Ајде споделувајте искуства од вашиот прв ден на факултет, односно како ви беше, дали имавте друштво, со кој го поминавте денот, што прво си помисливте за вашиот факултет итн. Мене искрено ме фаќа малку страв бидејќи таму каде што сакам јас да се запишам нема да имам друштво, никоја од моите другарки не е заинтересирана за тој факултет, па би сакала да ги слушнам и вашите искуства
Тој ден многу збунета. Не ми се веруваше дека толку брзо поминаа тие 4 години од средно образование. Втората недела се спријателив со неколку колешки.
Не се платеше и не мислете воопшто како ќе биде. Секако ќе бидете збунети. Јас кога отидов првиот ден бев како изгубено германче никого не познавав, ми се плачеше. Ама кога погледнав наоколу еее колку само изгубени како мене имаше што не знааеа никого. Па си се запознаве и еве уште малку и дипломички ќе си земеме.
Првиот ден не собраа во Амфитеатар,ни поделија индекси имаше по некој говор за среќен почеток и толку. Тоа беше во петок,а во понеделникот официјално ни почнуваа предавањата. Во понеделникот бевме во далеку понеубав амфитеатар,беше пекол жешко и пробував да се сконцентрирам и да ги слушам предавањата. Се плашев како и што ќе биде,зошто првата колоквиумска ни беше за 3 недели од тогаш, а ми изгледаше дека уште првиот ден огромен материјал беше предаден( нели во споредба со средно). После тоа си отидов дома,го пратив татко ми по книги. И почнав да учам одма. Тоа беше тоа. Околу друштво,ние бевме 10тина деца заедно од средно на факултет,па за жал немаше многу запознавање со други деца првите неколку дена. Со среќа на сите што годинава почнувате со факултет.
па вака сега сум 4 год средно и ме интересира како е во факултет... дали е исто како во средно? опишете го вашиот прв ден на факултет
Токму така. Ова не е средно па да мора да бидеш крајно љубезен и колегијален, со цел да можеш да извлечеш некоја оценка од колешката, бидејки реално се се сведува на самостојна работа.
За прв ден на факултет не го сметам оној првиот академски час каде што слушавме говори од ректор, декани, бла бла. Наредниот ден, на вистинскиот прв академски час, на предавање, без возбудена бидејќи не само што ми беше прво предавање на факс во живот, туку и затоа што веднаш одбраа студенти кои од наредната недела ќе бидат ослободени од предавања и ќе идат на археолошко ископување. Уште не знаевме ниту А од археологија, битно се осетивме како археолози.
Првиот ден ми дадоа соба, се запознав со цимерките и средувавме куфери Следното утро ме разбудија двајцата другари од Македонија и тргнавме на факултет, се симнавме од метрото и секој си отиде кај што му беше смерот Се запознав со колегите бевме на кафе, па бевме да се расподелиме кој кај кој професор ќе црта, па купување бои работи и така
Како некој затвореник во затвор да влегува така се чувствував и така си остана. Деканот ни држеше говор и после не викнаа во лабораториите и ни ги поделија индексите. Мислам дека имавме и предавање. Имав друштво од средно. Со другите колеги полека полека кога почнавме на вежби се здруживме повеќе. Знаев дека ќе биде напорно и тешко уште од средно. Се разочарав многу на почеток, уште си имам фобии од математика, добро е што го положив Колегите не ми изгледаа како нешто посебно колегијални дека ќе бидат. Има добри колеги што сакаат да ти помогнат и да соработуваат, но таквите се ретки, има многу затворени што со никој не се дружат, има и од тие што се притресуваат. Сепак средно си е средно, за ништо не го менувам, ама факултетот, па тоа професорките, асистентките и демонстраторките немам коментар . Не жалат асистентките на медицина ...
Ми беше слично како и во средно како падобранец бев,но добро веќе вториот,третиот дена ната се е подруго веќе се запознаваш и се си тече нормално...
Интересно ми беше,ново искуство.Со цимерката еден час порано стигнавме на факултетот и само неа ја познавав од колегите.Возбудливо ми беше,ни одржа деканот говор, ни подели индекси и трк дома.Првиот академски час не беше ништо посебно,ама затоа идните предавања беа ептен интересни,се спријателив со неколку колешки и колеги,зафрканции и глупости следуваа.Убави периоди,сега во втора се преполови бројот ..
Леле луѓе паника ме фаќа. по се изгледа ниту еден познат нема да оди на мојот факултет, како че се снајдам сама незнам. Како изгубено глувче че се осечам. Страв ми е да нема и таму нафурани градски шмизли како во средно, како се здружам со некого незнам.
Ех колку бев изгубена Немав друштво и ми беше интересно со нови фаци околу мене, од различни места. Пред мене се отвараше еден нов свет. Мислев дека е којзнае што но професорите се покажаа љубезни, што беше неочекувано за мене. После предавањето не можев да го најдам излезот, се шетав низ факултетот како некој дојден од Кореја па збунет не знае кај тера
Искрено,бев исплашена скроз. Сама отидев,никој не познавав.И така уште првиот ден се спријателив со неколку колешки. Не беше лошо..
темава на тие што ќе бидеме сега прва факс ќе ни биде потребна за 3 недели хахахах тие што веќе го поминале тоа нека кажат искуства како било, дали лесно се спријателиле, мене искрено ме фаќа малце страв
Ееее кога бев прва год на факултет (пред 101 год) сите беа кој од кој поголем намќор.. Муабет да не се направи бе ццц Ама секогаш 3-4 ќе се најдат за муабет, а после тоа ќе си го прошириш кругот.. Плус и познати лица од средно секогаш се начекуваат Првиот, баш буквално првиот ден, почесно делеа неколку индекси и имаше забава. После тоа почнува "борбата"