1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство vs Carnivore diet

Дискусија во 'Диети' започната од Peanut Butter, 29 декември 2022.

?

Што е поздраво, веганска или Carnivore исхрана

  1. Vegan

    21 глас(а)
    38,2%
  2. Carnivore

    6 глас(а)
    10,9%
  3. Ни едно ни друго

    28 глас(а)
    50,9%
  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Моментално е тренд т.н. Carnivore исхрана чиј фокус е јадење на месни и млечни производи. Дел од луѓето кои ја промовираат оваа исхрана јадат исклучиво сирово месо (незготвено), живи јајца, дури и пијат крв. Исто така се против конзумирањето на зеленчук и во голем дел овошје, а некои дури и не пијат вода. Аргументот е дека природната исхрана на човекот се животински продукти и дека зеленчукот и голем дел од овошјата не постојат во природата туку се man made.

    Од друга страна ги имаме веганите кои се чиста спротивност на ова. Некои од нив се вегани од етички причини, но тоа не е темата, да пробаме да гледаме исклучиво од нутриционистичка гледна точка. Веганите тврдат дека апсолутно сите нутриенти може да се примат без конзумирање на животински производи.

    Од здравствена гледна точка, што според вас има повеќе смисла?

    Мој став, од лично искуство, врска немам од нутриционизам, е дека се согласувам со критиката на carnivores дека ако веганството е природно, зошто потребата за имитација на месо и сирење? Јас лично додека постам имам потреба за сирење, месо не којзнае колку, но дефинитивно млечни производи и јајца ми фалат. Од друга страна, не можам да замислам да не јадам овошје и зеленчук за кои исто чувствувам потреба. Она што е страшно е тоа што без оглед во која група припаѓаме, храната која ја јадеме е полна со отрови и хормони, екстремно тешко е да најдеме вистински здрава храна. Мислам дека балансирана исхрана вклучува животински и растителни продукти, но исклучиво од домашно производство, за жал, тешко достапни за повеќето од нас.
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Веганство....дури не ни може да се натпреваруваат, едното е лудост со сериозни последици, другото е докажан начин на исхрана кој може да го зголеми квалитетот на животот. Иако веганството има downsides можат да се надоместат, а може и да се направат модификации и да се внесува риба и млечни производи па да биде вегетеријанство.
    Мислам, секој може да си јаде незготвено месо, не му бранам, болнички кревети има.
     
    На sj *O*, busavobebe, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.554
    Пол:
    Женски
    Поздраво е да се исфрли месото од исхрана отколку зеленчукот. Ова го имаат докажано бројни истражувања. Месо ако се јаде, да не биде пречесто (еднаш неделно е доволно) и да биде добро зготвено, полу живо е отров за организмот.
    Самата вилица на животните е показател дали некој вид е природно да биде месојадец или да се храни со растенија. Забите и системот за варење се разликуваат кај месојадни и тревопасни животни, а човекот е повеќе сличен на тревопасните.
    Јас практикувам балансирана исхрана, да има и овошје, зеленчук и месо (умерено) и млечни производи.
     
    На sj *O*, VDT2906, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Plant based исхрана секогаш ќе биди подобра наспроти храна висока на месо. Дури и "најздравата" исхрана, Медитеранската, ептен ретко вклучва црвено месо, понекогаш бело месо и риба, а се друго е здрави масти, whole grain хидрати и мешунки.

    Оти прајте од остатоците месо паштети и салами? Како е то природно? :devil: Не само шо не е природно, не е ни здраво. Инаку за твоето прашање - оти е интересно. Сакам кога земам рандом рецепт оти личи вкусно и го адаптирам да нема месо. Како предизвик ми е. Лично, полесно ми е да оформам здрава порција ако леќата ја испечам како нешто познато - плескавица, и сфаќам дека е извор на протеин и полесно можам да испланирам застапеност во чинијата.

    И следно збораш за потребите. Чоколадно млекце сакам. Сакам и капучино со екстра млеко. And I'm lactose intolerant. :D Ако одиме по желби, не секогаш сакаме то шо е добро за нас. Брза храна? Не е добра за нас ама ја сакаме. Благо? Не е добро за нас ама го сакаме.
     
    На sj *O*, busavobebe, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.464
    Индивидуално е, со тоа што верувам дека за повеќето луѓе најдобро е балансирана исхрана. Уште поважно како што напиша, здрава храна без отрови, пестициди, конзерванси итн.

    Мислам дека лошо ја претстави карниворската исхрана. Сигурно има екстремисти што јадат само живо месо, но повеќето "карнивори" го јадат зготвено. Како што и веганите ја готват храната.

    А "аргументот" дека јадење само месо е еволуционо пооправдано не мислам дека држи вода, сепак земјоделието постои над 10 000 години и е доста голем пресврт во човечката еволуција.

    Јас кога би морала да бирам меѓу месо и житарки дефинитивно би одбрала месо затоа што е похранливо и поздраво. Со тоа што ниту едното ниту другото не би го исклучила намерно од исхраната освен ако морам.

    Иако се смета дека црвеното месо е карциноген, не верувам дека тоа е целата приказна и сметам дека клучно е потеклото. Добро месо не може да се добие од месна индустрија во која животните едвај се движат, се хранат со гмо соја, хормони и антибиотици. Не само што е нездраво, туку честопати оваа индустрија е и толку неетичка, што сметам дека треба да се инсистира на големи промени. Сосема друга приказна е одгледувањето на стока до пред 50тина години в село. Пак сум читала и тврдења од некојси истражувања дека потеклото не било важно.... никогаш не верувам на такви.

    Исто така не верувам и дека веганството е толку здрав начин на исхрана како што насекаде се инсистира.

    Луѓето се омнивори и никој нема да ме убеди дека не е така. Многу тешка и сериозна работа е да се истражи која храна како влијае, ама имам чувство дека нутриционизмот во повеќето наврати се сфаќа многу повеќе како филозофија отколку како наука од страна на тие од кои чекаме одговори.

    Во врска со карниворската исхрана на интернет наидов на многу сведоштва од луѓе со автоимуни нарушувања кои конечно ги ставиле под контрола со јадење само месо и јајца. Сигурна сум и дека има луѓе што постигнале слични резултати на здравствен план со веганство. Тоа е показател за различноста на луѓето и затоа сметам дека секој си е приказна за себе и единствената "генерализација" која треба да се направи е храната да има здраво потекло.
     
    На Biljarkata, Yowannty, Vikktorr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Сме почнале ко тревопасни, сме еволуирале да сме и месојади, и сеа сме сештојади...

    Шала на страна, забите не ни се за месо, не би можеле да го кинеме со заби ако не е зготвено.
    Од друга страна и за растенија не ни се баш баш (иако за ова малку повеќе).
    Желудникот ни е предолг за месо, а прекраток за веганска исхрана.

    Вегански плескавици и сирење има затоа што сме во 21 век и брзата храна е популарна, па луѓето сакаат да си имаат избор.
    Плескавица е измислен продукт од месо, така да се што се плеска и пече може да е плескавица. Така и сирењето.
    Од друга страна, никој Веган не бара замена за свежо месо. Исто и со паштети и ова и она, ако е продукт од месо може да е и од зеленчук.

    Исхрана базирана на растенија му одговара на секој организам. Исхрана базирана на месо не му одговара на секој организам.
    За мене тоа е доволна логика за да заклучам што е подобро.

    Сепак, според мене најдобро е избалансирана, што ќе вклучува макро и микронутриенти од различен извор.
     
    На Agness, Victorian, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
  8. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Секако дека веганската диета е поздрава само што не треба да е толку стриктна и во целост веганска.
    Генерално ако е вегански начинот на исхрана би било идеално.
     
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Пааа генерално би го оставил детето да јаде што сака и не би форсирал исхрана.

    Доколку детето влече повеќе на месо, би пробувал да го вклучам зеленчукот во исхраната. Генерално сметам дека децата го одбиваат зеленчукот заради текстурата или изгледот, така да би пробувал да го направам поинтересен.

    Е сега ако детето расте со родители вегани... голема е веројатноста природно да го влече таа храна или да се навикне само на неа.

    Сакам да кажам, не гледам проблем детето да расте како Веган.
     
    На staycalm, Victorian и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе има јазик поинаков од мојот за да не се бори со храната и аверзија кон одредени текстури. Апсолутно на свое дете би му дала моите вредности, воедно то шо сметам дека е здраво. Ќе можи да одбери да јади месо, ама нема да е нешто шо јас би го одбрала за него ако имав целосна контрола врз туѓ живот. Ама немам, for better or worse.
     
    На crimson и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Освен ако има некоја конкретна причина нешто да извадиш од диета, не би бирала ни едното ни другото. Балансираната исхрана со здрави извори и секако умерени количини, според мене е најздравата диета.
     
    На VDT2906, MarijaMi90, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    157
    Мислам дека за повеќето е најздрава разновидна исхрана, со тоа што сите треба да избегнува храна со многу додатоци.

    Сега појма немаме како се произведува храната па да тврдиме дека со сигурност е некој вид на храна штетна. Има дури и видеа од свињи како јадат пластика, па после ние тоа месо треба да го јадеме.

    Според мене сите луѓе што имаат ваква екстремна диета и се поборници за истата(со исклучок на вегани што тоа го прават од етички причини) имале некој здравствен проблем што го решиле со елиминирање на некој вид храна, дали месо дали леб, па мислат дека тоа важи за сите.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Од овие две опции се разбира дека поздрава е веганската. Нашиот организам не е прилагоден за живо месо и чисто животински продукти без воопшто растителни.

    Најздрава исхрана се знае дека е балансираната, и со растителни и со животински продукти, со обавезно вклучување многу зеленчук. Како што чисто животинската исхрана не е погодна за никој, исто така и секој не може да биде чисто веган.

    Човекот е сештојад, дигестивниот систем ни е таков. Можеби сме почнале како тревојади но еволуцијата нѐ однела во друга насока.
    Мада во денешно време кога конзумеризмот е толку зголемен скоро ништо не е сосема здраво освен сам ако не си го одгледуваш дома, било да се растенија или животни.
     
    На Srckata28 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Многу тешка одлука е да се донесе за дете, особено што не ги знаеме последиците. Факт е дека на пример Б12 не може да се внесе преку веганска исхрана. Не знам, јас би давала сѐ во умерени количини.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Светот е одамна свесен дека за исхрана која исклучва месо потребен е Б12 и како шо се ујачват животинските продукти со децении наназад со Б12, истото се прај и со вегетаријанските опции. Пошто Б12 се произведува од ... Бактерии. Шо ги има во грутки земја.
    Screenshot_20221229_142447.jpg
    Најчесто ујачани продукти се растителните млека, сигурно и за нуч имате слушнато, т.е. нутритивен квасец. Лично, си го сакам мојот Б12 како апче за под јазик оти ако нешто ми е мака изминатава година, е да мислам на исхраната. На survival mode сум.
     
    На Ajronmen и crimson им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Jesus
    Јас не би ни двете.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Веганството е сосема океј начин на исхрана и може да се избалансира, но дебатата е меѓу carnivores и raw vegans.

    Raw vegans не јадат готвена храна, само како природата ја дава и тоа обично се овошја. Ќе ставам линк од тикток. Во никој случај не е избалансирана исхрана.

    That said, мислам дека секој ден би првин тоа избрала него ли живо месо.

    https://vm.tiktok.com/ZMFcYS7Ke/
    https://vm.tiktok.com/ZMFcYBJK2/
    https://vm.tiktok.com/ZMFcYVrfn/
     
    На Victorian, theowndemon и crimson им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Не е така поставена темата? Ни во наслов ни во вовед? Членката дури спомнува имитации на месо и сирење - шо се процесирани и дефинитивно не се сирови. Дури и карниворството не е конкретно за сирово, туку спомнува дека дел го преферират сирово. Сепак, мислам дека сите можиме да се согласиме дека raw veganism е абоминација ( исто како и карниворство) и ако беше така поставена темата ептен ќе беа порамнети малку двата начини на исхрана за да можи да се споредат. Сега ептен не можи да се споредат. :D :wasntme:
     
    На Victorian, Ajronmen, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Да да, не е така поставена и баш се зачудив затоа што актуелната онлајн дебата е меѓу овие две крајности, што има логика, затоа што се крајности. Обично веганство и карнивори ми се некако неспоредливи.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Е за овие луѓе стварно мислам дека имаат премногу слободно време. :D
    Да работат по цел ден сигурно нема со смутито и банана да поминат.
    Инаку ни двеве диети не држат вода според науката, и двете се псевдонаука. Немам тикток сега ама додека имав многу често налетував на вакви како што си ги викам "мини култови" кои се водат според некои скроз забегани правила, преинтересни случаи ми се што сакам да ги гледам. :D
     
    На Anah, Amellie13 и Srckata28 им се допаѓа ова.