1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вевчански карневал

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од miljkovic, 27 декември 2010.

  1. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Бидејќи сум од Вевчани, а и се ближи Василица, сакам да ги слушнам вашите мислења за нашиот Вевчански карневал! Дали сте биле некогаш како сте поминале...Дали сакате да дојдете да го посетите?
    Тука ја ставив темата бидејќи не знаев кое е соодветното место, па слободно можат администраторите да ја преместат! ;)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Сум била неколку пати и стварно немам коментар. Алал да им е на луѓето, од кај црпат инспирација? А и костимите не се ради-реда направени, баш се добро изработени и обмислени.
    Како малечка ми беше страв искрено :D :D особено од оние кои скокаат како со коси некои на главата... ауу страв и трепет ми беа :D
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Лелееееееееее Вевчаниииии го обожавам не само карневалот цело Вевчананиии леле тоа е најубавото место во западна Македонија (да се разбереме јас сум од другиот крај на Македонија :) ) Имам одено на карневал и прекрасно е леле браво за вевчанци стварно се држава . Кој не е бил во Вевчани мора да обавезно да иде тоа не се испушта ;)
     
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    хахаха многу повеќе вие го промиравте од мене! :) Хипица ние жевееме за тој ден...365 дена ние се подготвиваме за таквиот настан и мора да се има инспирација!
    Иначе и јас како мала многу се имам плашено од маските, ама затоа сега секоја година се маскира и ја ги плашам малоте дечиња се салам ;) ;)
    Епа повелете и оваа година се надевам дека најубаво ќе си поминеме! :)
     
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    "Держава" Вевчани RULES! :D
    Карневалот си е супер - одлично смислени костими, расположение на ниво, алкохол во неограничени количини.... мераци. Лани бев и не ми се допадна едни ненормални маскирани во војници и онака пијани пукаа како во војна да бевме. Има и многу вулгарни маски - можат бар малку со усул да одат сепак има и мали деца што ги гледаат.
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Три пати сум била и си поминав незаборавно. Едвај чекам пак да дојде Василица, оставам и учење и дечко и се, за Вевчани. Еднаш беа дојдени од некоја невладина организација - странци и се чуделе какви ни се овие обичаи на нас македонците, што сме сите пијани за карневалот :D
    Никако не смее да се заборави и клубот "Фросина", после церемонијата, таму продолжува журката до раните утрински часови.
    Една од најдобрите манифестации во државава! Се надевам дека уште многу години ќе ја негуваме.
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Во Вевчани сум просто заљубена, а за карневал барам придружба. Никој не се нафатил да ме дружи до таму, а толку сакам да одам.
    Сум била на сличен карневал во Банско и иако се плашев од прва, потоа ја видов уметноста која ја гледав цело време пред себе. :)
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Во Вевчани просто сум заљубена прекрасно, совршено мирно местенце секогаш кога и да отидам беспрекорно уживам, прекрасен народ се. Жал ми е што оваа година нема да можам присуствувам на карневалот за уште поголема моја жал ќе настапуваат Црвена јабука и Азра, жал ми е што нема да присуствувам :(
     
  9. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Вевчани е рај, како за очи така и за душа. Прво ми е на листата омилени места во Македонија. Сум го посетила неколку пати, но никогаш за време на карневалот. Најчесто карневалот го гледам на телевизија ако даваат нешто. Чинам дека е сличен со тој што го имаме ние во Прилеп за празникот Прочка.
    Интересни маски, замисли, креации.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не сум напишала впечатоци, нели?
    Оваа година, на мое големо (поголемо не можеше да биде) инсистирање бев на Вевчанскиот карневал.
    Всушност, прв пат одам на карневал. И, искрено да ви кажам, бев фасцинирана.
    Оригиналност, креативност, успешна изведба, се собрано на едно место. Во Вевчани!
    Маски кои ја отсликуваат нашата реалност, говорат отворено за она што сакаме да го кажеме, а друг пат не можеме... Бркање на злите духови. Уплав добив од тие во црвено облечени кои пафтаа со опашки и лисици. :D
    Обама, Саркози, претставници на ЕВН овај на ЕБАНА, палење на грчкото знаме, летање за Европа, Титови пионири и уште еден куп други... Навистина преубаво.
    Дефинитивно вреди да се посети. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    Јас сум бидена и многу ми се има допаднато многу е јако се некакви маски кога ке измислат и тоа има многу што од разни земји идат поради овој карневал кој е станат многу популарен :D :D :D
     
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Прекрасни маскииии, заљубена сум во Вевчанииииии... :@ :puke: |(
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Вевчани како место е прекрасно: мало, скромно, со безценета природна убавина идеално за посета но за вевчанскиот карневал, немам такви впечатоци. Според мое мислење тоа е само еден карневал кој ја почитува долгата традиција; што е за почит, ништо повеќе.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Јас досега не сум била но сега имам можност. Е сега, проблем е што мразам гужва и не знам дали наредна година да одам или не. :D
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Не сум била, но што според вас треба да се види, сместување каде и за колку пари, јадење каде, превозот како е Скопје - Вевчани, поврзани ли се добро?
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Апартмани Шутиновски ама многу далеку ми се некако, апартманите на Виа Игнациа, Кутмичевица, Вила од Алула, Домаќинска куќа..
    Јадење во истиве од погоре освен во Шутиновски..
    Пари - како низ цела МК..
    Превоз - не знам, со кола одевме..
    Самото Вевчани е приказна за себе, да се прошета..
    И водопадите обавезно..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    50.856
    Пол:
    Женски
    Сакаме утре да одиме во Вевчани. Карневалот е утре нели? Преку ден е? Некоја информација да ми кажете:D:*