Народе дали на повеќето од вас ви се случува тоа што ми се случува мене или единствена сум ?! Го сакам многу мојот дечко, но понекогаш претерувам и се чувстувам како тој да ми е опсесија. Сакам секој ден по 24 часа да сум со него, сакам секогаш да знам каде е, што прави, со кого е. Му звонам на секој пола/еден час најмногу и понекогаш се чувствувам толку досадна и несакам да му звонам но тоа е едноставно посилно од мене. И секогаш кога тој сака да излезе со другарите јас се лутам и се караме. Ве молаам помогнете .. несакам да сум таква.. не сакам дечко ми да ми е опсесија!
Опсесија ти е и мораш да се промениш, лошо е и за тебе и за него, а најлошо за вас. Јас би ти раскинала. Пробај прво со намалување на повици, после испади кога излегува , излегувај и ти со другарки кога тој е излезен и ќе ви биде многу поубаво. Верувај ако продолжиш вака ако не ти раскине ќе стане полош од тебе. А некогаш ќе си ја цениш слободата.
Девојко, ова што го правиш е лошо... Може многу лесно да му станеш досадна и да си ја уништите врската. А ти тоа не го сакаш нели? Верувај дека и на него му треба слобода, како и на секој од нас. Размисли како би ти било ако некој ти го прави тоа што ти го правиш, нема да можеш да дишеш слободно. Може да се рече дека ова твоето преминало во опсесија, за жал. Но мораш да престанеш, ако сакаш да ја зачуваш врската. Намали со јавувањето, телефонот подалеку од тебе и најди си некоја занимација. Излегувај и со другарките, нив никако не смееш да ги заборавиш.
Благодарам на советите. Другарките никако не ги заборавам, секогаш сум тука за нив и тие за мене .. па сега ќе пробам да го сменам ова мое понашање зошто не сакам да си ја расипам врската. Благодарам.
Го имаме истиот проблем срцка И јас сакам да се сменам ама неможам...Тоа ми е навика и неможам да се одвикнам...А и мојов е ко мене ист ... не си единствена
Хаха .. фала богу има некој како мене И мојот е многу љубоморен, но јас сум премногу .. ајде можеби некој ден ќе се излечиме.
Па не поминувајте толку време заедно ако мислиш дека се опседна со него, наоѓај си други занимации и гледајте се поретко. Нормално е да го сакаш и да го бараш не велам не, но контролата ја разнишува довербата што ја имате тоа преоѓа во опсесија и завршува со кавга, или најтрагично со раскинување ...
незнам зошто, ама мене некако ми е чудно да сум опседната со момче(колку и да сум го сакала) си имам свој зивот, свои гризи и проблеми, сум била и во долги врски(сум сакала, и сум била сакана) ама некако не ми е јасно, несватливо
абе секој е љубоморен тоа е нормално, ама мора да научиш да се контролираш. замисли он тебе истото да ти го прави, не би го трпела така?
Абе...увредете се,ама мое мислење па,а и искуството така кажува. Само грди и(или) несигурни луѓе се опседнати со своите партнери.
Да се надоврзам на Лилит: и неисполнети. Лично секогаш сум бегала од луѓе што немаат никаква цел во животот, макар и хоби или нешто што уживаат да го прават освен да напињаат други луѓе. Најчесто истите се опседнуваат и со социјалните мрежи, па почнуваат да си ги демнат партнерите и прават драми за секој лајк што не е од нив. Не е убаво да си дишете у врат цело време.
ти девојко немаш самодоверба затоа си толку љубоморна и опседната со дечкоти... незнам како можеш толку да си опседната со него и како може тој да трпи да го "прогонуваш" по цели денови.. треба да сватиш дека ти не си му единствената личност која му е важна во животот, и тој си има семејство, роднини, пријатели мора и со нив да поминува одредено време, а и секој човек си има обврски како на пример школото, учењето, работата и слично, ај сите да седиме по цели денови со дечковците и ништо да не правиме, што ќе биде со светов?? мораш да си запишеш во главата дека неможе секогаш да е со тебе и дека ако те сака нема да те изневери.. а што мислиш ти ако по цели денови му се јавуваш и му досадуваш неможе да те изневери ако сака?? ако го сакаш мораш да се свестиш и да се промениш инаку лошо ви се пишува, можеби ќе звучам сурово, но да бев на местото од дечкоти одамна ќе те имав одкачено, затоа што ако нема во врската ДОВЕРБА - љубовта брзо згаснува.. среќно
Ау многу лошо,многу Значи јас да имам дечко и да ми се јавува на секој пола час и на секое излегување да ми бара сметка па ќе го отпишам од живите Не знам зошто имаш ваква опсесија, нема да зборувам за тоа каква личност си но ова нешто мора да го промениш.Најди некоја друга занимација освен да го држиш дечко ти за ланец како кученце.Ланецот гуши и еден ден дечко ти ќе го скине и ќе избега од тебе ако продолжиш вака
Секогаш кога ќе посакаш да му се јавиш,сфати го како еден чекор поблиску до раскинување. Така да, гледај да не звониш претерано многу... ЕДИТ: ДА ДОПОЛНАМ: нема потреба тој да ми е опсесија затоа што јас немам никакво право врз него. Тој си е индивидуа за себе и јас тука неможам ништо околу тоа. Воедно ако не му верувам, зошто воопшто сум со него? Доколку сум била разочарана претходно - да,ќе ми треба време додека стекнам доверба во новиот дечко а во меѓувреме нема потреба од испади...
Мислам дека нормално е да сакаш што повеќе да поминуваш време со него но мора да ја намалиш љубомората бидеќи колку и да те сака некогаш ќе му пукне филмот и ќе се случи најнепосакуваното (раскинување).Ти го кажувам ова од лично искуство и јас пред некое време бев премногу љубоморна но сега гледам да се контролирам и вака е многу подобро верувај.Кога ќе посакаш да му се јавиш јави му се но немој да го испрашуваш како некој полицаец
И јас сакам да сум што повеќе со дечкото, многу нормално, но свесна сум дека така не чини. И токму затоа не го правам тоа. Секој си има свој живот, па и не можеме секаде да бидеме заедно. Ми посветува доволно внимание и не би било фер јас да се опседнувам и да сум љубоморна. А мислам дека ако си таков тешко е да се смениш, се е тоа како ќе се поставиш на почеток.
Во право сте сите тоа може само да ми ја расипе врската. Ќе пробам да се сменам, му ветив и на него и верувам дека ќе успеам. Фала на советите. Поздрав.
Прашање, не само до Батерфлај, туку до сите што го имаат проблемов (оти сериозно, проблем е): не ви е бре досадно тоа опседнување?
За жал нема, ќе почнат да се клукаат со апчиња евентуално ќе завршат на психијатриски тросед. Шо и не е така лошо, боље така него самоубиство, не дај Боже пу пу. Јас ќе се согласам со Лилит и со Саја. Ако не знаете што да правите со вашето време додека сте сами, многу јасно дека вашето хоби ќе ви биде - дечкото. Ако не сте несигурни у себе - единствен „спас“ да не речам пронаоѓате во дечкото. И тука му се загризуваш во врат ко крлеж и не го пуштат бре брат, никако! И не ми се јасни тие парови кои се нон стоп заедно и си дишат у врат небаре се у брак. Па дури и во брак е сосема нормално едниот или другиот да се оттргнат еден од друг без никаков проблем барем на миг. Нормално е тоа. Опсесијата ми смрди на нешто нездраво. Све фино кога сте заљубени и мислите на него, ама да имате сопствено јас кое тој само знае совршено да го надополни е многу поубаво отколку вашето јас да го преточите во неговото јас и да станете предвреме НИЕ со тоа што вашето делче се губи со неповратна брзина. Онака ПУФ! It's gone. Немојте, не е убаво. Зборувам во множина ако некој се пронајде. Знам дека има повеќе вакви девојки, за жал.