@Mamli @Роберт 7 и што сакате да кажете дека заслужиле што гореле? Замислете некои Грци имале проблеми со рандом наци Македонци и сеа за одмазда го убиваат целото ваше семејство само затоа што е Македонско значи по ваша логика вие би ги оправдале убиците на вашите најмили
Колку што сум загрижен за жртвите во Сирија толку и за овие јужниве. Греота за децата! Грчката влада си е крива за ова и треба да си сноси одговорност. И оние кои ги подметнале пожарите, се знае каде треба да завршат. Греота беа и децата во Стајковци, Синѓелиќ, Инџиково...меѓу нив и моите деца. Па јас 15 дена не ги видов, а и куќата што 15 дена во фекалии ми тонеше немав време да ја спасувам делејќи храна и облека и физичка помош на оние кои поминаа многу полошо од мене. Џабе кукате, фатете се за работа и помогнете на обој кој е загрозен а е до вас, а не на стотици или илјадници километри од Македонија!!!
Тоа што го мислам, поголемиот дел сте го кажале. И они имаат луѓе кои да видат дека во Македонија имало несреќа, ќе се радуваат и ќе пишуваат вакви постови по социјални мрежи, но тоа не е причина за и јас да го правам истото. Имаат и луѓе со кои сум имал супер однос додека сум бил таму. Никогаш не сум судел цела нација по поединци и не мислам дека некој треба да пати поради туѓи размислувања, дела и гледања на политичката состојба.
Мене па вие сте ми почудни на форумов. Ко да не знаете каде живеете. Што се чудите за Фиром, јас не се ни чудев кога ги читав коментарите, да не речам очекував. Пола од овие разгледајте профили, ќе видите дека на одмор таму одат. Ама лицемерен народ сме. Дека имаме претрпено ептен неправди од нив како држава, точно е, од нивна политика ние сме оштетени доста. И денес не мразат од дното на душата, Monkeydonians не нарекуваат, не колнат и тие верувајте. Многу крв сме проплукале од нив. Не ги сакам, најискрена да бидам. НО, јас никогаш не би им посакала вакво нешто, жал ми е и сочувствувам со секое семејство таму. Се надевам дека ќе успеат да ја стават ситуацијата под контрола. Никогаш не би посакала смрт некому, ваква трагедија не би посакала ни на најкрвав душман. Се надевам дека ќе се активираат и други држави и дека ќе помогнат за овој хорор најбрзо да се заврши. Ќе донирам и ако треба, иако пак ќе напоменам, воопшто не ги сакам како народ, ама сепак човечкиот живот е побитен од секоја емоција негативна која ја имам кон нив. Се надевам дека ќе се заврши се во најскоро време.
Ќе скратите од вашите скапи одмори, нови бикини, коктели, шопинзи, ресторани, гардероба да помогнете на овие деца? https://www.donacii.mk/ Тука се до вас. На само 10 минути. Не се ниту во Атина, ниту во Токио, ниту во Пекинг. Тоа се вашите комшии, сограѓани, соселани.
@Роберт 7 ај прекини жити сè. На девојчево на кое му попуваш, колку што разбрав пред некој ден за тебе, може татко да ѝ бидеш (исто како и за мене), а стопати поголем човек е од тебе. Како не ви е срам со овие споредби? Од кога она христијанското „вртење и на другиот образ“ почнало да ви значи да се ситите на природни катастрофи на некој народ? Иронично, утре е годишнина од скопскиот земјотрес, и луѓе згрозени од вашата омраза се потсетуваат на историски податоци дека и Грција меѓу другите земји исто така донирала тогаш за нас. Исто и дека грчки пожарникари доаѓале на помош при шумски пожари во нашите јужни делови (Битола), пред неколку години. Ама дааа, сè ова е фејк њуз, само вашата омраза е вистинска и нормална! Имало членки со предци Егејци што ќе си ја сфателе лично (и демек оправдано со гнев) трагедијава како „карма“ (бљак). А како треба да си ги сфатат реакцииве оние членки кои се во врска или брак со млади Грци од сегашноста, кои немаат никаква врска со таа историја? И јас имам другарки со егејско потекло, па не знам никоја на таа карта да сее отров за политикиве. Ова го има само во мрачниот полуписмен „патриотски“ дел од фб/јутјуб и во категорија политика на форумиве. Страшно...
Како народ сме за никаде ние. Кога беше поплавата ти текнува кој ја зема хуманитарната помош? Тие што не беа зафатени од поплавата дома си правеа магацини со хуманитарната помош. Јас со раце цели со рани бев да помогнам иако претходната ноќ се борев за гол живот. Додека некои се спремаа на одмор да одат. Не се секирајте ќе добијат хуманитарна помош доволна Грците. Во Германија се отворени пунктови и луѓе носат работи кои би им биле најпотребни. Има од сите народи кои носат но најмногу Турци.
@Роберт 7 , едно е да не сакаш нација, друго е да посакаш целата да гори и невини луѓе да умрат на најжален начин. @Mamli Секогаш кога се има можност треба да се помогне. И за наши деца и во момент на трагедии. Секој живот е ист и јас секогаш кога можам парите за кафе ги давам за донации. Отворете ги срцата малку, еве и јас не ги сакам, ама секогаш гледам да сум the bigger man и да помогнам.
Не ги сакам Грците, ниту одам таму на одмор. Бог да ги прости настраданите. И не се чудите на коментарот на Миленко. Од човек како него се знае што може да произлезе.
Ај ти засукај ракави и фати се за работа и оди помогни на земјоделците што го изгубија годинашниот род во Македонија Немој да ми се закануваш и да ми кажуваш јас да не попувам. Колку ти имаш право на коментар толку и јас. Ако не ти се допаѓа не ме ни читај, прелистај ме...
Сликата не е од сега. Многу слики што се споделија по социјалните мрежи не се од сега. Еве од каде е конкретната слика https://web.archive.org/web/2018070...cle_89752cef-21b0-5eed-b5bf-58fd5d44c287.html Не споделувајте непроверени информации/слики. Не се што се врти по интернет е вистина.
Секој ќе помогне и донира на кого сака, и ќе емпатизира и жали за она што знае и му било достапно како вест во медиумите. Наше право. Ако некој не ни жали, нека си ја задржи омразата за себе и нека не се бламира.
виртуелните хуманитарци и соочувствувачи од увек ми биле најјаки од далеку у удобна фотеља со ладна кока кола у раце,лесно е да развиеш емпатија нели?
Пoстoви и пoстoви дa се дoкaжи декa ти е жaл штo луѓе изгoреле вo пoжaр. Пoжaр е, кaтaстрoфa е, тoa е, не се пoтребни ни пaтетики ни пaк пaметувaње. А зa пoмoш, држaвите пoмaгaaт тaму кaде сaкaaт, сирoмaшните тaму oд кaде имaaт кoрист или им е нaреденo, пoбoгaтите скoрo секaде. Нaрoдoт претежнo сaмo лaе и емпaтијa си мери пo мрежи.