Вашите 10 НАЈдобри албуми на сите времиња

Дискусија во 'Музика' започната од Phyramide, 9 април 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Инспирирана од емисија посветена на најдобрите 10 албуми на сите времиња посакав да отворам ваква тема. Не најдов ништо слично па доколку сметате дека не и е местото тука или дека е излишна - бујрум бришете и однапред се извинувам :$

    Имавме топ 10, песни кои го одбележале летото кај вас, песни кои би ги пееле, песни кои ве растажуваат или смеат. Но кои се вашите ТОП 10 албуми? Пред неколку години добив интересна задача од пријател која гласеше - размисли кои 25 албуми имале толку силно влијание што или го промениле твојот живот или пак начинот на кој си го сфаќала истиот. Те вовлекле и те држеле хипнотизирана со денови, недели, месеци, години. Токму тие албуми, без разлика на официјалните критики кои ги добиле, музички го обликувале светот во кој си живеела. Токму тие албуми те поврзуваат со конкретни имиња на луѓе, на градови, места, случки, емоции.

    Доколку размислите на овој начин, ќе си речете - ах лесна работа. Но не е толку лесно да се избере сопствениот топ 25 а уште помалку топ 10.

    Мојата листа? Ќе ги наведам сите 25 албуми кои ги наведов и тогаш. Секој еден ме шмукнал како силна правосмукалка на посебен начин. Но можеби најомилениот на сите времиња за мене е R.E.M. - Automatic For the People. Имав 12 или веќе 13 години, татко ми беше на службен пат во Прага и влегол во Virgin records сакајќи да ми донесе нешто квалитетно. Го слушнал и ми го земал. Сеуште таа касета ми е омиленото нешто што го поседувам. Фала му на тато за одличниот избор! А јас ја излижав како нитуедна и до ден денес кога ќе го чујам албумот ми надоаѓаат еден куп спомени за реални случки и луѓе.

    Еве ја мојата топ 25 листа. Но доколку треба да изберам само десет, со тешко срце ги болдирам десетте најслушани албуми на сите времиња.

    1) Everything But The Girl - Walking Wounded
    2) Sting - Nothing Like the Sun
    3) R.E.M. - Automatic for the People
    4) Portishead - Portishead
    5) The Prodigy - Music for the Jilted Generation
    6) Madonna - Ray of Light
    7) Moby - Play
    8) Coldplay - A Rush of Blood to the Head
    9) Bjork - Debut
    10) The Beastie Boys - Ill Communication
    11) Public Enemy - He Got Game
    12) NAS - I Am
    13) Jay Z - The Black Album
    14) Arrested Development - 3 Years, 5 Months & 2 Days in the Life of...
    15) MC Solaar - Paradisiaque
    16) IAM - L'école du micro d'argent
    17) Cypress Hill - Cypress Hill
    18) Groove Armada - Goodbye Country (Hello Nightclub)
    19) Jamiroquai - Travelling Without Moving
    20) Radiohead - OK Computer
    21) Stealing Beauty - O.S.T.
    22) Romeo + Juliet - O.S.T.
    23) City of Angels - O.S.T.
    24) Cruel Intentions - O.S.T.
    25) Fort Minor - The Rising Tied

    Кои се вашите и зошто (во најкратки црти)? :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    54.422
    Пол:
    Женски
    Јас ги сакам класиците :)
    На прво место без никакво двоумење
    1. Rachmaninoff plays Rachmaninoff - Кој може да го отсвири помоќно од него самиот? Бесценет талент со прекрасни скапоцени раце.
    [​IMG]
    Ги обожавам снимките на Херберт Вон Карајан, и мора да ставам неколку на листата. За жал не поседувам ниедно cd и ги имам само даунлодирано, но би ги купила ако ги најдам. Според мене, никој не ја донел класичната музика со толкав сензибилитет.
    2. Bach: Matthäus-Passion - има нешто подобро од Бах? Има - Бах под диригентската палка на Карајан :)
    Ненадминат.
    3. Karajan: Adagio - најчесто на мојата плејлиста пред спиење. Бах, Малер, Брамс, Вивалди... прекрасна колекција (ја има на Замунда за заинтересираните)
    4. Herbert Von Karajan - His Legacy for Home Video: Modest Mussorgsky - Pictures at an Exhibition
    5. Vivaldi - The Four Seasons / Von Karajan, Mutter, Berlin Philharmonic (1987)
    6. Piano Concerto #2 (на Рахмањинов, и на Чајковски).
    [​IMG]


    Доста беше од него :) Луѓе дали сте го слушале Jascha Heifetz како свири виолина? Ако има некој што нема да заплаче, главава ја сечам.
    7. Jascha Heifetz - Jascha Heifetz Collection
    Исто и David Oistrakh, често си ги пуштам еден по друг.
    8. Legend: David Oistrakh

    Бах и виолончело :inlove:
    9. Mstislav Rostropovich - The Complete EMI Recordings - ги сакам сите 28 cd-а :worried:
    10. Албумите на Yo-Yo Ma. Жива легенда. Ај нека го донесат на Охридско Лето :wasntme:

    Ќе ставам и некласични во мојата листа.
    11. Porgy and Bess (Ella Fitzgerald and Louis Armstrong album)
    12. What a Wonderful World - Louis Armstrong. Кога сум тажна и депресивна, ништо не ми дава сила како Сачмо :)
    13. High Times: Singles 1992–2006 - Jamiroquai. Просто ги обожавам! Џеј Кеј ми е симпатија :$
    14. A Rush of Blood to the Head - Coldplay
    15. X&Y - Coldplay
    16. Viva la Vida or Death and All His Friends
    17. Rio - Duran Duran
    18. Jagged Little Pill - Alanis Morissette
    19. Outlandos d'Amour - The Police
    20. Aaliyah (album)
    21. Stilelibero - Eros Ramazzotti
    22. Best 1991–2004 - Seal
    23. Put Me in Your Mix и Can't Get Enough - Barry White (се знае во каква атмосфера се слуша Бери :$ )
    24. Bad и Thriller - Michael Jackson
    25. Tracks - Bruce Springsteen

    Епа Пирамитке, еден саат го пишувам постов. Тешка тема :x
     
    На Saya и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.538
    Да видиме. Веднаш откако го прочитав насловот на темата, во глава ми се сврте албумот на Placebo, Meds. Албумот ми е полн погодок, можам секоја песна да ја слушам со уживање одново и одново. (Од овој албум ми е омилената песна за време на секс, Space Monkey).

    Значи, заслужено прво место на мојата листа.

    Второто место оди на албумот Beautiful garbage, од истоимената група Garbage. Со години се топам на вокалот на Ширли Менсон, незаменлива ми е.

    Третото место е резервирано за неповторливата музика на Massive Attack, поточно албумот Mezzanine. "Inertia Creeps" ми е една од најомилените песни, а и воопшто таков квалитетен трип хоп не сум слушнала.

    Четврто место - The Richest Man in Babylon од Thievery Corporation. (Се заљубив дур у позадина идеше Until the morning, како да не го сакам цел албум :) )

    Петто - Moon Safari од Air. Забегав малку со трип хопоиниве, ама си ги слушам да сибат векот.

    Шесто - In Utero. Ако не знаете од кој е албумов, нешто не ви е во ред со вкусот за музика. Доживувам нирвана кога ќе ја слушнам Rape me.

    Седмо место, Muse со албумот Black Holes and Revelations. Иако Supermassive Black Hole беше дел од саундтракот на Твајлајт, пак си ги сакам. :D

    Осмо, Porcupine Tree со In Absentia. Не дека другите албуми им се тапа, ама барем според мене, овој се издвојува.

    Претпоследен албум ми е од истиве погоре, In Absentia. Само јас си знам како ми беше дур на рипит ми одеше Way out of here.

    And last but not least, One More Car, One More Rider од мојот омилен гитарист Ерик Клептон. Албумов ми беше многу драг поклон.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.525
    Омилени десет албуми кои ги имам извртено од слушање, тотално им ја имам исцицано музиката и енергијата од нив, (само за себе, нели :P ) се следниве:

    1. OneRepublic - Dreamin' out loud
    Бог го благословил Timbaland што со неговите звуци ОООО, ЕЕЕЕЕ, им ја прослави Apologise. Инаку, за жал, мали ќе беа шансите за откривање на овој квалитетен бенд.
    Од текстовите, до музиката, о каков совршен спој е овој албум. :clap:

    2. Radiohead - In Rainbows
    Можеби најкомерцијалниот од сите, мене ми ја има и жичката човечност и жичката морбидност во себе. Кога го гледам спотот на All I need, си подголтнувам со кнедли, кога го читам стихот I'm all the days that you choose to ignore, неминовно ми се појавуваат некои слики од минатото... Несакајќи. Ете дотолку е моќта на албумов.
    Го знаете она чувство како со нешто сте се збогувале одамна, ама ви мртка болно, ем нежно?
    Reckoner, House of cards, Videotape, 15 step, Up on the ladder... Боже дај на еден ден да сум Thom Jorke.

    3. Alicia Keys - The Element of Freedom
    Во каков State of mind (New York, New Yooooooork) била девојкава додека ги крчкала Un-thinkable и Pray for forgiveness? Онаму каде се нижат бисери од соништа и најинтимни чувства, зачинети со секс, копнеж, страст и бебешко масло :) .

    4. Christina Aquilera - Stripped
    Револуција. Глас. Стас. Храброст. Достоен поп звук.

    5. Daniel Bedingfield - Gotta get thru this
    Ова момче албумов го има скрпено во својот подрум со помош на другарчето компјутер. Се' е негово - од текст, музика, аранжман, интерпретација. Штета што не извади повеќе од два албуми, ама ова првенчево е буквар за квалитетен поп.

    6. Justin Timberlake - Future Sex & Love Sounds :inlove:
    Револуција бр. 2. What goes around...comes around. И не треба повеќе да се зборува.

    7. Kanye West - Graduation
    Уникат. Од прва до последна. Среќно копиле, сакам и јас албум како Дипломецов, и си го сакам мечето во спотот. И ќе го сакав и дуетот со Крис Мартин.

    8. Method Man and Redman - The Blackout II
    Ќе си речете - продолженијата никогаш не се добри како оригиналот.
    И за првпат во животот - ќе погрешите. ;)

    9. Ne-Yo - Year of the Gentleman
    Само НиЈо ги сфаќа и разбира жените. Кога ми треба љубов и разбирање од екс факторот, си се вртам накај него.

    10. The Script - The Script
    Ирци, Ирци... "Before the Worst", "We Cry" - може ли некој да пее така брзо, а толку продорно и емотивно?

    Сите песни на овие албуми ми се убави, без ниту еден единствен исклучок.
    Буквално комплетни албуми.
     
    На Kaylie, MarchelineAmaru, KalaV и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски
    1. Pink Floyd - Dark side of the moon, на врвот од лисатата

    2. EKV - не можам да издвојам еден, значи сите албуми од Екатерина Велика, вклучувајќи го и Angel's Breath на Милан Младенович, и албумите со Шарло Акробата и Кaтерина II

    3. RHCP - One Hot Minute, според мене најдобриот албум од RHCP пред да се комерцијализираат

    4. Thievery Corporation – Сите албуми сум ги слушала и преслушала, ама ете би го издвоила The Richest Man In Babylon

    5. The Cure – Disintegration (Love song :inlove: )

    6. Morphine – Yes, експериментален рок со примеси на џез, блуз, ги препорачувам на сите што не ги слушнале

    7. Архангел – 1 и 2, не можев а да не ги сместам тука

    8. Pearl Jam – Ten

    9. Darkwood Dub – Живот почиње у 30-ој, а и целата нивна дискографија

    10. Bob Dylan - Highway 61 Revisited или Blonde on Blonde :?:

    И не можам да застанам тука, ги има уште многу ... ми направивте проблем... :(
     
    На mamma-mia, Trnche, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    227
    Мојот вкус го кажува следново:
    1.The White Stripes - Elephant
    2. Pulp - Different Class
    3. Jeff Buckley - Grace
    4. Red Hot Chili Peppers - Californication
    5.The Beatles- White album
    6. The Clash - London calling
    7. Tom Waits - Rain Dogs
    8.Tracy Chapman - New Beginning
    9. Katie Melua - The House
    10. Nick Cave and the Bad Seeds - Henry's Dream
    Bonus 11. Metallica - Master of Puppets
    12.The Doors - Waiting for the Sun
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    1. Placebo - Black Market Music
    Меланхоличен и депресивен. Цела нивна дискографија ми е преслушана и ми беше тешко да одлучам кој албум да го изберам. О, колку приказни крие секоја песна за тоа како сум ја доживеала, колку инспирација се црпела од секој збор, колку пати сум заспивала со слушалки на уши додека ги слушам. Тмурно време и осаменост ме асоциират на Пласибо, мазохистички.. Во секоја етапа имам по некоја омилена песна што манијачно ја вртам.

    2. Florence Аnd The Machine - Ceremonials
    Па можеби само на Seven Devils не и е местото на албумов. И песните нема да го имаа истиот шмек, ако не ги испееше Флоренс. Има некој специфичен и моќен глас.

    3. The Smiths - The Queen Is Dead
    Шмекот на осумдесетите. Така си поплакувам некогаш на "I Know It's Over", кога при крајот на денот доаѓам дома, гасам светло и спуштам ролетни.

    4. Sixpence None The Richer - Divine Discontent
    Маенстрално. Предобар вокал, уште подобри текстови и мелодија. Сетоа тоа вклопено на едно место. Пред кратко време ги пронајдов со Kiss me и оттогаш постојано ги слушам.

    5. Ареа - Нешто недостасува
    Нешто македонско на листава. Еден од подобрите македонски бендови и Ружица како најдобриот вокал. Нешто недостасува, Дозволи ми, Колку ми значиш, Јас сум ти пријател.. ма сите песни, цел албум е предобар за мој вкус.

    6. Bon Iver - For Emma, Forever Ago
    Сите лични проблеми Џастин, недостатокот на перспектива, душевна болка, тага, љубов, загуба и вина, кои биле складирани во текот на изминатите шест години, се претчоле во музика. Баш поради тоа што се употребени мал број на инструменти и доминира вокалот, ми се допаѓа.

    7. The xx - xx
    Ехо и празнина на звукот. Имаат потенцијал со првиов албум, да биде од нив добра група. А секој прв албум е подобар од следниот, затоа што не е комерцијала.

    8. The Kills - Midnight Boom

    9. Massive Attack - Heligoland

    10. Depeche Mode - Sounds of the Universe
     
    На kravce, mamma-mia и Tenkai им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    11.826
    Пол:
    Женски
    1. Placebo - Sleeping with Ghosts - Се запознав со нив преку овој албум и ми е број 1, не само поради тоа што ми е драг, туку песните се... маестрални. Хипнотизираат. Секоја песна предизвикува бура од емоции,не знаеш дали си среќен,дали си тажен,дали те расположиле,или те бутнале уште подлабоко во меланхолија. За мене, СОВРШЕНСТВО!

    2. Placebo - Black Market Music
    3. Placebo - Meds


    Првите три места им припаѓаат нив,нема група,нема албум кој може да ми ги тргне од врвот.

    4. Incubus - Light Grenades - што да кажам,повторно совршенство...

    5. The Offspring - Americana - класика ми е албумов,на чело со Pay the man.

    6. Red Hot Chili Peppers - Californication - повторно класика, Scar Tissue ми е најдрага нивна песна, ама и не само таа, воопшто целиов албум можам на рипит со денови и нема да ми здосади.

    7. Coldplay - Parachutes

    8. Radiohead - OK Computer


    9. HIM - Razorblade Romance - Колку бев на времето заљубена во албумов, одамна го немам слушано,но ќе ми остане еден од најомилените албуми некогаш направени, и секоја песна ја сакам премногу,без разлика на тоа што ми се запоставени малце.

    10. The White Stripes - Elephant


    Првите три места се, како што кажав, фиксни, а од 4то место па до крај се по рандом редослед,нема правило,сите ги сакам еднакво.
     
    На DzingrlakaDzikica, kravce и L-enna им се допаѓа ова.