Темава ја отварам со цел да имаме катче каде ќе може да ги дискутираме секојдневните актуелни настани кои ги следиме на Вести. Насловот на темата ќе се менува во зависност од тоа кој настан ќе го тематизираме. Мислам дека пожарите во Атина се доволен повод за тема. Повелете...
Читам коментари за пожарите во Атина и ми се згади, по којзнае кој пат од слични причини се срамам каде живеам и со какви го делам воздухот. Си го барале оти ни го чепкале библиското име, сите да изгореле, ако им е, Госпо гледал... со пцовки, клетви... Сето ова од луѓе кои може да ги среќаваме по улица, во маркет, со деца и внуци под рака, а да и да не заборавам - најмногу во црква. Тврдам дека национализмот и верскиот фанатизам треба да се третираат како психијатриска дијагноза!
И јас не можам да сватам како луѓето можат да се ситат на туѓа несреќа. Жал ми е за жртвите во Грција Господ нека е на помош.
На тема Грција. Не се ситам и не можам да се ситам на нечија несреќа. Сето тоа е ужасно. Не дај боже никаде да се случи ништо слично. НО Во овие моменти, додека сите кукаат и жалат, додека сите се потресени, мене пред очи ми доаѓа друга потресна слика. Сеќавањата на баба ми и дедо ми. Доста сликовито ми ги имаат раскажано. А биле само на 8-10 година возраст. И што сѐ немаат преживеано. Читам како некој од грците пишувале дека гледале како луѓе гореле живи. Ми доаѓа сликата кога баба ми со солзи во очите ми кажуваше дека додека бегале, гледала мали деца затворени во куќи што горат. Како се држат за решетките од прозорците и викаат и плачат, горат живи. И немало застанување, немало паѓање во шок и депресии, мораш да продолжиш да одиш, да пешачиш, да трчаш и да бегаш стотици километри за да спасиш жива глава. И на дожд и на студ. Ако имаш среќа да не те искасапат по пат. Или да не ти ѓи задржат браќата назад за да останат да се борат. Дедо ми има изгубено двајца постари браќа така. Можам до утре да продолжам да раскажувам.Точно дека денес има невини жртви во Грција. Но и илјадници наши невини дечиња страдале. И не само деца. И не настрадани од природна катастрофа. Туку УБИЕНИ на најсвиреп и суров можен начин. Геноцид. И точно дека чувам многу омраза во мене на оваа тема. И нема да ми помине. За мене тие биле чудовишта, не биле луѓе. И уште се трудат да не истребат. Кога би можеле би го повториле истото. Жал ми е ама јас не можам да чувствувам жал за ова што се случува. Чувствувам горчина. п.с. да нема недоразбиања, не мешам признавања на име и библиски глупости што читав дека се пишува по фб.
Читам коментари по интернет,како да изгорат сите Грци,како ако им било,и какви све не грозни коментари.Колку злоба има во луѓево не ми се верува,што све ви направи таа политика,ви го испра мозокот прејако,појако не ни можеше.Не го посакувајте она што не сакате да ви го прават на вас,и не заборавајте дека животот е бумеранг.
Рефке си го згрешила кафето вечерва На темата пожари во Атина, катастрофа,а и коментарите од нашите по порталите ужас..немам коментар да додадам
Каква е човештината кај тие на кои им е мерак Грчиштата да изгорат Толку ли политиката изигра кај некои голема улога па се изгуби емпатијата кај луѓето?!
Читав и јас, додека ги читав македонциве не знаев дали да се смеам за изнапишаните глупости дека господ враќал ради библиската земја или да плачам за простотилкот наш или пак злобата присутна меѓу народот. А најмногу од се видов и извлков опис за тоа уствари какви сме ние во суштина Да веруваш во господ како овие дотичниве на коментарите не е да се сетиш на туѓа несреќа, на терор, на лоша олуја со 100 мртви Не е бе верски Што од ова те прави верник кон господ? Логично.. Ужас голем. А може и подметнат како што кажуваат. Стихија со 100 мртви и дупло повеќе повредени луѓе Кошмар И да фатеме да се ситиме и да збореме вака ? Не е нормално, не. Уствари се гледа каков се народ ни држи земјава Простоќа невидена и злоба Многу злоба
Не. Нема но. Коректното мислење за ваква ситуација завршува овде. Тоа сега е народ, невини луѓе кои немаат врска со таа монструозна политичка структура од пред толку многу години. Зарем треба цел свет на пример да ја мрази Германија и на сите Германци да им се ситат при евентуална трагедија поради ужасите на нацистите, по таа логика?
@JoeJane сите такви случувања од минатото се тажни и трагични, НО каква врска има со денешните случувања и страдањата на овие луѓе? Не ни биле родени може тогаш. Тоа ти е како сегашна Германија да страда поради нацизмот. А овие па на фб што се ситат на вакви работи, ми се најдолна категорија на луѓе. Ваква и пострашна непогода може сегде да се случи, тие за името стигнале да пишуваат. @Someonespecial исто размислуваме.
Пред малку прочитав на интернет. Трагедија голема. Жалосно. А за коментарите на интернет не знам што да кажам. Фрштат клетви.
Мислат дека што појака клетва ќе кажат толку поголеми патриоти се во очите на останантите. Се слушаат ли што зборат?!
Не можам да се доначудам до каде оди човековата злоба и бездушност Луѓе загинаа, ЛУЃЕ од крв и месо... Што е битно дали се грци, арапи, кинези, тунгузијци?
Моментално следам отворена програма, 76 мртви, 187 повредени и десетици исчезнати. Потресно. Најлошото вчера, беше силниот ветер што многу брзо го прошируваше пожарот. Никој не заслужува таква судбина. Семејства гушнати живи гореле. Претрагично...
Жално и тоа многу. Се надевам дека брзо ќе ги изгаснат пожарите и да нема повеќе жртви. А од нашиве коментари просто сум изненадена и запрепастена. Како може некој да каже ако им е, така им треба на Грциве. Не знам што е народот крив и што мешаат баби и жаби. За името и се во врска со тоа е дело на политичарите, а не на народот. Толку омраза има во народот посебно во нашиве што не знам што да кажам, се ситат на туѓа болка.
Па тргнале. Сите оделе накај морето да се спасат, ама како што кажав имаше силен ветер, и скроз изгубена контрола врз пожарите. Не успеале да стигнат до морето.. горело од сите страни... страшно...