1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    346 глас(а)
    20,7%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    216 глас(а)
    12,9%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    62 глас(а)
    3,7%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,0%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    21 глас(а)
    1,3%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    92 глас(а)
    5,5%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    71 глас(а)
    4,2%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    100 глас(а)
    6,0%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    93 глас(а)
    5,6%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    275 глас(а)
    16,4%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    7 глас(а)
    0,4%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    224 глас(а)
    13,4%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    26 глас(а)
    1,6%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    42 глас(а)
    2,5%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    8 глас(а)
    0,5%
  1. qwen

    qwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам Нане26 за желбите.Дај Боже кај сите нас да се вроди успех
     
    На Nane26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    не ме интересира нели по пошта го праќаат одговорот, колку дена треба дури ми стигне на адреса откако они ќе го испратат.... од ск сум инаку ?
     
  3. Majetobe

    Majetobe Нов член

    Се зачлени на:
    19 септември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Martka Jas sum preku drzavata a na privatno neznam kolku pari e a Inace so donor na jajce kletki e da zemes jajce kletki od druga zena ama poveke informacii neznam za taa procedura

    Sofija 88 treba da imas Gmail addresa posto pobrzo stiga odgovorot vo poraka posle nekoj den stignuva i pismoto i vo nego go pisuva odgovorot dali e prifateno drzavno ili ne pozz
     
    Последна измена од модератор: 19 септември 2018
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MIS2013

    MIS2013 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Софија после одобрување најкасно за 1 недела ќе ти стигне ваучерот по пошта. Со него одиш кај матичниот да ти даде упат за избраната клиника за ифв
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    ме чуди зошто наводно ми е одобрено и испратено уште на 11 ти, а сеуште немам одговор ни на адреса ни на меил, а бев таму и тој на портирница ми рече не може од тука да земеш одговор кога веќе ти е испратен..
     
  6. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Мене за една недела ми стигна. А претходно на маил ми стигна известување

    Почекај до пон, и после пак јави се
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2018
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Софи јас поднесов во мај и чекав да добијам одговор од некоја страна и после месец и нешто пут по ноге со мм правац ФЗОМ кај мајка тереза.На влез еден батка и му велам"Дојдов да го земам ваучарот за ивф",и тој ми вели"Кај таа и таа"демек ме чекала и ја ни две ни три му велам"Да да ме очекува"А мм со три четврта летни културни панталони и му вели баткава"Ти неможеш да влезеш по кратки панталони си"демек имаат кодекс на облекување(а зградата руина и мириса на 1963 година),а сопругата може.Се напентарив по скалите со трчанка и си го земав...Тешко на тој што има мака,ама само така работава"правење на тошо"иначе нема човек културно да си заврши работа.
     
  8. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    луда работа, додека стоев се прошетаа "теткици" исподотерани како за на свадба..мене само ми рече со кого би сакале да се видите реков јас првпат доагам незнам,па се јави на тел и така комуницираше со некоја и тоа ми рекоа дека пратиле а лично не можам да подигнам ужас!
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Може веќе пратиле стварно, па треба да почекаш. Јас последните два сама си ги земав од таму, еднаш се договорив со една од докторките, они ми го зема од архива и ми го даде, а наредниот пат сама отидов во архивата и си го земав, не беше уште пратено. Не влегував од кај портирницата тогаш, туку од позади, баш кај архивата има една вратичка од која они си искачаат за паузи и ако е отворена можеш слободно да си влезеш, одма првата врата лево е архивата.
    Значи кога поминуваш од кај Стопанска Банка, не вртиш лево, па десно за главен влез и портирница, туку кај што се врти продолжуваш право, по линија на зградата и ќе видиш една вратичка. Или па побарај по телефон архива и прашај ги дали ти е пратен ваучерот или уште е кај нив.
    И да не имаш случајно нешто со адресата, да не се водиш по лк на една, а да живееш на друга, па затоа да касни?
     
    На Martka и Софија 88 им се допаѓа ова.
  10. охриѓанка

    охриѓанка Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2017
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Женски, се спремаме за ЕТ. Некако терапијата пред ми е кај скапа ама и некако обемна. 5 дена пред трансфер почнувам да се боцкам со пролутекс, фраксипарин, декортин, едтрофем, вибрамицин, аспирин, бускопан, ибупрофен.... А немам никаква мака, хормони одлични, ѕидот на матката таман....
    Имал некој ваква терапија? Успешна комбинација е а?
    П.с. пролутекс како се боцкавте? Јас во стомак со накосена игла а читам во упатството стои дека треба под прав агол...
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mac82

    mac82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.769
    Пол:
    Женски
    На мејл стига истиот ден кога ќе го одобрат, а дома по 2-3 дена. Откако ќе се договориш со избраниот д-р, земаш упат од твојот матичен гинеколог и заедно со писмото од фонд и цела документација започнуваш постапка. Среќно!
    П.с. писмото мора да се прими лично или некој од семејството со потпис на врата. Ако не ќе го вратат назад
     
    Последна измена: 19 септември 2018
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    не не на иста адреса сум, ај се надевам набрзо ќе стигне ако не пак ќе им одам фала ти ❤
     
    На Желба му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Мене Во петок ми го одобрија, во понеделник ми го донесоа на врата

    Се што напиша, јас исто примав.
    Повеќето од овие лекови се стандард и немаат врска со хормоните и ендометриумот дали е со проблем. Едноставно, процедурата е таква и со лековите се трудат да ги намалат или изолираат проблемите кои би настанале. Имаш лекови за болка, кортикостероиди за прифаќање на плодот, антибиотик заради процедурата на трансфер и заштита од можна инфекција антикоагулантни за крвта, поддршка за естрадиол и прогестерон што исто така е стандардна терапија. Пролутексот после ќе ти го сменат во прогестерон депо, поефтин е и на 4 дена ќе се боцкаш со него. Се што наброја се користи и е ок :)
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2018
    На emkaemka, DunjoMoja, охриѓанка и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Може навистина го пратиле. Јаа се јавив истиот ден по состанокот и ми рекоа одобрено. До 17:00 истиот ден сестра ми го подигна, и пракав слики од лична карта, книшка, ама само мое име и презиме и побараа и и го дадоа.
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hannah$$$

    Hannah$$$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки јас сум нова на форумов сакам да ви ја кажам мојата ситуација и дали може да ми помогнете. Имам 29 години и пред 2 дена бев на гинеколошки преглед во Битола кај д-р Таше. Ми кажа дека по природен пат не можам да останам бремена дека моите јајници изгледаат како на 43 годишна жена и дека мора да испитам резерви на јајце клетки. Резултатот е многу лош најмалата вредност е 0.3 а моите резерви се 0.01 :( . Ми рече под итно да правам ин витро бидејќи во секој момент можам да ја изгубам менструацијата. Е сега прашањето ми е кои документи треба јас да ги соберам за ин витро преку фондот, колку време трае постапката преку фонд, дали имате информација колку е приватно и колку време трае постапката.
     
    На EdnoBiserce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. @nn@

    @nn@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2015
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Еве мила имаш на линкот се што треба да доставиш
    http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=B5C974629F170249B59B83F25792321F
    (ПАП, брисеви, крвна слика, Хепатити и ХИВ за двајцата, хормони од трет ден на циклус, 2 спермограми, 4Д ехо, интервенции ако имаш хисперо/лапаро, мислам тоа е се).
    Цената зависи од стимулациите, ти пишува во обрасците што покрива Фондот, друго ако треба си докупуваш.
    Со среќа!!!
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Не има многу со намалена резерва. Советот со инвитро е добар, но не се плаши дека ќе изгубиш менструација. Може долго да трае тој процес, но да немаш секој месец зрела ј.к., а со тоа и многу мала шанса за природно зачнување. Доколку се друго е во ред, успехот за инвитро и бебче ќе биде многу брзо. Знам дека ваквиот наод ти створил многу грижи, но имаш 29 години и сеуште уште мноогу шанси за успех. Мој совет ти е, да не одиш со класично инвитро туку со вадење и замрзнување на ј.к. за да си ги зачуваш и да имаш повеќе шанса ако првото (недајбоже) не успее.
    Со среќа :*
     
    На Stara и DunjoMoja им се допаѓа ова.
  18. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Резервата ти е навистина мала, посебно за твои години, но би сакала да знаеш, дека шансите за успех ти се многу поголеми, од некоја друга жена која е повозрасна, а со иста резерва како твојата. Без разлика што имаш малку јајце клетки, сигурно се квалитетни, затоа што си млада. И поради тоа, немој да паничиш, да се нервираш, за да не си ги пореметиш хормоните, но исто така немој ни да губиш време.
    Додека ги правите сите испитувања за да поднесеш во Фонд, сопругот нека направи детална анализа на спермата. Немој да се насочуваат само кај тебе, а да излезе на крај и кај него можен проблем и да губите време поради тоа. Еве ако ти е блиску Плодност, збори со др. Таше да му направи и тест за ДНА фрагментација на сперматозоиди или ако си од Скопје, во Систина направете. Ако случајно има висока фрагментација, обавезно со МАКС метода правете во Плодност, моментално само таму ја има, доплатете за тоа ако има потреба.
    Кога ќе поднесеш во Фонд, не оди таму кај Црвен крст, туку директно кај Мајка Тереза, во архивата и нагласи им дека се работи за многу ослабена резерва, дека немаш време за чекање, да те стават веднаш на првото комисиско одлучување. Замоли го и докторот да пише во извештајот дека треба најбрзо можно да се направи ин витро постапка.
    Со среќа!
     
    На Hopeful girl, Ѕвездички, Spiritus и 8 други им се допаѓа ова.
  19. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Јас да се надоврзам со тебе во поглед на препораката од докторот. ОБАВЕЗНО ДА ПИШЕ докторот дека треба да се убрза и дека, (нормално ако е се ок со другото во резултатите) да нагласи дека иако ти е низок антимилеровиот, сепак заради другите фактори постојат шанси за успех. Ова го напоменувам дека Фондот може да даде совет за инвитро со донор, но мислам дека нема..млада си сеуште и прво инвитро па сепак ќе ти дадат зелено светло за инвитро со твои к.ј.
    Да не те обесхрабрува ова. Ти веројатно можеш и ќе си тераш со твои ј.к., ни нив некогаш им е таква политиката при ваков проблем..но најчесто даваат шанса при прв обид и помлади.
    Ти го пишувам ова, само за да бидеш спремна..инаку јас сум убедена дека нема да имаш проблем и да не се обесхрабруваш
     
    На Ѕвездички, DunjoMoja, Желба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Aman so toj amh jas za tie 13god kolku se borevme so neplodnost voopsto ne go ispitav oti mi rekoa .oti ne e relevanten pokazatel za sostojbata na jk mnogu pobiten e FSH I brojot na antralnite folikuli a i ima mnogu slucaevi so nizok amh ostanuvat prirodno bremeni
     
    На emkaemka, Ѕвездички, Mimmi39 и 4 други им се допаѓа ова.