Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венецијанското предавство (Стив Берн)

Дискусија во 'Книги' започната од Vitorija, 19 јули 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Може да кажам дека веројатно ова е највозбудливиот историски трилер роман што во последно време сум прочитала. Буквално ме донесе до работ на трпението и на моменти не можев да го дочекам расплетот на настаните и да откријам што ќе се случи! Доволно е да ви споменам дека нишката која ги движи настаните во романот, како и Котон Мелоун и Ирина Зовастина - премиерот на ново формираната Централно Азиска Федерација, е никој друг туку најголемиот меѓу најголемите - Александар Македонски!!!

    Во 323 год. п.н.е. освојувајќи ја Персија, Александар Македонски своето внимание го свртува кон Арабија, но е запрен од треската која ја добива и која го завршува неговиот живот.

    Локацијата на неговата гробница, која сè уште е непозната, веќе долго време е главна цел како за археолозите така и за ловците на богатства.

    Котон Мелоун, среќно избегнувајќи го пожарот во еден музеј во Данска, открива дека тој пожар, како и неколкуте други низ Европа, е подметнат за да сокрие една неверојатна тајна и трага.

    Патот ќе му се вкрсти со Ирина, која има една луда и неверојатна желба - да го постигне сето она што го постигнал Александар Македонски, да го освои светот! Скромна желба... навистина!

    Таа себеси се гледа како новиот Александар Македонски на модерното време и е во потрага по неговата гробница како и по напитокот, направен од неговиот лекар, кој требало да го излекува Александар.

    Пронаоѓањето на гробницата ќе ги открие понатамошните траги, но дали премногу амбициозната Ирина ќе успее да го стори тоа што многумина пред неа не успеале?

    Искрено ја препорачувам затоа што е книга која ќе ви остави голем впечаток, книга која се чита во еден здив, полна со мистерии и една тајна која би можела да го спаси човештвото и денес. Тука е и потрагата по мистеријата наречена Александар Македонски, бидејќи ова е нешто повеќе од само возбудлив роман, ова е роман кој ќе ви дозволи да навлезете во историјата на Александар Македонски и да откриете многу нешта поврзани со него.
     

    Прикачени фајлови:

    • 12wse456g.jpg
      12wse456g.jpg
      Големина на фајлот:
      48,7 KB
      Прегледи:
      151
  2. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Венецијанското предавство-Стив Берн

    Ја имам прочитано книгава, и се што ќе кажам е дека е ОДЛИЧНА! Штом ја земав во раце, не ја оставив, буквално успеа да ми го задржи вниманието до тој степен. Одлични ликови и уште поинтересни дешафки. Кој не ја прочитал одма да ја земе пошо стварно ја заслужува секоја секунда од потрошеното време на неа. :)
     
    На Vitorija му/ѝ се допаѓа ова.