Инспирирана од темата ,,Вашето кафе преку слика" а воглавно и голем љубител на чај, ја отворам оваа тема каде можеме да постираме слики од нашите чаеви и храната/овошјето кое најчесто го јадеме додека пиеме чај. Пожелно би било да се каже од што е чајот. Може да се прикачуваат слики од домашно направен чај или чај од кафич/ресторан. Колку што видов ваква тема нема досега. Чајот е од камилица, помешан со аронија и сок од лимон. * ЗАБЕЛЕШКА ОД МОДЕРАТОР * --- ТЕМАТА Е ПРЕИМЕНУВАНА ЗА СИТЕ ТОПЛИ НАПИТОЦИ, НЕ САМО ЗА ЧАЈ ---
Убава тема, да не ги ставаме сликите во темата за кафе Еве од мене нешто арт чај од шумско овошје е иначе
На picmonkey ја правев, онлајн страница доста едноставна фото манипулација е, само идеш во опцијата overlay и ставаш друга слика од нет како текстура
Уф. Убава тема. Деновиве зошто сум седната и си учам, чајот ми е во шише инаку се заборавам и да ми се пие, пак заборавам. Затоа сега ќе си ставам нешто постаро, па во иднина сликите ќе бидат „свежи“ Колку што ме држи меморија овој е од летово, а на лето најчесто пијам чај од лимон што е, не во ќесички туку инстант. Према описот на инста, овој е од шумско овошје. Мојот омилен зелен чај. Од утре ќе ставам „свежи“ слики, понови. Најчесто пијам: зелен чај, кантарион, мајчина душица и липа.