаво.

    Внатре, во дневната имаме елка и едни сијалички на прозорите, и новогодишно чаршавче.
    Немаме мали украсчиња, но деновиве планирам да прошетам и да купам и од оние икебаните што се за на маса, и некои свеќници и сл.укравчиња со Дедо Мразовци и други новогодишни тематики.
    Во двете сплани имаме сијалички на прозорите, зошто и двете гледаат кон предниот двор и ни се уклопуваат во целата таа светлечка идила.

    Кај мајка ми исто така украсувавме, целата тераса светкаше. Со снаа ми секоја Декември се пентаревме по оградата за да симетрично ги наместиме сијалчките.
    Внатре, елка, гранки, украси и слични тракатанци еден куп.
     
    На LilBaby, Rubiii и 2505 им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Ја сакам таа Новогодишна атмосфера едноставно ме прави среќна и смирена.
    Мојот дом е украсен уште од 1 декември ( не ми се смејте) и стои така накрасен до 20 Јануари. Во дневната имам елка 2.20 целата е украсена со црвени и бели машни и ламбички ѕвончиња. Имам и килим за под елката новогодишен. На двете маси ( малата и трепезариската) имам големи новогодишни икебани. Имам два дедо мразовци и еден дедо снешко ( тие стојат покрај елката). Од украси имам дедо мраз во чизма ( свеќарник) голем дедо снешко пак свеќник, имам герланди на корнизите со бели машни. На влезната врата имам венче. На оградата по скалите имам герланди со бели и црвени машни и со три чорапчиња. Дворот ми е украсен малку. Само на терасата на оградата имам ставено ламби и имам мало борче во саксија кое е украсено со разни (стари) лампиони. Мажот ми го надополни дворот со два големи елени со санка и дедо мраз што светат па така дворот ни е не многу натрупен но сладок.
     
    На Nausicaa, toogood, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.604
    Пол:
    Женски
    Јас вечерва почнав да украсувам и го сликнав мојот дом. Накратко, делот кај огледалото е украсен со ангели, лампиони, Дедо Мраз и чорапот за подароци на малечката (ќе почне уште од утре да го проверува).
    На шанкот ми се четирите најнови новогодишни музички кутии, а кај фотељата големиот Дедо Мраз.
    Уште елката не ми е накитена, но тоа задоволство го оставив за утре, да ја средиме заедно со малечката.
     

    Прикачени фајлови:

    • S3010003.JPG
      S3010003.JPG
      Големина на фајлот:
      297 KB
      Прегледи:
      1.101
    • S3010009.JPG
      S3010009.JPG
      Големина на фајлот:
      283,3 KB
      Прегледи:
      1.090
    • S3010011.JPG
      S3010011.JPG
      Големина на фајлот:
      243,5 KB
      Прегледи:
      1.099
    • S3010014.JPG
      S3010014.JPG
      Големина на фајлот:
      315,6 KB
      Прегледи:
      1.093
    • S3010015.JPG
      S3010015.JPG
      Големина на фајлот:
      252,5 KB
      Прегледи:
      1.098
    На One.Moment, vitamina, babyane18 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.267
    Во нашиот дом не се оддава премногу почит на новогодишното славење, но затоа повеќе се подготвуваме за Божиќ. Немаме ништо против тоа, но сепак, бидејќи не славиме официјално дочек на новата година, затоа и не придавеме преголема важност. Но оваа година можеби ќе биде малку поукрасено од минатите години. Повеќе за радоста на малечките внучиња :inlove: .

    Украсувањето најмногу се состои во подготовката на Бадничето и на други ситни детали кои се изработени од природни материјали. Како шишарки, венчиња од даб или бор, потоа детали со свеќи, мов, речни камчиња...
    Ова е Бадничето од минатата година (може да се рече од оваа година, зашто новото сеуште не е направено :$ ):


    А оваа е нашата скромна елка:

     

    Прикачени фајлови:

    На One.Moment, vitamina, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  14. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас сега видов дека ја заборавив елката да ја напишам :tmi: се мислев дали да пишам
    Ама еве сега ке кажам
    Голема е и зафака голем простор оваа година ја украсував колку да и помогнам на мајка ми,а немав некоја желба.Украсена е со црвени машнички големи лампиони и ленти околку неа,и зелени ламбички..
     
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    овде во Мк мајка ми во неделата ја узвади елката и ја накитавме инаку веке три год под ред нашата елка е само со црвени и златни лампиони значи нема све ми боје лепо стоје...голема елка е таман за целиот салон да заличи :) под елката обавезно се стават пакетчиња до елката дедо мраз и снешко и сијаличите си светат штом падне мрак...надвор на вратата има преубав венец...во дворот на 3-те борчиња украсивме и кога се палат ламбичките е волшебно самата трева свете :) во мојата соба нема ништо (па само за спиење ја користиме) во Словенија оваа година не накитив бидејки тука сме сега...
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Значи вака како прво ја красиме елката (голема околу 2 метри) ни стои во кош :D . Потоа имаме 2 комоди а едната секогаш за новогодишните празници е украсена со новогодишни украси ( како новогодишно катче),
    над троседот имаме 3 сијалици и ги красиме со зелени ресички и машни, на сијалиците во центарот на дневната соба висат светкави украси (елки, анѓели..) :lol: , на прозорците и вратите има новогодишни налепници, а исто така на влезната врата имаме голем богат венец, во собите имаме и дрвца кои секогаш ги красиме со сијалички. Мојата соба има помала елка, на ѕидот имам прекрасни новогодишни налепници, :$ прозорците се украсени со ресички, ленти и панделки. Балконот е со разни работи: црева во зелена, црвена и жолто-златна боја, сијалички и зелени ресички, има дедо мраз што света, и сијалички со реси како да паѓа снег имаме голема ѕвезда и ја ставаме на ѕидот и тоа. :P
     
  17. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
    Здраво девојки, извинете што сум офф-топик, но сакам да си дадеме некои предлози за тие што ќе слават дома било со друштво или фамилијарно, како ја средувате масата? Што ќе имате спремено?
    Да не отварам нова тема :) Инаку јас оваа година дома кај нас ќе славам со друштво и планирам да правам соленки, мафини, нешто друго благо, за пиење имаме ако треба само нешто да се докупи, тоа стандард салама кашкавал маслинки во тањирче и нешто друго, па да си дадеме предлози, слики или некој рецепт полесен :)
    Инаку оваа година имаме само елка во дневната, таа што беше мојата оклу 19 ја наместивме, и едни сијалички на неа и на ѕидот :)
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Елката ја китиме само со црвени лампиони и црвени машнички, сијаличките се во разни бои бидејќи долго време барам само златни ама никаде неможам да најдам. Елката ни зафаќа голем дел од собата затоа што е огромна, висока е 2,20метри:lol: Лампионите се големи и стаклени, колку и да и ставаме секогаш е празна, ненаситна е на лампиони.
    Покрај тоа ставаме сијалички и на оградата од терасата.
    На влезната врата имаме новогодишно венче. На прозорите лепенки со Дедо Мраз и новогодишни мотиви. На полиците под проззорите во дневна и редам украсите. Керамички камин со свеќа, други свеќи во различни големини и форми исто така со новогодишен мотив. Чорапки закачени на завестите. Чаршавчињата на масите и перничињата во дневна исто така добиваат новогодишен изглед, имам специјални за тие прилики.
    Да не заброравам под елката стојат пакетчиња, еве јас и сестра ми обожаваме пакетчиња па како мали деца сеуште ги добиваме, најпрво од моите родители, а после и од друштвото кое секако знае што сакаме :angel:.
     
    На joy1 и f.e.m.i.n.k.a им се допаѓа ова.
  19. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Елката обавезно се украсува, тоа е must кај нас, зад неа имам помала елка, која треба да ја преместиме некаде. Имам само едно чорапче и тоа го закачувам на кличе на ѕидот. На влезната врата имаме новогодишен венец со ѕвонче. На вратата од дневната соба имаме мала сребрена елкичка, пред телевизорот снешковци, понекогаш стојат и на друго место. Не можам да си ја најдам црвената кошница, во која би требало да стојат најразлични лампиони, мали пакетчиња, некои светки.
    Обожавам да украсувам за Нова година, ама решив да не купувам ништо ново. :D
     
  20. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Masata novogodishna :inlove: imam golema elka nakiteno i imam lampioni po zavesata , no samo imam slika od masata . IMAG0343.jpg
     
    На kikkki, vitamina, eloves и 2 други им се допаѓа ова.