1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вести од светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2018.

  1. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Не е човечки да се радуваме на ничија болка и трагедија, но мислам дека воопшто парична помош не требаше да се понуди, прво поради нашата економска "сила", и второ, бидејќи до темел да не снема Грција нема да помрдне со прст, ниту владата ниту народот.

    А нашиов хуман гест е ништо повеќе освен улижување кон јужниве ни соседи.

    Незнам зошто мислите дека нашиот однос со Грција се сведува само во политички размери и останува таму. Да, од таму потекнува, но голем дел од народот таму несака да слушне за нас не пак да ни помогне во одредена ситуација. Значи зборуваме за народот, а не за политичарите.

    И те како покажале голема доза на непријателство кон нас и ни тронка емпатија. Како ги третираме ние кога ќе дојдат во Македонија а како не третираат тие нас ? Зошто не возвраќаме со иста мера? Бидејќи како нација немаме свое ЈАС.
     
    На Orchidea, realGirl, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Целата тема си беше во ред на почетокот. Се случил пожар. Настрадале луѓе. Во ред. Жална вест. Нема проблем да се донира пари и средства. И тоа е сосема во ред. На секому може да се случи.

    Проблемот настана кога пар членови се обидоа темата да ја свртат во друг правец со сликата од Миленко и коментари од типот ѓубре народ сме, не заслужуваме подобро, мизерија сме во светот. Тотално непотребно.
     
    На zalosna и zuto им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.601
    Допаѓања:
    151.796
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Пред 10 години некаде, не памтам точно која година, бев Битола кај моите баш во период кога имаше јак пожар, кој стаса до градот!! Го делеше само автопатот Битола-Охрид.

    Знаете колку требаше да си е*и матер цела Битола???
    Само малку појак ветер!


    Не знаеме што не чека.
    Затоа, сите сус.
     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Кога Миленко и еден куп на фејзбук се ситат за изгорени луѓе што не ги познаваат поради нивната националност тогаш не треба да се генерализира дека сме мизерија. Ама кога од еден куп македонци што одат на одмор во Грција, на неколку ќе им ги вандализираат колите неонацисти, тогаш е океј да се генерализира дека сите грци ги мразат македонците.

    Да, надворешната политика на Грција не го признава македонскиот народ сѐ што му има направено, ама тоа нема врска со смртта на невини луѓе што загинале во пожар и без осет е да се спомнува.
     
    На BoaVista, Amellie13, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.111
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
  7. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    А како отварањето тема би им помогнало на жртвите и настраданите во топлотен бран и поплава во Јапонија, или превртен воз во Индија, во вулкан на Хаваи, во запалена цистерна со нафта во Нигерија или еве во темава, пожар во Атина? Никако! Особено па ич тема зад чие отварање се крие намера за генерализирачки партиски и религиозен линч поради изјави на поединци чија умствена функција е на рамниште на Саше Политико, Лименко, Тричковски... Да не „процурија“ изјавите на одредени ликови, сигурен сум дека ни темава ќе ја немаше. Лажните фотографии беа само екстра масло на огнот на кладата наполнета со христијанско-вмровски-македончиња.

    Си имаат Грците служби, пожарите воопшто не им се непознаница, нека откријат каде затаил системот, зошто таква лоша проценка, каде е вината за пожарот, каде е вината за големиот број на жртви... Јас лично имам впечаток дека луѓето од внатрешноста на Грција се вредни и работливи, но голем дел од населението во туристичките региони све тоа е тешка дембелија, мрзи, легачи и неработници. Деца, жени туристи се оставани на милост и немилост на огнот. Грев е да се збори, ама ако барем малку локалците се потруделе да се вклучат во активностите за сузбивање на пожарите можеби денес ќе читавме поинакви вести.

    Од каде потребата само нешто да се лупета и истресе? Јапонија е една од земјите кои имаат донирано најмногу средства за Македонија. Пари, обуки, опрема донирани на начини кои исклучуваат манупулација, превари, крадење, политичка селекција, наметнување влијание, за разлика од USAID, UNDP и повеќе амбасади и државни агенции за помош.
     
    На zalosna и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180

    Бла-Бла-Бла-Бла!!


    Колку пати ние не сме имале капацитет ни средства да се соочиме со последици од природна непогода???

    Секој пат бараме помош од други за се'.

    50 канали на обиколницата кај Скопје, не можеа да ги отнат и да ја избегнат катастрофата во Стајковци!

    Доста со глупави муабети.
    Ем на глава ни било, ем не разбираме: Како ова, Како она?

    Како по*акано како, ете како!!!
     
    Последна измена: 25 јули 2018
    На Indiegurl, Someonespecial, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Едно е да не ги сакате како народ. И мене не ми се многу мили со оглед на некои работи, ама во никој случај не им посакувам смрт и не се радувам што горат живи. Барем во вакви моменти, оставам на страна политики и историја. Луѓе се, аман. Само се надевам побрзо ќе се среди, а повредените и оние кои изгубиле дом ќе добијаат соодветна помош, што од својата држава, што и другите ќе помогнат. И сочуство до загинатите.
    А замислете дека меѓу тие загинати имало и луѓе што не им е гајле како ќе се викаме и што не лепеле лепенки по макеоднски коли? Ама не, сите се исти, ако им било...

    Читав и дека вирутелниве хуманитарци биле исти како националистите. Океј, најдовте ново оправдување за вашите одвратни коментари и фактот што посакувате смрт на невини луѓе.

    Па и ова демек пожарите биле божја казна, оти Ципрас ( ако не грешам, тој беше) бил атеист и не му биле крстени децата:headbang::headbang::headbang:...Луѓево глупи се или се прават такви?
     
    На m.i.g, Joi, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    ојо грција.jpg
     
    На galapce, Someonespecial, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Која ти е поентата на пораката, ако го тргнеме на страна простотилукот?
    Колку пати сме имале непогоди? Тоа ли? После `63 која голема и катастрофална природна непогода сме ја имале? (освен црпнатиот, ама он не е природна, он му доаѓа нешто како божја непогода) Пожарите што секоја година потекнуваат од човечки фактор? Поплавата во Стајковци поради од човеци оголената Скопска Црна Гора? Можда цунамито што ги потона и издави Бугарите во Охрид?. Ако не па вулканот во Косел?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Стајковци де... како најголема непогода.

    Секој пат кога имаме во лето пожари, позајмуваме авиони за гаснење.... ако не повеќе.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Абе има скотови, имаше некои вода и чизми продаваа многу поскапи отколку нивната реална цена. Муабетот ми беше дека доста народ отиде да помага, тогаш единствено трошка надеж за државичкава осетив. Јас конкретно не отидов на лице место ама изнакупив и храна и медицински средства, ракавици, антисептици, средства за хигиена и слично. А како мене имаше многу. Нејсе, не е тоа темата, да не одиме офтопик да не не бришат.

    Инаку искрено, најискрено се надевам дека никогаш нема да ја тестираме лојалноста на соседите, никогаш да не се повтори Стајковци, ниту пак ситуацијава од соседиве.

    Најново 79 луѓе починати, 187 повредени официјално. 23 деца. :| Неофицијално се сигурно многу повеќе. Некои пробале да бегаат во морето, удавени се таму, 26 тела се извлечени.
     
    На Someonespecial, LollySky, RAF Camora и 2 други им се допаѓа ова.
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Те разбирам јас која ти е поентата ама кога беше непогодата и спасувачките екипи не беа подготвени ги чекавме 3 часа да пробијат пат тогаш. И кога дојдоа се беа млади момци кои не беа баш доволно обучени. Одеа низ теренот без некој распоред. Инаку знам дека земаа и продаваа намирници и средства од хуманитарната помош. Еден од сегашните советниците во општина Гази Баба си направи полн магацин. Затоа реков дека не не бидува како народ поради вакви како што наведов.

    Подготвени се подобри од нас Грција ама според тоа што го видов тешко ќе се справат. Да се надеваме дека ќе се среди се во најбрз можен рок.
     
    На Someonespecial, LollySky, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Ти ги спомна, не јас.
    Ти се загрижи за нив, нели?
    Темава е од вчера, а не од пред два месеци. Поентата не ти е баш нешто. Ти, не си го ни прочитал првиот пост на темата, а одма скокна за човечност муабети.
     
    На HardSex и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Бог да ги прости починатите меѓу кои деца и бебенце :( Срцето ми се испара кога видов на вести... и јас имам дете како тие мајки, сочувствувам со нив.
    А за тие што се ситите на Грците... можам јас со некој сосед да се мразам душмански, ама никогаш не би му посакала да изгори сосе деца. Чисто само како пример!!!
     
    На Hellobeautiful, hermosa, Joi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.019
    Пол:
    Женски
    Страшно ме потресе и веста и сликите од пожарот.
    Нечуствителноста,одсуството на емпатија кај одредени наши граѓани е одвратна.
    Се може да разберам но да немаш воопшто емпатија за ваква трагедија,не можам да разберам.Омразата да е поголема од човечноста.Тоа е реалноста ,такви луѓе имаме,и не сакам да читам колку сме религиозни,добри,со широко срце ,ништо од тоа.Сите што изговорија "арно им се случува" сте дно од луѓе,човечки шљам,мизерија.
     
    На hermosa, Joi, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Машки
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    И покрај односите,и се она што Грција и го прави на Македонија...жал ми е ;( Човечки е да се помогне,посебно децата.Гревота е да се посакува нечија смрт.
     
    На cresa-jagoda, koritsaki, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Walker7

    Walker7 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Veruvaj mi nitu Albanskite nacionalisti ne bea po dobri... Cel Balkan ist mentalitet imame..
     
    На orevka, Cosmi и WildMk им се допаѓа ова.