Да, само пункција за жал до замрзнување не сум стигнала сеуште. Инаку дека сум 43 години попрепорачливо е да се замрзнати емвриони, поголеми се шансите за успех. ЈК послабо преживуваат кај постари. Кај Гружанова во Њу Борн. И јас имам фоликулчиња за неполни два месеци имав 4 фоликули ама празни. Тоа е проблемот кај нас со ниско АМХ имаш фоликули ама резервите на јк се мали. Уствари фондот не го интересира каде ќе најдеш јк. Може и сестра ако имаш да ти донира. Просто кажано фондот ќе ти одобри на негов терет само припрема и трансфер не ти плаќа за стимулации и пункција. Ако не ти објаснив убаво пиши ми порака да не го оптеретуваме форумов со дообјаснувања.
Ајде тргај тоа лошите мисли, па за убава работа се спремаш. Вистина 8 по ред ама се поблиску си до целта. Ако така негативно стартуваш, подобро немој. Чекам насмевки...
Ајде насмеј се малку, нова шанса за успех имаш. Разочарувачки е 7 неуспешни ама овој пат за инат на се' успеј. Заинати се, поклони се и успеј Ајде заедно ќе се инатиме и јас пробувам да ги прекршам сите стеротипи дека ми се мали шансите за успех. Ќе успееме бе девојче ќе видиш
Да се пријавам и јас, од денес почнувам со стимулациите за моето прво инвитро. Естрадиолот ми е на втор ден од циклус 20,4. Ми даде да примам фостимон по 3 навечер интрамускулно.па здравје за 5 дена ќе видиме како ќе се движат хормоните. Дали болат инекциите?имам страв од боцкање јас Wish me luck
Не е болно воопшто само биди си опуштена размисли за која цел се боцкаш и се ќе помине. Ти посакувам успех и да не израдуваш со две цртки. ❤
@Alishan30 многу многу среќа ти посакувам Не зезај ке те карам за боцките,ти нас треба да не тешиш Не болат,не се ни осеќаат,првиот пат малце чудно може да ти е,ама знаеш дека се за убаво,и со секоја боцка си поблиску до две цртки
@Ана на мама и јас така играм, како сме заинаетени МОРА да успееме на толку порази, успехот е неминовен! За сите нас
Ооо дааа ти си моја крвна група Абе близнаците ќе ги прошетам кај сите што ме пратија на донаторски јк. Така да си знаат Него едно прашање вон тема ама сепак поврзано. Треба ли да има некое растојаните од анестезија до анестезија ? Месец два доволно големо растојание е ?
И мене ова прашање ме интересираше колку време треба да помине од една анестезија за да се прими друга
Хммм.. ама интригантно прашање, а искрено никогаш не ми падало на ум такво нешто. Баш ме ставивте на мисла... Тоа само некоја од членките што е во медицинска бранша ке може точно и стручно да ни одговори, а ние може лаички да си менуваме мислење. А, мое лаичко мислење вели дека некогаш и не може да се избегне анестезија, посебно не во критични и итни ситуации. На пример, маж ми на 4 години имал рутинска операција на слепо црево, но работите се искомплицирале и веке следниот ден морала да се прави уште една и уште подложена операција. А, претпоставувам вашето прашање се однесува на овие анестезии при пункција??? За нив знам само дека се поприлично слаби наркози, споредено со оние длабоките при сложени операции... Но, ко што кажав - само гласно и неуко размислувам и може грешам, слободно корегирајте ме.
А добро тебе Трајковски не ти кажа дека доколку се работи за пунктирање на само една јк дека е многу подобро да се оди без анестезија . Ако под анестезија се пунктира јк шансите да се оштети истата се многу поголеми од кога ако се пунктира на "живо " . Ова ми го имаат кажано Поповиќ ,Таше и Органџиски
Ради рејувинацијата бев под анестезија не ради пункција и да во право си за една јк не е препорачливо анестезија. И не сум веќе кај Трајковски кај Гружанова сум, Трајковски дигна раце од мене "ќе мора со донаторски јк" ми рече Јас за една година ова ќе ми биде трета анестезија ама никогаш не за пункција, една за хистеро, една за рејувинација и сега за миомектомија. Ќе прашам во среда анестезиологот па ќе пишам тука да го имаме како инфо за понатака ако му затреба на некого.