Вели дека ќе ми се јави, но не го прави тоа

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од MyMar, 14 септември 2010.

  1. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Пред новата година се запознав со дечко од друг град и постар(тој 25 јас 18).Како што поминуваше времето до денес,јас секогаш кога одев во неговиот град му се јавував да се видиме.Секогаш кога бев во неговиот град секогаш наоѓаше време за да се видиме.Секогаш му се јавував,ако требаше да излезам со некој негов другар (бидејќи се знаевме и знаете оние муабети као кога ќе дојдеш да се јавиш за кафе),да му кажам,и не е во моја природа машко да прашувам за дозвола,али ете овој пат ми се случи ни јас не знам како,го прашував дали би му сметало ако отидам на половина час ради реда,ми одговараше нема проблем ќе ми се јавиш каде си,ќе дојдам да те земам да излеземе.Се беше ок,дечкото е стварно кул,не е кузнајт колку убав ама мене т.н. ме освои,со гестовите,бидејќи со ниедно машко не сум се чувствувала толку убаво.Изрази желба да се измуваме.Кога дојде блиску до мојот град имаше многу работа и немавме прилика.Дојде една вечер во мојот град специјално само да се видиме,а веќе другата недела се измувавме.Другиот ден пред да си оди повторно се видовме,но не направивме ништо.Веќе по 4 дена јас прва му се јавив за да го слушнам,и ми рече дека има работа ќе ми се јави покасно.Вечерта ми се јави.По една недела пак му се јавив,чекав да помине време за да не е нападно,ми рече пак дека има работа и дека ќе ми се јави,но не ми се јави.По два дена истото се случи и решив да не го барам повеќе.Уште не ми е јасно зошто наеднаш се од најубаво се сведе на игнорирање.На фејсбук објави дека е во врска ама не и со која.90% сум сигурна дека нема според коментарите.После три недели ми напиша порака на фејсбук дека сум го заборавила.Му вратив дека не е така,дека ми рече ќе ми се јави и не ми се јави.Ми врати ајде после ќе ти се јавам,дека му бил исклучен телефонот,дека бил на одмор.Си правевме муабети баш како пред да се измуваме,и пак ме бараше да отидам на викенд во неговиот град да се видиме.Само што помислив дека се се врати во нормала,тој пак почна да не ме бара на мобилниот.Стварно не знам што да мислам.Се чувствувам како резерва да сум.Секој совет е добредојден...ве молам ако знаете некако да ми помогнете... :( :( :(
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Pomos

    Мислам дека е најдобро да не му се јавуваш некое подолго време за да видиш каква е неговата реакција,дали е вистински заинтересиран за тебе,затоа што со тоа што му се одговараш дава спротивен ефект и те игнорира на некој начин.Доколку воопшто не ти се јави,без разлика што чуствуваш кон него,би било добро да го заборавиш.
     
  3. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    па не му се имав јавено три недели.После три недели се уклучи на фејсбук, и ја не му пишев.Другиот ден тој ми пиша и се течеше нормално.Од другиот ден се почна по старо. Почнав да се нервирам не знам што му е филмот,ако има нешто би требало да ми каже за да знам да не губам време за ништо.А баш би сакала да го задржам пријателството со него....иначе фала за советот....
     
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    307
    Тогаш задржи го само пријателството. Не е убаво да игра топло-ладно. Едноставно ако пак ти рече дека си го заборавила, речи му дека од неговото однесување си сфатила дека тој само тоа го сака - пријателство. А ако сака нешто повеќе, тогаш да седнете и да разговарате, ама сериозно на таа тема, а не веднаш да прифатиш да се видите и да се однесуваш како ништо да не било. Поздрав!
     
    На MyMar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Тој очекува ти да го бараш, ти очекуваш тој да те бара и се така останува нејасно...Мислам дека треба повремено да го бараш чисто онака да го слушнеш така нормално ако имаш намера да си со него и чувствуваш нешто.Така ќе му дадеш до знаење дека те интересира.Е сега од неговото однесување ти треба да сватиш дали има нешто има ли некаква намера со тебе или не.И нормално најдобро е да разговарате отворено и да знаеш на што сте.
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    386
    Не му се јавувај ти повеќе прва,почекај некогаш и тој да се јави.Така оставаш впечаток дека трчаш по него,а тоа му одговара.Во случај и да прерасне ова мувањето во врска или пак да се работи за друг дечко не ги преземај работите во свои раце.Остави,почекај и тој да се јави.Зошто како ќе го научеш така и ќе биде.Тој ќе си стави во глава дека ти секогаш ќе му ѕвонеш,ќе го молеш,ќе му предлагаш да се видете а тој ќе се прави фраер.