Форумџика на годината

Вежби за бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од Mom's_life, 30 септември 2021.

  1. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Здраво :)

    Колку време посветувате на вежби за вашите бебиња правилно да напредуваат во моторните вештини?

    Вежби на стомак се препорачуваат уште од првиот ден за да се зацврстуваат мускулите на вратот и грбот иако речиси сите бебиња плачат и негодуваат кога ќе се најдат во таа позиција.

    Какво е искуството на новите мајки, бидејќи на интернетов има еден куп истегнувања, вежби според месеците, па и масажи што ги опуштаат бебињата на крај на денот.

    Јас лично доцна почнав да го вртам бебуш на стомак, никој не ми укажа на тоа колку е важно за бебуш се додека не отидовме на ортопед, па сега се бориме да издржиме неколку минути на стомак на тврда подлога :sweat:

    Какво е искуството на мајките што веќе ги поминале овие фази? Што најмногу сакале од активности бебушите низ месеците? :l:
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Од првиот ден дома по 3-4 пати ја ставав на меше на цврста подлога. Се рачуна и на тебе легнато кога е будно да пробува да дига главче. Веќе во 3-4 месец сама убаво ја држеше главата исправена кога ќе ја ставев на меше. Вежби стандард за колкчиња ортопед што ни кажа, исто со предмет лево-десно го движевме над неа првиот месец за да го прати, baby gym пд втор месец користевме секој ден по повеќе пати, масажи за грчеви на меше кога имаше правевме, и масажи за цело тело опуштање наврчер пред легнување можеш на youtube да побараш. Слики со контраст исто првиот и вториот месец, потоа гледање во огледало
    , втор-трет месец тропалки почна да ја интересираат, потоа во 5 месец сликовници почнавме да читаме, во 6 интерактивна подлога, балони со хелиум врзани за раце нозе, и веќе понатаму сама си се заигруваше со сите играчки, почна да лази и сама да истражува. Сѐ што е игра за нив е вежба за моторика.
     
    На LivingGlam, Mantub, gjoker4e и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    10.113
    Пол:
    Женски
    Браво, што убаво објасни:clap:
    А балончиња со хелиум кога и ставаше? И јас сакам така да ја пробам:D
     
    На Mantub, Lovebug01 и Pacient srna им се допаѓа ова.
  4. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Otprilika slicno kako @Lovebug01 ... na mese i maftav igracki za da ne i paga odma glavata na pocetokot, pa so tropalka kruzev za da ja vrti glavata i na mese legnata. Za vrtenje od grb na stomak ja stavsv na podloga i site igracki na edna strana,na pocetokot malce ja butkav za gazeto da i tekne taka zamav da fati. Za od mese na grb se utepav maftajki ne uspea niso eden den sama po sebe se izvrti. Za sedenje i gi fakav dvete racinja i malce ke ja potkrenam za taa da prodolzi da se diga t.e.da vezba stomacni. Posle 5timesec za ednoto race ja digav vo sedecka, nozete i gi drzam zalepeni za pod za so slobodnata raka taa da si se.potpre i da drzi balans. Ova prvo na krevet poso koa ke ja pustis na pocetokot paga odma na grb nadole ama po den dva veke se drzi i se spusta poleka. Vezbine za kolkovi celo vreme

    Sea druga edna rabota....fokusirani na motorikava zaboravivme na govornite vezbi pa detevo na 2.5 meseci znaese agu da kaze i posle nie si prodolzivme normalno da zborime i taa se ukute. Dali zaboravi ili ne znam sto i se desi ne "zborese" nisto,samo brmcese. Pa odkaj 4ti mesec pocnavme pak da vezbame da.ne gleda prvo ubavo kako kazuvame samoglaski, pa posle au agu itn....sega e skoro 6 i veke si guga. Muabetot mi e vezbi za motorika treba ama da ne se zaboravat i drugive pa ko mene od pamet da se vadide deka ne guga bebeto...
     
    На Маја Т, tina2018 и Mom's_life им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Можеш било кога, 5-6 месец тогаш им е најинтересно.Мојава сега се плаши од балони, иако тогаш им се радуваше, сега е 10++:P А ја па за роденден нарачав 150 балони декорација хахах:tmi: Се надевам ќе ѝ помине до тогаш плашењето.
    @Pacient srna и кај нас имаше така еден период како да заборави да гуга ама тоа било нормално зошто кога учи некои нови работи, изгледало како старите да ги снемува, заради фокусот на новите.
     
    На tina2018, Pacient srna и Naatashka123 им се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Моето е 1 месец. Од вежби најмногу го ставам на меше, скоро после секое пресоблекување, а некогаш и почесто. Не се буни, ужива да се поткренува сам, ама за брзо му здосадува. Мислам дека му е доволно по 2-3 минутки на секое вежбање. Ножињата му ги вежбам со кревање нагоре и како да вози велосипед. До пред некое време му ги правев и вежбите за раце и нозе како што кажуваше педијатарот, сега само за раце, нозете сам си ги шири. Мешето го масираме, а ужива и грбчето кога му го масирам. Нозете и рацете не дава многу да ги масирам, прета. :D
     
    На Mom's_life и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Со гукањето баш ист случај како кај нас.Јас мислам дека е само период, зашто од втор месец почна многу да гука и да испушта повеќе звуци.Сега за десетина дена ќе прави 4 месеци и многу помалку гука туку само како да брмчи:)Ова мислам дека почна некаде од третиот скок.Не е дека не и збориме, туку мислам дека е до периодот, зашто баш истото се случува и кај нас како што опиша.На почеток толку многу гукаше што мислев дека ќе прозбори, а сега намали ептен.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zibiribi

    Zibiribi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Majki nie sme 3 meseci, od pocetok mi e kazano da go stavam na mese, ama mnogu mi se bunese od samm start i mnogu malce go stavav na mese, i eve go do denes uste nemoze samo da go kreva glavceto, tuku se nervira i samo na strana ke go svrti. Kako da mu pomagam da pocne da kreva glavce?
     
  9. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да не форсираш исти случај беше со мојата кога преку ноќ на 5-6 месеци почна сама да се врти на меше и главчето да го држи на горе како претходно по цели денови така да седела :D
     
    На Zibiribi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    А вежби за колкчиња /точаче до кога правите?
    Ние кога бевме на ортопед првиот пат рече се е ок. Нема потреба од вежби.
     
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    8.299
    Пол:
    Женски
    Да го ставаш на стомак, така ќе се зацврсне. Секој ден по некоја минутка повеќе. Тоа им е припрема за се, здравје и за седење и за лазење.
    Јас ќерка ми ја ставав од прв ден по некоја минутка. На 2 месеци ја држеше стабилно главата, на 3 ипол се сврте од меше на грб, на 4 обратно. Еве ја сега на 5 ипол месеци по цели денови е на стомак на земја, ми ровари по стан, пробува да лази.
     
  12. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Мало е уште, дигањето главче им е екстра напорна вежба и затоа не ја сакаат. Јас на почеток го ставав на меше на перницата за доење. Така поголемиот дел од тежината е потпрена и многу полесно е главата да ја исправа. Побарај на јутуб има интересни видеа за како на меше да се ставаат, огледала им ставаат, играчки, им пеат итн.



    И најважно е да не се секираш, се ќе си дојде на свое место кога ќе е спремен бебуш. :)
     
  13. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Тоа мислам до прва контрола на ортопед дека се прави, нормално ако се е во ред. Највеќе заради широкиот повој ги препорачуваат вежбите да се прават. После тоа бебушко само си мрда со нозе си се раздвижува :)