1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите психолошки бариери во хороскопот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 10 октомври 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Интимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.
    Астрологијата и вашите психолошки бариери

    Овен

    Вие сакате да ги правите работите онака како што вас ви одговара. Имате силно чувство за независност, кое се плашите дека ќе го изгубите во врските со другите луѓе. Бидејќи сами можете да се справите со сите работи, вие може да избегнете да им покажувате на луѓето кои ви значат, колку во суштина ви се потребни во животот. Научете како да им дозволите на другите да се зближат со вас и истовремено да ја задржите вашата независност во одлучувањето и справувањето со животните ситуации. Исто така, немојте уште одма да почнете премногу да барате и очекувате од другите луѓе.

    Бик

    Кога еднаш ќе решите да стапите во љубовна врска, тоа е нешто што ќе трае многу долго, ако не и засекогаш. Затоа, вам ви е потребно повеќе време додека да ја одберете вистинската личност. Кога еднаш сè ќе се среди, сакате работите да останат такви засекогаш и тврдоглаво одбивате да направите некаква промена. Најголемата бариера на вашата интимност, е стравот да ја напуштите вашата комфорна рутинска зона. Морате да почнете да верувате дека промените во животот се убава работа. Пречекувајте ги со раширени раце, за да ù дозволите на љубовта да почне да цвета.

    Близнаци

    Вие сте како птица в лет. Никогаш не можете да останете на едно место доволно долго, за да пуштите „корења“. Стравот дека набрзо ќе ви здодее од таа работа што во моментот ја правите, ве одржува секогаш на површината, не дозволувајќи ви да се чувствувате обврзани за некој или нешто. Воедно, во вас постои и страв дека љубовниот партнер еден ден ќе го види „мрачниот“ близнак во вас, кој вие толку многу се трудите да го сокриете. Дозволувањето на некоја драга личност да ја осветли таа ваша темна страна со љубовен жар, е вистинскиот пат кон целосна интимност.

    Рак

    Вие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.

    Лав

    Вас ви е проблем да се откажете од контролата врз работите. Потребата да ја играте главната улога во секоја ситуација, може да ги држи другите луѓе на дистанца од вас. Бидејќи делувате толку способни, луѓето со задоволство ви дозволуваат да го водите „шоуто“. Не гледајте го ова како добра работа. Споделувањето на моќта со другите луѓе, е клучот за градење искрена конекција. Доколку ги откриете областите во кои не сте компетенти да се натпреварувате, ќе им дозволите на луѓето кои ги сакате, да ве запознаат вистински, онакви какви што сте. Исто така, може да ги оддалечувате луѓето од вас со вашата избувливост, затоа почнете да си ја тренирате трпеливоста.

    Девица

    Чувството дека вашето постоење на овој свет не е доволно значајно, е коренот на вашите психолошки проблеми со другите луѓе. Вие се плашите дека ако ги откриете вашите несовршености, луѓето ќе избегаат од вас. Всушност никој не очекува од вас да бидете толку совршено прецизни и внимателни во сè што правите. Напротив, вашите пријатели повеќе би сакале да излезете надвор со нив и да се забавувате, наместо постојано да се грижите и да ги заштитувате. Не дозволувајте му на вашиот остар ум и аналитички способности да доминираат врз вашите чувства, во кои лежи магијата на вашата интимност.

    Вага

    Вие секогаш се трудите да внесете хармонија и убавина во оние ситуации кои не се толку пријатни. Токму затоа вие се трудите проблемите во врската да ги сокриете под чергата, каде што тие ќе избледат и ќе се дистанцираат од вас. Интимноста е реално нешто, па токму затоа преправањето дека сè е во ред, кога не е, може да биде лоша работа. Исто така, вашиот вешт ум е способен да се справи со некои чувства без притоа воопшто да ги почувствува. Она што вас ве плаши е впуштањето во нерешлив хаос од чувства, но токму тоа е клучот за интимноста.

    Скорпија

    Понекогаш луѓето се чувствуваат загрозено од вас, што може да ви создава бариера кон зближувањето. Не е дека вие ја избегнувате интимноста. Вие секогаш успевате да нурнете длабоко во вашите чувства и да им се спротивставите на проблемите. Но, вашата жестина и сурова директна искреност, може да биде премногу за луѓето околу вас. Тие може да чувствуваат дека барате премногу од нив. Сепак, од друга страна, вие можете да ги сокриете вашите најдлабоки чувства, доколку се плашите дека ако се отворите некому, тој ќе ве предаде. Треба да научите повеќе да им верувате на луѓето.

    Стрелец

    Вашиот знак симболизира вечно ергенство. Вие сакате да си ја заштитите вашата слобода и бегате кога луѓето сакаат да ви се доближат. Вашата најголема интимна бариера е мислењето дека приврзувањето со луѓето е права замка, која ќе ве одведе кон досада и едноличност. Решение за ваквиот проблем е партнер кои ќе ви дава поголема слобода, но за возврат ќе мора да бидете тука во „досадните“ моменти од врската.

    Јарец

    Вие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.

    Водолија

    Вие секогаш барате логика во секое ваше чувство. На вас сите гледаат како независен, дури и ладнокрвен човек кој има проблеми да си ги изрази чувствата. Но бидејќи вие имате побистар и побрз ум од другите, сметате дека треба да се грижите само за вашите потреби. Се плашите дека ќе ја загубите слободата доколку им дозволите на останатите да дознаат што ви се случува однатре. За да ја избегнете вербата во осаменост, потребно ќе ви биде поголемо отворање кон другите и истражување на она што го носите во вашето срце.

    Риби

    Вашата најголема бариера кон интимноста, претставува недостатокот од себе познавање. Вие сте како камелеон, способни да бидете сè што останатите ќе побараат од вас да бидете, што понекогаш заборавате да се запрашате што вие сакате. Доколку поминете одреден период сами, настрана од чувствата и потребите на останатите, можете да создадете подобри граници и да ја изгубите потребата за спасување на сите што ги сакате или да дозволувате тие да ве искористуваат.
     
    На rici.aaaaa, MarchelineAmaru, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431

    За риби се е погодено. ;)
     
    На musicgirl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    И за бикот се сложувам. Од А до Ш е погодено. Ко мене да ме опишувале :wasntme: И ова со промениве ме убива. и за најмалата работа се противам, едноставно не ми е удобно.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно :x е ова богами се потреви :D посебно за директната искреност према другите луѓе :!: :D тоа си го забележав кај мене :D па ете било точно со сум си мислела :rofl: иако секогаш внимавам што,како и зошто зборувам, тоа страшно внимавам какви зборови употребувам :)
     
  5. Downy

    Downy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    43
    Точно да.. само мислам дека доколку пронајдеме партнер исто толку динамичен и спонтан како нас.. за да ја избегнеме таа монотонија и досада ...можеме многу лесно да паднеме во тавче.. :)
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    И за стрелец се е погодено :$
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Рак

    Вие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.

    FUCK YEAH
    |( |( вечити емоционалец, нешто што го мразам кај мене. премногу чувстиветлна и се соживувам со се околу мене, ме потресуваат многу работи, а тоа е лошо лошо лошо......
     
    На Sara123 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    47.983
    Пол:
    Женски
    Девица- тоа дека имам остар ум и аналитички способности да 8) :wasntme: другото не баш.. :?:
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.740
    Допаѓања:
    24.754
    Пол:
    Женски
    Јарец
    Вие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.

    Точно е ептен, навистина бегам од емоции и ретко некој ги знае моите слабости. A и многу луѓе се потпираат на мене, тоа да.
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јарец

    Вие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.

    Точно е скоро се!
    Но, сепак има моменти (ретки но ги има) кога сум ептен ранлива
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Се фаќам како пак ги отварам овие теми за хороскопот :swear:
    Чисто од забава ме влече да видам онака што од ова ќе испадне на рамно.

    Дека сакам да изгледам како силен знак, не викам не, ама едно е да сакаш, а друго да можеш. Не вложувам толку труд и наивноста секогаш испливува на површина. Да, бегам од чувствата, се плашам од нив, затоа што се погрешни, затоа што секогаш ме наведуваат во себе да ја бркам вината, затоа што морам да ги оставам зад себе.
    Подршка имам, но мене не ми значи ништо, затоа што комплиментите ги игнорирам, не ги прифаќам, не верувам во нив, се плашам да верувам за да не ме турнат кон облаците, да не го кренам носето.
    Им дозволувам на другите да ме сакаат и бранат :wasntme: Искрено, само ретко можат да препознаат :)
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Точно е се за ЈАРЕЦ,си имам голем проблем со тоа покажување чувства,поготово слабост или ранливост и така си собирам се во себе,па после тахикардии ова она епа така е.Ама пробувам малку од малку да го сменам тоа,само слабо ми оди.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    точно е се, а што се однесува до независноста со тек на годините се поважна и ми станува, не поднесувам луѓе кои со сила сакаат да ми наметнат своја воља и да ме држат во рака, не, до одредена мера им е дозволено само на моите родители на друг никој.
     
  14. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Скорпија

    Понекогаш луѓето се чувствуваат загрозено од вас, што може да ви создава бариера кон зближувањето. Не е дека вие ја избегнувате интимноста. Вие секогаш успевате да нурнете длабоко во вашите чувства и да им се спротивставите на проблемите. Но, вашата жестина и сурова директна искреност, може да биде премногу за луѓето околу вас. Тие може да чувствуваат дека барате премногу од нив. Сепак, од друга страна, вие можете да ги сокриете вашите најдлабоки чувства, доколку се плашите дека ако се отворите некому, тој ќе ве предаде. Треба да научите повеќе да им верувате на луѓето.
    До некаде е точно...Че сум директна и искрена-сум, но не сум сурова, дури сум доста :wasntme:
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Хах зголеменово како за мене напишано... :)
     
    На ChocolateStrawberry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јарец - НЕТОЧНО, да ми е тешко и на улица би плачела
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Риби

    Вашата најголема бариера кон интимноста, претставува недостатокот од себе познавање. Вие сте како камелеон, способни да бидете сè што останатите ќе побараат од вас да бидете, што понекогаш заборавате да се запрашате што вие сакате. Доколку поминете одреден период сами, настрана од чувствата и потребите на останатите, можете да создадете подобри граници и да ја изгубите потребата за спасување на сите што ги сакате или да дозволувате тие да ве искористуваат.

    Точно е
     
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Браво, погодено :clap:
     
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Јарец

    Вие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.

    СЕ е точно , ама блондираново ептен го погодиле . :clap: :D
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    33.151