Уште одамна се зборуваше во групава ананас да не се јадело по трансфер но јас читам дека баш требало да се јаде ради подобра имплатација еве линк можеби ќе ви биде корисна... http://conceivewithpineapple.blogspot.mk/2011/01/pineapple-as-aid-to-implantation.html?m=1
И јас сретнав спротивни мислења за ананасот во врска со инплантација, прашав медицинско лице, ми рече дека немаат определен став по однос на тоа, а би требало да може да се јаде како и секое овошје што се препорачува, ама ако ни е премисла демек, не мора да го конзумираме. Eте, тоа... И пак да не знаеш што е добро.
да мила и јас секогаш сум се плашела не сум јадела само до пред трансфер и сега баш спротивно читам, првите 5 дена по трансфер да се јаде...единствено за време на бременост не смее но до тој дел ќе има време... да го јадеме бар првите денови ..
Се јаде како не, особено тоа тврдото внатре Ако не се лажам има и спротивни мислење и за во бременост, јас искрено се изнајадов
хахаха браво еве и ти си ни уште еден пример дека баш треба да се јаде, добро е да си го знаеме сите ! ❤
Лесно ќе биде да е само до ананасот, во медици се’ уште нема формула за успешна инплантација, затоа не треба да се оптоваруваме многу со исхараната и витамините, затоа што не е само до нив, се кљукаме со суплементи последниве години без прекин, и јас, и мм, па ништо не добивме. Кога ќе дојде моментот, тогаш ќе биде. Е сега, нормално дека не треба да се труеш со никотин и алкохол, да претеруваш со шеќер, здрава, органска исхрана, да имаш умерен начин на живот, вклучувајќи и 8 часа спиење и сл., ама да се замараме и со многу хемија, мислам дека не треба.
да многу работи треба да се поклопат не значи дека сега ќе јадеш и ради тоа ќе бидне не туку кога требало... но вреди ние да се трудиме се да правиме што ќе прочитаме па што даде Бог...а и добро ќе ни дојдат овие бразилски ореви и ананас природни витамини нема штета секако, и така се труеме со таблети па севкупно од сите работи некогаш ќе се наредат коцките...ве гушкам и напред до целта јаки жени убав ден да имате ❤
Така е мила, само позитивно, пред се’! Јадам и ананас, и бразилски, зрнесто се’, вклучив и авокадо, органска храна претежно, па со Господ напред!
Честиткии! Лесна бременост да имаш, благодари Му на Господ, радувај се, уживај во убавината на животот, кој навистина знае да биде и убав! inlove:
Опаааааааа Ајде за убаво! Честитки и со најубаво да оди се'! Браво, успеавте!!! И ајде да се множат високи бети, во Труднички фали гужва
Честитки мила сигурно вредеше секоја солза и инекција да си имаш лесна бременост ...уживајте ова е ваш ден, посакувам да повлечеш нога кај сите да се случи оваа убава вест во оваа 2018 година и пиши како помина со која терапија, и постапката ❤
Честитки душо со лесно до крај..ете за вакви вести се радувам многу посебно за вас од оваа тема браво