Што е за вас идеален одмор? Не прашувам за место, туку во однос на изборот за како ќе поминете летувањето и организирање на вашето време за одморот. За вас идеално е 10 дена легачење на плажа, вечерни прошетки и долгочасовно спиење? Други не можат да се замислат 10 дена да преседат на едно место, тие се оние кои сакаат знаменитости да посетуваат, одат на разни плажи, секоја тврдина, пештера, црква, секоја знаменитост во близина ја посетуваат. Други не сакаат жештини, за нив идеално е 10 дена да го прошетат секое сокаче на европскиве градови, па и немора Европски да се, но тоа најдостижно ни е Трети за идеала ја сметаат планината. Што е за вас идеално за полнење на батериите?
Некое подалечно место .... Да осетам друг менталитет на повисоко ниво од околинава Одбрано друштво не мора да оди цело племе не сакам толку калабалак . Не знам некои максимум 7-8 . Плажа , море , свеж воздух ... Место кое не е пренатрупано без многу раја , проретчено ама убаво . Одмарање психо физички ... Без правила , планови , протоколи . Секој да си прави како му е ќејф . Сакам да го истражам местото . Ќе се информирам за знаменитостите и блабла кои вреди да се видат , слушнат , сликаат . Значи нејќам да се излежавам по цели денови на плажа сакам да дознаам , да пробам нешто ново . Да си поминам вечерта убаво Кога гледаш од се по нешто ама во права комбинација . Не можам да лежам , пливам и сончам цел одмор . Не можам ни да останувам до 5-6 во ноќно лудување низ дискотеките и клубовите а утредента цел ден да спијам ... Тоа го можам секаде Не сакам ни да изигравам Дискавери канал па да проверам се што има ... Се што е претерано не чини .
За мене идеален одмор е 20 дена на Дубаите уживање, пливање, професионално сликање, откривање на нови нешта, запознавање нови луѓе итн. ќе биде тоа.. да речеме никогаш
На некој пуст остров, онаму подалеку во Окејанија, на крајот на светот. Со него, да ги решиме проблемите еднаш засекогаш, и да поуживаме, после овие нервози
Идеален одмор за мене е десетина дена бегство од монотоното секојдневие. Бегство од сите нервози преку целата година. Малку лежење на плажа, пливање и сончање, малку журкање до сабајле, малку шетање... И сето тоа да се случува на некое место каде што нема многу македонци, каде пто никој не ме знае и можам да се опуштам максимално.
Идеален одмор ми е било каде без мобилен и лаптоп. Посебно обожавам вода, па најверојатно море би било совршен избор, по можност што помалку луѓе околу мене, некое коктелче на плажа под чадор, добро списание и кубанска музика во позадина...
идеален одмор...хмм...годинашниов ми беше идеален! добро би ми дошол уште еден ваков! добро друштво, убав хотел, пливање, шеткање, забава и што уште не!
Епа првите 2-3 дена секогаш се излежувам на плажа,потоа 3-4 дена шетаме,па останатите 3-4 пак на плажа,со вечерни излегување итн. итв. ...
Идеален одмор? 10-15 дена максимум. Дури ни 15 не сум сигурна дека би можела да издржам, лесно ми здосадува нешто. Одбрано друштво, солиден хотел и дестинација која е доволно атрактивна да имам што да посетам таму. Нешто потуѓо, мистично. Целодневно легачење по плажа, со исклучок на тие еден, два дена кога би била расположена за туристички шетања.
10 дена па да има време за се... Сакам да пробам од се по малку - и плажа, и шетање по знаменитости, и луди журки до раните утрински часеви , и запознавање на многу луѓе и многу нови пријателства (не сакам изолираност)... Помалку спиење (не поднесувам луѓе кои 15 саати ќе ги изгубат во спиење) , пиење со мера (не мислам да трезнам некогу или да го влечкам до местото на престојување)... Онака без некои посебни правила и најбитно од се друштво на авантуристи а не некои мрзи или плашливци што не сакаат да се мрднат 100метри подалеку... Тешко дека некогаш ќе доживеам ваков одмор...
Огромна песочна плажа, море. Нити ме интересираат знаменитости, нити шопинг, нити журкање до сабајле, ама баш ништо друго.
Две недели, на врвот на некоја планина, во мала, дрвена викендичка, одоколу шума, по можност некое поточе, со мирно друштво. Без компјутери, телефони и слично.
Голема напуштена песочна плажа, далеку од се, тропска клима и само тој до мене нит журки до сабајле сакам, нит градда видам, нит знаменитости нит ништо бре! Само јас и тој, и љубов на кило
Идеален одмор Спојлер само јас и мажот ми - 10 дена на некоја непосетена од никого песожна плажа со само една лежалка под огромна палма и 10 дена во планинска куќичка со прекрасни свежи утра кои мирисаат на топол леб!!!
Јас и тој на дестинација каде што има простор и за уживање и реклаксација и за шетање и запознавање нови места и нова култура. Без разлика на местото иако имам многу на ум сакам да има плажа, водата каква и да е ќе се бањаме, ама најбитно ми е да има интересни места за комплетно нови доживувања. Секојпат сакам да одам на различно место каде што има што да се види и посети, многу сакам да шетам низ стари градови, да вкусам најразлични кујни, да ја запознаам културата на народот кој живее таму и да се вратам побогата со искуства и знаење за една поинаква цивилизација. За мене ова претставува идеален одмор, не ми е битно само да лежиме 24 часа на плажа.
10 дена минимум... Плажа, убава, бела, со тиркизна вода! По некое дрвце да ѕирка колку за сенка и некое барче на плажа од каде што се слуша Bob Marley или некоја слична музика за кулирање и одмарање. Тој што го сакаш, лежи до тебе и се смешка од што му е убаво. Дел од друштвото е во вода, дел со вас под сенка, кој пие пиво, кој чита книга... Живели!