Темава ја отворам за да споделуваме вегански рецепти за здрави оброци, ужинки и слично, па можеби и некој што не е веган ќе направи нешто.
Ова ми е едно од поомилените јадења во комбинација со бел ориз, го правам во air fryer но мислам дека може и во рерна, за жал рокот на маслото од сусам пишува дека е 30 дена од отварање, па брзо ми се расипа, сега го правам со сончогледово, можеби и со маслиново би било добро.. https://chocolatecoveredkatie.com/sticky-sesame-cauliflower/
Јас не сум веган, ама преферирам да се хранам поздраво и не сум некој фан на месо, на инста следам доста профили со вегански рецепти и ми се допаѓаат.Би било супер да споделите некои испробани рецепти. Јас до сега имам правено хумус, ставив наут,маслиново, таан, малку лимон и лукче, све од прилика. Јајца дали има во вегански рецепти, мислам не?
Апсолутно не. Ништо од животинско потекло, ни мед. Јас сакам блогов да залепам. Ко ќе имам поќе време ќе пишам и конкретни рецепти. Не најздрави, ама веган/plant based. Иако мислам дека ако се тргни медот (да замениме со јаворов сируп пример) посно=веган и веќе има таква тема и рецептите и таму и ваму се поклопват во огромен %.
Мачканици разни, хумус, веге паштета, ајвар, здробено авокадо, намаз од маслинка. Со свеж зеленчук. Веге виршли. Има веге овошни јогурти, во комбо со гранола, чиа, мелен лен. Чиа пудинг со веге млеко. Палачинки, има разни рецепти без јајце со веганско млеко. Тост со веге кашкавал. Варени булгур или киноа со сезонски свеж зеленчук (баш денес појадував булгур со посен мајонез, копар, краставица и домат, сè измешано). Палента.
https://forum.femina.mk/threads/Риба-начини-на-приготвување.1334/ Поентата ми е, се шо ставав таму апсолутно би одело и тука. И која е границата да знам каде е посоодветно? Вклученост на риба ко има тема за риба? Ама чим останват темите одделени, радо би ставала рецептите во наслов шо содржи веган него поинаку пошто на крај на ден не постам. Мексиканска лазања ми е прилагоден рецепт од Арт Кафе Битола пред да затвори. Накратко е смеса од вердино мелено или џекфрут од дм, со многу зеленчук и кога сум расположена со црвена леќа. Пропржено со зачини и доматен сос, меѓу тортољи. Од горе на сликата се обидов да ставам топинг за паста (веган пармезан) ама беше фејл. А и да. Се печи 5-6 минути на најсилно. Ова плус сенф ( и можеби кечап) ми е формула за совршен веган сендвич. До сега на кој сум го презентирала го одбирале наспроти месо опциите. Ова го пишав и во другата тема, модар патлиџан печен дур кората не се напрај кафена за да се излупи. Се лупи. Се кини на тенки парчиња. Се зачинува по желба. BBQ сос. Се меша. Се потпеква уште некоја минутка да прокрчка. Со слој хумус на гиро пита и зеленчук е оргазмично. Ова сум сигурна дека го имам постнато исто така ама ми е омилен намаз и дел од секојдневието: https://lovingitvegan.com/vegan-tuna/ Мене ручек ми е прв оброк ама не сум јадела типичен појадок за да имам типичен појадок предлог шо не е овес. Еден период бев опседната со peanutbutter and jelly комбинации каде пастата од јатки беше од различни јатки дур не ги прејадов за периодов.
Еве одличен рецепт за ручек + во комбинација со каква било салата Печени вегански плескавици - со семиња Состојки: - 2 тиквички - 2 модри домати - 150 гр. мелени овесни снегулки - магдонос - кромид и лук (количина по желба) - сол, црн пипер и оригано по вкус - 1 голема лажица куркума - 2 големи лажици ленено семе - 2 големи лажици чиа семе - малку ладно цедено маслиново масло за запржување на модрите домати заедно со лукот и кромидот Подготовка: Изрендајте ги тиквичките и посолете ги со сол и оставете ги да стојат околу 20 минути , па исцедете ги. Во меѓувреме изрендајте ги и модрите домати , посолете ги и оставете ги да стојат 10 минути. Во тава на оган ставете ги ситно сечканите кромид и лук и додатете ги исцедените модри домати и зачинете со погоре наведените зачини. Исцедените тиквички ставете ги во поголем сад и додајте ја содржината од тавата и добро измешајте. Од смесата формирајте плескавици и ставете ги да се печат на мрсна хартија на 200 степени.
Ааа мексиканската лазања може да се проба. Мислам дека ми се згади малку од благите оброци,морам да се префрлам повеќе на солените. Меѓудругото, невиден обожавател сум на путер од кикирики,на крај, направив алергија на него. Сега веќе сум интолерантна на него.
Зато ќе мешаш. Еден ден мачкав путер од кикири, друг од бадем, трет од фстак и леле омилениот, уште лајче дали имам од овај - фстак со лешник и крач од бадем чинам имаше ( овај не е веган има и засладувач мед). И пошто Леска најави дека периодов нема да имаат фстак варијанти, како то едно лајче го чувам за зол час то чудо некое. Оргазам е. Еј. Не дека другите не се, добар путер од јатки е добар путер од јатки. Или уф. Урма сечена на пола, на едно полојнче крем од горко какао (веган е, темно сино паковање мислам дека фирмата Кечо ја имаше ставено во темата за веган продукти), путер од кикири ми оди најсовршено ама со секаков имам јадено. Малку суво овошје можи ама и не мора. О р г а з а м. Кремој од јатки > секс.
Вчера правев ручече што вака измешано на чинија изгледа хаотично, ама многу вкусно испадна: Состојките се овие: црвена леќа, кускус, златна мешавина, тиквица, печурки, хопла (во ДМ има веге) и зачин. Вечерта претходно покиснав околу 200 гр. (околу пола ќесе) црвена леќа. Потоа утредента ја претурив во тава, заедно со околу 100 гр. кускус, половина ќесе замрзната златна мешавина, ситно исечкана свежа тиквичка (не многу голема) и шака печурки (толку имав, па да ги дотрошам, инаку би ставила повеќе). Посипав 500 мл. хопла и една лажица масло, и сè измешав. Печев 35 минути на загреана рерна на 200°С, со повремено мешање за да леќата наизменично се пече, а кускусот да не се препекува многу на површината. Пренајвкусно јадење испадна, а многу убаво оди и со чили лут сос одозгора кога ќе сервираш во чинија.
Ќе лепев рецепт ама ми текна дека импровизирав Прво зедов зеленчук со малку масло напрскан да се печи, насечкан на крупни парчиња. Зеленчук: тиквица, модар патлиџан, пиперка, црн и црвен грав, грашак, пченка, беби морковчиња, кромид, тофу. Го зачинив и убо измешав. Зачини: сол, пипер, чили, лута пиперка, мешани лути зачини, миксо за пилешко шо го земам е совршен за на печен зеченчук (рузмарин, лук, мајоран има). Ко почнаа убо да се печени, зоврив вода со сол, ставив кускус. Го исцедив. Измешав со зеленчукот. Пробав да видам шо од зачините ми фали. Додадов сол и чили. Измешав и уште 2 минути измешано да прокрчка остајв. Не сум фан на зеченчук ама колку шо пробав малку, се толерира оти кускусо е многу вкусен. Убо се измеша низ зачините и ептен е вкусен.
Јас открив gochujang и неговото постоење ми ги прај јадењата совршени. Прво, веге крем за готвење + gochujang (го земам од К-шоп) + печурки ми е совршенство за на тестенини. Плус малку веге кашкавал ако сте фан и имате нешто с о в р ш е н о. Исто и ова, малку маргарин, лајче gochujang и половинки кромид да се печат. Еднаш се вртат и после на околу 200°С печев со постојано поливање од сосот од страна. И сол. Да, сол. Супер додаток на било кој оброк иди. И најснек: оризова галета намачкана со путер од јатки, малку јатки за кранч по избор (пр. Путер од кикири и малку кикири накршкани од горе, мешан путер од јатки и индиски орев накршкан од горе или бадем итн). И се ова макнато од горе во чоколадо да фати слој. Се здрвува и е yummy. Немам индивидуална слика од скоро па еве со други работи од страна како иди: