1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот последен училишен ден во основно/средно

Дискусија во 'Образование' започната од cresa-jagoda, 14 март 2016.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ова тема ја отварам, за да си кажеме како ни поминал последниот ден во основно и средно училиште.:)

    Мене последниот ден во основно ми помина многу емоционално, бидејќи учев со добри деца и бевме сложно одделение, па затоа не сакав да се разделам од нив и секој да си замине понатаму на своја страна во средно. Мене и ден денес ми фалат деновите од основно, деновите поминати во дружба и забава, ми фалат искрените пријателства. :l: ;(
    Ја изнаслушавме песнава ;( :music:



    И сигурна сум дека кога ќе завршам сега средно, нема да ми биде толку жал како што ми беше кога завршив основно, освен за неколку другарки со кои ќе се разделам, не дека се лоши моите соученици, туку не сум толку многу приврзана за нив, како за тие од основно.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    За основно не се сеќавам сосема, знам само дека не сакав да заврши таа дружба, чувствував дека целиот распуст кој следеше ќе имам голема празнина.
    Во средно беше слично, од една страна беше специјален ден, завршување на нешто и одење кон нешто поголемо и кон нешто повеќе, од друга страна ми беше жал за деновите кои никогаш пак нема да ги вратам. За друштвото не ми беше жал бидејќи знаев дека ќе продолжиме да се гледаме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Последниот ден од основно ми беше многу емотивен . Се сеќавам дека сите го гушнавме класниот и ние а и тој пуштивме по некоја солза . Уште ми одѕвонуваат неговите зборови во уши : " бевте најнемирен клас во цело школо , ама и клас со најдобар просек . Една од подобрите генерации кои ми прираснаа за срце . Не ме заборавајте , а јас со насмевка ќе се сеќавам на вас " . Кога завршив средно , воопшто не ми беше исто . Бев бремена , па така на сите им го видов вистинското лице . Оние од кои најмалку очекував ми свртеа грб , а оние кои 3 години обожаваа да се задеваат со мене , се дружеа со мене и секако дека излегоа пофини личности кои сакаа да се шегуваат како на туѓа така и на своја сметка . Еве денес немам контакт со ниту едно девојче од средно , со машките , имам со неколку кои останаа тука во градов .
     
    Последна измена: 26 ноември 2016
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Последните денови во основно и во сρедно ми беше тешκо. Завρшуваше таа пρеκρасна дρужба со соучениците. Κога почнав во сρедно многу ми недостигаше κласот од основно. Неκои од децата се запишаа во истото шκоло, ама учеа во дρуг κлас. Само едно девојче учеше со мене. Дρужбата во сρедно беше феноменална. Не бевме многу сложен κлас, ама беше интеρесно часови. Со неκои од κласот уште κонтаκтиρам. Κога дојде последниот ден бев тажна. Не можев да пρифатам деκа тоа што го доживеав за тие 4 години, нема да се повтоρи. Убави спомени имам од сρедно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Основно (1) - најтешка разделба ми беше во 4то одд, кога се одселував и префрлив во друго училиште. Уште памтам, живеев во близина на училиштето, и таму солза не пуштав ако знаев дека повеќе од пола требаше да се раштркаат во различни училишта и дека можеби никогаш нема да ги видам пак, ама па зато со трчање дома да се исплачам. Секогаш ќе го памтам ова.
    Основно (2) - воопшто не бев приврзана за класот така да воопшто не се сеќавам ни како изгледаше тој последен ден, а сигурна сум дека и солза не пуштив.
    Средно - бевме ладен клас, освен една, никој солза не пушти. Ова пред да се вратиме во училиште кога славевме матура, туку како последен час, цел час зборавме за четирите години кои ги имавме заедно, и на крај се сликавме како последна слика целосно заедно. Дента кога се вративме во училиште, без фустани такви работи туку онака, кога има музика и слично, искрено седев со сила, премногу гласно и со премногу луѓе за мои вкус, матурата беше океј и не беше емотивна. Зошто не бев приврзана за повеќето, си имав само мала интимна „разделба“ со другарка ми зошто ете, можностите не ни се да можиме да се гледаме често, за жал.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    И мене подобар ми беше класот во основно. Сите бевме од истата населба и тоа некако не спојуваше, поблиски бевме. Последниот ден заедно ни беше за сведителствата. Не ми беше некако ептен жал за децава, највеќе за класната ми беше. Ја имав најдобрата класна од сите професори, не научи многу повеќе од тоа што требаше... за тоа мислам дека цел живот ќе и бидам благодарен. Знаев дека во средно сигурно немаше да ми се падне подобра од неа, така и беше. Среќа ни ја сменија, па сегашнава е на некој начин слична на таа од основно. Класов во средно колку и да не го сакам, сепак на крај мислам дека ќе ми биде малку жал. Не можам да си го замислам животов без секојдневно станување во 6 и 30, без секојдневното возење со автобус, без запишувањата, неоправданите и глупостите што ги правиме во школо... Сепак, чудно ќе биде без школо после 12/13 години.
     
    На Someonespecial, theowndemon, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    На последниот ден од основно, јас бев меѓу ретките што не плачеа :) Некако не бев толку потресена, зашто знаев дека дружбата ќе ни продолжи, иако се запишавме во различни школи. Ама тука бевме сите од кругот што се дружевме, на иста улица, ако ништо друго во исто маало. Нè делеа максимум 10 минути пешки.
    На последниот ден од средно не се сеќавам, мислам дека тогаш сите бевме потресени околу полагањето матура, втора генерација бевме, па не знаевме баш што-како ќе биде. Како клас не бевме нешто многу сложни, бевме поделени по групи, па собиранки никогаш не правевме. Со тие што се дружев останав да се дружам и понатаму, иако секој си фати свој пат после средно.
     
    На Someonespecial, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Едвај чекав и ич не ми фали
     
    На eliesaab и Miss-Angie92 им се допаѓа ова.
  9. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    за основно плачев, а средно едвај чекав да завршам
     
  10. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Во основно училиште едвај чекав да завршам,досадно ни беше на сите.
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Последните денови во основно како што се сеќавам ми беа глупи и едвај чекав да завршам бидејќи сите во моето одделение беа нафурани, дигнати, а јас не бев така и не се пронаоѓав во одделението.
    А во средно првите две години ми беа нај убави, а другите две ок беа. А сега ми фалат средношколските денови, ми фалат проблемите околу учењето оценките, професорите и сега кога ми текнува тоа се биле слатки проблеми.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    На основно не се ни присетувам многу, избледена меморија ми е.
    Последните денови во средно ми беа преубави. Припреми за матура, многу дружба, матурата ни беше преубава, цела ноќ славевме во ресторан, во дискотека до утрински часови, а утрото продолживме со трубачи пред школо. Полагањата за државна матура беа досадни, тие денови не ги водам како последни денови од средно.
     
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    I jas isto..
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    не дочекав последен ден у средно пошто почна факинг корона
    тој ден имав 4 часа, и на сите 4 требаше да одговарам. Цела ноќ учев, ама буквално до сабајле, и сабајлето спремна јас да растурам, коа вика класната не доаѓајте у школо -.- фала.
    а од основно не го памтам, не ни сакам
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Основно немам поим. А за средно немам поим пошо ние не идевме и онака у средно на часови 8):rofl:
     
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.111
    Допаѓања:
    18.299
    Пол:
    Женски
    Основно ич не ми фали, средно да некогаш ме фаќа носталгија кога ќе се сетиме со друштвото како ни поминувале деновите во школо. Како сме се нервирале за оценки, како сме бегале од часови, дешавки еден куп. Тогаш тие " проблеми" биле големи за нас не знаејќи што не чека во светот на возрасните...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    За во средно ќе видам за 2 години, но имам претчувство дека премногу ќе бидам емотивна тој ден. Професорите ко професори океј, ама премногу си го сакам класот (соучениците), па и некои професори, и навистина се дружиме, не само во училиште и надвор од него (со децата ова мислам не професорите :rofl:). А за во основно, е може ќе звучам малце грубо ама фала богу што бев во таа генерација што цело IX го поминавме online и на крај ниту се собравме, ниту се видовме, ниту ако имаше такво нешто ќе отидев. Значи до V одделение учевме едни, после не измешаа според втор јазик кој што избрал и така влетав во клас со премногу врскаџии (на пола од нив родителите беа некои и нешто или пак работеа во училиштето...), лицемерни и извинете на зборот одвратни:envy:. Само со едно девојче комуницирав и се дружев, а и ден денес ни продолжи дружбата. Сите другари и другарки ми се надвор од школо или сега од средно. Основно-голем ужас. Кога овие од средно зборуваат како им фалело основно, како 1.5 година не седнавме во клупа, ме фаќа носталгија се до моментот дури не ми текне со какви учев... тука се завршува. Иако одвај чекавме сите да заврши оваа луда корона, сепак периодот на корона ми беше најубав само поради тоа што од март се до јуни идната година не седнав во клупа со нив... И така ни полуматура славевме ни ништо, затоа претчувствувам дека матурата ќе биде супер, гледајќи еве овие 2 години со колку поразлични луѓе учам, кои навистина се прекрасни :l:
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Машки
    Во средно немав последен ден така да кажам, последен ни беше 10 март, знам претходните денови дискуриравме со наставниците за корона вирусот, дека 50 милиони жители во Италија се под карантин, Кина исто, ни беше чудно.. На 10 март се ширеше инфо дека 2 недели нема да има настава и као јее супер, но не беше потврдено уште. Се вратив и гледам веста се потврде, школски ми се јавува да ми кажи исто. Тогаш ми беше последниот ден.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.