Еве јас ја отварам оваа тема.Знам малку е специфична но ете да се разговара на оваа тема малку Се надевам дека на форумот има членови кои се како мене или вдовец или вдовица но се срамат да го кажат јавно Јас ја изгубив сопругата минатат година од модерната болест која за жал ја има се во поголем процент во МКД
Не верувам дека премногу коментари ке добиеш оти темата претпоставувам кај повеќето жени( а феминки се углавном жени) оди заедно со емотивна тегобност. Јас би прашала ако сакаш да комемтираш за тоа, после колку време од смртта на сопругата се осеќаш/или не се осеќаш спремен за нова врска?
Нека и е лесна земјата Никола. Ќе најдеш нова партнерка со која ќе бидете среќни. Се во свое време. Не си ти виновен за нејзината смрт, не може ништо да промениш, така требало да биде.
But why? Сочувство инаку. Во еден период од животот им се случува и тоа на многу луѓе, кај вас малку рано, но не се може ништо тука...
Тешко е сам да одгледуваш деца. Ова од искуство. Татко ми е вдовец долги години. Откако мајка ми почина се беше на негов товар. А многу значи да имаш поддршка и од другиот партнер. Во тие случаи ти си и мајка и татко на децата. Животот не треба да застане по смртта на партнерот. После некое време добро би било да си најде човек партнер (кој си сака).
Za sto konkretno bi sakal da razgovaras? Koj del od 2vo 1 te interesira ,jer ima mnogu ,ama bas mnogu za pisuvanje
Суштината е само емотивна тегобност. Друго ништо. Нешто што не саκам да бидам. Жално. Зошто животот понеκогаш одигрува ваκа и ни ги зема тие што ни се најпотребни. Одговорот е јасен. Затоа што е суров!!!