Незнам дали баш тука припаѓа темата, но.. На сите ни се случило да видиме по некој цагер, еве на пример јас денес видов 07:07, 08:08, 09:09 и 10:10 по ред. Можеби секој цагер нема свое значење, но барем некогаш си се тешиме дека некој не мисли. Еве еден цагер, којшто е полу-вистинит.. Ми се случило да ми се погодино многу ретко.. Има па некои цагери што немаат некој лош цагер, сите се супер, овој на пример има само 2 лоши. Имам уште некои но друг пат ќе ги постирам и тие. 00:00 – ти си му се 01:01 – те сака иако не ти верува 02:02 – ќе ти се додворува 03:03 – не може да заспие без тебе 04:04 – те сонува 05:05 – дај му шанса премногу те сака 06:06 – ќе се карате 07:07 – мисли дека го сакаш 08:08 – ги лаже дека не те сака 09:09 – ќе го видиш денес 10:10 – сака да те види 11:11 – се моли да те види 12:12 – ќе те засака засекогаш 13:13 – мисли дека си слатка 14:14 – ќе те бакне 15:15 – сака да те види јави му се 16:16 – постојано мисли на тебе 17:17 – му се допаѓа твојот изглед 18:18 – верен ти е иако не ти верува 19:19 – ти претстои голема љубов 20:20 – премногу те сака 21:21 – ќе се фатите 22:22 – се мува со друга 23:23 – ќе се вљуби во тебе
Не дека верувам ... но кога ке си видам а сум тажна ме расположуваат иначе ми се има случено баш тогаш да ми се јави ... можеби случајност ....
Порано многу верував. Ги имав во телефон овие, па на дечкото (симпатија тогаш) му кажував секој пат кога видам и тој ми одговара: Еј,те мислам! Интересно беше тогаш со цагерите. Сега само ме расположуваат, немаат некое големо значење.
хахаха ... и мене ми се има случено пред некој ден ... 08-08. 09-09, 10-10, 11-11 ... ме расположува дегинитивно