Се начна ова во друга тема, па да може да се продискутира без да е оф-топик отворам нова. Какви се вашите родители во оваа улога? Дали со вашите деца се однесуваат исто како со вас? Дали ве почитуваат вас како родители? Дали вашето гледање кон нив се смени откако и самите станавте родители? Моите се под строго надгледување од моја страна кога станува збор за ќерка ми. Откако станав мајка сфатив и увидов како се однесувале кон мене и нема да дозволам истиот однос да го имаат кон ќерка ми. Ако им одговара добро, ако не нема воопшто да ја гледаат. Затоа кон неа се мед и млеко, само си играат, ја разгалуваат и удоволуваат. За мене тоа е поим за баба и дедо и така сакам да си биде. Како вашите родители ја прифатија новата улога?
Не сум сé уште компетентна да одговорам на темава но ме потсети на еден твит што верувам е генерален. Мајка ми со мене: Седи и не мрдај. Има да ги изедеш јајцата и оро да играш!!! Мајка ми со моето дете: Сонце на баба, злато на баба. Какви ги сакаш јајценцата во форма на срце или ѕвездички?
Од двете страни син ми е прв внук. Нормално сите се околу него. Мајка ми дури чим го чуе на телефон се топи, скроз заборава на нашиот разговор и продолжува да го бара само него. Татко ми пак, цело време караници со мене Зошто го терам толку да јаде, зошто викам по него кога е немирен а па сега зимава ми вика тешко мене би било да се разболел случајно Прв пат пред некој месец го видов татко ми како лежи на под а син ми скока по него. Мајка ми само трча со овошје дека обожава јаболки. Другава баба, која сега е во болница 3 пати на ден го бара на камера. Исто чим стане малиов прво кај неа трча во соба, таму ги чуваат играчките. Се лутам доста бидејки не сакам да го разгалат многу но џабе. Малиов мој уште кога сме во близина на куќата на моите станува да ги бара моите браќа а и дедо му, пред некој ден бев само на поминување да земам нешто тој превриска до дома барајки ги. Се надевам и со другите внуци ќе бидат вакви
Никако ни емоции ни чуства ни ништо како да се некои комшиски деца мислат дека ако му купиш блуза или чоколадо и толку треба за повеке и за емотивната страна не знаат жално е ама одамна сум помирена со нив
Моите секогаш биле ок спрема мене и за подршка и за утеха и за се.Не сум имала родители кои ме тепале,малтретирале психички ниту ме казнувале за нешто.Ни мене ни сестра ми. Сега со мојата ќерка како се однесуваат?Нормално ќе кажам за време додека сме биле заедно кога е многу малку. Татко ми е стар скоро 80 ама кога и да му дојде малото ќерче го анимира додека сме на гости.Си играат се гушкаат.Пробува да ја рани Сега мајка ми повеќе е во кујна ова да направи она да направи и никако да седне со детето.Кога ќе седне се фаќа за телефонот и игра фарма кое премногу ми сметаМојата баба со нас си играше и плус готвеше.Приказни еден куп ни раскажуваше и многу се гушкавме. Сега свекотот и свекрвата повеќе ја играат и занимаваат, ама ако плаче одма вкучуваат цртан и после забораваат да го исклучат.Па кога ќе преречам кажуваат како ништо не е , како на ќерка им децата се цело време пред тв, како нивните гледале Исто и свекорот го имам слушнато да и се развика ако не го слуша, или има кажувано дека е многу лигава и многу ја разлигавиле. Кога ќе кажам не давај шеќер или мед на кашлица се е истото прашање и сега зошто не.Па како они правеле така не е штетно.Кога почна детето да јаде беа истиве прашања.Исто и мајка ми ама смокички на 10 месеци зошто не?Оти има кикириткиЕј па сите даваат смокиСега на сестра ми децата ќе бидат уште малку 9 месеци па ќе прашам дали даваат и зошто не даваат Се на се искрено поарно ми е јас да си ја чувам, а и си ја чувам
Некако не можам да најдам време да се распишувам на темава, ама пред да се породам мајка ми во една прилика ми рече: се што не ти давав кога беше мала, на ова дете се ќе му давам! - во смисла се што не ми дозволувала. Од двете баби нема збор дека ја сакаат, ама сепак свекрва ми има уште едно внуче, а на мајка ми само моето и е за сега. Колку и да ја сакаат, свекрва ми едноставно мора да го дели времето меѓу двете внучиња, а мајка ми е на располагање секогаш. И се додека и двете страни ми го почитуваат зборот во врска со детето, не ми пречи што малку ќе ја лигават. И мене баба ми се ми дозволувала, и тоа некако нормално ми е да се случи. Не дека не се нервирам понекогаш, ама има деца без баба и дедо, или имаат такви што не ги гледаат ни еднаш месечно, така да мило ми е што и се голем дел од животот.
Син ми нема дедовци,починати се и двајцата.Има само две баби,од кои едната е хард кор стил ако ја оставам и ќотек ќе изеде малиот, тоа од времето на Тито и останало со стап во рака да го бркаш,ама тоа не смее,си знае. Само му бута насила да јаде,и кога не е гладен,и ќе го седне пред телевизор да не мрда,тоа е за нејзе идеално дете.Знае да му направи муабет само и да разговараат за нешто со часови,тоа и е единствената добра страна. Другава баба нема останато сама со него никогаш,со оправдание дека и е страв пошто е пргав и немирен.Штом одиме на гости одма телефонот му го дава,и за неа купувањето е начин на искажување љубов,се му купува за да надомести ама тоа е џабе. Тоа е. Пристапот нивен е лош,и ниту го оставам да го чуваат,ниту планирам во блиска иднина.Се што не е со љубов направено е џабе,насила убавина не бидува.
На мене и на сестра ми многу работи ни беа забранети, ама на децава се им е дозволено. Внучето е помило од дете. Дозволено им е да јадат во кревет, да чкртаат по плакари, да скокаат по кревети, и др. Од моја страна имаат само дедо. А господата од другата страна се ноу комент. Толку бесчувствителни луѓе не сум сретнала.
Си тераат како мислат дури не сум тука ама и јас им кажав што помалку почит тоа помалку гледање на внуката. Дефинитивно се попустливи далеку повеќе одколку со мене што биле, ама исто така се далеку постари од кога ме имале мене па немаат толку нерви и сила околу детето и знаат побрзо да се изнервираат или да му дозволуваат работи кои јас не би ги дозволила како цртани по цел ден или благо колку сакаш. Генерално помимуваат време со ќерка ми само во мое присуство. Ретко се случува да им ја оставам насамо и така планирам и да продолжам.
Многупати имам пишувано за моите родители, израсната сум во типично патријархално семејство со татко алкохоличар. Детството ми беше многу тешко, постојано кавги дома, закани, плачење, страв... Емоции и љубов.. што беше тоа???? Мајка ми е многу добра жена, се грижеше за нас најдобро што умееше, но ете емоции не покажуваше. Не паметам на пример некогаш да ме гушнала, или да пробала да допре до мене со разговор... не оти била незаинтересирана, туку едноставно не знаеше како. Беа строги родители, многу работи не ни беа дозволени, а и не потплеснуваа понекогаш. Во кратки црти тоа за нивното родителство. Мајка ми како баба е сосема друга личност. Од како се роди син ми се во взаемна љубов, постојано се гушкаат, се бакнуваат, си играат заедно, си муабетат... Тој ја бара постојано, сака да оди кај нив и да си спие таму. Му удоволува премногу, додека беше мал се каравме околу јадењето, што смее а што не смее да му дава, ама сега веќе си ја научи лекцијата. На малава не може толку многу да и посвети внимание оти синко е љубоморен и осеќам дека и е тешко. Татко ми исто е во љубов со внукот. Порано само ѕвонеше да го носам, па се лутеше ако на пример неколку дена по ред не го види. Тој па само го закача, многу често знае и да го расплаче од толку што си прави интересно со него, многупати се имам изнервирано страшно од неговото однесување и му имам кажано дека не го носам повеќе кога е тој дома, ама пак и на детево му е интересно и го бара, па и јас ќе почувствувам грижа на совест кога ќе ми се јави со плачење да го однесам и пак попуштам. Исто што ме нервира е што постојано го поткупува со благи работи, по неколку пати го води на продавница, ќе ја наполни дома фиоката со стрволинки и синко едно одење право таму оди... Се карам многу и за тоа, но тој ука не фаќа и си тера по свое. Им имам нагласено дека кавги пред детето не сакам, ако се случи такво нешто нема да го видат никогаш, не сакам моето дете да расте со трауми како мене, дозволено е да му се потскараат ако не е умен, ама викање, дерење, навредливи зборови или недај Боже да го удрат... до таму ќе е! Сакам моето дете да расте со љубов од баби и дедовци и не сакам да му ја ускратувам нивната љубов, ама правила мора да се почитуваат! Реин, темава е ептен семејна, најдете и место во некоја семејна категорија, немаше ни да ја видам да не ми излезеше во најнови мислења.
Родителите преку добиените внуци ги поправаат грешките од времето на своето родителство. Жално е што никогаш нема да сфатат дека не можат да го вратат времето за да ги излечат раните кои ни ги задале нас.
Незнам каков би бил татко ми како дедо ама со оглед на тоа дека беше идеален родител (и строг и допустлив полн љубов,која незнаеше како да ја искаже ) да беше жив ќе беше уште попрекрасен дедо. Синко го знае, го имам носено на гробишта и му имам кажано, , но после тоа го поврза со дедо ми , па на него по име му се обраќа како на татко ми Мајка ми беше построга, се зближивме после смртта на татко ми ама со синко е супер баба . Со оглед на тоа што поголем дел од денот го минуваат заедно, гледам дека секој ден го учи нешто ново, му чита, го игра , едноставно се му допушта а јас не смеам да го скарам. Ептен во голема љубов се. Немам замерка за нејзе како баба.
Од неколку постари луѓе кои се веќе баби и дедовци станати, имам слушнато дека внуците повеќе се сакале од сопствените деца. Најсериозно ова. Мене не ми е сфатливо ама ете. Веројатно дека уште се премали внуците за да не ги исполнат нивните шити стандарди и барања и со тоа ги немаат разочарано сеуште и љубовта добива на тежина.
Свекрва ми постојано го зборува ова и е многу искрена. И јас не можам да сфатам, па ми вика кога ќе имаш внуче ќе сфатиш. Порано кога се гледавме веднаш со маж ми да се изгушка, да го види, сега трча прво кај внуката, некогаш со нас и заборава да се поздрави. И она и свекор ми, иста приказна се. Моите не се до толку, ама они се поблиску, па не е толку изразено. Иако гледам дека мајка ми е способна да ме истепа како кога бев дете ако нешто лошо се случи со внука и и смета дека јас сум крива. На пример падне, па јас кај сум гледала. Забораваат ние кога сме биле деца како они не гледале, па сега се наоѓаат способни да солат памет. Ама, не преќутувам, и одговарам секогаш што она правела и како не гледала, па се заќутува, зашто знае дека сум во право. Ова многу зависи од тоа колку им е дозволено од страна на родителите. Моите се под многу строга контрола зашто не сакам они да ја воспитуваат. Не сакам да и ги пренесуваат сопствените фрустрации и омрази кон се што е поинакво. Едноставно сметам дека следните генерации поинаку треба да се воспитуваат, а постарите се веќе многу назад за да имаат што да понудат. Не важи за сите, ама грото.
Татко ми, Бог да го прости, не беше во состојба да го прави со нејзе, она што го правеше со нас. Нивниот однос се сведуваше на муабетчиња и гушки. Не можеше ни да ја држи во раце, од што му се тресеа од Паркинсонот Мајка ми многу подобро со нејзе се однесува, отколку со мене. Мене знаеше и да ме шлепни, ама тогаш беше и под голем притисок ради Х причини. Сега нејзиниот однос со ќерка ми е: Да си најадена, прошетана, наспана. Малку (отпоќе) е patronizing, ама не ми е проблем тоа, ниту пак на ќерка ми.
На моите синко им е прво внуче. Многу го посакуваа ова од страна на брат ми, тој е доста постар од мене. Ама ништо. Вакви не сум ги видела до сега. Буквално се топат ококу бебево. За разлика од страна на мм каде што ова им е трето внуче и не се замараат многу, ама и не ми е битно тоа. Татко ми никогаш незнаел да искаже чувства или нешто ептен близок да е. Низ животов за сите мои постигнувања плачел од среќа, и така ми искажувал дека е горд на мене, или среќен. Со зборови не го бива многу. Сега со внуче е срцка.Му се радува премногу, на некој сепак свој чуден начин. Мајка ми е друга приказна. Она буквално се потресува. Во друг град се и нон стоп по телефон ми плаче што не може да го гледа секој ден. Кога е тука на неколку дена и треба да си иде, плаче додела го гушка. И сама ми кажува дека буквално го сака повеќе од мене и брат ми, и дека била некоја посебна љубов. Па, ваљда е
Мислам дека бабите и дедовците секогаш ќе изгледа дека си ги сакаат повеќе внуците отколку своите деца, затоа што кон нив ја имаат само таа обврска - да ги опсипат со љубов. Кон свое дете, имаат обврска да ги воспитаат и научат на најважните работи во животот, покрај сакањето.
И мене ми е несфатливо ова.Кај мене бабите и дедо ми (другиот дедо починал пред да му се родат внуците)имаа иста љубов кон децата и внуците.