1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велики Петок

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 3 мај 2013.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Беше тоа многу одамна, одамна пред многу векови, во една бучна ноќ во градот Ерусалим.
    Пред резиденцијата на управителот Понтиј Пилат стоеше еден премален и изнемоштен човек со крвави лузни и модрици по целото тело. Тој иако не изгедаше претставително, сепак целото внимание беше насочено кон него.
    Одеднаш се создаде голема бучава. Разбрануваната толпа на луѓе гласно и непрекинато викаше: "Распни го! Рапсни го!", "Ослободи ни го Барабас! А овој распни го!", "Ние немаме друг Цар, освен Цезарот.", "Ако го ослободиш овој, непријател си му на Цезарот!", "Распни го! Распни го!"
    Имено, таа ноќ му се судеше на Назареќанецот Исус, за кого се ширеа гласини дека е долгоочекуваниот и пророкуваниот Месија, Спасителот на Израел и на целиот свет.

    Тоа беше судењето на Исус Христос.

    Вината не беше баш јасна. Никој не знаеше за што точно на овој човек му се суди. Едни велеа: "Овој човек рече дека може да го урне Храмот и повторно да го изгради за три дена". Други велеа: "Тој се претставува себе си дека е Цар", а трети велеа дека Исус се нарекувал Син Божји и се изедначувал со Бог.
    Иако имаше повеќе обвиненија, сепак меѓу нив не се најдоа ни две усогласени за да можеше да се донесе правосилна пресуда.
    Управителот Пилат рече: "Не наоѓам никаква вина во овој човек". Но толпата стануваше се погласна и погласна и тие не чекаа правна одлука од Пилат, туку само формална дозвола за да го распнат. Пилат се досети дека на секој празник управителот има обичај да амнестира еден затвореник, па го предложи Исус и уште еден прочуен затвореник по име Барабас. Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Барабас, а Исус да биде распнат.
    По долго двоумење и натегање, Пилат зеде еден сад со вода, ги изми рацете пред народот, се огради од вината за убиството на овој праведник и дозволи да биде распнат. Тогаш целиот народ извика: "Неговата крв нека биде на нас и на нашите деца!"
    Тогаш Пилат им го ослободи разбојникот Барабас, а Исуса, откако го бичуваа, им Го предаде да го распнат.
    [​IMG]

    Мнозинството од топлата не знаеше Кој е всушност Тој Човек и Кого тие всушност судат, но сите имаа можност да видат или барем да чујат за многубројните чуда кои Тој ги беше направил низ Галилеја.
    Некои се сомневаа дали е навистина Тој истиот Исус, и ако е Тој, тогаш зошто не ја употребува Својата моќ за да се ослободи од лажните обвиненија и од смртната пресуда која штотуку Му беше пресудена. Некои си велеа: "Сигурно им дозволува привремено, за да им ги види намерите, да ги искуша, но пред да Го распнат, тогаш сигурно ќе се ослободи." Баш како во америчките филмови, кога супер херојот е речиси поразен, но на крајот прави спектакуларен пресврт и ги соборува сите. И затоа го следеа се до крстот, во исчекување да видат уште едно од Неговите спектакуларни чуда. Но не видоа.
    Малкумина пак знаеа Кој навистина Тој е. Но тие исто така се чудеа зошто Исус молчи, зошто не повика ангелска војска од небото и да ги погуби сите овие кои зинале по Неговиот живот.
    Каква е оваа иронија, размислуваа тие.

    [​IMG]

    Тоа беше Божјиот Син, Исус Христос, Создателот на светот.

    Луѓе грешници Му судеа на Праведниот Судија над судиите, пред кого сè што дише или дишело еден ден ќе се појави на Суд.
    Каква иронија, Господ да стои пред своите созданија, а тие да му досудат смртна казна. Дали е тоа целата приказна, толку нелогична и збунувачка?
    Не! Тоа не е целата приказна. Зад целата оваа велипеточна драма се криеше нешто многу поголемо, поважно и посериозно. Во тој момент, додека луѓето Му судеа на Исус, паралелно се случуваше уште едно судење, многу подлабоко и посуштинско.

    Бог му судеше на човекот.

    Бог Му судеше на Последниот Адам, Човечкиот Син во Исус Христос.
    Но кој е тој Последен Адам? Зошто Бог му суди нему?
    Првиот Адам, заедно со својата жена Ева, многу многу одамна направија сериозно погрешен избор со катастрофални последици. Се побунтуваа против Бог, поверуваа на лагите на Сатаната, ја изневерија Божјата љубов и посакаа и тие да станат богови, еднакви со Бог. Тоа беше првиот грев, за кој Бог им вети дека ако го направат, ќе мораат да се ракуваат со смртта.
    Смртта е казната за гревот, а со гревот сме заразени сите, бидејќи Адам и Ева се заеднички прародители на сите луѓе.
    Правдата и Светоста на Бог побараа смрт од Адам и Ева, но Милиста и Љубовта Божја побараа одложување на оваа пресуда. Одложувањето беше закажано за Велики Петок, а одреденото местото за извршување на пресудата беше - Голгота.

    [​IMG]

    Еден праведен човек згреши и Божјата Правда побара еден праведен човек да ја плати казната за тој грев. Доброволецот, жртвеното Јагне, беше токму Тој, Исус Христос, врз чии плеќи беше натоварен целиот грев на човештвото.
    Го измачуваа, а Тој не се противеше и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење, како овца нема пред оние што ја стрижат. Не ја отвори Својата уста.
    Иако беше целиот премален, столчен и раскинат од камшикувањето и безмилосното тепање, Тој сепак храбро го носеше Својот крст и одлучно гледаше кон Голгота, нестрплив да го закова на крстот тешкиот грев на човештвото.
    Тој на својот грб ги носеше и гревовите на оние кои против Него викаа: "Распни го! Распни го!", не знаејќи дека Тој ќе биде распнат и заради нив, заради нивните престапи и гревови. Сепак Тој тоа не им го зема за грев и на крстот рече: "Прости им Татко, не знаат што прават!"

    Колкава само љубов беше собрана во еден човек. Како ли може да им прости? Зошто би сакал да им прости? Пак да ги сака оние кои на смрт го испратија?
    Каква ли љубов беше таа? Да го дадеш својот живот за некој кој со чекан ти набива клинци во рацете и нозете и те распнува да висиш и да искрвариш на крст пред очите на твојата мајка, роднините и пријателите. Сигурно не човечка. Што ли ги задржа клинците во моќните раце Христови?

    [​IMG]

    Тоа беше Божјата Љубов.

    Неискажлива со човеки зборови, но ветувана од дамнии, пророкувана од пророците и најпосле потврдена од Исус Христос.
    Тој во една прилика рече: "Бог толку ги возљуби луѓето од светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!"
    "За секој кој верува во Него" Бог му ветува вечен живот. Каква радосна вест од устата на Бог!
    Голготскиот крст не беше наменет за Исус, бидејќи Тој не направи никаков грев. Но ние, јас и ти, имаме еден куп гревови зад себе и којзнае уште колку пред нас.
    Тој крст беше нашиот крст, мојот и твојот.
    Разбојникот Барабас сме токму ние, јас и ти, сите луѓе.
    Еден крст беше определен. Или Барабас, или Исус.
    Разбојникот беше ослободен, а Праведникот распнат.
    Барабас беше ослободен заради Христовата пожртвителна љубов, со чија сила, Тој ги рашири Своите раце на крстот, на местото на Барабас.
    Тие раширени раце Христови до ден денес претставуваат отворена прегратка за секој грешник кој се кае. Во нив има љубов за целиот свет.

    Извор: http://0.mk/eb543
     
    На baba Rada, MotheBee, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Римскиот историчар Тацит го напишал следново за Велики Петок и за пост-Велигденскиот период:

    „Христос, од кого поттекнува нивното име, претрпе смртна казна за време на владеењето на Тибериј под власта на еден од нашите прокуратори Понтиј Пилат. Па така, запрено за момент, ова опасно суеверие повторно почнало да се шири не само низ Јудеа, изворот на злото, туку дури и до Рим… Беа изложени на потсмев од секаков вид како додаток на нивната смрт. Беа облекувани во кожи од животни и растргнувани од лавовите и погубувани, или распнувани на крстови, или спалувани на клади и служејќи како светилници во ноќта кога дневната светлина ќе ја снемаше.“
    (Корнелиј Тацит, Анали XV, 44)

    Корнелиј Тацит (55-120) бил римски сенатор и врвен историчар во тоа време. Во своите Анали (15тата книга, 44 пасус) пишува за големиот пожар во Рим во 64г. кој бил тајно предизвикан од Нерон, но вината за пожарот била лукаво пренасочена кон веќе озогласените следбеници на Исус кого Пилат го распна за да го стивне гневот на еврејските религиозни водачи. Негативниот тон со кој пишува Тацит за христијаните е сосема очекуван бидејќи Римските власти 3 века ги прогонувале христијаните, иницијално заради политичкиот интерес што го имале кон еврејските религиозни водачи.
    Аналите на Тацит ги има во книжарница Три (линк до корицата), но еве и поавтентични извори:
    Оригиналниот латински: http://www.thelatinlibrary.com/tacitus/tac.ann15.shtml
    Англиски превод: http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:text:1999.02.0078:book=15:chapter=44

    Она што е енигма за историчарите кои не веруваат во Христовото воскресенеие е зошто христијаните продолжиле да го следат распнатиот Исус и дури и по цена на маченичка смрт не се откажувале од нивното проповедање дека Исус воскреснал од мртвите.
     
    На baba Rada, MotheBee, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве еден краток документарец поврзан со денешниот празник „Велики Петок“. Сите што зборуваат на видеото се мои лични пријатели, а дечкото што на почетокот збори (Филип Иванов) утре ќе гостува во Скопје и ќе држи предавање за Велика Сабота.

     
    На La.loca и baba Rada им се допаѓа ова.