1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вести од светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2018.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Немоќни сме пред природата...
     
    На realGirl, Independent Girl, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    Јас ни те убедувам ни па сум во план да те натерам да веруваш.Тоа си е твое право.Коментарите конкретно,се од негова слика.Дали уште стојат,не знам.Ама ако не стојат тоа е поради пријавувања од фб,не поради кривични мерки.Друга работа на која сакам да се надоврзам е дека ова е некако делумно.Ако се водиме според овој критериум,секој лош коментар е говор на омраза сите ќе сме криминалци.Колку пати имам наидувано на статии на канал пет или слични канали и коментари 100 пати полоши од овие.Зошто тогаш не го воведоа законот?Не сум против ова.Дури го поддржувам,но сметам дека треба да се однесува за сите.Дали Грција ќе воведе ваков закон за нас некогаш?Малку тешко.
    Како и да е,не се разбирам во политики само кажувам како изгледаат работите од мој агол.Сакаш верувај,сакаш не.Мене сеедно ми се фаќа.Јас не сум политичка кампања,па да те убедувам во моите ставови.
     
    На honest girl и Joi им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли каква грда слика ствараме за себе пред целиот свет ?
    Не само на македонските сајтови, овие гадости ги пишуваат и на странски сајтови, каде што читаат луѓе од цела Европа. Каков впечаток оставаат коментарите со ако им е, карма било, пцуење, сите да ги снема ?
    И после не не сакале. Значи до нас е.
    Никој не нејќе и со право. Гаден народ сме
     
    На LollySky, Someonespecial, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Таман работа ако секој пишува што сака без никаква одговорност за напишаното.

    Слобода на говор во медиуми не значи да пишуваш што сакаш ! Затоа секој веб сајт си има правила во кои јасно пишува дека говорот на омраза се санкционира и профилот ќе ти биде блокиран или избришан.
    Мора да постојат филтри. Па дури и Amnesty Internecinal која е најжесток застапник на слободата на говорот, јасно го забранува ширењето омраза преку медиуми.

    Надвор од јавниот простор, кој што сака нека си хејта.
     
    На WildMk, Joi, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Законот е донесен во 2014 година, само не се спроведувал до сега.
    Тоа е муабетот, за немање правна држава.
    Закон на папиру, не прави разлика, ако никој не го имплементира и спроведе во реалниот живот.

    Зошто сега се почна? Еднаш мора да се почне. Еден мора да е прв пат-преседан. Работата е да не запре! Да не биде само за ова и толку.

    Да видиш после како ќе се редуцираат глупостите по сите медиуми, вклучувајќи го и интернетот.
    Не верувам дека некој би ризикувал казна затвор, само заради неговиот/нејзиниот клетотилок!
     
    На Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Политички коректна полициска држава, или како и да е. И онака (ќе) важи само во одредени ситуации, за одредени луѓе.
     
    На zuto и honest girl им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Море Ристеее.. Полициска држава не е ако се почитуваат законите.
    Полициска држава беше кога се казнуваше по ќеиф, а не по закон.
     
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Видеово го покажува вистинскиот хорор. Страшно. А за говорот на омраза? Точно дека законот не е од сега туку не се иплементирал. Изгинаа луѓето па додатен говор на омраза во очи на референдум.
    На никој да не му се случи ова, ни на најголемите душмани.
     
    На lovestoneddd, simonka93 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Те прашав ли нешто, Вајлд? Честопати кога ти е поставено прашање, заобиколуваш одговори. Кога никој ништо не те прашал, брзаш да се најдеш во муабет (да го протнеш муабетот) како во некое минато време (на претходната власт) ce било лошо и ништо не чинело, а изминатава година рози садите ти и Заеб. Aj save it.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Пф.. не мора да прашаш. Ако постираш и имам мислење, ќе те цитирам.
    За избегнување одговори иначе, ти си експертот, не јас. :)

    За рози.. нема и сега, ама барем се трудат да поправат, се' она што ВМРО сроза до кочанка!
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас само се повикувам на правилата на форумот, таму пишува дека е непожелно постојаното цитирање, а тоа е твој заштитен знак. Мислам дека си единствена членка која за три месеци успеа да остави три илјади мислења на форумот.
    Ништо не се трудат твоите и ВМРО е во споредба со нив добивка на лото, но не е оваа тема место да образложувам.
    Околу избегнувањето одговори, си ме помешала со некого. Можеби затоа што веруваш дека сите се потајно како тебе.
    Против задушувањето на слободата на говорот сум. Денес колначи, утре останати неистомисленици ќе станат мета за замолчување. Личи на обид слободното изразување да стане право на една категорија на граѓани. Поточно само тие кои во животот ги следат истите догми како и ти, Вајлд, да можат да се изјаснуваат без резерва и без чувство на нелагодност.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Има разлика меѓу слобода на говор и говор на омраза. Второво, во Македонија е кривично дело.
    Закон кој го донесе минатата власт, но не го спроведуваше, освен во случаи на политички реваншизам.

    Го цитирав и делот од законот на темава.. Најди го и прочитај го.
    За да не се повторуваме за исто на секое, најдобро е да научиш еднаш и да го затвориме тој муабет.
    Се додека не ти се јасни работите, ќе морам да те цитирам и да ти ги повторувам :)
     
    Последна измена: 27 јули 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Нашле десничари и уанаби објективни бесчувствителни персони да зборат за слобода (на говор). Wow...
    Релативизирате сите што сте загрижени за казни за колнење и меѓунационална омраза поради некаква си извртена слика за слобода на говор. Таква злоба треба да се сузбива, треба да се почне од некаде. Нема ништо погрешно во тоа.
     
    На Yowannty и WildMk им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Оф леле за слобода на говор биле они.(facepalm)
    А на мјут копче бевме 11 години под паторот.

    Слобода на говор е и #факингБиблија , па за истата реченица го пореметивте форумот.
    Значи поштувате слободно изразување се додека не ве чепкаат вас.
     
    На Yowannty, WildMk, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мораш? Те тераат? Платена си, ти зависи лебот од тоа па да мораш?
    Кој ти рече дека не сум го видела и прочитала постот и дека си должна да разјаснуваш?
    Границата меѓу слобода на говор и нешто кое некој може да го протолкува како говор на омраза, е тенка. Можеби и подобро е да не се спроведува таков закон. Оти ако се спроведува, гледаме дека оди селективно.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па гледавме дека беше селективно. Точно е тоа.
    Со новиве, ова е прв пример за отворање случај по тој член од кривичниот законик, и сосема е оправдано.

    Нема ништо 'сиво' во: „Арно им се стори, нека изгорат сите, ич не ги жалам“.

    Линијата не да не е тенка... од што е дебела, на мене личи!

    Морам, затоа што по природа сум едукатор.
    Не запримети до сега? :)
     
  17. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Денес го гледав ова страшно е за толку кратко време дојде огнот до куќата страшно
    Знам како е да гледаш одблизу толку голем пламет ,немам спиено со денови на апчиња бев.
    Како што прочитав човеков со мачката останале живи ,како се спасиле бог знае
     
    На LollySky и WildMk им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Предмет се отвора поради потпишаната спогодба со Грција. A не дека ќе се нафатат во иднина да ги расчистуваат неброените случаи со говор на омраза низ Интернет, уште помалку кога не се ни јавил некој директно засегнат од лошите зборови.

    Значи... клетви и справување со нивното влијание.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кој треба да се јави? Не треба некој да се јави... може и така, но не мора.
    Ако има кршење на закон, МВР и ЈО треба да истражат.

    Ќе видиме дали ќе заврши на овај случај само.
    Само што почнуваат, има време.
     
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.601
    Допаѓања:
    34.226
    Мене па искрено ич не ми е јасно шо има да се дискутира на темава т.е. шо мајка од сите дешавки на светов, се отворило тема за пожар, или за поплава? Шо ќе се смени, или па шо ќе се постигне со темава? Умреле луѓето, нек им е лесна земјата...Природа е тоа.

    Да се отвореше тема само за донации, ај да разберам, или па темава да беше за некој скандал, афера политичка, па да ковавме теории на заговор, еве на шо ми е јасно...

    Лоша, безпотребна и безцелна тема. Нема поента.
     
    На Briar Rose, Mamli, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.