Што направивте со венчаницата по свадбата, имам чуено некој си ја изнајмувал, некој у паковка и фино лепо до крај на живот таму,...некој пак ја продал....? Што направивте вие? Дали се каете за цената што се ја платиле?, или пак со секое нејзино гледање ви се будат спомени?
сноу бе како компјутер си имас одлиЧни теми јас мојата си ја имам дома за успомен и не би ја продала никако заедно со оделото на мојот се во насата соба за успомен од денот на насата свадба намерно ги купивме без да изнајмиме бидејки сакавме да ги имаме кај нас и да бидата нас успомен
Сериозно размислувам за trash-the-dress фотосесија. Ама не веднаш по свадба, туку на првата годишнина од брак. Tака да, ќе го почувам една година и ајт со здравје. Што има толку да му се тресам ... Фотографиите се од доволни за спомен.
Е тоа е тоа кое најчесто предизвикува да изнајмиме наместо да купиме невестински фустан По свадбата мајка ми ја испра, ја спакува убаво и си стои во плакарот! Некогаш помислувам дека 650 евра собираат прашина во плакарот а мене сега во моментот баш добро би ми дошле тие пари за да си купам неколку работи кои ми фалат по дома! Од друга страна пак ми се чини и сега да треба пак невеста да бидам јас мислам дека пак би сакала да го имам фустанот специјално за мене па на темата ,,изнајмување,, ни муабет не се прави! Имаше неколку идни невести (мои блиски) кои сакаа да го земат од мене мојот фустан ама да додадат некои детали за да не се познава дека е мојот фустан...се разбира не ми се даваше! И така мојот невестински фустан ќе си стои во плакарот неискористен и засега не размислувам да го продадам или изнајмам!
Уште не сум ја испрала венчаницата а сум слушнала(бабини деветени) дека не се перела до една година од свадбата
^И јас уште ја немам испрано, ама си велам 1 година е мноооогу....сепак е прљава,испотена. Баш со свекрва ми правев муабет ете нека се 40 дена. Ама па 1 година е мнооогу.
^ Е добро де, кај толку се брзаш? Да не ја носиш пак? Остави ја таму, покриј ја со кесата или било што во што ти ја дале и нека стои на закачалка. Да не те гризе суеверие после зашто си ја испрала
Јас не го исправ фустанот. Напишав фустан, бидејќи не носев венчаница. Од свадбата поминаа 2 години. Прв пат слушам дека венчаницата не требала да се пере додека не помине 1 година од свадбата.
Јас не сум мажена, ама за на мајка ми да си кажам .. Со сестра ми двесте пати по карневали невести се имаме правено со венчаницата Абе се во свое време, сега така си стои..
јас си ја чувам мојата и некев да изнајмам бидејки сакав да биде лично моја само јас да ја носам и да си ја гледам и да се подсеќам на свадбата.го однесов на хемско после еден месец од прилика и првпат тука читам дека нетребало да се пери една год па нели изнајмените фустани одма по враќањето ги носат на хемиско
мојата венчаница е спакувана во кеса Спојлер кеса за вакумирање капути и е со закачалка и ене ја си стои во плакар
Јас само што ја собрав, сега го чека моментот кога ќе отиде на хемиско, зошто целата е извалкана на краевите.