1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венера Кемаловски агенција за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Banba, 10 јуни 2017.

  1. Banba

    Banba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Сакам да ве прашам дали некој има искуство со Венера Кемаловски агенција која вработува во Германија (не сум сигурна дали вработува и во други држави).
    Некој бил кај нив, некој се вработил преку нив или пак слушнал нешто за нив, ве молам споделете :)
     
  2. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Пред да се отвара ваква тема си можел/а да провериш во темата за Работа во Германија. На кратко, мој совет подалеку од нив. ;)
     
    На Tajnaotrovna и Banba им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Еве ги цитирав од темата Работа во Германија некои членки кои напишале нивни искуства со оваа агенција.


     
    На Wahnsinn, Tajnaotrovna, Banba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Banba

    Banba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Имаше многу страни и не знаев ни дали ќе најдам конкретен одговор :P
    Фала ви за информацииве ;)
     
    На Cinderfakinrella, Tajnaotrovna, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Мене едно не ми е јасно. Ако толку се ужасни овие од Венера Кемаловски, како агенција (а немам причина да не верувам), се прашувам како досега сеуште постојат како агенција? :)
    Буквално, од скоро сите мислења на форумов, 80% се негативни. Уште полошо е во групи на фб.
    Минатата година имаа нови вработени, сега најверојатно ги имаат дома испратено.
    Се прашувам, како само во Македонија се плаќа на агенција за да ти најди работа. И тоа големи суми се плаќаат. Во Западна Европа не е така, сам се пријавуваш и сам контактираш со регрутери. Освен тоа, се оди електронски.
    И друго, постојат еден куп агенции како овие кои објавуваат лажни огласи за работа. Како во ова државиче, не се најде барем еден инспекторат да види што се прави?(facepalm)
     
    На Cinderfakinrella, Antebellum, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Во оваа држава измамници на секој чекор,но нема кој да го сузбие криминалот! :punch: (facepalm)
     
    На Aquamarine93 и La.loca им се допаѓа ова.
  7. Banba

    Banba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Во Западна Европа немаат потреба да одат да работат на друго место :D
    А тука ништо не функционира, заглавени со рекети и корупција до врат :@
     
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Тие што се авантуристи, одат само да видат како е да се живее во друга држава. Процедурите им се прелесни. Со нивниот биометриски пасош можат да работат секаде, додека македонскиот не вреди баш ништо. Не се мачат тие како нас со агенции, интервју по амбасади, па одбивање или добивање на виза.
    Македонците си се заложници во сопствена држава, ама тоа е вејќе друга тема. :D
     
    На Cinderfakinrella, PaLaVa, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Една пријателка и плати скоро 900 евра на Вера за да оди да работи во Северна Германија.
    Јас од форумов дознав за неа и читав, на фб го видов огласот за Зара и месец дена врти истиот оглас. Ме чуди како реномирана продавница како Зара да немаат вработени.
    Тие 20% што отишле сигурно си ги платиле трошковите.
    Секој со својата среќа.
     
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    900 евра? :drunk: Туку што се чудам, една агенција во скопје нудеше работа како стјуардеса, за приближна сума.
    Катастрофа е ова што се случува во мкд. Какво перење на пари прават, преку ноќ се обогатија.
    Јас ја видов официјалната страна на Зара. Кај нив само електронски се пријавуваш. Не е преку агенции, посредници и други глупости.
    Не сум адвокат, ниту судија ама мислам дека ваквите работи се противзаконски.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ние сме Македонија и кај нас никој и ништо не води рачун.
    Таа самата ми кажа дека не требало да платат ништо, ама како сега пред крај на се платиле. Што е многу, многу е.
    Таму е 80 евра дневно и не е со фиксна плата, имам пријатели што живеат таму и се распрашував малку. Самите кажуваат дека е претешко, не е Македонија ова, се работи во строги услови. Степен на толеранција треба да е висок и да не се паѓа на провокации. Најчесто доаѓа до конфликт со газдите и зависи каков ќе ти се падне, точно е дека Германците си го ценат јазикот и се зборува стриктно германски во било која фирма и да влезеш и ако си со англиски на црно си.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Точно така, понекогаш ги прашував колегите од катедрата на германски, како поминале на работа таму. Некои не кажуваа ништо. Некои само дека нема да одат наредно лето. Ама најинтересен ми беше еден колега, бесно прокоментира дека на Германците поважни му се кучињата, отколку студентите кои работат таму. Буквално со овие зборови.
    Е сега нормално, немаат сите исти очекувања и искуства.
     
    На Anacid и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Тоа со огласот за Зара не мие баш многу веродостојно.
    Не држи вода. Плус се бара англиски јазик,не знам зошто.
     
  14. AnaDelRey

    AnaDelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Јас бев појдена директно во Венера за информации за работа за една година во Битола и ми кажаја дека 2500 ден е првото интервју со нив, ако го поминиш со работодавачот е 2000 ден. Тие ти барале сместување по 300-350евра од човек (ако сакаш) и на крајот плаќаш 400 евра овде или таму од платата. За мекдоналдс платата била 1300 евра. Е мене вака ми кажаја а јас неможев да си поверувам. Како прво платата во мекдоналдс е 1500 евра-8,84 евра саатница, второ смештај ѓожи да се најди и за 150 евра ццц. Агенцијата Контекст во Скопје - интервјуто е бесплатно и ако биди се во ред 20000 денари и плаќаш и то е то. Најдобро е ако знаете германски јазик сами да аплицирате бидејќи има мн страни за Бургер Кинг и Мекдоналдс и нема ништо да ве кошта.
     
  15. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Помалку од 1300е испаѓа ако си на долгорочно па ти одземаат повеќе данок.
    Инаку, студентите за летово требало да одат на 15ти јуни, ама им одложиле за први јули. Во групата на фб известување : не пишувајте, не се јавувајте, не доаѓајте, ако има нешто ќе ве известиме тука. За интервју плаќале 2500 ден., а бидејќи 80-90% ги оценуваат дека немаат доволно познавање од германски мораат да уплаќаат ДОПОЛНИТЕЛНИ 3900 ден. за јазичен курс кој е смешки. Значи околу 100евра од човек за летната пракса, а групата на фб брои околу 500 луѓе. Проценете сами дали многу им значат јазичните познавања на кандидатите.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    На Sramezlivoto и AnastasiaWinter им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    37.560
    Пол:
    Женски
  18. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Јас пишав еднаш дека тоа не е агенција од доверба, но администраторите ми ја избришаа пораката. Кој прочитал, прочитал за во иднина никој не треба да верува на таа агенција
     
  19. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Денес на вести слушнав дека измамиле околу 100 студенти за работа во Германија.
    Студентите беа пред агенција,ама одговор од нив нема а и беше затворено.
    Така да не се лажете преку овие.
     
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Студенти-измамени-за-работа-во-Германија&id=e5c947ef-331b-480c-a69e-556e061738c8
    Само нешто да кажам. Да се пишуваше отворено за Венера Кемловски, немаше да дојде до ваква состојба, голем број на студенти да бидат измамени. Од тоа “ќути си, трпи си“ или “леле, да не ме слушни некој“, газди на разно-разни фирми си профитираат и се полнат кеш. :x
    Еве уште еднаш апел. Не аплицирајте преку агенции! Ни преку Кемаловски, ни преку Коузон, ни преку било која друга. Ќе ви ветуваат само бајки, притоа измислувајќи дополнителни трошоци.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.