1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Верска чувствителност

Дискусија во 'Религија' започната од NovusOrdoSeclorum, 26 февруари 2012.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека секој човек има право на свои верувања и гледишта и дека уште помалку некој смее да го потценува или исмејува поради тоа, но некои луѓе одат веќе во друга крајност. Се лутат дури и ако нешто спомнеш во врска со нивната вера, а секаков вид на коментирање го сфаќаат злонамерно. Пред извесно време седевме со друштво и разговаравме и нешто сосема информативно прашав зашто припадниците на некои вери не јадат свинско месо и една која што мислам дека беше муслиманка или еврејка (ич не се сеќавам) буквално ми се нафрли како смеам да и ја навредувам верата, да ставам во прашање такви работи, буквално направи како да плукам врз нејзината вера, навредувајќи ме. Како тоа да е некаква табу-тема за која што не смеам ниту да помислам.
    Дали сте биле и вие во некаква слична ситуација?
     
  2. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Ах гаволот не му дава човекот да се интересира за вистината!
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    тоа што изреагирала така било мн ниско од нејзина страна..
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Се најдов пред некој ден во спор во друга тема каде некои членови мислеа дека сум се налутила на атеисти кои не се согласуваат со мене. Супер тема каде можам убаво да се изразам во врска со тоа. :)
    Верската чувствителност можам да кажам е доста застапена и на тема религија секогаш се ствараат жестоки дебати, согласувања, несогласувања... особено на нашиве простори. Но, да кажам конкретно за мене. Прво, како што беше случај, доколку атеист не се согласува за нешто со мене, нема што многу бурно да реагирам, почитувам тоа што секој има право да верува или да не верува во нешто. Доколку атеист ме убедува дека нешто не е така како што јас верувам океј, ќе го проголтам тоа. Ме лути само кога верник од друга вера зборува нешто лошо за мојата. Мислам, како што ти го почитуваш твоето и како што е тоа за тебе свето, како што сигурно и ти не сакаш лошо да се говори за тоа твоето, така и јас не сакам, така и за мене моето е свето. Тоа е дел од мене и навредата кон верата е директна навреда и кон мене. Спрема тоа, јас за никоја религија немам ништо лошо да кажам. Тоа е светост. Верата е животот и идентитетот на човекот.
     
    На Vitaly, Orthophill и Victorian им се допаѓа ова.
  5. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Секој со својата религија...многу нормално...но ништо лошо и да прашаш за друга религија...други традиции,обичаи...јас сум христијанка и имам другарка муслиманка со која бевме разговарале за нашите обичаи и нивните на свадба,кога се роди бебе и така...и ме интересира тоа,едноставно интересно ми е да слушам,а и да раскажувам секако
     
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    И јас сум нацист,ама никогаш ја немам прочитано Мајн Кампф..
    Ако ме разбираш што сакам да кажам :)
     
    На Orthophill и Victorian им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Толку им сече на некои. Во недостиг на личен идентитет, интегритет и самодоверба, своето јас го приврзуваат за даден колектив или организација. Нешо градено одамна од којзнае кого, овие нашле на готово и целата сила ја црпат оттаму. Не ја ни познаваат религијата добро, но се држат за неа ко пијан за плот. Кој има добар карактер и отворен ум, без разлика каде припаѓа ќе прифати дека не можат сите да го споделуваат неговото стојалиште. Нема легитимно прашање или критика да доживува како навреда.
     
    Последна измена: 11 јули 2021
    На Vikktorr и asdas им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Постојат верници кои сеуште не се утврдени во верата , па се чувствителни и имаат потреба да зборуваат за своите ставови и чувства.

    Но , постојат и атеисти , кои се верски чуствителни , веројатно поради тоа што се во анестезија , а длабоко интуитивно чувствуваат дека постои Бог . Средбата со него ја избегнуваат во име на својата слобода и можноста да живеат како сакаат , што е секако голема заблуда.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Ова е точно.Имам приметено дека луѓе на кои навистина не им е гајле за верата, ниту зборуваат за религија ниту пак ги интересира, едноставно се декларираат како атеисти и продолжуваат така без воопшто да се замараат.Ама друга интересна појава што ја имам сретнато - особено на форумов- се луѓе кои се изјаснуваат како цврсти атеисти а истовремено не пропуштаат ни една дискусија што ја вклучува верата и религијата.Секако, зборуваат воглавно за да исмеваат, ама се чини дека знаат многу и се заинтересирани.
    На крајот, ми личи дека таа фиксација кај многу луѓе на подлабко ниво е всушност талкање и барање на виша сила.
     
    На sonuvana, BY<3 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Вербата во Бог и вербата во непостоење на Бог се многу важна определба за човекот и нормално е да се биде чувствителен по тоа прашање. Од голема корист е разговорот помеѓу луѓе од различни верувања и неверувања, така ќе можеме да сочувтвуваме едни со други, да ги погледнеме нештата од туѓа перспектива. Сѐ додека се дискутира со почит и без лични навреди и напади, сите ќе имаат бенефит од дискусијата.
     
  11. MissSiki

    MissSiki Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ми звучи како да си барала таа закачка или сакала да те набеди за нешто што нема врска. Којзнае како те доживува таа личност чим така изреагирала.. или не и бил денот :Dкако и да е, очигледно до нејзе е.

    Друг пат во друшто побарајте некој друг да постави слично прашање, и видете дали исто ќе изреагира.
    Како и да е немој да те вознемирува тоа мнг, ќе имаш слични ситуации во животот без разлика за која тема станува збор. Друг пат смирено пробај да ја исправиш личноста.