1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите миленици додека вие сте отсутни

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 12 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Што правите со вашите миленици додека сте на одмор, отсуство, било каде само не дома.
    Ги оставате на родителите?
    Ги оставате на пријатели?
    Комшиката ви ги нахранува?
    Оставате храна, вода, млеко и се што е потребно?
    Не мора да е куче или маче, проблем се и риби, папагали, хрчаци, морски прасиња, зајачиња итн.
    Се јавувате ли од одмор да прашате како се? Јадат ли? Дали кучето лае многу? Итн.

    И уште едно плус прашање - Како ве дочекуваат милениците после подолго отсуство? Радосни се? Лути ви се, како пример мој Рики што секогаш не лае многу после наше отсуство :D
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Не чувам милениче,од причина шо мојте несакат,имав папагалче ама ми умре :( ..и оттогаш ништо,сега 4 дена му го чувавме папагалчето на комшиите на пат беа а инаку мирно си беше навечер не си пееше многу, ама денот нонстоп без прекин :lol: ,ме фати носталгијата,едноставно ми недостига моето,нема кој да ми пеј насабајле :doh:
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Нашата кучка кога не сме дома ја чуваат брат ми и комшијата (да не дојде зборувам за кучката на Петко :) ).
    Комшијата што е веднаш до нас, секое утро и носи свежа вода и да ја види.
    Потоа на пладне окулу 5-6 часот доаѓа брат ми и ја шета и и дава храна, во меѓувреме комшијата на неколку часа поминува да и ја менува водата и да провери дали е се во ред.

    Во однос на храната, и ја оставаме во шупа сувата храна и тој што ќе ја рани треба само да и го наполни тањирчето, и да достави дали некое мевце или саламче, што секако имаме оставено.

    За нејзиното однесување можам реферат да напишам, таа паѓа во депресија ако јас и Петко сме подолго време излезени, или ако си дојдеме доцна навечер, а тука се неговите ама она е таква, премногу е приврзана за нас.
    Па кога сме негде на неколку дена сите заедно, Бела е западната во депресија тотално, одбива да јаде, несака да си игра, станува многу агресивна спрема непознати и сл.
    И мора некој да ја дружи, односно барем еднаш дневно да ја посети зошто доколку е сама ќе се мрдне од тагување ;( .
    Ние би ја носеле со нас кога одиме на пат, одмор, гости...но неможеш толкаво куче да го ставиш во кола и да возиш 200-300 километри, ќе треба да застануваш да оди по нужда, да му даваш вода и сл., а башка и оваа нашава маза е бајаги голема па треба во некој џип да ја возиме за да и биде комотно.

    Но кога ќе се вратиме тоа се радости од овде до небото и назад, рипа, скока, цвили, лае...едноставно преку нејзините реакции се гледа колку не сака и колку е поврзана со нас.

    Кај мајка ми, тамошното куче кога тие не се дома го храни и му дава вода чичко ми, зошто живее веднаш до нас, и не му е проблем неколку пати да му ја промени водата и да го нахрани.
    Доколку јас и Петко сме дома, обавезно одиме на пола час-час да го прошетаме и си поиграме со него и тоа е отприлика.
     
  4. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Досега не сум се нашла во ситуација да го оставам маченцето само дома повеќе од неколку часа додека сум на училиште (фала богу). Наутро и давам храна, ем да се најаде, а ем да не ме следи. Кога ќе си дојдам (за некои 5-6 часа) одма трча по мене и ми се качува по нозете. Одпрвин си мислев сум и недостасувала, но со време сфатив дека само сака храна. :D
     
  5. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас додека бев на одмор папагалчето го оставив кај дедо и баба.Им оставив храна а водата од нив :rofl: Инаку дедо се "жалеше" дека многу пеело рано наутро.Секое утро е :drunk: па сигурно си пеело од мака бидејки не го пуштале да лета :D
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Минатата година кога заминав на факултет за прв пат ја оставив Жулина, а и малечките тогаш сами на подолго време (кога велам сами, мислам без мене).
    За храна воопшто не се секирав, затоа што не секогаш јас им давам храна, туку храна им дава кој ќе стигне од дома: баба ми, мајка ми, татко ми... За тоа беа обезбедени.
    На секое слушање со моите задолжително прашував како се и што прават, дали добро ги хранат, да не ослабнале. На шега знаев да прашам да не им недостигам, па дури и поздрав да пратам.
    Кога си дојдов дома првиот пат, мачкава голема се однесуваше најнормално, само малку повеќе од обично се мазеше и сакаше да седи со мене. Малечкиве малце со недоверба се однесуваа, како да не ме познаваат, ама се адаптираа по неколку часа.

    Еве сега пак треба да заминувам и воопшто не сакам да ја оставам сама, најмногу затоа што јас сум единствената која се гушка и милка со мачкава. Ама тоа е :|
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Мојата мајка се грижи за кучињата и нема никаков проблем, ако не мајка ми баба ми и и секогаш кога ќе се вратам скокаат и чекаат да ги погалам :inlove:
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Минатата недела на 5 дена си ги оставивме животинчињата сами.
    Дедо ми го шетал Рики наутро и му менувал вода во текот на денот, а секоја вечер дечко ми доаѓал и му подготвувал храна (конзервирана храна, лепче, водичка, пивски квасец...) и го шетал, Рики и онака мислам дека го сака него повеќе од мене што ме сака па супер друштво си биле :lol: Исто така кутриов мој дечко и давал храна на рибата секој ден, му менувал вода на папагалот и храна на 2 дена. Али добро се снашол, живи здрави ги најдовме. Мислел само еден ден дека умрела рипката дека не рагирала па ја допрел и оваа почнала да плива, си спиела она :lol:
    Секој ден му јавував да прашам дали Рики е добро. И дали не бара :rofl:
    Му пишував на братучетми и чичко ми да одат муабет да му прават да не се чуствува осамено :D
    И лани го оставивме на неколку дена и слична приказната беше, со тоа што за рибата и папагалот се грижеше една комшивка :)

    Иначе рибата не се радува штом дојдеме. Папагалот уста не затвори цел ден. А Рики прво не му се веруваше дека си дојдовме, после ни скокаше на сите, а после тоа лаеше полн со лутина, којзнае што збореше :lol: И на крај со нас цел ден дома си преседе, мирно мирно не залаа, само да е со нас, ништо друго не му требаше :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Мојот ѕвер е многу чуден. Урла, пишти, вришти кога ќе се вратам од продавница, мислиш во Зимбабве сум отишла леб да купам. А кога се враќам од одмор само ми упатува поглед, или некој прдеж ако ме немало подолго време. Од лут што ми е де. :lol:

    Секогаш го оставам или со мајка ми или со баба ми, никогаш не би го доверила на некој друг да го пази. Ако тие не се во можност, не ни заминувам. Секое милениче си бара жртви, тоа е.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Денес станав како Картмен у делот No kitty, this is my pot pie, No kitty, bad, bad kitty! Ама буквално ме напна мачето, малечко е 2/3 недели, луѓе напор невиден. Сестра ми излезе и ми го остави во поверење :D , абе не се намири, саат ипол буквално циу циу циу, на секое :@ Ме полуде! Ми се чини ќе се расплачев од мака оти незнаев зошто така цивка на секое. Му давам млеко, несака, го ставам да спие во кутијата - излегува! Побогу, на крај дојде баба и го намири некако. Bad kitty :devil: :lol:
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Кога одам на училиште тој седи сам бидејки и татко ми е на работа, а кога ќе се вратам тој е пресреќен, се врти околу мене, скока и врти со опашот. А кога ќе го слушне шкрапнувањето на клучот на излегување лае, многу лае...
    Често кога за викенди не сум дома го чува татко ми и според она што ми кажува, тој не е весел кога мене ме нема. Не е среќен кога татко ми му дава храна, кога игра со него, бидејки мене ме нема...
    Откако го имам не сум била на одмор, но кога би одела би го чувала или мама или тато, друг не. Тие му го знаат редот (а богами си има ред кој не го крши :D ) и затоа можам само нив да им го оставам.
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Еднаш имав лошо искуство со еден „хотел за кучиња“ (имам пишувано на форумот за лошото искуство и неодговорноста на тие идиотите што ми го чуваа кучето) па оттогаш ни на крај памет не ми паѓа да го оставам кучето на чување.
    Секогаш кога одам на одмор си го носам и кучето со мене, нема никаков проблем бидејќи патувам со свој автомобил (со клима) и на кучето воопшто не му претставува проблем патувањето.
    Морам да кажам дека обожава да се вози во кола, и кога е отворен прозорот секогаш ја вади главата надвор од кола и нели поради брзината со која што се вози и ветерот имаме ваква ситуација :D

    [​IMG]

    [​IMG]

    Инаку кога седи сама дома не прави никакви проблеми, секогаш си спие на нејзината фотеља и секогаш кога ќе си дојдам дома она ми се радува :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Студентка сум, така да, моето најубаво Жаденце, (мачето) додека сум во Ск ми го гледа мајка ми, баба ми и дедо. Сите го пазат, го хранат и му одат по гзот, зашо си го разгалив уште од малечко :lol:
     
  14. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Најчесто го земам моето куче со мене, но понекогаш го оставам на чување :)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Вообичаено моето кутре го давам да ми го чуваат поблиските роднини кога не сме дома. Им даваме инструкции што да и даваат да јаде, кога да ја шетаат, кои и се навиките и слично. Кога ние ќе заминеме некаде и ќе ја оставиме, паѓа во депресија и со денови не сака ништо да јаде. Дури летово три пати побегнала од кај роднините и си се вратила дома, ама кога видела дека ние не сме тука уште толку станала тажна. И не можам да ви опишам колку многу ни се радува кога ќе не види пак. :)
    Некогаш ја носиме на пократки патувања со нас и навикната е да си седи мирна во кола, не прави никакви проблеми.
     
  16. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    Моето куче ..........само се чува.....НАВИСТИНА :D
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Јас сум опседната со мачорот, како божем бебе е па само дома сум го оставила :tmi:
    Да ви кажам што ми направи кога беше питијадата во Велес...
    Дојде дечко ми кај мене, донесе пита, половината ја изеде, половината ја остави во кутијата и ја завитка во ќесе. Стоеше на масата. Потоа излегов јас, го заклучив мачорот дома сам, и господинот начекал нема никој, се качил на масата, ги збуцал ноктите во кутијата, ја потегнал од ќесето, ја отворил и ги изел сите мевца од питата! Ама само мевцата ги изел, ниедно не оставил.
    Си доаѓам јас, отидов да видам дали и колку јадел од храната негова, гледам целата стои, а водата ја испил. Ми падна чудно, си викам зарем ич не јадел :^) Кога, што ќе видам на масата - Браво за него :!:
    Тогаш ми стана јасно зошто јадењето негово стои, а водата ја испил. Се осолил од питата, па морал да гаси жед :D Уште посмешно ми падна кога видов дупчиња од ноктите на кутијата :D :D :D
     
  18. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    Што правите со вашите миленици додека сте на одмор, отсуство, било каде само не дома ? -Баба и дедо живеат до нас(лепенка ни е куќата) и ја оставаме таму(куче)..неможам да ја носам со мене бидејки мнооооогу повраќа..во рок од 10 минути возење 5 пати кје поврати :puke:

    Оставате храна, вода, млеко и се што е потребно? секако
    Се јавувате ли од одмор да прашате како се? Јадат ли? Дали кучето лае многу? Итн. -Ако сум во земјава се јавувам барем 1 во денот..баш летоска ми се окучи луси додека бев на одмор,па по цели денови висев на телефон(добро е што бев во земјава па се вратив најбрзо што можев)

    И уште едно плус прашање - Како ве дочекуваат милениците после подолго отсуство? Радосни се? Лути ви се ? -Секогаш се подмочува и почнува да квичи и премногу се радува..дури и 1 ден да ме нема,кога кје се вратам се радува ко цел живот да не ме видела. :) :inlove: :inlove: :inlove:
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Млеко НИКАКО, кучешкиот организам не трпи Лактоза (млечен шеќер) и од Лактозата можат да добијат болки во стомакот и дијареа, а лактозата често знае да предизвика и повраќање ... па затоа кога кучето ќе се отруе се препорачува да му се даде млеко за да поврати и да го исфрли отровот.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    А Доберман а ако не му се дава млекце како ќе прима калциум? Што препорачуваш?
    И јас знам за млекцето но ние му даваме понекогаш во мали количини.
    Значи млекото е добро за мали кученца додека растат, а потоа не треба?
    Инаку имам читано дека некои кучиња не можат да го варат млекото. Значи некои. Колку е точно?

    Инаку за јогуртот пак знам дека се препорачува. Јогуртот ги убива бактериите во желудникот.
    Се препорачува да му се дава.

    А овоа млеко е со премало количество лактоза, го даваат на деца, ова може да го пијат така?
    [​IMG]