Вашиот најубав состанок

Дискусија во 'Врски' започната од puffla, 22 мај 2020.

  1. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    20
    Инспирирана од темата најужасен прв дејт, ја поставувам оваа тема.
    Опишете го вашиот идеален љубовен состанок.
    - Како се запознавте?
    - Каде беше првиот дејт?
    - Со што ве воодушеви?
    - Опишете некоја интересна ситуација со првиот дејт?
     
    На Sexychica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.859
    Допаѓања:
    110.054
    Пол:
    Женски
    Мора само за прв дејт стриктно?
    Ќе прекршам правилата. :lol:

    Имам еден баш добар прв дејт од пред 2год и појше. :$
    Се запознавме на инста. Се чекавме на железничка. Каснев 30мин, си викам ќе си отиде овој дур дојдам. Плус беше јануари, зима, ужас, ладно, врнеше, заникаде.
    Стигам таму го нема. Му вртам, ми вика ја сум таму и таму.
    Му викам ја сум на другиот дел од железничка. Вика чекај ме, доаѓам.
    Гледам иде еден дечко накај мене, ми се виде лепотан, на инста не мислев дека е до толку и немав некои големи очекувања. А ми заликуваше на него ама викам сигурно не е.
    Кога дојде и ме гушна, па коа му осетив тоа бицепс, трицепс, висок 190цм, насмевка преубава, очи светло зелени, абе лепотан. Си викам ау, ја се заљубив на прв поглед.
    Седнавме у најблискиот кафич.
    Толку ни одеше муабет, телефон не чепнавме, шо се стемни и тогаш приметивме дека прошло времето.
    Од 13ч до 17ч и нешо сме седеле. :)
    Беше преубаво. Толку теми за муабет, разговорот течеше како вода. А и ептен беше добар соговорник и прекрасен да го гледаш визуелно.
    И кога ме испрати беше врв. :rofl:
    Носев капа и шал на мене, зима дека, гледам бус и трчам на железничка, фатив бусот, дур сум трчала, ми паднала капата таква испозашеметена од тоа колку ме воодушеви дечково. А се поздравивме пред тоа и се. Глеам трча овој по мене и бусот задишан, мафта и си викам шо е сега леле, а бусот тргна. Не ја приметив капата у рака кај него, замаглени беа прозороците у бус.
    Ми се јавува, капата е кај мене, следен дејт ем ќе си ја земеш капата, ем па ќе те видам.
    Се осеќав ептен филмски тогаш. :D

    И наредните 2 беа супер со него.
    На првиот дејт сум му спомнала дека сакам да пробам да играм билјард, на третиот изненадно ме однесе да играме билјард и бев воодушевена исто и од тоа како запамтил таква ситница и како ми исполни една желба. Не ме биваше за билјард ама кул си пројдовме.

    Кратко ми траеше оваа врска и крајот беше ужас ама почетокот беше одличен и првиот дејт беше феноменален. Имаше одлична хемија, беше оригинален и знаеше како треба со девојките. Затоа и беше женкар. :D
    Се на се, убави спомени. :)

    Друг совршен дејт со дечко ми сегашен секако. :D
    Му реков дека ми фали некој кафич у Ск што е необичен и нема многу гужва ама е блиску до Центар и има убаво кафе. И да сме само ние 2ца, цел кафич да е наш. :rofl:
    Искрено не сум одела многу по такви места пред него, а он па ем не е од Ск, ем да ти знаел такво место. :lol:
    Ме чекаше еден ден после школо :wasntme:, ми вика имам изненадување.
    Ме однесе баш на такво место.
    Цел кафич беше празен, само ние и келнерот, нескафето беше преубаво, беше блиску до Центар и ми направи изненадување така што нарачал моите омилени рок песни да ги пуштаат и да ни донесат изненадување моето омилено благо шо претходно го донел и договорил со келнерот. :lol:
    После имавме уште многу идеални дејтови таму. :)
    Кафичот уште постои, но го реновираа, веќе не го има тој шмек и почна многу појше гужва да има. Веќе не сме отишле таму скоро година дена, не се ни движиме у тој реон често ама ете и тоа ми е преубав спомен. :sun:

    Секако имало и други совршени со дм, но сепак ете овие ми биле така најуникатни. :lol:
     
    На SunnyGirl2, emiliana, mila7 и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    17.218
    Пол:
    Женски
    1.Се запознавме на Инстаграм
    2.Кај него
    3.Ме воодушеви што буквално ми се отвори и ме сфати за сѐ што му кажав за мене и што беше многу искрен
    4.Немаше некој посебен дел, после почна жустрото.
     
    На Jane.Birkin, Alex.T, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. yourfavoritegirl

    yourfavoritegirl Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Идеален дејт замислувам: ЛЕТО, дотерани, тој во бела кошула со преубав парфем, пред стемнување, зајдисонцето заедно да го гледаме на некој rooftop бар со убава музика во позадина и истовремено цел град да се гледа. Нормално во комбинација со тоа оди добар разговор, запознавање, хумор. И потоа (бидејќи обожавам да гледам филмови), да одиме на кино на некој преинтересен филм (лол) па цела вечер после тоа разговори околу филмот, длабоки теми, смеење, гушкање:lol:
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На Sexychica, Konfetka, Different7 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    16.286
    Нај идеален би бил оној на кој нема да се појавам. :inlove:
     
    На smile:), honey.11, I.want.to.sleep и 13 други им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    8.365
    Пол:
    Женски
    Мојот најубав состанок беше со мојот сегашен дечко. Се се случи пред околу една година. Додека се разочарав од тоа како веќе две години не бев сретнала некој кој би сакал да правиме нешто поинтересно од криење во нивната кола го запознав него. Состанокот не сакав да биде нешто класично како одење на кафе. Многу блиско до мојата куќа има едно преубаво место. Шума , ливада, дрва ,мала рекичка. Разиграни бои на природа кои ме тераат постојано да се враќам таму. Ете таму решив да биде. Таму започна нашата авантура тој ден се беше толку убаво а времето како да сакаше се да биде помагично и затоа своите сончеви зраци ги прелеваше насекаде околу нас. Неколку пати да главата ни прелетаа штркови бев многу возбудена. Си зборувавме за секакви теми додека седевме во зелената трева. Кога веќе се стемни уште не сакавме да си одиме па дејтот го завршивме со едно вечерно кафе. На почетокот се трудев да разберам некои зборови затоа што тој знае македонски но некогаш може да згреши некоја буква. Си реков како ќе се разбереме :whew::lol:( секако тоа не му го кажав нему) Продолживме со состаноците и денес совршено разбирам секој збор што ќе го каже. Можеби ова не е којзнае што но за мене беше многу симпатичен дејт.:):$
     
    На hermosa, Alex.T, Star_dust и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум го доживеала.
     
    На SunnyGirl2, hermosa, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  8. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Имав испланирано викенд во Охрид сама, иако се познававме многу кратко, дојде до таму за да излезе со мене. Вечерта измешавме премногу вкусови на коктели, иако многу повеќе ме опи со неговиот шарм и убавина...за после тоа наместо да си одиме дома, да се искраднеме на тераса на сосем непозната куќа до езеро и да го гледаме изгрејсонцето... можеби ќе имав многу поинтересни дејтови и ќе ме натераше на многу повеќе лудости ако дадев шанса.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    15.540
    Допаѓања:
    94.579
    Пол:
    Женски
    Имам повеќе

    Се сеќавам се запознав со еден на фб,тој студираше во Скопје,беше нешто при крај со студии чинам.
    И типов беше многу убав,добро тело,смисол за хумор. Фалбаџија да речам.
    Се чекавме пред City Mall беше Декември ладно.Тој беше од друг град и дојде за да се видиме,ме праша што сакам да ми донесе и јас на шала реков пакетче.
    Стои тој пред City Mall со Дедо Мраз чоколадо во раце.
    Бидејќи прва стигнав го бацив во образ онака пријателски, седнавме во City Mall во тоа кафиќот,јас јадев салата а тој нешто друго.Јас пиев пиво,тој кока кола. Ни одеше муабетот ептен,што дури заборавивме дека и трговскиот се затвори. Станавме,се шетавме од таму до плоштад,на пола пат ме фати за рака. Тогаш осетив некои пеперутки во стомак,некоја вибрација. Застанавме кај банките,предложи да се сликаме,нешто се смеевме и почна да врне снег. Многу беше магично и убаво,како на филм. Ме испрати до дома пешки,а после се врати сам.
    Се гледавме додека беше тука,после се врати во градот и тука почнав да осеќам ладнокрвност. Ретко пишувавме,а и далечината си го направи своето. Имавме ужасен крај,се испоблокиравме.
    Помина некое време ми врти некој број.
    По гласот знаев дека е тој,првиот пат поклопив,вториот пат зборевме со саати.
    Пак се аднавме и божем да поправиме се, за жал имаше многу омаловажување од неговата страна и престанав да контактирам.
    Типот беше океј,само требаше да ме праша дали влегуваме во нешто посериозно или да ми каже барем на што сме, тој си мислел дека сме во врска,а далечината ја гледал како да сме си недостасувале.

    Само не знам зошто кога идам во неговиот град на прошетка го среќавам него.
    На крај краева ми остана во сеќавање.
     
    На mila7, Alex.T, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    42.178
    Една од нашите први средби, отидовме заедно на вечера, мене ми беше срам и да јадам додека ме гледа :x Срамежливо боцкав со вилушката и мислев дека изгледам глупаво :?:Потоа се понуди да ме испрати и до дома, јас бев толку збунета што мислев дека јазикот ми е врзан. Цел пат до дома скоро ништо не прозбрев, но прегратката на испраќање ќе ја памтам засекогаш :wasntme: Дома не можев да заспијам цела вечер, мислев дека срцето ќе ми прсне од среќа...
     
    На SunnyGirl2, Alex.T, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    8.015
    Пол:
    Женски
    Тоа беше со еден дечко.
    Бевме само другари. Тој беше од друг град јас од друг.
    И еден ден се договоривме да идам во неговиот град. Отидов со бус и ме пречека на автобуска. И од таму такси отидовме на планина. Значи се организирал пикник нешто такво. Беше многу убаво. Немаше жив човек, се шетавме и се тоа. Дечкото беше срамежлив, ама доста романтичен. Бевме и останавме добри другари се додека не си најде девојка и ме блокира, јер далеку сум била и не сум била заинтересирана.
    Друг дејт. Со бившиот. Секогаш знаеше да ме насмее. Секогаш со фикс идеи. Никогаш не ни беше досадно. Со него секој дејт ми беше посебен. Доцни прошетки, убави муабети...
     
    На *Amethyst*, flawless_, marija1907 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Женски
    Во втора средно
    Се договараме со бившиот да се најдеме кај wc-њата во школо за време на час (една генерација постар беше) И тамн се смимамве една професорка не фати (facepalm).и као одиме на час, ние избегавме :lol:
    -Дај да и пишам порака на другарками, да знае каде сум, телефонот кај неа ми остана.
    -Пиши порака на твојтот телефон, тамн ќе го меморирам 8)
    Додека излегувавме од дворот, ја префрли рака преку моето рамо и ме повлече да ме гушне на кратко и рака му остана цел пат преку мене :inlove:
    Заминавме на јадење во една сендвичара па на кафе :D Седнавме до прозор, а надвор дожд врнеше :inlove: Ни тргна муабетот, се изнасмеавме на глупости. И состанокот заврши кога јас (другарками) го побара на тел :rofl: и морав да одам.
    Тоа беше љубов на прв дејт :rofl: :l:
     
    На Alex.T и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    12.396
    Пол:
    Женски
    Ај признајте дека темана за најужасен е поинтересна :rofl:
     
    На Marijam7, Cherry333, Meliha. и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.859
    Допаѓања:
    110.054
    Пол:
    Женски
    Малце и да ги пофалиме мажите, па може и ќе искористат некоја добра идеја од тука место да се брукаат, па да ги раскажуваме у најужасен состанок. :rofl::rofl::rofl:
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, Alex.T и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Мејз

    Мејз Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2018
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Женски
    Совршен состанок сум немала, ама првиот со сегашниот дечко ми бил најубав досега
    Се договаравме со денови за да правиме макарони и се решив јас, отидов кај него, долго разговаравме пиевме кафе, гледавме Тера тв со саати оти ми беше срам да му речам да смени канал и така после 5,6 саати собра храброст да ме бакне, не јадев макарони ама си фатив младо пиленце :D
     
    На DenaM, Alex.T, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Темава ми е тажна, ваљда пошо ниту еден дејт не ми праи поп ап у глава коа ќе размислам.
    Сум имала океј дејтови, со океј луѓе али.. нишо вредно за да се пише овде. Малку тажно стварно ;(
     
    На hermosa, Different7, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Mene depresija me fati,te repliciram za poddrshka i uteha(fingers)
     
    На hermosa, Alex.T и Izaabella им се допаѓа ова.
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Фала Ким. Ми значи.
    Али еве сеа коа боље се замислив, да не речам исфорсирав да ми текне, се сетив на еден дејт со еден дечко коа буквално се прејадовме и отидовме у диско. (По моја иницијатива пошо не ми се свиѓаше и ми беше страв да не проба да ме баци у кола, па да се измешаме со народ).
    Се утепав од играње и пиење, си подждригнував со раце у вис, (у летен сектор беше дејствиево) стварно беше кул, посебно и он пошо ми кажа сто пати дека баш сум слатка. Изгледа ептен му се еб*ше.
    Како и да е, многу лабав дејт, може да е најбоље ради слободата која ја осеќав. Ок, чао
     
    На Alex.T, Mantub, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Немам најубав ама имам еден бурен што ми е во убаво сеќавање :angel::devil:
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    4.549

    Ова со првиот навистина филмски. Те изневери, дека спомна женкар? Уфф многу мразам женкари.