Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    Епа девојки, жени, домакинки, знам дека секој на свој начин сме си создале наш рецепт, било да е солено или благо...
    Ете јас ке почнам прва.
    Пред некој ден маж ми ми побара благо нешто да му спремам, и од тоа што имав дома направив вака:
    имав сува торта купена од оние што личат на ролат (не знам како ги викаат) ги има од чоколадо, со суво грозје итн.
    ги исеков парчињата округлести дебели колку прстот
    ги наредив во водоотпорната тава (а може и во обицна коцкаста тава)
    спремив чоколаден пудинг и така врел го ставив одозгора, и врз пудингот ставив ореви (а може и овошје пример банана) па пак наредив уште еден ред од сувата торта и пак ги прелив со останатиот пудинг и го оставив да се олади.
    после еден час го пробавме и навистина прсти да излижеш... мене ми се допадна а најважно на маж ми многу му се допадна.
    Ајде сега ме интересира за ваши случки со ваши рецепти, знам дека ке бидат интересни ;)
     
    На Maeeeee и MiiLla им се допаѓа ова.
  2. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    lleee sram da vi e, na nikogo nesto da mu tekne da napise :lol: :lol: :lol:
    ah domakinki domakinkiiii :lol:
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. divine

    divine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    21
    lele jas mislam deka sum tapa vo ova neznam iako imam 22 godini od sredno odma na fax i ako izgovor za ucenje ova ona , ne sum se zaangazirala neso da naucam posebno samo ima edno blago so znam da go pravam i mi se dopaga , biskviti obicno topis vo caj ili mleko i gi redis vo tavce i odozgora stavas puding bilo kakov , i pak biksviti , taka nekolku reda i na kraj moze da stavis cokolado none za gotvene tuku obicno nemora da bide nekoe kojznae kolku skapo , os pudingot biskvitite ke omeknat i ubavo e ! a se sramam so neznam nisto da pravam i sea ke se zaangaziram da naucam , pa ke ve viknam :) :D :P
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    divine, ne znam dali bi sakala da probam nesto sto prv pat ke go spremis, ama ajde nakani se da napravis i pokani me, ne za drugo, znam da dadam podrska i volja da prodolzis ponatamu :)
    eee jas na tvoi godini skoro site mandji znaev da gi pravam... i sega svekrva mi mi zaviduva, ama i se gordee so mene :D
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rodne

    rodne Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    dobra ideja
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    69.331
    Пол:
    Женски
    Еве ќе напишам и јас нешто... не дека е нешто ново, ама јас вака ги правам брускетите...

    Значи земате било каков леб, црн, бел, полубел (по можност отстоен неколку дена :lol: ) може и багет...
    го сечете на не многу тенки парчиња
    го потпекувате на тостер или во рерна, само малку
    го мачкате со лукче - земате едно чешне и го триете од лепчето
    ставате лажичка маслиново масло одозгора
    одоздола ги мачкате со малку маргарин (не мора)
    посипувате кечап по можност домашен
    посипувате оригано
    ставате рендана салама, кулен, или чајна (куленот и чајната не мора да ги рендате, може и цели парчиња)
    рендан кашкавал или сирење одозгора
    ги печете в рерна во тавче со хартија, не подмачкано...
    малку ќе се потпечат, па им ставате матено јајце одозгора, по малку
    Се остава да се испечат, ама онака убаво, да крцкаат, дури и мекиот дел од лебот да биде убаво испечен

    Сервирате со кисела павлака или тартар сос, по желба...

    Јас ги обожавам вака, а гледам дека и идната ми свекрва им го фрли меракот :lol: :lol:
     
    На Ema.Sk, joy1, D-a-n-i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    bogami vakvo nesto ne sum probala, a bas mi izgledaat vkusni...
    ajde denovive ke gi probam,,, pa ke ti kazam dali mi uspealo...
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    69.331
    Пол:
    Женски
    Пробај, јас ги правам и кога ќе ми дојдат ненајавени гости, или пак ако ми се јават пола саат пред да дојдат, одма се спремаат, и мислам дека ќе ти се допаднат...
     
  9. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    59
    E ova mora da se proba! ;)
    A da vi go preporacam mojot specijalitet :) si go pravam koga sum raspolozena za gotvenje,iako nemam mnogu vreme da go pravam toa(obvrski na fakultet,itn..) Obozavam pasta, a posebno koga eksperimentiram so sosovite. Si pravam sekogas najrazlicni kombinacii, a omilen mi e toj "najteskiot" i najkaloricniot :)
    Vaka, potrebni vi se slednite sostojki: suvomesnato(moze sunka,sv. vrat,dimena slanina), zdenki ili kaskaval, neutralna hopla i bosilek.Prvo mevceto go seckate na kockicki i go zaprzuvate so mnoooogu malku zejtin.Otkoga ke zarumeni,ja stavate hoplata i ubavo mesate.Potoa gi stavate zdenkite i mesate se dodeka ne se rastopat i koga smesata ke pocne da se zgusnuva go stavate bosilekot..i go imate najubaviot sos!Sega kolicinski ne znam da vi kazam kolku zdenki,kolku suvomesnato,se si e toa po vkus i zavisi za kolku lugje se sprema :)
    ama sosot e fantazija.....Go stavate duri e topol na prethodno svarenata pasta(makaronite ili spagetite, no ako sakate da gi iznenadite najbliskite mozete da zemete Bucatini-izgledaat isto kako spagetite, no imaat dupce vo sredinata:) gi ima na Divella....
    Buon apetito! ;) :mrgreen:
     
  10. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    :up: :up: :up: mila
    i jas obozavam sosovi, i slicni gi praam... no jas bidejki ne jadam svinsko, si praam so pileska prsa ili stek... i pecurki i neutralna hopla... ama ova so zdenkive i bosilek interesna rabota, pa mislam deka na mojov moze da dodadam zdenki i bosilek, i mi izgleda vkusno, fala ti ;)
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Annath,Ми се допадна твојот рецепт.Ама и јас имам еден за набрзинка кога ми се јаде а незнам што :D
    И тоа е просто :постар леб,сечам од него ептен танки парчиња,и ги мачкам со маргарин ама оној што е без холестерол(не знам колку е така ама нејсе,барем посветол е :? )по малку колку да се речи,и озгора му рендам сирење по можност посолено да е,и најзгора ги посолувам убаво со буковска пипер,и тоа лута,колку што можам да јадам и на крај едно квалитетно печење додека да стенат крцкави.Ова е слично како нафора,ама мене ми е повкусно оти повеќе се печат такви лепчиња.
    И од утер сите ваши рецепти ќе ги пробам :D
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    Katee nemoj slucajno da si gi probala site odednas :lol: :lol: :lol: ke me obvinat za kazneno delo, i kojznae kade ke zavrsam... a tebe toksikologija sigurno ne ti bega :lol: :lol: ... se zezam, fala ti za lepcinjata, vakvi ne sum gi probala, jas si praam mackani so margarin i odozgora parce kaskaval (po moznost ovci) po mrsen e i podobro se topi... ajde vo sabota doma za dorucek ke gi probammm...
     
  13. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    14.164
    Солена торта! Излезе овој рецепт од немајкаде...
    Имав спремено готови палачинки, и дојдов до идејата да ги филувам со солени продукти, но ми текна дека можам да направам и торта :)
    Ништо посебно не ви треба! Околу 10тина готови палачинки, со неутрално тесто (не му ставајте шеќер или сол додека го приготвувате) и интересниот дел : омлет! :)
    Правите солен фил од : 2 павлаки, ситно сечкана шунка, кисели крставички, рендан кашкавал, рендано сирење, сецкани шампињони, буковска пипер,(без семки) оригано и 2 лажички сенф. По потреба посолете и забиберете.
    Во чинија редете ред палачинка, намачкајте ја со фил, па уште една палачинка, и меѓу секоја трета, ставете омлет - направен во истата големина на палачинката, од две јајца со половина лажичка кари ( на 10,11 палачинки, околу 3 омлета ќе ви требаат) и редете се додека не ви се потрошат палачинките и филот. Последната палачинка треба да е одозгора. Целата торта премачкајте ја со добро изматена павлака и украсете со кругови кисела краставичка :)

    Оставете ја во фрижидер да се стегне, и сечете ја на парчиња како торта, вкусна е за со пиво!
    Мене ми испадна супер :)
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    :clap: :clap: :clap:
    a ako navistina celosno e tvoja ideata (sto ne se ni dvoumam) zasluzuvas mnooguuu :clap: :clap: :clap:
    eeete taka, poleka poleka pocnavme da si gi otkrieme sposobnostite i za domakinstvo, ako sme mladi...
    fala ti... i bi sakala vakvo nesto da probam, a i ke go probam...
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: не се секирај,нема,чесен збор.Ама ја направив твојата торта,и сега чекам да се соземи малку.И ми се плаче кој да ја чека,вкусно изгледа :( :lol:
     
  16. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    3.740
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас вака си ги правам печените лепчиња

    Го сечам лебот ( кој е малку отстојан) на парчиња, од двете страни го мачкам со маргарин - тенок слој, во одреден сад мешам јајца и во нив додавам малку вода, кисела павлака или кисело млеко во зависсност сто има дома, внатре ставам шунка, кашкавал, сирење, чајна, врат, што ке најдам тоа, и смесата ја ставам врз парчињата, одозгора ставам по малку кечап и ги посолувам со вегета, оригано, буковска сол, ептен малку бибер и се пече едно 10 -15 мин во зависност од рерната, (рерната да е убаво загреана кога ќе ги ставите да се печат), посте тоа прсти да излижеш мх мх мх и сега ми се прејади нешто ај ќе одам нешто ќе спремам :D :D :D
     
  17. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Еве и јас како правам лепчиња :)
    Сув леб црн го сецкам на парчиња,ставам малку маслиново масло,ептен малце кечап(благ да биде),одозгора ставам многу моцарела (од оние топчињата свежа моцарела)па оригано и малце сол ги ставам да се печат колку моцарелата да се растопи ,иии премногу е вкусно а и брзо,пробајте :D :D
     
  18. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    super lolitaaa...
    uste temava da bese recepti so lepcinja :lol: :lol: :lol: :lol:
    se zezam, fala ti za ideata, planiram sekoja nedela po eden od receptite da probam :D
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    69.331
    Пол:
    Женски
    Баш ја утепавме темава со лепчиња :lol: требаше да се вика лепчиња на илјада начини...

    Ај сега уште еден рецепт од мене, ама овој пат за салата (правев руска салата сабајлево, па ми текна дека кога бев на факултет си ја правев многу често оваа чиј рецепт ќе ви го напишам сега)...

    Вака: земете риба од конзерва, најчесто користам туна во парчиња, исцедете ја од маслото или водата, сеедно, па во подлабок сад растурете ја и иситнете ја. Исцедете еден лимон и посипете ја одозгора, ставете црн бибер, оригано и сол по вкус. Убаво измешајте и оставете ја да постои барем 20 минути во фрижидер. За тоа време исечкајте ситно младо кромитче, ако нема младо може и старо ;) свежа краставица (може и кисели краставички ако не ви се наоѓа свежа во моментот) и малку магдонос - измешајте го сето ова убаво со рибата, со кисела павлака и една лажица мајонез... гарантирано освежува и супер оди со пченкарен чипс, крекери и слично, а може и само така да се јаде - а ова е доволно за двајца :D
     
    На Ema.Sk и MiiLla им се допаѓа ова.
  20. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    66
    ova mi go preporacuvas za vecerva so maz mi ili? ;)
    superiska izgleda...
    fala ti... :D